Неработни денови за 2014 година

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Водици спаѓа во групата на верски празници, а не во групата на државни.
Само државните се префрлаат.

Закон за празниците на РМ
http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/zakon_praznici.pdf

Член 2

Државни празници на Република Македонија се:
- 24 Мај, “Св. Кирил и Методиј” - Ден на сесловенските просветители;
- 2 Август, Ден на Републиката;
- 8 Септември, Ден на независноста;
- 11 Октомври, Ден на народното востание;
- 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба и
- 8 Декември, “Св. Климент Охридски”.

Празници на Република Македонија се:
- 1 Јануари, Нова година;
- Божик, првиот ден на Божик, 7 јануари според православниот календар;
- Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
- 1 Мај, Ден на трудот и
- Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Член3

Празниците од членот 2 на овој закон се неработни денови. Доколку празниците од членот 2 на овој закон паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
Значи, 19-ти т.е. 20-ти Јануари (понеделник) се работи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom