Нови возачки дозволи

Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
Јас им препорачувам на сите што сакате за полагате за возачка обуката да ви оди преку АМСМ. Не дека со нив со врски ке поминете туку бидејки стварно имаат супер искуство и е многу квалитетна обуката.
Теоретска обука е исто така супер, можете да се консултирате со нив кога сакате иако ви се поминате часовите. Тестовите ги положив од прва со 7 негативни.
Имав полигон и градска да полагам во исти ден. Полигон имав во 8 саат. А со инструкторот возев дури од 5, малце градска и останатото полигон дур да полагам.
Полигон со 0 негативни и градска со нула негативни од прва во исти ден ги положив. Сите цаки ме научија, сите улички каде да пазам и како да возам. Едноставно комисијата никаква замерка не ми најдеоа.
Многу ги препорачувам нив у споредба со другиве приватни автошколи кои нудат ефтини цени а на крај многу нервирања и често пагање на градска.
Почнав да полагам од 27 декември 2013, ја земав возачката на 12 март 2014.

Бидете ми поздравени :D
Јас у максигнал, со џули инструкторката на 6ти октомври почнав на 22ри ноември си земав возачка :) се на се околу 24000 ме фати со полагање све од прва
 
Последно уредено:
Член од
28 ноември 2011
Мислења
80
Поени од реакции
3
Imam 17 godini i 8 meseci..mi imaat kazano ako polozis porano mozes da vozish na 17 i 6 meseci..
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Imam 17 godini i 8 meseci..mi imaat kazano ako polozis porano mozes da vozish na 17 i 6 meseci..
и ти поверува а? можеш да земеш часови на 17,5, полагање стриктно после 18.
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Денес полагав полигон и градска и положив, прашањето е како најбрзо до возачка, кај што се уплаќа дали треба некаде да се јавам да закажам нешто ?
 
Член од
9 јануари 2014
Мислења
50
Поени од реакции
63
Денес полагав полигон и градска и положив, прашањето е како најбрзо до возачка, кај што се уплаќа дали треба некаде да се јавам да закажам нешто ?
Ако си од скопје се закажува на 192 92 (мислам 0800 беше пред бројот) и закажуваш за итна постапка. Идеш кога ке ти закажат се сликаш и следниот ден е готова иако вика дека треба 2 дена за еден ден е готова.
Исто така треба да чекаш 48 часа за документите да стигнат, така да задутре закажи ако денес положи :)
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Ако си од скопје се закажува на 192 92 (мислам 0800 беше пред бројот) и закажуваш за итна постапка. Идеш кога ке ти закажат се сликаш и следниот ден е готова иако вика дека треба 2 дена за еден ден е готова.
Исто така треба да чекаш 48 часа за документите да стигнат, така да задутре закажи ако денес положи :)
а по обична постапка колку време проаѓа? и за итна постапка колку се плаќа?
 
Член од
9 јануари 2014
Мислења
50
Поени од реакции
63
а по обична постапка колку време проаѓа? и за итна постапка колку се плаќа?
Од прилиа итна мислам дека беше 1200 а редовна 600 така некако
Итна е 2 дена (за еден е готова ама незнам дали тој ден можеш да ја земеш)
Редовна е 10 дена
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
а по обична постапка колку време проаѓа? и за итна постапка колку се плаќа?
Ако идеш по редовна постапка мислам дека за 10 до 12 работни дена ќе ја имаш. А по итна за 2 - 3 дена.

Ете и @Tasaxi ти потврди т.е, ме претрка :)
И да, честито па памет во глава и многу женски у кола на прво (самостојно) возење :D
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Од прилиа итна мислам дека беше 1200 а редовна 600 така некако
Итна е 2 дена (за еден е готова ама незнам дали тој ден можеш да ја земеш)
Редовна е 10 дена
Ако разликата е само 600 денари тогаш итна it is. Фала на одговорите, значи задутре на 0800 192 92 закажување и до понеделник возачка :)
 
Член од
9 јануари 2014
Мислења
50
Поени од реакции
63
Ако разликата е само 600 денари тогаш итна it is. Фала на одговорите, значи задутре на 0800 192 92 закажување и до понеделник возачка :)
Да не заборавиш документите да си ги средиш бидејќи можат да те вратат ако ти фали нешто.
Еве се што ти треба http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=188&parent=100

- Важечка лична карта за увид
- Барање за возачка (Имаш таму)
- лекарско уверение (Го имаат они)
- уверение за положен возачки испит (Го имаат они)
- уплатница 280,оо денари
- уплатница 110,oo денари aдминистративна такса
(Имаш уплатници таму, влезот од вардар право по скалите лево се шалтерите за уплатници, ке им кажеш за што ти треба ке ти ги напишат за плакање имаш банка од влезот на вардар лево)
-пријава за возачка книшка (Имаш таму)
-уплатница од 100 ден (исто и овие уплатници ги имаш таму)
-2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 смм (Ке си земеш од дома, слики од матура ако имаш може и тоа :))

Исто така ке ти треба да знаеш која крвна група си, го немаат напишано ова на нивната страна но го бараа јас кога вадев дозвола а не ми бараа кога заверував категорија.

Со срека возачката :)
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
29
Поени од реакции
1
здраво дали некој може да ми помогне да ми каже во врска со сообраќајната дозвола за колку време ми треба да ја сменам од името на татко ми на мое име временски колку трае таа процедура ?!
фала однапред поздрав
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Неколку саати. Прво на нотар изјава дека татко ти ти ја продава или поклонува, после каде што вршат техички преглед со документот од нотар ќе ти издадат нова сообраќајна. Околу 1500 ден. ќе те фати се комплет.
 
фала многу друже многу ми помогна
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
Неколку саати. Прво на нотар изјава дека татко ти ти ја продава или поклонува, после каде што вршат техички преглед со документот од нотар ќе ти издадат нова сообраќајна. Околу 1500 ден. ќе те фати се комплет.
Не е точно . неколку саати ... ако ти е од друг град ?
значи колата смее да се вози префрлена на нотар 15 дена[DOUBLEPOST=1399839655][/DOUBLEPOST]Имам едно дополнително прашање ...
Кога полагав на 18 год . за Б категорија ми ја утнале крвната група , каде е грешката незнам дали во мвр или кога го вадев лекарското не ми ја ни испитаа крвта ништо. Не ми беше важно тоа но после 1 година полагав за А категорија па пак после една за Ц кат. и веке сум во постапка за Е кат. но веке е сериозна работава веке станува збор за сериозна работа.
Дали некој може да ми помогне или ако знае како може да се реши тој проблем . фала
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Не е точно . неколку саати ... ако ти е од друг град ?
значи колата смее да се вози префрлена на нотар 15 дена
А колку возење треба од еден град до друг? 14 дена?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom