Македонецот и поробен и после Илинден го славеше Илинден.
Скопје 2 август 1941 година,20 часот,на плоштадот.
Боте Ботевски со група другари околу него почнал на сиот глас да извикува пароли:
„ Да живее Илинденското востание на Македонскиот народ“
Веднаш после ова настанала голема мешаница меѓу граѓаните.
Се разбира,меѓу присутните илјадници граѓани имало и приличен број на окупаторски бугарски агенти,офицери. Сите тие биле доста збунети од настаните и паролите и не знаеле што да преземат.Имало и германски офицери кои се нашле на плоштадот.
Ова демонстрација-вознемиреност траела дваесетина минути и се посмело се извикувале и други пароли:„Долу окупаторот на Македонија“.Но и толку време било доволно на бугарската окупаторска власт да довлече,војска,полиција,агенти и жандармерија за да спровела поширока акција против демонстрантите.
Овакви Илинденски демонстарции имало во повеќе македонски градови во 1941 год.
со кои се манифестирал слободарскиот дух на македонскиот народ и им дал јасно до знаење на бугарските окупатори дека за нив нема место во Македонија.
------------------------------ ДА НИ Е ВЕЧЕН ИЛИНДЕН - МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.