Невино осудени

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Низ човечката историја се протегаат настани на невини осудени поединци, групи па и цели народи. Од политички, верски или историски аспект, да не спомнууваме и луѓе кои чмајат во тамници ради злостори кои тие не ги направиле. Најголем случај на таква осуда е човештвото од страна ан Бог.

Да појаснам, во почетокот Бог создал земја, светлина, океани, животни, растенија.... и меѓу другото, по свој лик го создал и човкот, и го сместил во рајската градина таму да престојува. Во градината постоеше и дрвото на животот и дрвото на спознанието. Плодовите на дрвото на животот носеле вечен живот (тој што би каснал од него би живеел вечно) а плодовите на дрвото на спознанието би му дале способност да го спознае и разликува доброто од злото. Како придружник на човекот, Бог ја создал и жената, и тиое двајцата живееле во рајската градина. Бог им дозволил да јадат и пијат се што сакаат освен плодовите од дрвото на спознанието. И така беше додека змијата не ја наговори жената да скине од плодовите на дрвото на спознанието и ги јадат заедно со првиот човек, и тогаш тие го спознаа доброто и злото, и Бог ги истера од рајската градина и ги казни нив и нивните потомци до ден денешен (и во иднина) да се мачат во животот за да се хранат облекуваат раѓаат....

Накратко тоа е случката ради која сите ние, нашите татковци дедовци.... исто како и нашите деца внуци правнуци.... сме казнети. Но дали казната беше праведна или Бог во афект казнил погрешно??

Адам и Ева не знаеле што е добро а што не е, или не правеле никаква разлика меѓу добро и зло. Беа лишени од таква способност. Тие не биле свесни дека постои добро и зло. Се шетале голи наоколу и не им беше срам, затоа што не знаеле дали е тоа добро или зло, ја послушале змијата затоа што не занеле дали е тоа добро или зло, ги каснале плодовите без да знат дали прават добро или зло. Од како каснале, “им се отвориле очите“ (како што пиши во библијата, и дури од тогаш можеле да бидат свесни за своите постапки дали се добри или не. Дури од тогаш може да се зборува за некаква “слободна воља“. Слободна воља или избор, значи да бираш меѓу доброто и злото, но за да бираш - мора да ги знаеш, познаваш, да правиш разлика, но ни Адам ни Ева не знаеа дека има добро и зло ниту да ги разликуваат. Бог казни луѓе и сите нивни потомци милијарди и милијарди до денешен ден зато што направиле нешто за што не знаеле ни што е. Накратко Бог ја утна работата, не му текна дека луѓе кои не разликуваат добро од зло, не моажат да направат ни правилен избор. Не се сетил да му ја даде таа можност да можат самите да одлучуваат и бираат меѓу работи кои ги сфаќаат, е тогаш да ги казниш, кога се свесни за своите постапки.

Ваква Божја најстрога) пресуда би паднала во секој суд (ете правници нек се изјаснат како се постапува со луѓе кои не се свесни за своите постапки или не можеле во тој момент да расудуваат), бог најмногу што требаше е да ги лказни со укор или некоја симболична парична казна и да им објасни што е добро а што зло, од змијата да си направи ремен а околу дрва кои не сака да му ги гибаат нека крени 5 метра висока електрифицирана ограда.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Тие биле далеку од разликување од добро и лошо ,а како да ги казни парично кога немале платежни средства во тоа време или имале ?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Тие биле далеку од разликување од добро и лошо ,а како да ги казни парично кога немале платежни средства во тоа време или имале ?
Па најмал проблем за Бог е да создаде пари, за да испечати или искова пари на бог како и на секоја таква државна инсѕтитуција му треба злато како поткрепа - гарант за издадената валута, а Бог го имаше створено златото
9. И направи Господ Бог да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото.
10. И вода течеше од Едем, за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше во четири реки.
11. Името на едната е Фисон; таа тече околу целата земја Хевилска, а таму има злато.
12. Златото на таа земја е добро; таму има и бделиум и камен оникс.
Значи имаше добро и квалитетно злато и можеше да воспостави платен промет во рајската градина, нели адам таму работеше
15. И, земајќи го Господ Бог човекот, кого го создаде, го воведе во градината Едемска, за да ја обработува и да ја пази.
така да можеше да му дава плата и да му задржува од платата за казна ако нешто згреши.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Ако скокнеш од тераса и не го почитуваш законот на гравитација ќе се сплескаш доле.
Законот на гравитација е божји закон, како и сите други од физичката и духовната сфера.
Никој не му текнало до сега да го обвинува Господ заради тоа што, поради законот на гравитација, некој погинал.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
За да ја бараш правичноста во одреден настан,треба да ја докажеш вистинитоста и веродостојноста на тој настан.Тоа е исто како да ја бараме правичноста на влегувањето на Дедо Мраз низ оџак.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Какво неразбирање и буквално толкување на светата книга цццц......
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
1.894
Абе Лет не биди наивен, зар не сфаќаш дека Адам и Ева се политички затвореници испратени во гугаг во Сибир, овај, Земјата.

Од страна на службите, дотичните биде видени како разговараат, односно, заговараат со лидерот на опозицијата државен удар. И не само тоа, наводно се случила некаква трансакција, наводно јаболко од непознато потекло дошло во владение на Ева...

Зошто Ева би разговарала со лидерот на опозицијата? Зошто би примала од него подароци? Или можеби е тоа плаќање? За која услуга?

За тоа одлучете сами.
Добра ноќ Македонијо, каде и да си.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
Бог им дозволил да јадат и пијат се што сакаат освен плодовите од дрвото на спознанието ... и тогаш тие го спознаа доброто и злото, и Бог ги истера од рајската градина и ги казни нив и нивните потомци до ден денешен (и во иднина) да се мачат во животот за да се хранат облекуваат раѓаат ...
КАЈ ШТО ИМА СИЛА - НЕМА ПРАВДА!
Господ ја имал моќта да ги избрка , а овие две грешни души спознале дека Господ крие нешто од нив (затоа што , нели , пробале од дрвото на спознанието и знаеле да разликуваат лошо од добро ) ,и Семоќниот рекол што го е*ам (кршете глава) - ќе го сечам (дрвото) ...:coffee:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Сите замерки за Христијанството, сите теми, му се темелат на болдот.
Oд каде пак Христијаните се екслузивни корисници на Библијата?
Ова е од стариот завет, светата книга на евреите - јудејците. Света книга која во најголем дел христијаните ја сметаат како нешто поминато, света книга во која запишаните заповеди, наредби, напатствија... од Бога дадени христијаните ги сметаат за неважечки додека јудејците се уште ја почитуваат и следат како важечка.
Одма запнавте се да присвоите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Oд каде пак Христијаните се екслузивни корисници на Библијата?
Ова е од стариот завет, светата книга на евреите - јудејците. Света книга која во најголем дел христијаните ја сметаат како нешто поминато, света книга во која запишаните заповеди, наредби, напатствија... од Бога дадени христијаните ги сметаат за неважечки додека јудејците се уште ја почитуваат и следат како важечка.
Одма запнавте се да присвоите.
Напротив, Јудејците не ги следат напатствијата дадени од Бога. Тие ниту него не го следат, како што знаеме и прават голем грев, навредувајќи го, во некои од своите книги.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Напротив, Јудејците не ги следат напатствијата дадени од Бога. Тие ниту него не го следат, како што знаеме и прават голем грев, навредувајќи го, во некои од своите книги.
Зато Хитлер и ги убиваше
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Напротив, Јудејците не ги следат напатствијата дадени од Бога. Тие ниту него не го следат, како што знаеме и прават голем грев, навредувајќи го, во некои од своите книги.
Зато Хитлер и ги убиваше
Мислат дека го држат Господ за муда бидејќи се избраниот народ, притоа игнорирајќи ги делата на Исус Христос, кој пред да се вознесе на небото им заповедал на апостолите да ги научат и да ги крстат сите народи во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, а не само избраниот народ - народот на Израел.

Затоа си тераат по свое, а и до денешен ден има меѓу нив такви кои усно маваат со дрва и камења по Назареќанинот.

Но назад на темата:

Адам и Ева не знаеле што е тоа добро и зло, но знаеле дека Господ им заповедал да не јадат од забранетите плодови, но овие се осмелиле да ја послушаат змијата наместо Господовата заповед.

Можеле да јадат од дрвото на животот, но не и од дрвото на спознанието.

Можеби бидејќи им било забрането да јадат од дрвото на спознанието, немале памет и не знаеле што е тоа послушност кон Господовата заповед, па затоа и ја прекршиле истата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Адам и Ева не знаеле што е тоа добро и зло, но знаеле дека Господ им заповедал да не јадат од забранетите плодови, но овие се осмелиле да ја послушаат змијата наместо Господовата заповед.

Можеле да јадат од дрвото на животот, но не и од дрвото на спознанието.

Можеби бидејќи им било забрането да јадат од дрвото на спознанието, немале памет и не знаеле што е тоа послушност кон Господовата заповед, па затоа и ја прекршиле истата.
Треба да знаеш што е добро а што не и за да слушаш нечија наредба
Добро е да послушам, не е добро да не послушам.
Пошто ние знаеме да правиме разлика добро - зло нам ни е и потешко да сфатиме како би било да не распознаваш и не знаеш воопшто што е добро и зло. Како изгледа да не правиш разлика меѓу добро и зло.
Кога не знаеш не распознаваш не правиш разлика добро - зло не можеш ни наредба да послушаш, или нечија друга ќе послушаш, затоа што не можеш да размислиш “ова е добро, ова не е добро, ќе го изберам првото“
На госпо му беше лесно да ги осуди пошто тој знаеше и разликуваше добро од зло но нии Адам ни Ева, се додека не каснаа од плодот - тоа не го знаеа.
Целата вина и одговрност е на госпо што не нашол начин да им укаже на постоење добро и зло, особености на добро и зло, разлики меѓу добро и зло па да можат со своја воља и размислување да одлучат.
Вака иди, на улица ти иди некоја набилдана мрцина и ти вели “Бирај, жолто или сино“ ти велиш жолто и тој ти крши нос со тупаница.
Ептен на подол трик госпо ги зафркна Адам и Ева а преку нив и сите нас, нашите претци и нашите потомци
 

Kajgana Shop

На врв Bottom