На денешен ден!

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
1100. Англискиот крал Вилијам Втори, синот на Вилијам Први Освојувачот, е убиен со стрела додека ловел во шума.
1552 На протестантите им е одобрена слободата на вероисповед во Германија.
1802 Наполеон Бонапарта е прогласен за „доживотен конзул“ на Франција, што му даде право да назначи наследник.
1830 Францускиот крал Шарл Десетти Бурбонски е принуден да абдицира под притисок на Јулската револуција.
1903 Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, крушевско, кај Карабуница, кичевско, кај селото Арменско, леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, мариовско.
1921 Во Неапол умре Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња. Настапуваше во повеќе оперски сцени: во Милано, во Лондон и на други места. Автор е на книгите „Спомени“ и „Методи на пеење“. Роден е во Неапол, на 27.2.1873 година.
1944 Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 преставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституирано како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик е воведен како службен јазик во Македонија.
1963 Во Скопје умре Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, историограф, публицист и сценарист. Негови најпознати дела се „Изгрев“, „Епопеја на Ножот„“, „Последната средба“, „Арамиско гнездо“, „Пустина“ и други. Роден е во Дојран, на 7.10.1910 година.
1991 Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник "Република". Вториот број излезе на 8.09.1991 година.
1997 Водачот на најсилната либериска герилска фракција Чарлс Тејлор е прогласен за претседател на Либерија, со што после седумгодишната граѓанска војна заврши борбата за власт во таа западноафриканска земја.
1999 Во судар на два воза во источна Индија загинаа најмалку 285 луѓе.
2000 Во Скопје умре академик проф.д-р Александар Христов, еден од најистакнатите македонски научници од областа на правните и историските науки. Одбраните трудови „Создавање на македонската држава 1878-1978“ во 1985 година го издаде издавачката куќа „Мисла“ од Скопје. Роден е во Неготино, на 27.7. 1914 година.
2002 Воените сили на герилското движење UNITA официјално се распуштени и 18 герилски генерали се интегрирани во Армијата на Ангола.
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
74
Поени од реакции
14
1914 Во текот на првата светска војна,Германија врши инвазија врз Белгија.Како одговор на ова, Велика Британија и објавува војна на Германија. САД објавува неутралност.
1936 Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства.

1944 Во Амстердам,Холандија, фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15 годишната Ана Франк, која со својот Дневник остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна.


1984 Горна Волта го променува своето име во Буркина Фасо.


1993 Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
1844. Во Виена умрел Јернеј Копитар, словенечки преродбеник, филолог, еден од основачите на славистиката. Се занимавал со проучување на словенските јазици и се залагал за упростен правопис и воведување на народниот јазик во литературата. Автор е на првата научна граматика на словенечкиот јазик - „Граматика на словенечкиот јазик во Крањска, Карантанија и Штаерска“. Се родил во Решње, Горенско, во Словенија, на 21 август 1780 година.
1858 Се родил холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, пронаоѓач на причинителот на болеста бери-бери. Нобеловата награда ја добил за откривањето на витаминот Б.
1938 Основана е Словенечката академија на науките и уметностите.
1941 Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнале на еден брод во Атлантикот, каде што ја формулирале и неколку денови подоцна ја потпишале прочуената "Атланска повелба", чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободно изразената волја на народот, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употребата на сила.
1941 Во Загреб излегол првиот број на весникот „Вјесник“, како орган на Хрватскиот единствен Националноослободителен фронт.
1949 Во непосредна близина на селото Брезница, Егејска Македонија во моментот кога меѓу ДАГ и монархофашистичката кралска армија се водела тешка борба загинал Крсто Мангов, македонски револуционер и борец за националната слобода и социјалните права на македонскиот народ. Се родил во селото Д' мбени, Костурско, во 1912 година.
1952 На јорданскиот престол стапил кралот Хусеин откако неговиот татко кралот Талал бил тргнат од престолот поради сенилност.
1954 Со формално соопштение за примирје завршила Седумгодишната војна во Виетнам меѓу француските колонијални трупи и ослободителното движење.
1960 Чад, држава во Африка која беше во составот на Француска Екваторијална Африка, се здобила со независност.
1962 Биле лансирани советските вселенски бродови „Васток - 3“ и „Васток - 4“ со астронаутите Николаев и Попович. Тоа бил прв повеќедневен групен лет во вселената и траел до 15 август.
1980 Во Скопје умрел Аспарух Хаџи Николов, македонски музички педагог и композитор. Тој и припаѓаше на постарата македонска генерација композитори и целокупната дејност ја насочуваше кон негување и музичка обработка на македонските народни песни. Се родил во Скопје, на 18 април 1909 година.
1987 Во Охрид умрел Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите збирки раскази "Пасквелија", "Нова Пасквелија", романите "Сребрените снегови", "Големата вода", драмите "Кенгурски скок", "Макавејски празници" и други, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Се родил во селото Велгошти, Охридско, на 13 август 1936 година.
1992 Со одлука на Собранието на Република Македонија усвоено беше знамето на република Македонија (црвена основа со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци. Знаме кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвена основа со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци. Истиот ден беше усвоена и химната на Република Македонија - „Денес над Македонија“.
1993 Пакистан ја призна Република Македонија.
1996 Умрел чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик кој во 1934 година, на 20-годишна возраст, почнал да диригира со Чешката филхармонија.
1996 Во Софија умрела баба Ванѓа, чија пророчка моќ беше позната низ целиот Балкан и пошироко. Со децении привлекувала голем број посетители во нејзината скромна вила во планинското место Петрич, јужна Бугарија, во близина на грчката граница. Се родила во 1911 година.
2003 НАТО ја презеде командата на над 5.000 војници на меѓународните сили за помош и безбедност во Авганистан, што претставува прва мисија надвор од Европа во историјата на тој воено-политички сојуз.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
над 7000 Евреи беа собрани од Македонија и однесени во Треблинка - никој не се врати.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
На денешен ден, целиот разумен и демократски свет излегува на протести за да ги бара правата на човекот. Можеби еден ден и македонецот ќе разбере дека овој ден е токму за тоа а не за скара и излети.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Почина Јуриј Густинчич, долгогодишен дописник на Политика од Лондон и Њујорк
http://www.politika.rs/rubrike/Drustvo/Preminuo-novinar-Jurij-Gustincic.sr.html
Во времето на Студената војна, тој, нашиот Ристо Бајалски и уште неколку југословенски новинари, беа единствени на кои можеше да им се верува во врска со состојбата во Светот
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
9.- РРоден е римскиот цар Тит Флави Веспазијан, основач на новата династија Флави. Во текот на владеењето од 69 до смртта во 79 година ги победи и расели Евреите, а во Рим подигна величенствени градби како што се Колосеум, Капитол и Амфитеатар.
1095На црковен собир во Клермон папата Урбан II ги повика црковните великодостојници и свештени владари на воен поход против „неверниците“, со цел да се ослободи светата земја (Палестина) и Ерусалим. Тоа е почетокот на Крстоносните војни, кои со прекини, траеа повеќе години.
1626Папата Урбан III ја освети црквата „Свети Петар“ во Рим.
1697Роден е англискиот сликар Вилијам Хогарт, исклучителен портретист и цртач на физиономии. Слика сцени од сатиричен и морален карактер од животот на аристократијата. Остави релативно мал број дела, но, поради нивната вредност, тој се вбројува меѓу најзначајните англиски сликари.
1786Роден е Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент, творец на германската романтичарска опера. Познати му се оперите „Евријанте“, „Волшебниот стрелец“ и „Оберон“. Умре во Лондон, на 5 јуни 1826 година.
1787Роден е францускиот сликар Луј Жак Манде Дагер. Благодарение на неговиот изум, наречен „дагеротипија“, за првпат практично е овозможена изработка на фотографија.
1830Белгија стана самостојно кралство. До Наполеоновите војни Белгија беше под Хабзбурговците. Од Виенскиот конгрес од 1815 и 1830 Белгија (како и Луксембург) е составен дел на Холандија. Во Белгија населението повеќето е католичко, додека во Холандија протестантско. Побунувањето во 1830 година е од верска природа.
1860Роден е полскиот државник, пијанист и композитор, Игнац Јан Падеревски, професор на Kонзерваториумот во Варшава. Јан Падеревски од 1919 до 1921 година беше премиер и шеф на дипломатијата, а во 1940 година претседател на Полска. Дела: опера „Мандра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни.
1833Во САД е прифатено стандардното сметање на времето и земјата е поделена на четири временски зони.
1874Во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата "За македонцките работи", која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издаваше на македонски јазик, весникот "Вардар". Умре во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.
1903- Соединетите Американски Држави потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал.
1905Принцот Чарлс од Данска е избран за прв крал на Норвешка по обновувањето на независноста со одвојувањето од Шведска, а го зеде името Хакон II.
1905Во Кикинда е роден Јован Поповиќ, српски писател, еден од творците на социјалната книжевност меѓу двете светски војни. Негови познати дела се „Аџија на вечноста“, „Танц над празнината“, „Ластовица во митралеско гнездо“, „Вистински легенти“ и други. Умре во Белград, на 13 февруари 1952 година.
1910Во Мексико изби револуција во која во текот на наредните 10 години загинаа најмалку еден милион луѓе.
1918Белгиската армија влезе во Брисел по четиригодишната окупација од страна на Германија, во Првата светска војна.
1919Во Скопје е роден Бане Ковач, еден од основоположниците на македонското новинарство и еден од првите стенографи во Македонија. Умре во Скопје, на 15 април 1983 година.
1922Во Париз умре Марсел Пруст, француски писател и академик. Со своето дело остави длабока трага не само во Франција туку и во европската литература. Автор е на големиот циклус романи „Во потрага на загубеното време“, на што работеше цели 15 години.
1936Германија и Италија ја признаа владата на генералот Франциско Франко како легитимна влада на Шпанија.
1944Во штотуку ослободената Битола, во присуство на околу 2.000 борци на Леринско-костурската бригада, од Воденскиот македонски партизански баталјон и од бригадата „Гоце Делчев“, е формирана Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, која влезе во составот на НОВ и ПО на Македонија. На местото каде што е формирана оваа прославена партизанска бригада, заменик-политички комесар на бригадата Вангел Ајановски - Оче, на 18 ноември 1984 година откри спомен-плоча.
1945На првите избори во Бугарија по Втората светска војна, кои опозицијата ги бојкотираше, победи Отечествени фронт, предводен од комунистите.
1962- Во Копенхаген Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата за структурата на атомот. Познат е по своите трудови од областа на квантната теорија. Учествуваше во научните истражувања што доведоа до производство на атомска бомба. Добитник е на Нобеловата награда за физика во 1922 година. Роден е во Копенхаген на 7 октомври 1885 година.
1970Западна Германија и Полска воспоставија дипломатски односи со што го прекинаа непријателството долго 31 година.
1970Кина именува амбасадор во Советскиот Сојуз и по четири години ги обнови дипломатските односи на највисоко ниво.
1976Воената влада на Етиопија (комунистичка) изврши смртна казна врз 27 луѓе наводно поради заговор.
1978Во Џонстаун во Гвајана со испивање на отров е извршено колективно самоубиство на 914 Американци, припадници на сектата „Храм на народите“, вклучувајќи го и водачот на сектата Џим Џонсон. Членовите на сектата кои одбија да го испијат отровот беа убиени.
1986Во Скопје умре Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија, член на АСНОМ, потпретсeдател на првата влада на ФД Македонија. Роден е во Штип, на 19 мај 1910 година.
1988Во Скопје умре Шукри Рамо, поет, раскажувач и литературен критичар од турска националност во Македонија. Автор е на книгите поезија „Татковината е една, не заборавај“, „Венец“, „Добредојдовте“, на збирките раскази „Полско цвеќе“, „Со огнот кон ѕвездите“ и други дела. Роден е во Штип, на 28 ноември 1918 година.
1991Собранието на Република Македонија го усвои Уставот. Од 120 пратеници за Уставот гласаa 92.
1991Умре чехословачкиот државник по потекло Словак, Густав Хусак, поранешен претседател на Чехословачка. Под притисок на јавноста во 1989 година поднесе оставка на функцијата преседател на Чехословачка.
1993Лидерите на Јужна Африка го усвоија Уставот со кој е ставен крај на политката на апартхејдот во земјата.
1993Новиот воен управувач на Нигерија генералот Сани Абач ги распушти сите демократски институции.
1993Во Белград умре проф. д-р Светозар Бркиќ, редовен професор во пензија на Филолошкиот факултет во Скопје, познат англист. Има објавено поголем број есеи од областа на англиската и светската книжевност, меѓу кои и книгата „Македонски теми и дилеми“. Роден е во Обровац, на Зрмања, во 1916 година.
2004Во Англија по 700-годишната традиција е забранет ловот на лисици.
2005Во три одвоени бомбашки напади во Ирак, на багдатскиот хотел „Хамра“ и две џамии во градот Канагин, загинаа околу 80 луѓе, а беа ранети околу 100.
2006Најмалку 120 лица го загубија животот, а околу десетина се водат за исчезнати во поплавата која го зафати западен Авганистан. Најмногу беше погодена провицијата Бадгис.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Karl Johannes Germer
(Jan 22, 1885 - Oct 25, 1962)
a.k.a. Frater Saturnus, X° O.T.O., 8°=3☐ A∴A∴, Aleister Crowley's immediate successor.
Karl Germer was arrested by the Gestapo in 1935 for being an associate with Aleister Crowley. He was held in Esterwegen concentration camp, where he also achieve Knowledge & Conversation of the Holy Guardian Angel by repeated the Holy Books of Thelema which he'd memorized.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
На денешен ден, 1776 година во баварија е формиран Редот на Илуминатите.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
1571. Шпанската морнарица кај Лепанта во југозападна Грција ја победи турската флота. Во битката по која Отоманското царство никогаш повеќе не стана голема поморска сила, загинаа најмалку 25.000 Турци, а беа потопени 80 турски бродови.
1849 Во Балтимор умре Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач. Неговата лирика се одликува со меланхоличност и со тага. Автор е на кусите приказни на ужасот „Црна мачка“. Други негови познати дела се „Гавранот“, „Абабел Ли“, „Авантурите на Артур Гордон Пим“ и други. Роден е во Бостон, на 19 јануари 1809 година.
1879 Британските трупи извршија инвазија врз Авганистан, со цел оваа земја да ја стават под британски протекторат. Настанот предизвика две авганистански војни, но дури во 1919 година Британија ја призна независноста на оваа земја.
1885 Во Копенхаген е роден Нилс Хенрик Давид Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот. Учествуваше во научните истражувања што доведоа до производството на атомската бомба. Во 1922 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Копенхаген, на 18 ноември 1962 година.
1904 Умре Димитар Цанко, македонски преродбеник. Тој има најистакната улога во изградбата на историскиот континуитет на македонската културна традиција во југоисточна Албанија. Роден е во селото Бобошница, Корчанско, во 1814 година.
1908 Прогласена е унија меѓу Грција и Крит.
1910 Во Дојран е роден Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар. Негови најпознати дела се "Изгрев", "Епопејата на Ножот", "Последната средба", "Арамиско гнездо", "Пустина" и други. Умре во Куманово, на 2 август 1963 година.
1913 Во Прилеп е роден Илија Николовски - Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на Педагошката академија во Скопје. Умре во Скопје, на 22 октомври 1973 година.
1919 Основана е холандската авионска компанија КЛМ, најстар постоечки воздушен превозник.
1931 Роден е јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту, борец против апартхејдот, добитник на Нобеловата награда за мир во 1984 година.
1935 Друштвото на народите ја прогласи Италија за агресор врз Абисинија (Етиопија).
1940 Германија во Втората светска војна ја окупира Романија со што допре до важните стратешки нафтени полиња.
1944 Кај селото Смојмирово, Беровско, во борба против германските фашисти загина Ацо Караманов, македонски поет и борец во НОВ на Македонија. Роден е во Радовиш, на 31 јануари 1927 година.
1946 Во Софија почна траурната церемонија - пренесување на посмртните останки на големиот син на македонскиот народ Гоце Делчев, во главниот град на Народна Република Македонија.
1949 Прогласена е Демократска Република Германија. Вилхелм Пик беше претседател, а премиер Ото Гротевол. Со тоа Германија беше поделена на две држави. На ова му претходеше прогласувањето на Сојузна Република Германија, на 21 септември 1949 година.
1959 Советскиот вселенски брод „Луна 3“ прв ја фотографираше темната страна на Марс.
1959 Умре американскиот оперски пејач и филмски глумец од италијанско потекло Марио Ланца, кој оствари голем број незаборавни оперски улоги. Сними неколку филмови, вклучувајќи го и филмот „Големиот Карузо“.
1969 НР Кина соопшти дека е постигната согласност за почеток на преговорите со Советскиот Сојуз за граничниот спор.
1981 Потпретседателот на Египет Хосни Мубарак стана вршител на должноста шеф на државата еден ден по убиството на претседателот Анвар ел Садат, извршено од страна на исламски терористи.
1985 Палестински терористи во Медитеранот киднапирајќи го италијанскиот патнички брод „Акиле Лауро“ со околу 440 луѓе се заканија дека со експлозија ќе го уништат ако Израел не ослободи од затвор 50 Палестинци.
1985 Во Скопје умре проф. д-р Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Роден е во Дојран, на 21 септември 1927 година.
1989 Конгресот на Унгарската социјалистичка работничка партија ја укина партијата која владееше 33 години и наместо неа ја формира Социјалистичката партија на Унгарија.
1991 Европската заедница и стави ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА. Во спротивно се закани со економски санкции.
1992 Советот за безбедност на Обединетите нации ја основа Комисијата за испитување на воените злосторства во Југославија.
1993 Во Скопје се конституира Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.
1995 Умре Христо Христоманов, македонски општествено-политички работник и земјоделско-шумарски стручњак. Смртта настана како последица од повредите добиени при атентатот врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Роден е во Струмица, на 18 јули 1921 година.
1992 Германските компании и владата понудија 3,3 милијарди долари компензација на стотина илјади луѓе кои беа приморани на присилна работа во текот на нацистичката ера.
2001 САД извршија напади врз Авнагистан бидејќи талибанците одбија да го испорачаат арапскиот терорист Осама бин Ланед осомничен за терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, на 11 септември.
2003 Амерканскиот филмски глумец од австриско потекло Арнолд Шварценегер е избран за гувернер на Калифорнија, најнаселената држава во САД.
2004 Во серија експлозии во египетското летовалиште Синај, на границата со Израел, загинаа 35 туристи, а беа ранети 105, повеќето израелски граѓани. Најсилната експлозија беше во Таби, во хотелот „Хилтон“.
2004 Абдицираше камбоџанскиот крал Нород Сиханук кој ја ослободи земјата од колонија. Него го наследи синот Нород Сихамон.
2004 Во експлозија на автомобил-бомба во пакситанскиот град Мултан загинаа најмалку 39 луѓе, а преку 100 беа повредени.
2006 Убиена е познатата руска новинарка Ана Политковска, коментатор на „Нова газета“ и добитник на „Златно перо на Русија“ за 2000 година. Факултетот за новинарство го заврши на „Ломонсовиот“ универзитет во Москва. Работеше во повеќе медиуми, меѓу кои и во дневниот весник „Известија“. Автор е на книгата „Патување во пеколот - Чеченски дневник“. Ана Политковска е добитник и на награда за добротворни цели, како и на награда на Здружението на новинари на Русија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom