Нека не ве лажат

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Македонија има најниски цени во регионот
во Република Македонија ценовното ниво е на ниско ниво, во споредба со нивото на цените во земјите членки и земјите во регионот“, коментира универзитетскиот професор Никица Мојсоска Блажевски.

http://www.dw.de/цените-во-македонија-се-ниски-поради-нискиот-стандард/a-16949962

еве ова го најдов како најново (сликани пред само два дена) - а се однесува на КАН
па споредете си сами-цените се гледаат од километар
а за изборот, понудата и квалитетот и да не правиме муабет- оти е неспоредливо мадам Никица

















 
2

~2A

Гостин
Абе се е ок, дури и она 2+1 интересно е, ама шо прајме со платите?
 
Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
340евра просечна плата... нека направат статистика за секој град посебно просечната плата и трошоците па потоа може да се зборува, во штип по конфекциите платите се движат околу 200евра што е многу далеку од тој просек а цените се исти како и во скопје.
Исто моментално имам комшии што се дојдени од германија на гости овде се веќе 1 месец и баш зборувавме за тоа они зимат 2000евра плата а цените на производите за прехрана биле многу слични со македонските каде што платата е 200евра. И кога ќе видам во овие статистиките мерат не со норвешка,германија и други такви држави а ние сме 100 години назад :facepalm:
Упс заборавив ова беше ударна вест на сител кажуваа колку добро ни е,го фатив на менење програми за жал мама ги гледа турските серии па не можам да ги избришам од програмите и сител и канал 5.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ништо ново... :) Барем за овие ситнурии алкохол,сирење,леб... Пази кога ги споредуваат нашиве цените ги гледаат оние во главните градови, во најскапите маркети... Ајде како што е случајов со сликава нека појдат на нивни пазар, па да видиме колку таму можат да бидат ниски цените...

Ама знаеш што мора нешто да лажат со цел да им престават слика на народот дека тука е ок.. Ако ја кажуваат вистината уште толку ќе се влоши ситуацијата... Лебот скоро сегде е поскап од кај нас тоа сум го приметил... Али другиве работи риба,кашкавал,млеко? Да не збориме... плата од 2.000 евра млекото поефтино од кај нас... Па ти нема да ја осетиш исхраната како трошок во својот живот... :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Ништо ново... :) Барем за овие ситнурии алкохол,сирење,леб... Пази кога ги споредуваат нашиве цените ги гледаат оние во главните градови, во најскапите маркети... Ајде како што е случајов со сликава нека појдат на нивни пазар, па да видиме колку таму можат да бидат ниски цените...
Друже станува збор за монденскиот Кан- најпрестижното место на Азурот -незнам дали примети?
Можеби универзитетскиот професор Никица Мојсоска Блажевски го рангира на исто ниво и Скопје:pos:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Добро бе Кул, ти на дарди да не си му другарче што вадиш вака од контекст?
Кога веќе отвараш тема со "сензационален" вовед, барем пастирај ја целата вест, и онака 90% од луѓево нема да кликнат на линкот или нема да го дочитаат текстот на сајтот.
Имено,
Истражување на Еуростат покажа дека Македонија има најниски цени во регионот, но и најниски плати со просек од околу 340 евра. Статистиката вели дека потрошувачката кошничка изнесува 200 евра, а реалноста 500 евра.
Значи никој не лаже дека е розево во Македонија.
Понатаму,
„При споредба на животниот стандард помеѓу различни земји како индикатор се користи Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, меѓутоа прилагоден за ’паритет на куповна моќ’. Тоа значи дека вкупните приходи на еден просечен граѓанин се прилагодуваат за ценовното ниво кое преовладува во земјата, за да се спореди колку добра и услуги може реално да се купат со тие приходи. Ваквата мерка за БДП покажува дека животниот стандард на граѓаните на Република Македонија е една третина од оној на просечниот ЕУ граѓанин.
Ако се земе предвид дека кај нас, на пример, шишање кај маалски фризер чини 100-150 денари, а во Германија чини 15-20 евра, и воопшто цените на сите услуги се драстично пониски отколку било каде во ЕУ, ова е сосема реална изјава. Веројатно, статистички, кај нас го "подига" стандардот тоа што услугите ни се навистина евтини.
Тоа дека стандардот ни е една третина од оној на ЕУ мало сутра (n)
Истражувањето за цените на храна, пијалоци и тутунски производи покажуваат дека цените во Македонија се речиси на ниво од половина од просечните цени во ЕУ, со мошне големо отстапување кај цените на тутунските производи, кои се 25% од просечните цени во Унијата. Слични цени според Мојсоска преовладуваат во целиот регион - Бугарија, Србија, Албанија, иако овие земји сепак се соочуваат со малку повисоки цени, особено во категоријата “млеко, сирење, јајца”. Сепак ниските цени во Македонија и регионот не се неочекувани, бидејќи постои врска помеѓу цените и животниот стандард, вели Мососка и додава:
„Со други зборови, ниските цени во Македонија се рефлексија на нискиот животен стандард. Но, во процесот на конвергенција на Македонија кон ЕУ, односно како нашиот животен стандард ќе се приближува кон оној на ЕУ, ќе се случи и пораст на нивото на цените. Притоа, посебно би ги издвоила цените на тутунските производи и алкохолот, кои како акцизни стоки подложат на различни давачки во секоја земја и оттука постојат големи разлики во нивните цени помеѓу земјите. Секако, можно е и релативно високото домашно производство на одредени земјоделски производи да врши надолен притисок на цените на одредени производи“, смета Мојсоска.
Цигарите се стварно осетно поевтини кај нас. Е сега, конкретнава изјава на оваа професорка (ваљда е женско бидејќи зошто инаку Мојсовска би се презивал/а :unsure: ) не е применлива во Македонија затоа што кај нас нискиот стандард само како да ги тера луѓево да ги зголемуваат цените. Земете само струјата колку е поскапена во последниве години, кога сме кај основните трошоци. Жими лебот што е поевтин, се друго е со иста, па и повисока цена отколку во ЕУ, а квалитетот далеку понизок.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Aj nekoj da ne vi se smee. Jes da go tupat ovie partiskive novinari so prikaznive demek kaj nas sve e gabe,ama go tupite i vie sto tvrdite deka ne e taka. Makedončeto go spasuva eftino ovošje i zelenčuk posebno sezonskite artikli. Nekoj neka kaže kolku e ovošjeto i zelenčukot na zapad da ne ispadne deka jas lažam. Sve e 5 do 10 pati poskapo nego kaj nas. Pekarskite produkti isto 3 do 10 pati. Mlekoto i nekoi vidovi na meso se so ista cena,ova e paradoks sto i jas ne moze da go skapiram,a salamite,sirenjeto i kaskavalite se upola do 5 pati poeftini kaj nas. Znaci sekoj mesec odam najmalku ednas ili poveke pati nagore i vi kazuvam od prva raka. Uslužnite dejnosti tamu imaat takvi ceni da glava boli, od avtomehanicari, vulkanizeri, stolari, vodovodgii, zidari itn sve e najmalku 10-20 pati poskapo nego kaj nas.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Поскапо од Македонија е само леб ( овде црн леб со житарици е пред се) кој има различна цена плус минус 2 евра се движи. Поскапи се цигарите 7 евра ххл кутија со 28 цигари внатре. Овошјето и зеленчукот некои се поскапи, некои иста цена. Поскапи мислам од 0,5 до 1 евро.
Друго во однос на храна е со иста цена како нас и некои производи поефтини, оние што се поскапи се поскапи за 30/60 денари, не драстично многу ако мислите.

Услугите се скапи за наш стандард. Пример агенција да ти најде стан кошташе 700 евра провизија :) Е тоа е веќе платена услуга. Здравствено се покриени, административни работи им се средени, ако им бараш услуга (во вид на совет или давање на документација исто се плаќа 10 евра, 15 евра зависи што ти треба). Превод на документи чини 80 евра еден лист од овластен преведувач.

И сума сумарум на плати од 2000 евра и те како имаат пари за се. Бидејќи услуги не користиш секој ден нели, месечно за полн фрижидер ти требаат 500 евра за двајца од пиле млеко да имаш. Споредено со Македонија каде основната плата да ја земам 15 000 денари неможе да те прехрани камоли да имаш за комуналии доведува до заклучок Сител на кои дроги си бе брат?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова се цени на струјата во САД
Еден долар е 47 денари значи едек киловатчас за домакинствата чини 5,5 денари
За другите е поефтино - ама ние имаме регулаторна во која работата лепотани
http://www.eia.gov/energyexplained/index.cfm?page=electricity_factors_affecting_prices
  • Residential: 11.8¢ per kWh
  • Transportation: 10.6¢ per kWh
  • Commercial: 10.3¢ per kWh
  • Industrial: 6.9¢ per kWh
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Имаше една споредба на цените на храната во однос на работните часови, односно колку работни часови се потребни за одреден продукт во неколку земји. Ме мрзи да ја барам сега, но мислам дека од тоа поубав приказ за „ефтинилукот“ во Македонија нема.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Да бе, лебот кај нас е 0,9е за 200 грама.
Тргај ги сликиве ќе ги види некој пензионер, ќе му се слоши :):):)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Aj nekoj da ne vi se smee. Jes da go tupat ovie partiskive novinari so prikaznive demek kaj nas sve e gabe,ama go tupite i vie sto tvrdite deka ne e taka. Makedončeto go spasuva eftino ovošje i zelenčuk posebno sezonskite artikli. Nekoj neka kaže kolku e ovošjeto i zelenčukot na zapad da ne ispadne deka jas lažam. Sve e 5 do 10 pati poskapo nego kaj nas. Pekarskite produkti isto 3 do 10 pati. Mlekoto i nekoi vidovi na meso se so ista cena,ova e paradoks sto i jas ne moze da go skapiram,a salamite,sirenjeto i kaskavalite se upola do 5 pati poeftini kaj nas. Znaci sekoj mesec odam najmalku ednas ili poveke pati nagore i vi kazuvam od prva raka. Uslužnite dejnosti tamu imaat takvi ceni da glava boli, od avtomehanicari, vulkanizeri, stolari, vodovodgii, zidari itn sve e najmalku 10-20 pati poskapo nego kaj nas.
Блазе си ни.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Друже станува збор за монденскиот Кан- најпрестижното место на Азурот -незнам дали примети?
Можеби универзитетскиот професор Никица Мојсоска Блажевски го рангира на исто ниво и Скопје:pos:

Aјде ајде... Ќе ја прочита некој темава ќе мисли стварно дека е така кај нас... А што праиме со купоните за храна што им се даваат? Незнам дали си гледал the worst couponers емисија во Америка и остали земји каде што луѓето користат купони за храна... Од цена на продукти за 600 долари се смалува некогаш до 30-40 долари ако знаеш кои купони треба да ги собираш... Ама тропам глупости јас нели :D
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Добро бе Кул, ти на дарди да не си му другарче што вадиш вака од контекст?
Кога веќе отвараш тема со "сензационален" вовед, барем пастирај ја целата вест, и онака 90% од луѓево нема да кликнат на линкот или нема да го дочитаат текстот на сајтот.
.
Што тоа е извадено од контекст?!
Што не е точно?ај кажи- или се слагаш со статијата дека цените во МК се навистина најниски? и животот во МК е багатела ( ма дај те молам, колку луѓе неможат да се прехранат а не па сметки да платат или да помислат да отидат на одмор или ....
За цела вест си постои линк кој води до неа - кој сака да чита , кој не -јас тука не можам ништо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom