Нови критериуми за утврдување право на сини картони за невработени

Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Хехехе...
Државата им зема и тебе и нив?!!!
Таков муабет не прави, бидејќи е обична глупост! Да не кажам лага.
Државата само еднаш зема 10% или од сопственикот, или од кираџијата. Од двајцата не се зема.
Сигурен сум дека фирмата поштено си плаќа 100 евра за станот (или друг деловен простор кој го ренташ) врз основ на склучен договор меѓу вас, ти воопшто и не си пријавувал во УЈП тоа. Фирмата потоа има ослободување од данок на делот кој го троши за такви работи (кирии, материјални трошоци во врска со работењето и сл.)
Не реков дека имотот не ти е реално проценет, туку реков дека постои една методологија по која во цела држава се пресметува вредноста на недвижностите, и убаво реков дека таа процена е далеку од пазарната вредност. Таа е процена на градежната вредност на објектот. Тоа се две сосем различни категории. И, нема потреба да бидеш партиско војниче за да ти ја проценат така куќата, станот... едноставно, така мораат. Не е исто даночна основица 100000 евра градежна вредност и 300000 евра пазарна, нели?
И, дојдовме до заклучокот дека државата ти зема 0,01% од ГРАДЕЖНАТА вредност на објектот годишно, и тоа не директно државата туку општината каде се наоѓа објектот, а од 1000-те евра месечно не ти зема ништо, т.е. им зема на твоите кираџии, значи ти имаш чисти 1000 евра, па ако сакаш троши си ги, ако сакаш не си ги троши, твој личен избор е тоа. Исто како и со 2000 ден. за здравствено осигурување... за не дај Боже :)
До колкав процент стигнавме дека ти зема државата???
И, за крај на оваа дискусија, која патем речено е доста конструктивна, еден сериозен и добронамерен совет:
Ако навистина си плаќал данок кој од она што го разбрав не си бил должен да го плаќаш, обрати се во УЈП за да ти вратат парите врз основ на погрешно платен данок.
Ја знаеш онаа народната,"прашај паталец,не гаталец"?

Сум и имал и правни и физички лица како кираџии и данокот на добивка секогаш сум го плаќал јас.Тој данок стасува на мое име и на моја адреса.За данокот на имот си утнал една нула,не е 0,01%,туку е 0,1% или 0,05% за стан во кој живееш..За проценетата вредност на недвижниот имот си во голема заблуда ако мислиш дека е под пазарната вредност,методологијата не ја знам ама знам дека во мојот случај меѓу пазарната и проценетата вредност нема разлика.
За тоа другото шо си го пишал,колку ми зема државата,колку да трошам итн, веќе ти кажав во претходниот пост,не гледам зошто би се повторувал.Ако ти мислиш дека тоа е малку,биди патриот па дај им и нешто плус од тоа шо секако го земаат.

Наравоучение: мењајте држава...глеате ли каква судбина го снашла ТИТАНИК????....тоне ко имењакот у давачки за здравство.....
Конкретен..Не тонам ја бе братучед така лесно,не се секирај.И веќе кажав претходно мене не ми се проблем тие 2-3000 денари,проблем е начинот на носење на законот,целта и начинот на утврдување кој во која категорија спаѓа.
А за мењавањето држава,100% се согласувам,кој може нека фаќа патот.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Ја знаеш онаа народната,"прашај паталец,не гаталец"?

Сум и имал и правни и физички лица како кираџии и данокот на добивка секогаш сум го плаќал јас.Тој данок стасува на мое име и на моја адреса.За данокот на имот си утнал една нула,не е 0,01%,туку е 0,1% или 0,05% за стан во кој живееш..За проценетата вредност на недвижниот имот си во голема заблуда ако мислиш дека е под пазарната вредност,методологијата не ја знам ама знам дека во мојот случај меѓу пазарната и проценетата вредност нема разлика.
За тоа другото шо си го пишал,колку ми зема државата,колку да трошам итн, веќе ти кажав во претходниот пост,не гледам зошто би се повторувал.Ако ти мислиш дека тоа е малку,биди патриот па дај им и нешто плус од тоа шо секако го земаат.

Конкретен..Не тонам ја бе братучед така лесно,не се секирај.И веќе кажав претходно мене не ми се проблем тие 2-3000 денари,проблем е начинот на носење на законот,целта и начинот на утврдување кој во која категорија спаѓа.
А за мењавањето држава,100% се согласувам,кој може нека фаќа патот.
Oд муабетов, дефинитивно следува:
1. Воопшто не ренташ ништо.
2. Некој те лаже и ти зема пари онака за персонален данок, како на пр. некој книговодител...

Невозможно е да ти земат данок ако си рентал недвижност на правно лице. Ќе си поднесеш ПДД-ГДП образец во УЈП каде ги прикажуваш приходите, ќе видат дека правно лице ти плаќа закупнина и го задолжуваат правното лице со данок, а ти можеш да добиеш решение на 0 (нула) денари, со кое се кажува дека си ти чист према државата. Башка она што правните лица за вредноста која ја платиле за такви работи се ослободени од данок, како што во претходниот пост појаснив... А ако ренташ на физичко лице, секако ти си задолжен со данокот, но ти можеш неформално да се договориш закупнината да е 1100 евра на пр. така да... исто како да не плаќаш данок бидејќи си пријавил 1000 евра на месец.
Методологијата е објавена во некој службен весник, незнам точно број, ама мислам дека беше од 2006 година, и е многу едноставна, и отприлика секој може да си пресмета вредноста на недвижноста која е смешно помала од пазарната вредност.... на пр. стан во Струмица, на сред центар, од 50 мкв. изграден 1966 год. по таа методологија излегува дека вреди 9500 евра, а на пазарот можам да го продадам за 23-27000 евра.
Се согласувам дека утнав нулата тука кај даночната ставка, и благодарам за дополнувањето околу станот во кој живее :)
Јас не чувствувам потреба да мрчам, и си плаќам онолку колку што треба, посебно за оние придонесите од плата, вклучувајќи го и тоа за здравството. Даноците по дефиниција се плаќања од кои не треба да се очекува директна противуслуга, а придонесите се плаќања кои се базираат на принцип на солидарност.

П.С. Прашај професионалец...
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Книговодител немам,пријавата за остварени приходи ја поднесувам во УЈП,како и сите граѓани на Р.М.Теорија и пракса не е исто.Ти си го прочитал законот ама во пракса не е баш така како шо мислиш.
Даноците се пари кои државата ги зема од мене,МОЈ пари за кои ќе мрчам колку сакам а тебе ти кажав ако мислиш дека се малку дај им и нешто повеќе..По твојот систем, по муабетов следува дека:
1.Си партиско војниче вработено во јавна администрација.
2.Некој близок од твојата фамилија е тоа.
3.Во секој случај си гаталец а не паталец.
Тоа ти сам што ќе си ја пресметаш цената на недвижнината на друг кажуј му. Иде комисија и они мерат квадратура,гледаат во каква состојба е објектот и си одат.По некое време те известуваат на колку ти ја процениле недвижнината.Ја незнам како е во Струмица ама во Велес,или барем во мојов случај разлика меѓу проценетата и пазарната вредност нема..

П.С.-Пробај да изведеш нешто од тоа шо го пишуваш во пракса па врати се да правиме муабет.
 
Јас оддамна тоа го изведувам во пракса, а пробај ти да го изведеш тоа во пракса, бидејќи од муабетите кои ги правиш очигледно е дека се е само илузија.
Затоа, јас престанувам тука со коментирање.
Крајно лицемерно е некој кој наводно зема 1000 евра приход месечно да бара од државата бесплатни плави картони, и тоа на грбот на оние кои реално имаат помал приход но плаќаат како задршка од своите плати.
 
По тоа што го пишуваш и заклучоциве што ги вадиш, изгледа дека единствено нешто што изведуваш е продавање муда за бубрези..
Многу лесно се докажува дали е илузија тоа што го пишав или не ама не ја гледам поентата на тоа.Така да,сакаш веруј,сакаш не веруј,мене ништо не ми мења тоа.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Не се исплатени комисиите односно членовите на комисиите куќите што беа гласачки места за време на изборите итн. Пари до сега нема, а обично најкасно две недели после избори сето исплатено беше. Неофицијално се шушка парите во Септември, а на вестите не известија дека буџетот невобичаено бил полн како за после избори. И сега следува оваа мерка за полнење буџет фондови што значи нешчо смрди тука.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
e aj sega bidi zemjodelec he he

Заради субвенциите земјоделците почнаа да плаќааат даноци

08.07.2011 - 18:06 |
Според статистиката на Управата за јавни приходи за две години бројот на даночни обврзници во групата вршители на дејност се зголемила од 20-на илјади на над 111 илјади лица.

Најголемиот дел од овие 90 илјади нови даночни обврзници се токму земјоделците кои од 2002-та до 2008-та беа ослободени од оданочување.
За да аплицираат за субвенции земјоделците сега мора да плаќаат данок како и занаетчиите, трговците поединци, индивидуални превозници и останатите вршители на самостојна дејност.
Како што коментираат познавачите, вкупната сума на субвенции која годинава достигна 115 милиони овозможи успешно да се воведе наплатата на персоналниот данок при откупот на земјоделски производи.
До 2009-та евиденцијата за земјоделците се водеше само во Министерството за земјоделство.
Од УЈП велат дека бројката што сега тие ја имаат се поклопува со евидентираните земјоделци во министерството.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Нека врти парата.

Дај му па земи му, или првин земи му па дај му :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Денеска бев и подобро никогаш да не отидев,застанав во 9 завршив во 4.
Но луѓе каков народ сме тоа ќе се чудите,буткања,пискања,запотени тела,преку ред влагање,викање полиција и алфи,кај си се нашол во редот нема веќе ни напред ни назад само стоиш и те туркаат како да си свиња.На грб осеќаш како те буткаат 300 луѓе позади тебе и секој на секој вика да не го буткал а секој бутка.Кога ќе отвореа врата да пуштат некој тоа беше стампедо од народ како притискаат и се дерат кој да влезе.Хорор.
Имаше еден човек обезбедување на почеток ама наместо да воведе ред он ја зезна цела ситуација и дозволи тие што доаѓаа 3 саати покасно да влагаат од друга страна каде што не е редот за чекање.Кога успеав да влезам што ќе видам 6 души на шалтер чекаат и се успокоив.
Еден човек вади најмалку по 5 книшки и 20 минути седи додека заврши само он.И тука утепав два саата.Дојдов дома и маицата горна и долна беа вода како да ме мавал три саата дожд.
Дехидрирав зашто немаше ни внатре во здравственово нити вода.
И пуштив вести и на Сител некоја сторија за гужвата кажаа ама не од внатре каде што беше колежот туку од улица и на крај ја свртеа приказната наводно прашувајќи еден граѓанин зашто дури сега сте дошле и наворучение дека и ние сме криви.
Капакот беше дека го покажаа еден од главните на заводот за здравство и кажа дека од утре ќе имало бројчиња со закажување.Фала богу што се досетивте (ако функционира) зашто денеска ќе имаше жртва за малце некоја од ова несовесно воведување ред пред заводот за здравство.Срамота,срамота,срамота.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Ова ме потсеќа на тепањето за лични карти и пасоши кога дехидрираа и се онесвестуваа деца и возрасни...ќе воведат некоја новотарија, целосно необмислена.
Имаат компјутери, имаат мрежи, имаат податоци. Можеа да ги известат само лицата кои немаа право на картони, нормално тоа да се сработи во општините со закажување...со некаков план. А можда не треба да ги повикуваат ниту лицата кои го губат правото туку сето тоа со документацијата да го средат самите и да му го испратат на корисникот/лицето по пошта. Не знам зашто секој мора лично да се јави (што се се пополнува во завод), но мене ми е глупост за секоја ваква промена или новина да се мајтапат со луѓето.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Ова ме потсеќа на тепањето за лични карти и пасоши кога дехидрираа и се онесвестуваа деца и возрасни...ќе воведат некоја новотарија, целосно необмислена.
Имаат комјутери, имаат мрежи, имаат податоци. Можеа да ги известат само лицата кои немаа право на картони, нормално тоа да се сработи во општините со закажување...со некаков план. А можда не треба да ги повикуваат ниту лицата кои го губат правото туку сето тоа со документацијата да го средат самите и да му го испратат на корисникот/лицето по пошта. Не знам зашто секој мора лично да се јави (што се се пополнува во завод), но мене ми е глупост за секоја ваква промена или новина да се мајтапат со луѓето. Ако се работи за слика или слично, па и тоа може да се среди со мреживе.
Што мислите дека неможат да направат ред и да биде се БРЗО ама не сакаат зошто да бидат добри со Македончето кога може да бидат АГА и народот да биде АМАЛ ќерата.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Државата врши вистинска тортура на овие луѓе само за да добијат плави картончиња што е многу многу е. Дури не се исплати за едни мочани плави картони сето ова.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Државата врши вистинска тортура на овие луѓе само за да добијат плави картончиња што е многу многу е. Дури не се исплати за едни мочани плави картони сето ова.
Верувај еднаш паднав болен а немав картони и знам колку ме музеа за секој лек и секој преглед иначе ама ич нема да идам и да се бутам:(
Што мислите дека неможат да направат ред и да биде се БРЗО ама не сакаат зошто да бидат добри со Македончето кога може да бидат АГА и народот да биде АМАЛ ќерата.
Не знам колку е вистина ќе остаам на шпекулација ама некој збореше дека под рака му давале пари на обезбедувањето да ги пушта преку ред???Пак ќе кажам неам доказ ама пет шест души искрено викаа од страна???Ако е вистина ете на кој му годелo.Уште на крај ми вика насмеан "Заврши а?" а ја му викам "Ти си крив за се да знаеш" и го одминав
Ова ме потсеќа на тепањето за лични карти и пасоши кога дехидрираа и се онесвестуваа деца и возрасни...ќе воведат некоја новотарија, целосно необмислена.
Имаат компјутери, имаат мрежи, имаат податоци. Можеа да ги известат само лицата кои немаа право на картони, нормално тоа да се сработи во општините со закажување...со некаков план. А можда не треба да ги повикуваат ниту лицата кои го губат правото туку сето тоа со документацијата да го средат самите и да му го испратат на корисникот/лицето по пошта. Не знам зашто секој мора лично да се јави (што се се пополнува во завод), но мене ми е глупост за секоја ваква промена или новина да се мајтапат со луѓето.
Брат сум бил и таму ако збориме на времето на Бит Пазар???Таму имаше ако не се лажам полицајци со пушки и некаков ред каде што немаше дишење во врат и лакти во ребра (искрено ги жалам жените што беа) додека тука беше ако можам да доловам последен пат коа бев на концерт на Мерлин и на крај коа требаше да се излага сите летнаа и буткаа кој стигне:((
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
http://www.vest.com.mk/?ItemID=B3BEBF71C72A984B9C0086AA6DBB5488

Нев­ра­бо­те­ни­те што нема да се пререгистрираат во Фондот за здравствено оси­гу­ру­ва­ње до крајот на август, нема трајно да го изгубат правото на бес­плат­но здравствено осигурување. Фондот за здравство вчера соопшти дека нев­ра­бо­те­ни­те ќе можат да се пререгистрираат и во наредните месеци, со тоа што сини картони ќе добијат тогаш кога ќе ја направат пререгистрацијата.
"Ако некој се пријави на 25 септември, тогаш сини картончиња ќе добие то­гаш, на шалтер ако му е итно или по хибридна пошта", изјави портпаролот на Фон­дот.
Во Агенцијата за вработување велат дека невработените што нема да се пре­ре­гис­три­ра­ат во Фондот, нема да бидат избришани од нивната евиденција.
...македонцка работа...прај гужви па после не мора...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Завршија изборите насмевнете се да ве сликам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom