Нови критериуми за утврдување право на сини картони за невработени

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
...Петок (12 август 2011 година), членови на ДСП „Ленка“ ќе поднесат четири ургентни претставки до Уставниот суд на РМ против најновите измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, и една претставка против измените на Законот за здравствено осигурување. По тој повод, претставник на правниот тим на „Ленка“, пред зградата на Уставниот суд, во 12:00 часот, ќе даде изјава за медиумите.

Јавно ги повикуваме невработените лица да не брзаат со фамозната пререгистрација пред службите на Агенцијата за вработување или на шалтерите на Фондот за здравствено осигурување, бидејќи поради штетноста на овие законски измени, а веднаш по завршувањето на годишните одмори на уставните судии – во пакет со претставките, под итно бараме и донесување судска времена мерка за суспензија на примената на овие два катастрофални закона, поточно инсистираме на носење решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и/или дејствија што се преземени, или што допрва ќе бидат преземени, врз основа на конкретните оспорени законски одредби.

***​

Проблемите во оваа сфера започнаа во 2008 година, кога се намалија придонесите од плата кои ги плаќаат работодавачите во ФЗОМ: стапката за здравствено осигурување беше намалувана сукцесивно во три навратa: од 9,2% на – 7,5% во 2009 год.; 7% во 2010-та и 6% од 2011.

Но, иако во меѓувреме, бројот на осигурениците активни работници статистички порасна, тоа не доведе до зголемување на приходoт на ФЗО врз оваа основа – што беше и главната цел на „реформата“, која денес го доживува сопственото фијаско. Напротив, во периодот 2008–2010, дојде до огромно намалување на приходите на Фондот за над 1.880.970 ЕУР и тоа само по овој основ! За дополнително влошување на ситуацијата придонесе и необјаснивото зголемување на расходите за администрирање на Фондот, во истиов период, за рекордни 1.437.025 ЕУР.

При ваква алармантна ситуација, наместо ресорните министерства и Владата на РМ сериозно да ја преиспитаат својата „развојна“ политика на намалување на придонесите, тие се одлучија за една класична неолибералистичка доктрина која е уште попогрешна и само ќе го продлабочи јазот на класно раслојување меѓу народот. Имено, појавената финансиска „дупка“ во буџетот на ФЗО надлежните институции се обидуваат да ја санираат преку отежнување на можноста социјално најранливите категории граѓани да добиваат ‘сини картони’ за своето лекување!?

Со други зборови, на газдите сега им се овозможува дополнително да се збогатуваат на грбот на работниците – плаќајќи помал придонес; а се прави обид, проблемот на недостиг од парични средства, што се отвора поради ваквата лоша практика, да се реши со драконско намалување на правата на посиромашните членови на општеството. На овој начин, примитивно се декларираат евидентни класни преференци: државата застанува во навивачка улога во корист на интересите на богатите (кои стануваат уште побогати), а против правата на сиромашните (кои стануваат уште посиромашни)!

*​

Куриозитетот на овие промени е во тоа што, за прв пат во повоена АСНОМска Македонија и во дводецениската историја на независна РМ, се воведува званично и институционално класифицирање на невработените на пет нови општествени [ниски] класи – во зависност од нивните колективни семејни приходи, со недозволива дискрепанца во третманот на нивната правна положба во осигурителниот систем.

Ваквата контроверзна операција на државна стратификација, која е изрично забранета од уставно-правен аспект, всушност значи официјално „класирање“ на сопствените граѓани и нивно групно сведување на ниво на 'сталешки поданици', во зависнот од имотната положба – нешто што, компаративно гледано, е невидено и нечуено во современите европски и цивилизирани општества!

Згора на сè, се воведува и нова јавна давачка исклучиво за сиромашните слоеви од населението – па тие, во иднина, ќе треба самите да си го плаќаат придонесот за задолжително здравствено осигурување!?

Исто така, овие конфузни измени се правно инкомпатибилни со уставно-загарантираните концепти на социјална држава, хуманизам, социјална правда и солидарност, како и со неприкосновеното право на здравствена заштита на сите граѓани – без исклучок!

Да биде иронијата поголема, законодавецот, во паниката да го спаси Фондот од банкрот, ги избриша невработените како осигуреници на здравствено осигурување само во двата горенаведени [оспорени] закона, а притоа ‘заборави’ да ги избрише од други два постоечки закона: Законот за здравствена заштита (1991) и Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (1997) – со што флагрантно ја загрозува правната сигурност на граѓаните, на штета на темелниот принцип на владеење на правото, затоа што овие четири закони се паралелно-важечки, а очебијно контрадикторни и меѓусебно неусогласени.
извор:
http://lenka.mk/mk/soopstenija/87-soopstenie-ukinuvanje-na-sinite-kartoni.html
многу добро Ленка, само напред! Ќе ги преебат на Уставен!
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Ако се толку по уставот нека го укинат и начинот на плаќање на здравствено осигурување како процент од плата. Неможе некој да плаќа повеќе да да добива исто. За пензиско има логика повисока е пензијата ама за здравствено нема логика исти се услугите. Тука има дискриминиација. А додека од друг страна ретардираните комуњари од Ленка се против плаќање на здравстевно осигурување на лица кој имаат над 11.000 месечни примања во фамилијата. За едно се а против дуго не се. Двојни Стандарди пак. Ако здравствното осигурување е за сите невработени треба да е за сите без разлика на примања и тоа е форма на дискриминација. И се разбира не треба да се крати од плати повеќе за здравствено. Кога ќе има конкуренција на осигурвања тогаш ќе биде најефтино и најефикасно Сега за сега ќе си го кркаме во монополот на ФЗО. Високи цени срање услуги.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Мора да има закон за минимална плата инаку МАКЕДОНСКИОТ синдром ќе биде пак Во МОДА.

САКАШ ДА РАБОТИШ за 4000 денари ако нејќеш си барам некој ДРУГ,ама дали е тоа во ред ти мене ќе ми кажуеш.

ИСКОМПЛЕКСИРАНИОТ млад македонец ќе избере помеѓу следниве 2 работи :да оди надвор да работи за МИНИМАЛНА ПЛАТА од 600-1000евра,ДА се вработи во државна администрација дувло на Ѓаолот,или Македонката да го даде газот под кирија на некој ГРК,

Не зборете за Здравствено осигурање кај сте виделе Вие тоа да функионира ако не знаете некој роднина или што има интерес од вас ќе добиете шипки од нашето здравство.

Не продавајте тикви со расол и не се правете начитани ние си имаме Голем проблем со оваа МАЛА напатена државичка,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНО сме сјебани.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
:pos: Абе што праиме со оние кој се пријавени на 10,000 денари ? Сега и тие што работат ке треба да бидат ослободени од плаќање за здравствено осигурување, нели ако има приход повеќе од 133 000 денари годишно а овие имаат 120 000.
Ах реформатори реформатори, самите си ја ставате јамката околу вратот :pos:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
*Вефолми* се ова, а не реформи!
Стефус, зошто ретардирани комуњари овие од *Ленка*??? Јас до душа не сум ни знаел дека постојат (деновиве за нив прв пат чув на Алфа)...Види, нити ме интересира која политичка провиниенција се, ниту чии политички интереси застапуват, ниту кој ги финансира.... ама многу реални ми изгледаат нивните анализи и тужби пред Уставниот Суд!.... Јас предходно зборував дека овој закон е дискриминаторски (спомнав предходно и некои робијаши кои имаат право на бесплатно лекување).... А за она што велиш имало и друго нешто за пред Уставен.... има има! Па нека го решат овие со *Вефолмите* јеби га зошто Ленка!? Нека го решат така што и овие што имаат плати по 50-60-80 па и повеќе иљади нето плата, да плаќаат по 2,200 денари за здравствено..... и ќе имаат после мноооогу пари у ФЗО = муда гола ќе имаат! :ROFLMAO:
Вефолми како да го сексаш народецов, а не како да му овозможиш поголема економска, социјална, правна ..... сигурност. Кога зборуваме за уставни категории, зошто Владата не ја укине онаа што одамна ја укинава сите бивши комуњарски земји како не-уставна категорија, а тоа е ангажираната моќ на електроцентралите од 33,33% од сметката на потрошена ел. енергија. Зошто не ја укинат? Уставно ли е тоа да се наплаќа?.... Или овие од телекомот до лани наплаќава претплата за тел. од 350 Денари.... Владава ли не спаси од не-уставната наплата? Нееее се разбира, таа м`цкаше и би да молзе до бескрај! Не спаси конкуренцијата (фала Богу)... Толку од *вефолмите*! Има една српска која се однесува на владата: РАДИ ГУЗА КО МЕДУЗА! - Се шири секаде каде што може да има пара, каде што може да го шупчат народов!....
Малку надвор од темата ако ми е дозволено....
НО ОВА НЕ Е НИШТО, ВО СПОРЕДБА СО ОНА ШТО СЛЕДУВА ВО ВЕФОЛМИТЕ!.... На 3-ти Септември завршува пријавувањето на дивите градби, те нивно озаконување..... ЕТЕ БЕ ДОБАР ЗАКОН!? КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА? .... ама топрва ќе следат *благодетите*! Радувај се народе и легализирај едно Евро квадрат! .... Ама го оштрат овие, и наскоро ќе ЧИВШААТ здраво кога веќе се што можеше се легализира!.... Е сега следи *јако ЧИВШАЊЕ* на *велепоседниците*! Мислите дека како данок на имот ќе останат овие смешни суми од 1000 - 2-3000? Смешки! :ROFLMAO:....Заборавете ги тие суми! Кола една крш од 1000 Евра, да регистрираш плаќаш по 7-8,000 Ден. а за стан 1000!? Тек сега ќе видиме зошто ниската и средната класа во Германија, Франција.... и тн не помислува да купи стан!....
Толку од Вефолмите и Уставните катеегории!
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Сакам да прашам за една ситуација ,.што мене не ми е јасно. Не е за мене.
Што е со ситуацијата кога некој што на пример е управител на фирма,која заглавила и која е со блокирана сметка и која фактички и не работи скоро 2 години..Не може да се пријави како невработен,и неможе да добие картони сеа? или може со евентуално плаќање..

Дали типот се дур се води како управител(иако фирмата не работи подолго и не остварува приходи,) може да добие картони по некој основ ,макар тоа било и плакање на одредена сума или неможе??
Anyone? :D
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Сите знаеме како помина откупот на тутун, познавам, човек кој што услугата на неговите комшии и пријатели ќе го чини цело здравствено осигурување, затоа што приходот од неговиот тутун е под поставениот минумум за државно здравствено осигурување но на негово име имаат предадено комшиите негови тутун, и така да човекот се збогува со своето осигурување не по своја вина.
--- надополнето: Aug 18, 2011 3:41 PM ---
..

Дали типот се дур се води како управител(иако фирмата не работи подолго и не остварува приходи,) може да добие картони по некој основ ,макар тоа било и плакање на одредена сума или неможе??
Anyone? :D
Ако фирмата не е под стечај и не се води како невработен не е важно дали има или нема приходи нема за него осигурување од Фонд за здравство.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Сите знаеме како помина откупот на тутун, познавам, човек кој што услугата на неговите комшии и пријатели ќе го чини цело здравствено осигурување, затоа што приходот од неговиот тутун е под поставениот минумум за државно здравствено осигурување но на негово име имаат предадено комшиите негови тутун, и така да човекот се збогува со своето осигурување не по своја вина.
--- надополнето: Aug 18, 2011 3:41 PM ---

Ако фирмата не е под стечај и не се води како невработен не е важно дали има или нема приходи нема за него осигурување од Фонд за здравство.
:pos: Тоа се вика иронија :icon_lol: Што кој курац морал да го предава тутунот на комшиите не ми е јасно :tapp::pos: да вината е негова што останал без сини картони :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
:pos: Тоа се вика иронија :icon_lol: Што кој курац морал да го предава тутунот на комшиите не ми е јасно :tapp::pos: да вината е негова што останал без сини картони :)
Не е смешно и не можеа да го предадат затоа што гужвите беа огромни, и не е единствен случај откаде да знае човек што глупост ќе смислат во Јуни кога го предаваа во Март тутунот.
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Луѓе ќе сака ли некој да ми објасни како некој човек кој не бил пријавен во Завод за невработени, може да почне да зима плави картони? Што документи се потребни, каде се потребни? Или линк да даде каде можам да прочитам?

Однапред благодарен.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
ke
Луѓе ќе сака ли некој да ми објасни како некој човек кој не бил пријавен во Завод за невработени, може да почне да зима плави картони? Што документи се потребни, каде се потребни? Или линк да даде каде можам да прочитам?

Однапред благодарен.
otides vo zavodot.....tamu se ke ti popolnat...pa ke te pratat vo socijalnoto...za plavi kartoni....i pak ke te vratat vo zavodot za vrabotuvanje......ne e strasno samo licna karta ti trebit
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Мислам дека без да си пријавен во завод можеш да зимаш картони од социјално.Треба да одиш тамо да потпуниш формулар,да доставиш потребни документи.Еден мој комшија беше избришан од евиденција во агенцијата за вработување и од социјално зима картони.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Знае некој поточно да ми објасни што се ми е потребно за да се пријавам како невработен во заводот за вработување?

Бев вработен/пријавен претходно, до пред 1 година, па си дадов отказ, и сега сакам да се пријавам како невработен, за да зимам плави картони.

Како оди таа постапка?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom