Неработни денови за 2014 година

Дискусија во форумот 'Економија и бизнис' започната од Acid, 2 декември 2013.

  1. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    32.118
    Допаѓања:
    19.394
    Затоа што знам што највеќе ќе ве интересира следната година :)
    МТСП го извади распоредот на наработни денови за 2014 година.

    Согласно со Законот за празници на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2014 година неработни денови се:

    За сите граѓани на РМ
    · 01 јануари (среда), Нова Година
    · 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
    · 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
    · 01 мај (четврток), Ден на трудот
    · 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
    · 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
    · 02 август (сабота), Ден на Републиката
    · 08 септември (понеделник), Ден на независноста
    · 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
    · 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
    · 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

    За граѓаните од православна вероисповед:
    · 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик
    · 19 јануари (недела), Богојавление (Водици)
    · 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
    · 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
    · 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

    За граѓаните од католичка вероисповед
    · 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
    · 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
    · 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

    За граѓаните од муслиманска вероисповед:
    · 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

    За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:
    · 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

    За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:
    · 27 јануари (понеделник), Свети Сава

    За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:
    · 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

    За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:
    · 23 мај (петок), Национален ден на Власите

    За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:
    · 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

    За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
    · 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

    За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:
    · 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик
    На демнач, blue ladybug, GTFO и уште 12 други им се допаѓа ова.
  2. ..........

    .......... ٩(●̮̮̃•̃)۶

    Член од:
    17 септември 2009
    Мислења:
    4.446
    Допаѓања:
    1.373
    Ова со религиите ми е нејасно, значи јас на пример може да не одам на работа на сите верски празници, да бидам и христијанин и муслиман
    На Krk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DanielVogel

    DanielVogel

    Член од:
    16 септември 2013
    Мислења:
    326
    Допаѓања:
    265
    Глупо е некако верскиве празници ко божиќ и велигден да бидат неработни за сите граѓани. Република Македонија како „секуларна“ држава ова мора да го смени
  4. RickyLFC9

    RickyLFC9 Полимат

    Член од:
    28 март 2012
    Мислења:
    11.118
    Допаѓања:
    16.473
    @Malcolm van den Сабаховић си има два празници у една недела, блазеси му.
  5. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    32.118
    Допаѓања:
    19.394
    Што не ти е јасно? Ако веруваш во една религија, филозофија, ватевр, не може да веруваш во друга и да се изјаснуваш како припадник на повеќе религии. Пробај, декларирај се како Христијанин за да не одиш на работа на христијанските празници, па потоа декларирај се како муслиман за да не одиш на работа. Верувам дека ќе ја добиеш истата казна како кога би земал слободен ден поради здравствени проблеми со грлото, а потоа би ставил слика на Фејсбук од журка во која локаш пиво. Празниците се за празнување. Ако се обидеш да манипулираш со нив (како и со други работи со кои би ја ставил на штета организацијата), треба да бидеш казнет.
    На Бичот Божји, Morgan Freeman и Crazy in Love им се допаѓа ова.
  6. Нuкола

    Нuкола ал би бек

    Член од:
    24 мај 2005
    Мислења:
    2.851
    Допаѓања:
    5.033
    10 од деновите се Сабота или Недела.. од мајка неработни :)
  7. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    11.090
    Допаѓања:
    11.265
    За некои Св. Кирил и Методиј, Духовден, Ден на Македонската Револуционерна Борба, Св. Климент Охридски се работни. А некои работеа и на 11 октомври.
    Нема казни за газдите што нема да го почитуваат ова? :D
    На blue ladybug, Branchez и arakenx им се допаѓа ова.
  8. pearl

    pearl ..~..~..~..~..~..~..

    Член од:
    20 август 2005
    Мислења:
    2.649
    Допаѓања:
    1.910
    По закон, тие што се паѓаат во недела, се префрлаат за понеделник. Само саботите се "губат" како празници, а такви има 3 следната година: Кирил и Методиј, Илинден и 11-ти октомври.
  9. old_School_mk

    old_School_mk Информатичар, гејмер, psy-trance слушател

    Член од:
    11 август 2009
    Мислења:
    4.473
    Допаѓања:
    2.542
    Се' тоа океј, но каде се води евиденција за тоа кој во што верува? На лична карта? На пасош? Кој може мене да ми докаже дека не сум и христијанин, и муслиман, и будист...

    Неработни денови за припадници на одредена религија е многу голема глупост и треба да се промени.
  10. MamaLover

    MamaLover Admiral

    Член од:
    2 март 2013
    Мислења:
    292
    Допаѓања:
    294
    ти па многу работиш,седи таму уживај :pos:
  11. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD

    Член од:
    9 јули 2011
    Мислења:
    7.674
    Допаѓања:
    14.155
    Ајмо Црногорци! Ако навистина нема работа во државава не гледам причина да се буните. :pos:
  12. Fringe

    Fringe Скитник низ паралелни светови

    Член од:
    24 септември 2011
    Мислења:
    3.980
    Допаѓања:
    1.613
    Од 365 дена,170 сосе одмори се неработни за прекубројната администрација која зима плата најмалце 15к и тоа за пиење кафе,лакирање нокти,разговори по мобилен,играње игри на мобилен,оговарање,разговарање,а па овие рамковниве не ни одат на работа.

    Најтрагично е тоа што се на терет на сакатото стопанство и кредитите кои треба да ги враќа повторно сакатото стопанство а ги зема владава.
    Тука се и инспекциите кои за ништо мора да те казнат за да обезбедат процент за прекубројната администрација.

    И после не ни оди епа нема да ни оди со толку многу работни денови и зошто да плаќаш данок,рдт,купуваш со фискална и играш наместена наградна игра
    ''Фискална во рака награда без мака''
    Ова го има само во Македонија и Грција

    Под итно за 500% да се намали администрацијата,неработноте денови да се намалат на 4-5 празнични и 21 ден одмори.

    Ако не се направи ова едвај чекам ситуација да дојде како во Грција,
    На Stef Bachatero, Forza Milan!!!, Branchez и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. CofD

    CofD Генијалец

    Член од:
    19 мај 2010
    Мислења:
    408
    Допаѓања:
    289
    Во право си дека можеш да бидеш само од 1 религија, ама можеш да бидеш и македонец и србин и евреин и бошњак итн. Тука може веќе да се прават далавери. Имаш повеќе претци, со тоа можеш да бидеш припадник на повеќе народи.
  14. Fringe

    Fringe Скитник низ паралелни светови

    Член од:
    24 септември 2011
    Мислења:
    3.980
    Допаѓања:
    1.613
    Универзален човек!
  15. гринго

    гринго

    Член од:
    4 мај 2011
    Мислења:
    1.121
    Допаѓања:
    493
    ова важи за оние што работѕат во државно, не за оние во приватно ...
    На esperanca, Manga и Malcolm van den Сабаховић им се допаѓа ова.

Сподели преку: