Нина Спирова

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Нина Спирова е една од најдобрите македонски пејачки на забавна и народна музика на сите времиња. Со својот чист, кадифест глас остави трајни вредности- музички записи на неколку забавни мелодии кои станаа евергрини, како и на бројни бисери на македонската народна музика.

Скромна, ненаметлива, повлечена, со многу малку, речиси ништо познато од нејзиниот приватен живот, со однесување несвојствено за пејач- ѕвезда со таков потенцијал, во последниве години, а имајќи го предвид пред се животното доба, веројатно засекогаш се повлече од естрадната сцена и е дел од музичкото минато.


Спирова е родена во Прилеп, на 26.10.1938. година. Исполнувала и снимила голем број на познати хитови од светски автори, како и голем број на обработки на македонски народни песни. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв спомна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај, Кољо“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди“, „Кажи, кажи либе Стано“ и др.
Сепак, и според нејзините почитувачи и според музичките стручњаци главен белег оваа пејачка остави во забавната музика. Учествувала на првите изданија на Скопскиот фестивал, а соработувала со најпознатите македонски автори и аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски- Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и др. Има снимено над 80 композиции за муичката продукција на МРТ, од кој поголемиот број се хитови, особено „Езеро мое“, „Еден бакнеж“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“, „Молчи, молчи“ и др.


Има снимено и сингл плочи на српско- хрватски јазик, а забележителен настап имала на фестивалот „Београдско пролеќе“ во 1964. година, со песната „Бела хризантема“.
Евергрин хитот „Еден бакнеж“ во нејзина изведба, со кој Зоран Георгиев победи на фестивалот „Опатија“ во 1962. година, го „реактуелизира“ најуспешниот македонски режисер Милчо Манчевски, поставувајќи го како главна музичка тема во својот филм „Сенки“ (Shadows).


 

Kajgana Shop

На врв Bottom