Нова надеж за пругата Битола - Лерин

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089

Деновиве министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски повторно ги актуализира обновата и реконструкцијата на железничката пруга Битола - Лерин. Реконструкцијата на железничката пруга би почнала во првата половина на наредната година, а би се извршила со средства од ИПА-фондовите



Железничката пруга одамна е обрасната со трева
По речиси две и пол децении
Постарите битолчани добро се сеќаваат, а младите само слушале за деновите кога нивните татковци и дедовци, пред речиси три децении, секојдневно со воз патуваа на шопинг до Лерин, Грција. Оттогаш, цели две и пол децении, возот од Битола никогаш повторно не ја премина границата со Грција. Поради застојот на железничкиот сообраќај со соседна Грција, железничката пруга одамна е обрасната со трева, па на некои места на оваа делница не може ни да се види дека има пруга.

Во изминатите неколку години реконструкцијата на железничката пруга Битола - Лерин речиси редовно била актуализирана во изборните кампањи, но, за жал, се останувало само на ветување.

Деновиве министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски повторно ги актуализира обновата и реконструкцијата на железничката пруга Битола - Лерин. Според зборовите на министерот Јанакиески, реконструкцијата на железничката пруга би почнала во првата половина на наредната година, а би се извршила со средства од ИПА-фондовите.

- Очекуваме до крајот на годинава да биде распишан повик за избор на градежна компанија, а во првата половина на наредната година да се склучи договор со компанијата што ќе почне со реконструкција на пругата Битола - Кременица - рече министерот Јанакиески, притоа додавајќи дека во проектната документација, по барање на општината Битола, е ставен и крак за индустриската зона Жабени.

Овој крак, кој од Кременица ќе води до индустриската зона Жабени, ќе се гради со средства на локалната самоуправа. На тој начин фабриките што ќе се градат во зоната ќе можат на најбрз и најевтин начин да стигнат до солунското пристаниште.

Според министерот Јанакиески, најпрво треба да се направат главните проекти, кои ќе ја дефинираат точната проектирана сума пари потребна за реконструкција на пругата, а во зависност од тоа колкави понуди ќе дадат градежните компании ќе биде позната и комплетната вредност на пругата.

Упатените во железничкиот сообраќај велат дека реконструкцијата на пругата би чинела најмногу до 12 милиони евра, средства што би се обезбедиле од ИПА-фондовите.

Инаку, железничката пруга Битола - Лерин, на грчката страна е целосно реконструирана и модернизирана, но во битолскиот дел е целосно руинирана и обрасната со трева. Со изградбата на индустриската зона Жабени повторно е актуализирано нејзиното реконструирање, но, за жал, поради недостиг од средства сите обиди за нејзина изградба беа одложувани за подобри времиња.

Нема сомневање дека со реконструкцијата на железничката пруга Битола - Лерин во голема мера ќе заживее комуникацијата помеѓу Република Македонија и Грција. Пругата е од огромно значење за стопанствениците од двете страни, а особено за македонските, бидејќи во голема мера ќе го поевтини транспортот на стоките до солунското пристаниште.

- Кога го почнавме проектот за изградба на индустриската зона Жабени како првостепена задача ги поставивме реконструкцијата и обновата на железничката пруга Битола - Лерин, бидејќи познато е дека железничкиот сообраќај е најевтин и најбрз транспорт за пристигнување до солунското пристаниште. Сега мислам дека се создадени најдобри услови овој наш сон да се оствари и конечно и по две и пол децении да се обнови железничкиот сообраќај со соседна Грција - нагласува градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Тој е убеден дека со средствата на ИПА-фондовите конечно ќе биде реконструирана и осовременета железничката пруга со соседна Грција.

Оваа пруга, освен за стопанствениците, особено е важна за обичните граѓани. Таа ќе биде добредојдена пред сѐ за битолчани, кои поради скапиот бензин не можат да си дозволат таков луксуз почесто да патуваат во Грција, а и обратно. Сега и на Грците шопингот во Битола со приватни автомобили им е доста скап.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61812845275&id=10&prilog=0&setIzdanie=22607
Искрено, сакам да успее идејава. Се молам да биде така, и да не заврши како пругата со Бугарија. За поздравување е и кракот што би се направил до индустриската зона Жабени. Се надевам ќе го видиме крајот на проектов во брзо време.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Нема грешка,наместо да ја реконструираат врскава Битола,Лерин ке стаат уште некоја врба во Скопје,шо му ја мислите..знаете ли вие колку пари се тоа :tapp:
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Да можда и некат ќе биде (n) чисто сумњам :)
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 15:22 ---
Да можда и некат ќе биде (n) чисто сумњам :)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
-Гледаш таму пруга?
*Не..
-Е требаше да има... :D
Кој знае кој ги зел парите, а и надеж за пругава има само за избори. Кога ќе се направи таа до Крива Паланка и кога ќе се почне таа деценискиии најавената до Охрид тогаш ќе има надеж и за оваа. :D Тешко, тешко...
Така да..
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
да бе....и пругата кон Бугарија ја заборавија....
абе а ближат избори мед и млеко им тече од тоа устата...да им се исушат.....
сите се исти......само за пред ѕид и митралез....
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
таа...како и многу други пруги и патишта низ Македонија е градена со помош на младински работни акции ...но денес сите станавме господа....никој не сака ништо да работи....за едно колче покрај пат државата распишува тендер...па фирма го добива тендерот...па и ја дава работата на друга фирма...па оваа не ја завршува работата...па го поништуваат тендерот и се така до недоглед ...а за секој тендер некој зема провизија...

а целата инфраструктура се распаѓа

Надополнување

По македонските затвори има бесплатна работна снага....луѓе кои се огрешиле кон опшеството и кои се хранат на сметка на чесните даночни обврзници....зошто не се искористи овој потенцијал...можеби ови луѓе не се стручни да проектираат и изградат брана или атомска централа...но се доволно способни за чистење на пруги....извршување на земјени работи....косење на трева покрај патишта... расчистување на диви депонии....пошумување и слични активности...на кои државата троши еден куп пари на тендери
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
тоа е многу чудно............
Од таа страна на границата пругата е употреблива, а од наша страна е запуштена(неупотреблива)
Ист е и случајот со Бугарија - ист е и со Албанија
Значи Македонија е виновна за врските со своите сонародници :mad: наместо поголема блискост и подобра комуникација со нив- овде имаме спротивен ефект
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 16:21 ---
Деновиве министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски повторно ги актуализира обновата и реконструкцијата на железничката пруга Битола - Лерин. Реконструкцијата на железничката пруга би почнала во првата половина на наредната година, а би се извршила со средства од ИПА-фондовите

од актуализирање до реализирање- еееееееееехехееееееее

може мноооогу време да помине
превише ми изгледа виртуелно:(
како тоа ги актуализирал?!
Ако продолжам да фантазирам во стилот на градоначалникот на Битола -тогаш и јас сум исто така убеден дека со европските фондови во Скопје може метро да направиме и супер брз воз Скопје-Солун:cenzura:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Не можат да одвојат 20 милиони евра за реновирање на 20 километри пруга.Па то ти се само 240 фекални врби!

Статија на Вест од 27.1.2007.
МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ПРЕГОВАРА ЗА ЕВРОПСКИ ПАРИ ПРЕКУ ГРЦИЈА
Ќе се обновува железничката пруга Битола - Лерин
Треба да се довршат помалку од 20 километри пруга од Кременица, која се наоѓа на самата граница до Битола, а износот што е потребен за реконструкција ќе се движи од 8 до 10 милиони евра


Ќе се обновува железничката врска меѓу Битола и Лерин. ЈП "Македонски железници" преговараат со грчките железници заеднички да обезбедат пари од европските фондови за реконструкција на пругата на македонската страна до Битола. Со парите од фондовите на ЕУ реконструирана е делницата од Лерин до македонско-грчката граница, но работите застанале тука зашто Македонија се уште нема право на користење пари од овие фондови.
Директорот на Јавното претпријатие Никола Димитровски вели дека идејата се уште е во зачеток, но дека во Грција биле заинтересирани во целост да се реконструира пругата, поради што постоело расположение да се обидат парите да ги обезбедат заеднички.
"Контактираме со грчките колеги да се продолжи со реконструкцијата на железничката пруга и од оваа страна на границата, но за тоа е потребна инвестиција која ние сами не можеме да ја обезбедиме. Треба да се довршат помалку од 20 километри пруга од Кременица, која се наоѓа на самата граница до Битола. Се уште нема точни пресметки колку ќе чини реконструкцијата, но износот ќе се движи од 8 до 10 милиони евра. Закажавме средба на која требаше да разговараме за можностите овие пари да се обезбедат преку фондовите на ЕУ, но поради некои технички проблеми средбата се одложи и очекуваме да се случи наскоро", вели директорот Димитровски.
На релацијата Битола - Кременица - Лерин постоела стара железничка пруга која е значително оштетена и последниве 20 години не се користи. (Т.Ј.)
Дома Назад Горе

© ВЕСТ 2001
Болдираното:Фондовите на ИПА сме добиле можност да ги користиме од 2009 година.

20.10.2009 - Ќе затруби ли некогаш воз по пругата Битола - Лерин? / Утрински

11.12.2009 - Ќе се реконструира пругата Битола - Лерин / Битола Инфо

25.02.2010 - Во 2014 од Битола за Лерин / Тера
Во првата фаза ќе се реконструира од Битола до самата граница со помош на Владата на РМ , овој месец ќе се распише тендер за подготовка на техничката документација, во 2013 ќе се почне со реконструкција за 2014 да се заврши." вели Владимир Талески градоначалник на Битола.
(тендерот уште не е распишан)

28.02.2010 - Нова шанса за возот од Битола до Лерин / Нова Македонија
Од Министерството за транспорт изјавија дека се обезбедени 11 милиони евра од ИПА фондовите.(Од друга страна планот за обнова не е готов, а пари од програмата ќе добиеш само на основа на спремен план за проектот, значи тука нешто смрде на умрето!).
Во фамозната 2014 ќе затрубивоз од Битола до Лерин / Утрински
Луѓе од железницата велат дека долниот дел од пругата е цврст, што не подразбира големи интервенции. Потребна е само постелка од кршен камен и замена на старите прагови и шини со нови. За враќање на стабилноста на пругата треба да се реконструираат и двата железни моста

.

Меѓутоа, не само што ќе се реконструира пругата Битола - Лерин туку веќе се прават планови за проширување и на автопатот од Скопје до граничниот премин Меџитлија. „Преговараме за трета лента на автопатот Скопје – Прилеп - Битола :pos: за да се надоврземе на автопатот Лерин - Солун кон Атина. Така ќе се скрати и времето за патување низ Македонија“, нагласува Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Е овде веќе по ваква изјава сериозно почнуваш да се сомневаш во проектов.


03.03.2010 - Изработен идеен проект за железничката линија Битола - Лерин / МИА


11.02.2011 - Бизнисот ја бара пругата Битола - Лерин / Утрински
Пелагонија е втора по висина на учество на БДП во државата, најголем производител на пченица и со најголем процент од 45 насто (70%!Новинари:sick:) од капацитетите за производство на струја. За развој на регионот неопходна е ревитализација на пругата која ќе ја олесни транспортната комуникација со јужниот сосед.
дас
Според манифестот на патриотиве рокот за завршување на активностите е Декември 2015, иако упорно вртат со 2013-2014.Некаде 2014 е напишано како почеток на работите,некаде 2013.Некаде 2014 е напишана како време за завршување на реновирањето.Инаку пругата последно видела воз во 1986 година и е во должина од 18-22 км., зависно од изворите.Дал да плачам ил да пејам.
И ако веќе ја изградат, пак нема да е со пари од Буџет на РМ, не е пругата барочно - споменична ставка.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
По 158 пат го слушаме ова :tapp: Луд јебе збуњеног...

И да... каде се инвестициите во Жабени?! Или сега пред локални ќе не дупат политичарите во здрав мозок?!
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
То возови за Грција не поминуваат по пругата Скопје - Солун која е електрифицирана, а камоли по пругата Битола - Лерин (Солун).
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
А овие што ќе ја прават пругата ја виделе каква е железничката во Битола ?
:tapp:
 

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.358
Поени од реакции
1.041
пруга ќе прават :facepalm: а воз еднаш дневно мини до кочани од што се стиснати лакоми за пари сите возни редови ги укинаа
ах еден земјотрес како тој во 1963 еден да не остане ни плави ни црвени ни зелени никој
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
То возови за Грција не поминуваат по пругата Скопје - Солун која е електрифицирана, а камоли по пругата Битола - Лерин (Солун).
Е сега ова не се за чудо криви од МЖ, еднострано укинување од јужна страна, премногу трошоци, пред банкрот итн ;)


пруга ќе прават :facepalm: а воз еднаш дневно мини до кочани од што се стиснати лакоми за пари сите возни редови ги укинаа
ах еден земјотрес како тој во 1963 еден да не остане ни плави ни црвени ни зелени никој

Шо се секираш, битно имаше на МТВ реклами патувајте со воз за Кочани.Ем 1 сат побавно од автобус, ем 2 пати во денот. од нив еднаш во 2:20 :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom