Никола Тодороски љ

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Пошо глеам немат за овега сограѓанинов нишо на Јајцанава ,ај нек имат.Никола Тодороски (значит без В).Мисљам дек ова му е најдобро досега и заслужвит тема.
Инаку дечково е студент на ФДУ и актер во Охридскиот Театар ,а го знајте и од Штаб со Горан Стојаноски (а.к.а.Началникот или Џемо Биљбиљ) и новите македонски приказни.
Нешто за Калиопи
И за самоубијците
И нешчо за Скопјанишчана шо идет во Охрид по кумпјутери :) + Марјан Ѓорѓиевски
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Мислам дека има тема stand up comedy и таму идат сите вакви клипови ама не сум модератор:)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
„Ученик“ на Карлин. Тоа не е негативно, ами ме радува. Наш сограѓанин, но да не звучам локал-патриотско (последниов дел од последниов збор ме плаши), само ќе речам дека Никола Тодороски е млад и перспективен лик, и јас конкретно, конечно, во него гледам свежа енергија на ова труло регионче наречено Балкан.

Ги прегледав сите „епизоди“. Влегува темелно во секоја тема, и како што је Карлин радио, ја подбива човечката глупост.
Тоа е тоа....

Сколовранци :D
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.806
Поени од реакции
11.421
На времето Коле и Чоле беа најаки шизици во цел Охрид...сега остана само Коле и се снајде колку толку, за Чоле не знам.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Се мислам,од кога е отворена темата,што бара тоа љ во насловот? :unsure:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Време е за смеа
Доколку имавте напорна работна недела, еве ви прилика за добро опуштање. Во редовниот термин за театарски претстави, оваа сабота во Центарот за култура настапува охридскиот актер и стенд-ап комичар Никола Тодороски.

Никола на пошироката јавност и е познат по веб комедијата „Идиотека“ што од неодамна се емитува на интернет медиумот OhridNews.

Стенд-ап комедијата со Никола Тодороски почнува во 20.00 часот.

Влезот чини 100 денари.


OhridNews​



29.10.2011 00:06​

Прочитана е : 216 пати​




© 2011 Ohridnews.com
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
нормално кафе натенане се пијат не одма дента ко ќе излезиш на кафе, прво два три дена партали се прајш се пијаниш ко СКОЛОВРАНЕЦ и после ојш на кафе.....
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
На времето Коле и Чоле беа најаки шизици во цел Охрид...сега остана само Коле и се снајде колку толку, за Чоле не знам.
И Чоле си терат негов филм, мислам уште на студии е. Мојш џез да го најш и во киноно :)
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
имам аверзија од човеков откако се појави во приказните и заедно со другар му Владо ги уништија та не личат на ништо. Мене ич не ми е смешен овој има луѓа кој не се толку експонирани речени комичари може вода да им ностат
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Вечерва во Ликвид
Смеењето е половина здравје, вечерва ќе го има во изобилство

Љубителите на кративниот хумор вечерва во кафетеријата „Ликвид“ ќе имаат можност да проследат едночасовен празничен сет на познатаиот стенд ап комичар Никола Тодороски.



Никола пред две недели настапи на сцената на Народен Театар Охрид во Центарот за култура кој беше претесен да ги прими сите заинтересирани. Билетите за таа претстава беа распродадени во предпродажба, па сите кои не успеаа тогаш дојдат до влезница, имаат прилика вечерва во „Ликвид“ да го проследат настапот на Никола.

Настапот на творецот на популарната вем комедија „Идиотека“ која секој петок премиерно се емитува на OhridNews, во кафетеријата „Ликвид“, вечерва, започнува во 22 часот.


OhridNews​



08.11.2011 15:11​

Прочитана е : 33 пати​




© 2011 Ohridnews.com​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom