На денешен ден!

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1437.Шкотскиот крал Џејмс Први беше убиен. На престолот на Шкотска стапи во 1406 година, но вистински владееше од 1924, кога Англичаните го пуштија од затвор. Успеа да ја зајакне кралската власт, посебно во правосудството, администрацијата и во водењето трговија. Се претпоставува дека тој е автор на поемата „Кралска книга“.
1513 Умре папата Јулиј Втори, најголем покровител на уметноста меѓу поглаварите на римокатоличката црква. Во 1503 година на својот близок пријател Микеланѓело му нарача да изработи фреска во Сикстинската капела во Ватикан, вклучувајќи го и џиновскиот „Страшен суд“. Од Браманто побара да направи реконструкција на црквата „Свети Петар“ во Ватикан, а Рафаел ги насликал неговите приватни одаи.
1613 На рускиот престол дојде Михаил Романов, родоначалник на династијата Романови, која владееше со руското царство 300 години, се до Февруарската револуција во 1917 година.
1677 Во Хаг умре Барух Спиноза, холандски филозоф од еврејско потекло, еден од најистакнатите рационалисти и панатеисти во филозофијата. Најпознати негови дела се "Теолошко-политички трактат", "Политички трактат" и најзначајното дело "Етика", во кое го изложува своето учење според кое бог и природата се идентични, а светот бесконечен. Роден е во Амстердам, на 24 ноември 1632 година.
1728 Роден е рускиот цар од германско потекло Карл Петер Улрих, војвода од Холштајн-Готорп, познат како Петар Трети Фјодорович Романов, кој владеел само неколку месеци. На престолот беше од 5 јануари до 9 јули 1762 година, кога беше тргнат и неколку дена потоа убиен по налог на неговата сопруга, подоцна царицата Катарина Велика.
1794 Роден е мексиканскиот генерал и државник Антонио Лопес де Санта Ана, претседател на Мексико од 1833 до 1836 година. Потоа повторно владееше со Мексико како диктатор од 1839 и од 1841 до 1845 година, кога беше принуден да оди во бегство. Посебно е запаметен по освојувањето на тврдината Аламо во Тексас во 1836 година, кога околу 4.000 војници под негова команда масакрираа нешто помалку од 200 бранители, вклучувајќи го и Дејв Крокет.
1795 Во Рио де Женеиро е роден Франческо Маноел да Силва, познат бразилски композитор. Умре во Рио де Женеиро, на 20 ноември 1865 година.
1795 Холандија и го предаде на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот океан, денешна Шри Ланка.
1836 Роден е Лео Делиб, француски композитор, претставник на романтизмот во музиката. Најпознати остварувања му се балетите „Копелија“ и „Силвија“ и операта „Лакме“. Умре во Париз, на 16 јануари 1891 година.
1848 Во Лондон е објавен Манифестот на комунистичката партија, прв програмски документ на научниот комунизам, во кој се изложени основните идеи на марксизмот. Автори на Манифестот се Маркс и Енгелс.
1851 Умре англиската писателка Мери Волстоункрафт Шели, сопруга на поетот Биш Шели, најмногу позната по романот „Франкештајн или модерениот Прометеј“, пишуван во духот на приказната за стравот и ужасот. Останати дела: романите „Последниот човек“, „Лодор“.
1866 Роден е германскиот бактериолог Аугуст фон Васерман кој во 1906 година ја воведе методата за преглед на крвта (Васерманова реакција) со помош на која е утврдено постоењето на сифилисот. Ја проучуваше структурата на келиите, антитоксините, како и причините за појавата на болеста туберкулоза и рак.
1885 Роден е францускиот писател, режисер и глумец од руско потекло Александар Жорж Гитри, познат како Саша Гитри, автор на лесни комедии, кои сам ги режирал и во нив ги играл главните улоги. Дела: комедиите „Ноќен чувар“, „Убава свадба“, оперите „Маскирана љубов“, „Моцарт“, филм: „Кога Версај би прозборел“.
1893 Роден е шпанскиот гитарист Андрес Сегови, најголем мајстор на овој инструмент во 20. век. Со само седум години приредувал концерти ширум светот извонердно исполнувајќи ги делата на класичните мајстори, со што гитарата ја смести во концертните инструмени за сериозна музика.
1903 Родена е американската писателка од француско потекло Анаис Нин, чии дневници се ремек дело на самоанализа и интересно сведоштво за модерното боеми. Основна тема на нејзините романи е трагањето за сопствен идентитет, а пишувала и по порачка еротски приказни за колекционерите на еротика. Дела: романи „Куќа на инцест“, „Децата на Албатрос“, збирка приказни „Под стаклено ѕвоно“...
1907 Роден е Хју Одн, англиски поет и драмски писател. Тој е интелектуален творец, чиј поетски јазик е близок до говорниот. Познати негови поетски дела се „Песни“, „Говорници“, „Танц на смртта“, „Новогодишно писмо“ и други. Добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1971 година. Умре на 28 септември 1973 година.
1911 Јапонија и САД потпишаа трговски договор со кој е ограничен приливот на јапонските работници во Америка.
1916 Германските трупи минаа во офанзива кај Верден во Франција. Тоа беше најкрвава битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траеше шест месеци. Во оваа неуспешна офанзива, Германците загубија околу половина милион луѓе, додека Французите, иако имаа исти загуби, успеаја да го одбранат Верден и да ги запрат Германците.
1924 Роден е зимбабвеанскиот револуционер и државник Роберт Габриел Мугабе, кој по стекнувањето на независност на Зимбабве во 1980 година, стана прв премиер на африканската држава.
1926 Роден е Сем Пекинпо, американски филмски режисер, автор на криминалистички филмови и вестерни, што се карактеризираат со изразити ликови и краен реализам на филмските сцени. Автор е на филмовите „Пукотници попладне“, „Дива одра“, „Балада на Кејбли Хог“, „Шампиони на родеа“, „Пци од слама“ и други. Умре во Лоз Анѓелес, на 29 јануари 1984 година.
1941 Во авионска несреќа загина канадскиот филозоф Фредерик Грант Бантинг, кој со Чарлс Бест во 1921 година го пронајде инсулинот, што овозможи лекување на дотогаш смртоносната шеќерна болест. За ова епохално откритие во 1923 година со Џон Меклауд, со кого исто така соработувал, ја доби Нобеловата награда за медицина. Сметајќи дека Бест е неспоредливо позаслужен од Меклауд, својата награда ја подели со него.
1943 Британскиот крал Џорџ Шести ја одликуваше Москва со „Мечот на честа“ заради одбраната на Сталинград.
1947 Полароидот, првиот инстант фотографски апарат, во Њујорк беше промовиран од неговиот пронаоѓач Едвин Херберт Ленд.
1958 Гамал Абдел Насер е избран за прв претседател на Обединетата Арапска Република, федерацијата на Египет и Сирија.
1963 Советскиот Сојуз ги предупреди САД дека нападот врз Куба би можел да значи и светска војна.
1965 Убиен е Малколм Икс (Malcolm X) водач на американските црнци, во моментот кога во Њујорк зборувал на собирот на својата Афро-американска организација на единство. Бил најголем проповедник на „расниот пркос“ и црнечкиот национализам.
1972 Ричард Никсон, како прв претседател на САД допатува во Пекинг со што започна нормализацијата на американско-кинеските односи.
1973 Либански „боинг 727“ е соборен врз еден израелски воен аеродром. Никој од 104-те патници и членови на екипажот не го преживеа падот.
1974 Во Собранието на СФРЈ беше донесен новиот Устав за кој е речено дека е „нова етапа во развојот на југословенското социјалистичко самоуправување“, со кој земјата беше конфедерализирана, а Србија дезинтегрирана со претварање на нејзините покраини Косово и Метохија и Војводина во своевидни „држави во држава“. Овој Устав го овозможи распаѓањето на Југославија во почетокот на деведесеттите години во 20. век.
1983 Во етничките немири по изборите во индиската држава Асам загинаа повеќе од 800 луѓе.
1984 Во Станица Вешенскаја, во Ростовската област на Дон, умре Михаил Шолохов, еден од најпознатите руски писатели. Најпознати негови дела се "Тихиот Дон", "Донски раскази", "Разорана ледина", "Судбината на човекот" и други. Во 1965 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Станица Вешенскаја, на 24 мај 1905 година.
1991 Умре англиската балерина Маргот Фонтејн, една од најпознатите балерини во 20. век. Со извонреден успех играше ширум светот многу улоги во класичните балети, како што се „Жизел“, „Лебедево езеро“...
1992 Во Вадуз (Лихтенштајн), на Генералното собрание на Еуротел интернационал-хотелска агенција во која членуваат девет земји, Република Македонија е примена за десетта членка. Неколку земји, членки на Европската заедница (Холандија, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија и Белгија) индиректно ја признаа Република Македонија.
1992 Во Лисабон почна конференцијата за Босна и Херцеговина, на која претставниците на трите водечки национални партии се договорија уредувањето на БиХ да се заснова на повеќе ентитети во постоечките граници. Надежите кои ги поттикна конференцијата набрзо исчезнаа, бидејќи муслиманската страна наговорена од САД се откажа од мирот и граѓанската војна продолжи.
1994 Пакистански командоси упаднаа во амбасадата на Авганистан во Исламабад, при што ослободија петмина ученици убивајќи тројца авганистански терористи кои за заложниците бараа паричен откуп.
1999 Посетата на индискиот премиер Атал Бихариј Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на влада на соседната земја по десет години, заврши со потпишување на Договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот во Кашмир, како и за намалување на ризикот од избивање војна.
2002 Претседателот на САД Џорџ Буш ја посети Кина точно по 30 години од посетата на Ричард Никсон со што заврши повеќе од 20-годишното непријателството меѓу Вашингтон и Пекинг.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1512.Во Севилја, Шпанија, умре Америго Веспучи, италијански морепловец, кој пловејќи под шпанското знаме стигна до бреговите на Бразил и Хондурас. Тој беше уверен дека открил "нов свет", што се наоѓа меѓу Европа и Азија. Според неговото име, новиот континент го доби името Америка. Роден е во Фиренца, на 9 март 1459 година.
1732 Роден е Џорџ Вашингтон, прв претседател на САД (1789-1797). Во војната за независност беше врховен заповедник на војската на колонистите и лично заслужен за победата во војната и за ослободување од Британија. За претседател е избран и по вторпат во 1792 година. На третите избори одби да се кандидира и се повлече од политичкиот живот. Умре на 14 декември 1799 година.
1788 Во Данцинг е роден Артур Шопенхауер, германски филозоф - идеалист. Неговата филозофија одразува песимистички став. Според него животот е бескрајно страдање, а овој свет е најлошиот можен став. Умре во Франкфурт на Мајна, на 21 септември 1860 година.
1875 Во Париз умре Камиј Каро, француски сликар, еден од создавачите на модерниот лирски интимен пејзаж. Неговиот опус опфаќа околу 2.000 слики, 300 цртежи и десеттина графики. Роден е во Париз, на 16 јули 1796 година.
1819 САД ја презедоа Флорида од Шпанија, според договорот кој го потпишаа американскиот државен секретар Џон Кинси Адамс и шпанскиот министер Дон Лаус де Онис.
1828 Со мировниот договор во Туркмаџај Прусија по поразот во војната со Русија беше принудена да и отстапи дел од Ерменија, вклучувајќи го и градот Ереван.
1862 Во текот на Американската граѓанска војна Џеферсон Дејвс е прогласен за претседател на Конфедерацијата на Државите на Америка (единаесет јужни држави).
1878 Во Охрид е роден Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување. Поради својата револуционерна дејност беше затворан од страна на османлиската власт. За време на Илинденското востание учествуваше во востаничките акции. И по задушувањето на востанието ја продолжи борбата за слобода се до неговата смрт кога со 11 соборци, за да не им се предадат живи на османлиите се самоубија, на 14 април 1905 година.
1900 Роден е шпанскиот филмски режисер Луис Буњуел, еден од најпознатите во светската кинематографија. Од 1936 до 1939 година снимал во Шпанската граѓанска војна за републиканците, а од 1947 година главно работел во Мексико. Снимил 32 филма, а „Андалузиско куче“ од 1928 и „Златна доба“ од 1930 година претставуваат образец за надралистичкиот поетски филм. Ја напиша автобиографијата „Мојата последна воздишка“. Останати филмови: „Земја без леб“, „Лос олвидадос“, „Робинсон Крусо“, „Тоа се вика зора“, „Назарен“, „Анѓел на смртта“, „Ѕзвезден пат“, „Тристана“, „Убавицата на денот“...
1903 Умре австрискиот композитор и музички писател Филип Јаков Волф, познат по пишување книги песни, посебно со „Книга шпански песни“ и „Книга Гетови песни“. Компонирал соло песни на стиховите од Хајнрих Хајнен, Јохан Волфганг Гете, Јосеф фон Ајхендорф, на шпански и италијански поети.
1913 Војската во Мексико ги уби револуционерите претседателот Франсиско Мадера и потпретседателот Пино Суереса.
1921 Роден е централноафриканскиот диктатор Жан Бадел Бокасо, кој на власт дојде со воен удар во 1966 година. Во 1972 година се прогласи за доживотен претседател, а во 1976 за цар. Со воениот удар го урна блискиот роднина, претседателот Давид Дака, а во 1977 година го потроши времето на церемонијата за крунисување на четвртина од националиот производ на земјата, променувајќи го името од Централноафриканска Република во Централноафриканско царство. Неговото владеење е обележано со неверојатно екстраваганство, со расипување на државниот имот и злосторства врз својот народ. Од власт го симна неговиот поранешен претседател Дако, во 1979 година.
1935 Во Суботица е роден Данило Киш, еден од најголемите писатели во поранешна Југославија, со светско реноме. Меѓу најпознатите негови дела спаѓаат романите „Бавча, пепел“ и „Гробница на Борис Давидович“, книгите раскази „Енциклопедија на мртвите“ и „Рани јадови“ и драмата „Електра 70“. Умре во Париз, на 15 октомври 1989 година.
1942 Зафатен со внатрешната криза и скршен од нацистичкото варварство, австрискиот писател Штефан Цвај, кој пред нацистите во 1938 година емигрира во САД, изврши самоубиство во Бразил. Дела: „Амок“, „Првото доживување“, романсираната биографија „Жозеф Фуше“, „Марија Антоанета“, „Марија Стјуарт“, студијата „Тројца мајстори“ (Балзак, Дикенс, Достоевски), „Борба со ѓаволите“ (Хелдерлин, Клајст, Ниче), „Тројцата писатели на својот живот“ (Казанова, Стендал, Толстој), автобиографијата „Вчерашен свет“.
1967 Претседателот на Индонезија Ахмед Сукарно му ја предаде извршната власт на генералот Сухарта, задржувајќи ја само титулата претседател.
1979 Карипскиот остров Санта Лучија стекна независност по 165 години британска управа.
1980 Умре австрискиот сликар и писател Оскар Кокошка, еден од најистакнатите претставници на експресионистичкото сликарство. Во текот на Втората светска војна сликал големи композиции со идејно-хуманистичка содржина. Дела: драмите „Убиец, иако жена“ и „Трнливиот жбун во пламен“, пишувани со експресионистички стил кои критиката не ги оцени високо.
1980 Израелската Влада донесе одлука за пуштање во оптек на нова национална валута, шекел, која ја замени израелската фунта.
1987 Умре американскиот сликар, новинар, филмски режисер и продуцент Енди Ворхол, еден од најзначајните претставници на поп-арт сликарството. Филмови: „Емпајер“, „Сон“, „Девојките од Челзи“, „Осамениот каубој“, „Месо“, „Ѓубре“, „Секс“, „Побунети жени“, „Месо за „Франкештајн“, „Крв за Дракула“.
1988 Во Скопје умре Петар Богданов - Кочко, македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија. Учесник е во НОВ на Македонија, еден од основачите на Операта на Македонскиот народен театар и на првото музичко училиште, прв претседател на Друштвото на музичарите на Македонија. Како пејач остави низа значајни улоги. Роден е во Скопје, на 12 март 1913 година.
1992 Умре водачот на грчките партизани Вафијадис Маркос, командант на таканаречената Демократска армија на Грција во граѓанската војна од 1946 до 1949 година. Од Анадолија, истко како и стотици илјади Грци емигрирал во 1923 година. По германската окупација на Грција во Втората светска војна побегнал од затворот на островот Гаудос и му се приклучил на Движењето на отпорот. Бил политички комесар на Десеттата дивијза ЕЛАС, а потоа и на Македонската група на дивизијата ЕЛАС. Емигрирал во Советскиот Сојуз, а во Грција се вратил при крајот на животот.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
1994 Министерството за правда на САД соопшти дека поранешниот висок службеник на ЦИА Олдрич Хејзен Ејмс девет години бил шпион на Советскиот Сојуз.
1995 Франција обвини четворица американски дипломати и уште еден државјанин на САД за политичка и економска шпионажа и им наложи да ја напуштат земјата.
1996 Франција како прва земја-членка на Европската унија ги нормализира дипломатските односи со СРЈ и ги врати на амбасадорско ниво.
1998 Во Скопје умре Димитар Ќостаров, еден од доајените на македонската театарска уметност. Роден е во Ичера, Сливенско, Бугарија, на 25 август 1912 година.
1998 Распуштена е турската исламска партија „Партија на благосостојба“.
2002 Водачот на анголските бунтовници Жонас Савимби загина во борбата со владините трупи во централниот дел на земјата. Ова следниот ден го потврди неговото движење УНИТА , по што беше прикажана телевизиската снимка од неговото изрешетено тело.
2004 Припадници на бунтовничката „Божја армија на отпорот“ против владата на Уганда на север од земјата упаднаа во камп за раселени и масакрираа најмалку 200 бегалци.
2005 Во земјотрес со сила од 6,4 степени според Рихтеровата скала кој го погоди југоисточниот дел на Иран загинаа 612 луѓе, а повеќе од илјада беа повредени.
2006 Во Златната џамија од 17. век, во Самара, во едно од најголемите светилишта на шиитите во Ирак, подмената е бомба која тешко го оштети овој храм и ја разори неговата златна купола. Во знак на одмазда за 48 часа беа убиени околу 130 сунити, а беа запалени 170 сунитски џамии. Во Багдат беа убиени три сунитски имами, а еден киднапиран. Во 28 февруари страдаа дури 379, а повредени беа 458 лица.
2007 Во пожар на траект во близина на Џакарта во Индонезија настрадаа 41 лице, при што како исчезнати се водат околу 90 лица. Бродот „Левина“ на кој се наоѓаа околу 350 патници пловел кон островот Банг кога на 80 километри од Џакарта го зафати пожар.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1574.Изби верската војна меѓу француските католици и протестанти (хугеноти) - петта по ред. Протестантските војни ја потресуваа Франција се до 18. век. Католичката црква престана да биде носител на верскиот ексклузивитет во Франција дури по револуцијата во 1789 година.
1685 Во Хале е роден Георг Фридрих Хендл, германски композитор. Неговиот творечки опус е мошне богат: 40 опери, меѓу кои "Риналдо", "Јулиј Кајсар", 22 ораториуми, од кои позначајни се "Месија", "Израел во Египет", "Самсон", како и голем број оркестарски, камерни и клавирски дела. Умре во Лондон, на 14 април 1759 година.
1792 Умре англискиот сликар Џошуа Рејнолдс, еден од најголемите светски портретисти, основач на Кралската уметничка академија во 1768 година и нејзин прв претседател. Силно влијаел врз англиското сликарство, не само на уметничките дела туку и како автор на интересни расправи за сликарството.
1821 Умре англискиот писател Џон Китс, еден од најголемите поети во англиската книжевност, чии стихови се одликуваат со исклучителна мелодичност и голем изразен идиом. Неговите сонети, епови „Ендимион“, песните „Ода на славата“, „Ода на есента“ се меѓу најголемите поетски дела напишани на англиски јазик, а „Писма“ се значаен прилог за развојот на естетската теорија.
1836 Околу 4.000 војници под команда на претседателот на Мексико Антонио Лопес де Санта Ане ја почнаа опсадата на тврдината Аламо во Тексас која ја бранеа помалку од 200 доброволци, вклучувајќи го знаменитиот Дејви Крокет. Аламо падна на 6 март 1836 година, а со него настрадаа и сите бранители.
1855 Во Гетинген умре Карл Фридрих Гаус, германски математичар, астроном и физичар, еден од најголемите математичари на своето време, основач на прочуената математичка школа и директор на астрономската опсерваторија во Гетинген. Докажа некои фундаментални поставки во алгебрата, поставувајќи ги основите на современата теорија на броевите. Отвори нова етапа во развојот на диференцијалната геометрија и постави нови темели на небесната механика, а со тоа и на современата астрономија. Роден е во Брауншвајг, на 30 април 1777 година.
1883 Роден е американскиот филмски режисер Виктор Флемиг. Ги режираше филмовите "Однесено со виорот", "Тортиља Флат" и "Јованка Орлеанка".
1866 Кнезот Александар Куза, творец на романската држава (обединител на Влашка и Молдавија) абдицираше. Власта ја отстапи под притисок на романската аристократија, незадоволна од трендот на демокртизацијата на земјата. На престолот беше поставен принцот од пруското кралско семејство Хоенцолерн под името Карол Први (од 1881 година крал).
1883 Роден е германскиот филозоф Карл Теодор Јасперс, творец на егсистенцијалната филозофија. По завршувањето медицина работел на Психијатриската клиника во Хајделберг, а потоа бил професор по филозофија до 1937 година кога бил отпуштен од нацистите. Објавил 25 книги од областа на психијатрија и филозофија. Дела: „Општа психопатологија“, „Психологија на погледот на светот“, „Филозофија“, „Ум и егзистенција“, „За вистината“, „Филозофска вера“.
1905 Американскиот адвокат Пол Перси Харис во Чикаго го основа Ротари клубот.
1915 Во Охрид е роден Борис Бојаџиски, македонски раскажувач, новинар и публицист. Автор е на пиесите за деца „Дадовме збор“, „Милка“, „Дедо Мраз и кај нас“, на збирките раскази за деца „Првите цутови“ и „Чекори што не можеа да запрат“, како и на монографијата за народниот херој Орце Николов. Умре во Охрид, на 9 мај 1959 година.
1918 Единиците на новооснованата Црвена армија ја сопреа германската офанзива кај Нарва и Пскова во Првата светска војна. Советската армија го носеше името Црвена армија до 1946 година.
1919 Бенито Мусолини ја напушти Социјалистиката партија и ја основа партијата под името „Fasci del Combattimento“ (Борбени одреди), попозната како партија на фашистите.
1931 Умре австриската пејачка Нели Мелба, една од најголемите оперски сопрани на крајот од 19. и почетокот на 20. век. Со голем успех со децении настапуваше во речиси сите најголеми оперски куќи во светот.
1933 Јапонија ја почна окупацијата на Кина, северно од големиот Кинески ѕид.
1934 Умре англискиот композитор и виолинист Едвард Вилијам Елгар. Дела: ораториум „Геронтијусовиот сон“, концертните увертири „На југот“, „Енигма на варијациите“, „Фалстаф“, две симфонии, концерти за виолина и виолончело.
1937 Во селото Луковдол, Струшко, е роден Рајко Јовчевски, македонски писател за деца, преведувач и новинар. Негова прва објавена книга е „Еден малечок свет“ (поезија, 1967). Пишуваше и раскази и романи. Умре во Скопје, на 19 јуни 2001 година.
1938 Откриени се првите наоѓалишта на нафта во Кувајт (тогаш британски протекторат).
1942 Јапонската подморница во Вторaта светска војна ја бомбардираше американската нафтена рафинерија кај Санда Барбара во Калифорнија.
1945 Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива од почетокот на Втората светска војна. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми.
1944 Во Врховниот штаб на НОВЈ во Дрвар стигна советска воена мисија, прва советска воена мисија во Југославија во Втората светска војна.
1945 Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда.
1959 Меѓународниот суд за човекови права го отвори првото заседание во Стразбур.
1965 Уме англискиот филмски глумец Стен Лорел (слабиот) од тандемот со американскиот глумец Оливер Харди (дебелиот). Филмските продуценти и сега го собираат профитот од нивните филмови, додека и двајцата завршија во болниците за сиромашни. Филмови: „Музичка кутија“, „Наши односи“, „На дивиот запад“, „Двајца добри другари“, „Ние од Оксфорд“, „Голема работа“, „Наша жена“.
1967 Во Скопје, Републичкиот и Просветно-културниот собор на Собранието на СР Македонија донесоа Закон за Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Академијата свечено е отворена на 10 октомври 1967 година. Прв претседател на МАНУ беше Блаже Конески.
1970 Британска Гвајана стекна независност.
1979 Почина актерот Ќемал Ајдини, еден од доајените на Албанската драма при Театарот на народностите во Скопје. На сцената на овој театар одигра над 70 улоги, меѓу кои останаа запаметени оние во "Сонот на летната ноќ" од Шекспир, "Свадба" од Гогољ, "Вујко Вања" од Чехов, "Блудница достојна за почит" од Сартр, "Госпоѓа министерка" од Нушиќ, "А што сега Керон?" од Муртеза Пеза, "Големата вода" од Живко Чинго и многу други. Играше и во неколку домашни играни и телевизиски филмови, меѓу кои во "До победата и по неа" и "Ветерот и дабот". Театарот во неговиот роден град Дебар во негова чест го носи името Ќемал Ајдини. Роден е во 1935 година.
1990 По 11 години во бество, во Камбоџа се врати принцот Нород Сиханук.
1991 Во Тајланд со пуч без крвопролевање власта ја презеде воената хунта која ја собори владата на Чатича Чунавана.
1994 На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем "Попова Шапка".
1996 Зетовците на ирачкиот претседател Садам Хусеин, генералот Хусеин Камел Хусан и неговиот брат Садам Камел Хусан, се убиени во Ирак, наводно во семејна пресметка - три дена по враќањето од шестомесечното бегство во Јордан.
1998 Шефовите на дипломатиите на Европската унија ја укинаа забраната за официјални контакти со Иран на високо ниво.
1999 Умре Ристо Стиков, македонски новинар. Роден е во 1943 година.
2001 Во Скопје, претседателите на Република Македонија и на СР Југославија, Борис Трајковски и Воислав Коштуница, го потпишаа Договорот за обележување на границата меѓу Република Македонија и СР Југославија.
2002 Филаделфиската (римокатоличка) надбискупија расчини неколку свештеници поради сексуално злоставување на деца.
2007 Најмалку 27 лица настрадаа во пожар кој го зафати центарот за стари и хендикепирани лица во градот Алсунга во западниот дел на Летонија. Пожарникарите успеаја да спасат 66 лица. Пожарот го предизвика дефект на електричната инсталација.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1389.Данците во битката кај Фолкепинг ги поразија Швеѓаните и го заробија шведскиот крал Алберт, по што данската кралица Маргарет владееше и во Шведска.
1443 Роден е унгарскиот крал Матија Хуњади, познат како Матија Корвин. Во текот на владеењето од 1458 година успешно се борел против Турците и Хабзбурците, заземајќи ја Виена во 1486 година (во 1490 година умре во Виена). Името Корвин го добил од латинскиот збор „Corvus“ што значи гавран. Поседувал една од најголемите приватни библиотеки во тоа време.
1525 Во битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употреби пушките "мушкети", и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници.
1530 Карло Петти во Болоња за свет римски цар и крал на Италија (веќе беше крал на Шпанија и владетел на нејзината огромна империја) го круниса папата Клемент Седми, што беше последен пат во историјата римски бискуп да крунисува некој владар.
1536 Хугенотите (француски калвинисти) го убија Франсоа Лорен, војводата од Гиз, еден од француските римокатолички водачи во граѓанската војна со хугенотите, кој со своите сили го зазеде Орлеан.
1786 Роден е германскиот писател Вилхелм Грим, собирач на народни бајки кој, како и повеќето други дела, ги објавувал во соработка со постариот брат Јакоб. Ја проучувал и митологијата.
1779 Британскиот морепловец и прославен патник околу светот, Џемс Кук, по низа опасни искушенија доживеа неславен крај. Поради непретпазливост на Хаваите, убиен е во ненадејниот жесток судир со жителите на островот. Роден е во 1728 година.
1815 Умре Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач. Ја конструира првата машина за предење лен, во 1807 година го изгради првиот употреблив параброд "Клермонт", кој заплови по реката Хадсон кај Њујорк, а е творец и на првиот брод на пареа. Роден е на 14 ноември 1765 година.
1819 Американскиот Конгрес го ратификува договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД.
1848 Под притисок на револуцијата францускиот крал Луј Филип абдицираше. Беше владетел склон кон целосното граѓанско уредување во земјата, без наклонетост кон „стариот режим“, но тоа не му ја спаси круната. Француската Втора република беше прогласена два дена подоцна.
1848 Во Лондон на германски јазик е објавен „Манифест на Комунистичката партија“, кој по одлука на Конгресот на тајното работничко здружение „Сојуз на комунистите“, одржан во Лондон во ноември 1847 година, го напишаа Карл Маркс и Фридрих Енгелс.
1852 Роден е англискиот писател од ирско потекло Џорџ Огастас Мур, автор на реалистички и натуларистички романи. Дела: романите „Модерен љубовник“, „Естер Вотерс“, „Аве“, „Спомени од мртвиот живот“, „Салве“, „Вале“.
1882 Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјави дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен кохова бактерија.
1885 Роден е англискиот генерал Честер Вилијам Нимиц, командант на Пацифичката флота на САД во Втората светска војна.
1887 Париз и Брисел станаа првите две престолнини кои се поврзаа со телефонска врска.
1920 Првата политичка програма на Националсоцијалистичката работничка партија на Германија, која во 1919 година во Минхен ја основа (презеде) Адолф Хитлер, е објавена во 25 точки. Програмата која ја направи Хитлер подоцна е разработена во неговата книга „Мајн кампф“. Во неа јасно е наговестена неговата политичка визија (расизам, посебно спрема Евреите).
1945 Трупите на САД во Втората светска војна го ослободија главниот град на Филипините, Манила кој беше под окупација од страна на Јапонија.
1945 Египетскиот претседател на влада Ахмед Махар Паша е убиен во собранието, веднаш по објавувњето на декларацијата за стапување на Египет во војна против Германија и Јапонија во Втората светска војна.
1946 Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина.
1952 Во Торино, Италија умре Христо Татарчев, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација во Солун од 1893 година. Беше претседател од нејзиното основање, па се до 1901 година. Роден е во Ресен, на 16 декември 1869 година.
1966 Во Гана со воен удар, додека беше во посета на Кина, е сменет претседателот Квам Нкрумах, под чие водство Гана во 1957 година се избори за независност од Британија. Власта ја презеде т.н. Совет за национално ослободување на чело со генералот Џозеф Анкрах. Сменетиот претседател замина во Конакри, каде гвинејскиот претседател Секу Туре на 2 март 1966 година го прогласи за копретседател на Гвинеја.
1971 Алжирските власти соопштија дека ја преземаат контролата над француските нафтени компании во земјата.
1974 Властите во Пакистан соопштија дека официјално го признале Бангладеш (поранешен Источен Пакистан) за независна држава.
1975 Умре советскиот државник Михаил Александрович Булгањин, кој ја водеше владата од 1955 до 1958 година. На Болшевиците им се приклучи во 1917 година во очи на Октомвриската револуција и до 1922 година работел во болшевичката тајна политичка полиција. Во текот на Втората светска војна се наоѓал во воените совети на Западниот, Вториот прибалтички и Првиот белоруски фронт, а потоа стана заменик-министер за одбрана. По војната беше министер на оружените сили и потпретседател на влада.
1976 Во Охрид умре Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, публицист, академик, професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Негови познати дела се "Пиринска Македонија во борба за национално ослободување", "Вапцаров", "Критики и огледи". Роден е во Деде Агач, на 4 октомври 1919 година.
1990 Умре италијанскиот државник Алесандро Пертини, поранешен претседател на Италија, најпопуларен италијански политичар по Втората светска војна. Член на италијанската Социјалистичка партија стана во 1918 година, низа години помина во фашистичките затвори, а во Втората светска војна учествуваше во Движењето на отпорот. По војната беше пратеник и сенатор. За шеф на државата беше избран во 1978 година. Функцијата шеф на држава ја обавуваше до 1985 година, кога се повлече од јавниот живот.
1991 Неколку часа по последниот обид на советската дипломатија да го спречи судирот, почна офанзивата на американските сили и нивните сојузници во Заливската војна против Ирак во која од двете страни учествуваа повеќе од 1,3 милион војници. Целта на офанзивата беше присилување на Ирак да го напушти Кувајт, кој беше окупиран на 1 август 1990 година.
1993 Канадскиот премиер Брајан Малруни, чија популарст падна на најниската гранка во историјата на анкетирање на избирачите во Канaда, поднесе оставка по девет години на власт.
1994 Во Прилеп умре Бранко Илиевски, македонски писател. Автор е на книгите раскази „Погледни со моите очи во мене“, „Верување“ и на романот „Пресметка“. Роден е во Прилеп, на 28 ноември 1932 година.
1996 Палестински исламски терористи во два самоубиствени напади во Израел убија 27 лица.
1998 Францускиот Парламент едногласно го ратификува Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни проби.
2003 Во земјотрес во северозападната кинеска провинција Синкајнг загинаа најмалку 268 лица.
2004 Во земјотрес кој ја погоди областа Ел Хосеим на медитеранскиот брег во Мароко, загинаа најмалку 572 луѓе.
2006 Во Скопје на 70-годишна возраст почина спикерот Томе Саздов, еден од дојаените на спикерската професија. Слушателите го паметат по препознатливиот глас со кој 40 години непрекинато помина пред микрофоните на Радио Скопје. Саздов беше и еден од првите водители на многу манифестации на македонската естрада, а се занимаваше и со проучување на говорот и правоговорот на Македонското радио.
2007 Во експлозија на камион-бомба загинаа 37 луѓе, а беа повредени 64 лица во близина на сунитска џамија во ирачкиот град Хабани, 85 километри западно од Багдат. Камионот-бомба експлодира на пазар полн со луѓе.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1841.Во Лимож е роден Огист Реноар, француски сликар, еден од најистакнатите претставници на импресионизмот. Разви сопствен израз карактеристичен по светлорозовите и модри тонови. Во последниот период од своето творештво се занимаваше и со вајарство. Најпознати негови слики се "Капачки", "Мулен" и "Лулашка". Со своите слики првпат се појави на изложба на импресионистите во Париз, во 1874 година. Умре во Кан, на 17 декември 1919 година.
1866 Во Пескасерол е роден Бенедето Кроче, италијански филозоф, историчар, литературен критичар и државник. Се обиде да го ревидира макрсизмот и отворено истапуваше против него, а беше и противник на фашизмот. Најпознати негови дела се „Филозофијата како наука“, „Филозофијата на практиката, економијата и етиката“ и „Историјата како приказна за слободата“. Умре во Неапол, на 20 ноември 1952 година.
1923 Во Струмица е роден Александар Думов, доајен на Народниот театар во Струмица и еден од основоположниците на театарската култура во Македонија. Освен во театарот во Струмица, како артист и режисер, има работено и во театрите во Велес, во Битола и во Штип. Умре во Скопје, на 25 ноември 1989 година.
1983 Во Њујорк умре Тенеси Вилијамс, американски драмски писател, добитник на две Пулицерови награди и автор на многу познати драмски дела како што се „Мачка на вжештениот ламаринен покрив“, „Нежна птица на младоста“, „Трамвај наречен желба“ и други. Роден е во Колумбос, во државата Мисисипи, на 26 март 1911 година.
1944 Во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција е убиен Кузман Јосифовски - Питу, народен херој на Македонија. Роден е во Прилеп, на 23 јуни 1915 година.
1949 Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24 април 1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет "Кирил и Методиј", а на 12 ноември 1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот "Кирил и Методиј" пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи "Свети Кирил и Методиј".
1991 Во Будимпешта, Унгарија, министрите за надворешни работи и за одбрана на шест земји-членки на Варшавскиот договор (Советскиот Сојуз, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија и Унгарија) потпишаа Протокол за укинување на неговата воена организација, по 36 години постоење (14 мај 1955 година).
1994 Во Брисел официјално започна да работи Амбасадата на Република Македонија.
1999 Народна Република Кина стави вето за продолжување на мандатот на УНПРЕДЕП уште шест месеци во Република Македонија. Од 1 март 1999 година УНПРЕДЕП ги прекина активностите во Република Македонија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
280.-Роден е римскиот цар Флавиј Валериј Константин, наречен Константин Велики, прв римски цар кој поткрепа побара во христијанството. На првиот вселенски собир во Никеј во 325 година пресудно влијае на сузбивањето на аријанството. Во 324 година започна со изградбата на Константинопол (Цариград), кој во 330 година го прогласи за престолнина на Царството.
1807 Роден е американскиот писател Хенри Водсворт Лонгфелоу. Дела: индијанскиот еп „Хијавата“, поемите „Евангелина“, „Поема за ропството“, сонетата „Боженствена комедија“.
1844 Домениканска Република се одвои од Хаити, и стана независна држава. Во периодот од 1822 до 1844 година целиот остров беше единствена република, за тогаш да се издвои поранешниот шпански имот (Доминиканска република), од некогашниот француски Хаити. Меѓу 1861 и 1865 година Домениканска Република повторно беше под шпанска власт.
1846 Роден е Франц Меринг, германски соицолог и историчар, една од водечките личности на левото крило на германската социјалдемократија и на „Сојузот на спартаковците“ и еден од основачите на КП на Германија. Од неговите дела најзначајни се „Легенда за Лесинг“, „Историја на германската социјална демократија“, и „Биографија на Карл Маркс“. Умре во Берлин, на 28 јануари 1919 година.
1847 Родена е англиската театарска глумица Елен Алиса Тери, најголем толкувач на женските улоги во делата на Вилијам Шекспир во британскиот театар во втората половина на 19. и почетокот на 20. век.
1873 Во Неапол е роден Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најголемите пејачи на сите времиња. Неговиот изведувачки репертоар е мошне богат. Настапуваше на повеќе оперски сцени: во Милано, Лондон, Њујорк и на други места. Автор е на книгите "Спомени" и "Методи на пеење". Умре во Неапол, на 2 август 1921 година.
1881 Роден е исландскиот државник Свејн Бјернсон, прв претседател на Исланд по прогласувањето на оваа островска земја за република во 1944 година.
1887 Умре рускиот композитор и хемичар Александар Порфириевич Бородин, припадник на неформалната музичка група „Големата петорка“ и втемелувач на руската симфонија и камерна музика. Од деството покажа вонреден уметнички талент и интересирање за природните науки. Како момче свирел на флејта и клавир, а подоцна и на виолончело. Дела: операта „Кнезот Игор“, симфонија бр. 2 („Багатирска симфонија“) , симфониска слика „Во средна Азија“.
1900 Основана е британската Лабуристичка партија, со Ремзи Мекдоналд како секретар.
1902 Во Салинас, Калифорнија, во САД, е роден Џон Ернст Стејнбек, американски писател. Најголем успех постигна со романот „Плодови на гневот“ во кој го прикажа експлоатирањето и трагичното страдање на земјоделските работници - безземјаши. Исто така познати се и неговите дела „Источно од рајот“, „Месечината зајде“, „Глувци и луѓе“ и други. Во 1962 година ја доби Нобеловата нагрда за литература. Умре во Њујорк, на 20 декември 1968 година.
1913 Роден е американскиот писател Ирвин Шо. Во Втората светска војна како војник учествувал во Европа и во Африка. Дела: „Млади лавови“, „Луси Краун“, „Две недели во друг град“, „Гласови на летниот ден“, „Богат и сиромав“.
1932 Родена е англиската филмска глумица Елизабет Тејлор. Дебитира во 1942 година во филмот „Леси се враќа дома“, станувајќи позната ѕвезда уште како девојче. Филмови: „Место под сонце“, „Ајванхо“, „Патека на слоновите“, „Дрво на животот“, „Џин“, „Baterfild 8“ (Оскар), „Клеопатра“, „Хотел Интернационал“, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ (Оскар), „Одсјај во златното око“, „Тајна церемонија“.
1933 Во пожарот што го подметнаа нацистите изгоре зградата на парламентот (Рајхстагот) во Берлин. За палењето на Рајхстагот властите ги обвинија комунистите (беа уапсени 1.500 комунистички функционери) дека го запалиле како сигнал за востание. На судскиот процес во Лајпциг, еден од уапсените комунисти, бугарскиот револуционер Георги Димитров ги разоткри плановите и суштината на нацизмот, така што судењето се претвори во јавна осуда на нацистичкото движење.
1936 Умре Иван Павлов, руски научник, лекар-физиолог. Со својата теорија за условните рефлекси и со други трудови од областа на вишата нервна дејност ги удри темелите на материјалистичкото толкување на највисоките функции на кората на големиот мозок. Во 1904 година ја доби Нобеловата награда за медицина и за физиологија. Роден е на 14 септември 1849 година.
1939 Обединетото кралство и Франција ја признаа владата на генралот Франко, наспроти легално избраната републиканска влада која ја загуби граѓанската војна. Франциско Франко Бахамонде воведе диктатура, за подоцна да ја обнови монархијата.
1952 Одржана е првата седница на Обединетите нации во новото постојано седиште на светската организација во Њујорк.
1963 Во Домениканската Република после 33 години заврши диктатурата од страна на избраниот претседател Хуан Бош, основач и водач на Револуционерната Доминиканска Партија, кој од 1930 година живеел во бегство.
1968 Долниот дом на парламентот го ограничи населувањето на „обоените“ во Велика Британија.
1976 Ескимските лидери и предочија на канадската влада дека на нивниот народ му припаѓа половина милион квадратни километри од Канада.
1976 Во некогашната колонија „Шпанска Сахара“ која владата во Мадрид им ја предаде на управување на Мароко и Мавританија, ослободителното движење „Полисарио“ го објавни основањето на Сахарската Арапска Демократска Република, позната како Западна Сахара.
1978 Египет ги прекина поволностите за Палестинците во земјата, израмнувајќи ги со останатите Арапи.
1986 По соборувањето од власт, филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос, долгогодишен штитеник на САД, допатува на Хаваи.
1990 Нелсон Мандела допатува во Замбија, почнувајќи го патувањето во странство по 27 години поминати во јужноафриканските затвори.
1990 Умре Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозовскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Има објавено над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на "Илијада" од Хомер, "Скендербег" од Григор Прличев и на други дела. Роден е во Битола, на 2 јули 1911 година.
1991 Во Заливската војна меѓу Ирак и САД и сојузничките сили Ирак беше поразен. Ирачаните мораа да се повлечат од Кувајт, кој беше окупиран на 1 август 1990 година.
1994 Во експлозија на бомба која исламски терористи ја подметнаа во маронитска црква во Либан загинаа 10 верници кои под олтарот чекаа да се причестат.
1996 Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
2002 Муслиманите во државата Гуџарат во западна Индија запалија воз полн со хиндуистички верници и усмртија 58 луѓе. Тоа предизвика бран на насилства во државата во кои беа убени околу илјада луѓе.
2003 Хашкиот трибунал ја осуди поранешната претседателка на Република Српска Биљана Плавшиќ на 11 години затвор.
2004 Водачот на јапонската секта Аум шинрикјо Шоко Асахар осуден е на смртна казна со бесење поради оранизирање напади со гас во токиско метро, девет години порано, кога беа усмртени 12 луѓе.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1525.Последниот астечки цар Куаутемок по долго мачење го погуби шпанскиот освојувач Ернан Кортес.
1533 Роден е Мишел Монтењ, француски ренесансен писател и филозоф-моралист. Дојде до заклучок дека човековиот разум е немоќен во барањето на вистината и правдата, но сепак човекот може и треба да наоѓа сигурни норми во приватниот и во јавниот живот. Особено се задржа на испитувањето на својата личност. Главно негово дело е "Есеи" во три тома. Умре на 13 септември 1592 година.
1825 Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика Британија со кој е одредена границата меѓу Алјаска и Канада.
1844 Во текот на промовирањето на новата фрегата „Принстон“ кое на реката Потомак го приреди американската морнарица, на бродот експлодира еден од топовите, усмртувајќи го државниот секретар, заповедник на морнарицата и уште неколку функционери на владата на САД.
1869 Умре Алфонс де Ламартин, француски поет и академик. Со своите дела изврши големо влијание на романтизмот во Франција. Во политичкиот живот учествуваше во државниот удар на Наполеон Трети. Најпознати негови дела се "Поетски размислувања", "Поетски и религиозни хармонии", "Жаслен" и "Пат на исток".
1890 Роден е рускиот балетан и кореограф Владимир Фомич Нижински, можеби еден од најдобрите во историјата на балетот, иако неговата играчка кариера траеше само четири години, бидејќи во 1917 година заболе од неизлечлива душевна болест. Неговите креации никој не ги надмина, а скоковите во балетот „Сон за ружа“, поради невообичаената висина и убавина, влегоа во легендата како недопрен идеал.
1909 Роден е англискиот писател Стивн Харолд Спендер. Дела: збирка песни „Урнатини и визии“, „Племенити денови“, романот „Заостанат син“, збирка раскази „Запалениот кактус“, есејот „Разорен елемент“, Триесеттата и потоа“, автобиографијата “Свет во светот“.
1913 Роден е американскиот филмски режисер од италијанско потекло Винсенте Минели, кој во 1958 година доби Оскар за филмот „Жижи“. Филмови: „Мадам Бовари“, „Американец во Париз“, „Чај и симпатија“, „Кисмет“, „Куќа на брдо“, „Ѕвоната ѕвонат“, „Град на илузија“, „Некои дотрчаа“.
1916 Умре американскиот писател Хенри Џејмс, продорен психолог, кој во реалистичен манир ги прецизира и анализира обичаите, постапки и навиките на американското и на европското општество, секогаш во потрага по моралните вредности. Пред крајот на животот, во 1915 година, стана британски државјанин. Дела: романите „Родерик Хадсон“, „Американец“, „Дејзи Милер“, „Бостонци“, Амбасадори“.
1921 Почна буната на морнарите на руската Балтичка флота и работници во поморската база во Кронштат на островот Котлин во Финскиот Залив против болшевичките власти. Кронштатските морнари и работници во базата западно од Петроград, кој силно ги подржаа болшевиците во 1917 година, бараа економски реформи и окончување на болшевичката политичка доминација, но болшевиците 20 дена подоцна со учество на војската крваво ја задушија Кронштатската буна.
1922 Велика Британија формално прогласи независност на Египет, но ја задржа контролата над Суецкиот канал.
1943 Девет норвешки командоси на германските простори за производство на тешка вода во близина на Рјукан во окупирана Норвешка во Втората светска војна извршија саботажа.
1948 Последните британски воени единици ја напуштија Индија.
1953 Во Анкара е потпишан „Балканскиот пакт“. Југославија, Грција и Турција потпишаа спогодба за политичка, стопанска и воена соработка.
1974 САД и Египет по седум години прекин, ги обновија дипломатските односи.
1975 Во најголемата подземна железничка несреќа во Велика Британија, 42 патници загинаа кога воз со полна брзина удри во банкините на метро-станицата „Мургејт“ во Лондон.
1981 Во Скопје умре Љутви Руси, прозаист од албанска националност во Македонија. Негови најзначајни дела се „Партизански приказни“, „Калење“, „Ибе Паликуќа“, „Двајца другари“, „Сомневање“, „Лиман Каба“ и „Глувонемиот“. Од македонски на албански јазик го преведе делото „Везилка“ од Блаже Конески. Роден е во Дебар, на 18 јануари 1923 година.
1986 Во Стокхолм е убиен Улоф Палме, шведски премиер. Роден е во Стокхолм, во 1927 година.
1992 Советот за безбедност на Обединетите нации одобри испраќање на 22.000 "сини шлемови" во Камбоџа.
1995 Раул Салинас, брат на поранешниот престедател на Мексико Карлос Салинас, уапсен е под обвинение дека е вмешан во убиството на претседателскиот кандидат на владејачката Револуционерна институционална партија Луис Доналд Колоси на предизборниот митинг во Тихуана, во март 1994 година.
1996 Британската принцеза Дајана се согласи на развод од принцот престолонаследник Чарлс.
1997 Во Иран земјотрес разори повеќе од 20 села усмртувајќи илјада лица.
2004 Африканските лидери постигнаа договор за формирање африкански повеќенационални сили, задолжени за интервенции во Африка заради задушење на граѓанските војни и спречување на геноцидот.
2005 Во самоубиствен бомбашки напад во ирачкиот град Хили, пред една болница, загинаа 125, а ранети беа 200 лица.
2006 Од експлозија на бомба, која ја поставија маоистички бунтовници пред камион во централната сојузна индиска држава Чатисгар, животот го загубија 55, а тешко повредени беа 20 лица.
2007 Умре Артур Шлезингер, американски историчар и публицист, двапати добитник на Пулицеровата награда. Шлезингер имаше пристап во случувањата во Белата куќа во времето на Кенеди, а ги проучуваше и оставнините на Френклин Рузвелт, Ендри Џексон, Џон и Роберт Кендеди. За хрониката на Кенедиевата администрација „Илјада дена: Џон Ф. Кенеди во Белата куќа“, во 1966 година ги доби Пулицеровата и Националната книжевна награда. Автор е на повеќе од 20 дела.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1643 Умре Џироламо Фрескобалди, италијански оргулист и композитор, најголем мајстор на оргули во своето време. Роден е во 1583 година.
1810 Роден е Фредерик Шопен, славен полски композитор и пијанист. На 20-годишна возраст се насели во Париз, каде што остана се до својата смрт. Тој е типичен претставник на националниот романтизам, а компонираше класична музика. Напиша два концерта за клавир и оркестар, околу 700 сонати, голем број полонези, валцери, ноктурна, прелудиуми и друго. Припаѓаше на кругот на париската општествено културна елита и на полските политички емигранти. Умре на 17.10.1849 година.
1994 Владата на Словачката Република донесе одлука за признавање на Република Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади.
1997 Изгоре Домот на Дервен, прилепско, еден од најстарите планинарски домови во Македонија (граден во 1951 година).
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1459 Роден е холандскиот свештеник Адријан Флорисзон, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година стана единствен Холанѓанин, поглавар на Римокатоличката црква во нејзината историја. Умре во септември 1523 година.
1923 Во Париз умре Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба. Најзината глума обележа цела една епоха. Главни нејзини улоги се Корелија во "Кралот Лир", кралицата во "Руј Блаз", "Дамата со камелии", "Хамлет" и "Тоска". Родена е во Париз, на 23.10.1844 година.
1939 Умре англискиот египтолог Хауард Картер кој во 1922 година ја откри гробницата на фараонот Тутанкамон.
1942 Близу до селото Плетвар, Прилепско, загинаа Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавски, народни херои на Македонија.
1943 Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија.
1946 Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам.
1956 Поранешната француска колонија Мароко се здоби со независност.
1972 Во САД е лансиран вселенскиот брод "Пионер 10" за испитување на планетата Јупитер.
1973 Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот Документ за мир во Виетнам.
1993 Во Скопје, во Касарната "Гоце Делчев" се промовирани 64 водници на Армијата на Република Македонија, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.
1995 Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти за поврзаност со мафијата.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1822 Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
1847 Во Единбург, во Шкотска, е роден Александар Грахам-Бел, американски научник, од шкотско потекло, пронаоѓач - физичар, творец на телефонот. Конструира и фотофон и фонограф. Главно негово дело е "Механизам на говорот". Умре на 2.08.1922 година.
1878 По завршувањето на руско - турската војна (1877 - 1878), во градчето Сан Стефано, кај Цариград, е склучен мировен договор (познат како Санстефански мир). Со договорот е заклучено на Црна Гора, Србија и Романија да им се признае независност и територијално проширување на сметка на Турција. За Босна и Херцеговина беше предвидена автономија под надзор на Австро - Унгарија, а беше создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција - Голема Бугарија. Покрај другите делови, во кнежевството беше предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро - Унгарија, Германија и на другите големи сили во превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13.06 до 13.07. 1878 година), договорот е ревидиран. Одредбите на Санстефанскиот договор и на Берлинскиот конгрес, неповолно се одразија врз понатамошните односи на Балканот.
1906 Во Хагстал, близу до Малме, е роден Артур Лундквист, шведски писател, критичар и преведувач. Првата книга поезија "Жар" ја објави во 1928 година. Има објавено над 80 книги поезија, проза, есеи и патеписи. Со антологијата "Петмина млади" во 1930 година го навести модернизмот. Добитник е на Лениновата награда за мир во 1958 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата за 1977 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1193.Умре арапскиот државник и војсководец Саладин, султан на Египет и Сирија, основач на династијата Ејубида, кој во 1187 година ги порази крстосниците кај Хатин и освои голем дел од Сирија и Палестина со Ерусалим. Саладин до ден денешен остана митска личност на арапската историја и култура. По етничко потекло Саладин инаку воопшто не бил Арапин, туку Курд.
1461 Во англиската „Војна на ружите“ Едвард од Јорк го презеде престолот како крал Едвард Четврти.
1678 Роден е италијанскиот композитор и виолински виртуоз Антонио Вивалди. Беше свештено лице и типичен претставник на барокниот дух. Најпознато дело „Четири годишни времиња“, како и низа концерти за виолина, флејта и фагот.
1789 Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.
1801 Томас Џеферсон стана првиот претседател на САД инаугуриран во новиот главен град Вашингтон.
1832 Умре францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполион, основач на египтологијата.
1852 Во Москва умре Николај Василевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар, татко на руската реалистична школа. Негови најпознати дела се „Велери на чифликот кај Диканка“, „Миргород“, „Тарас Буљба“, „Петроградски раскази“, „Мртви души“, „Ревизор“ и „Женидба“. Роден е во Сорочинци, Полтава, на 31 март 1809 година.
1875 Роден е Енрик Родригез Ларета, аргентински писател - романсиер. Спаѓа меѓу најдобрите стилисти импресионисти. Умре во 1961 година.
1857 Со мировен договор во Париз заврши британско-персиската војна и шахот Персие мораше да ја признае независноста на Авганистан, со што Лондон со помалку тешкоии се насочи кон покорување на оваа земја. (Ова на Британците никогаш во потполност не им успеа).
1913 Роден е американскиот филмски глумец Џулијус Гарфинкл, познат како Џон Гарфилд. Филмови: „Четири жени“, „Хуарез“, „Ме направија злосторник“, „Морски волк“, „Тие живеат опасно“, „Поштарот секогаш ѕвони двапати“, „Тело и душа“, „Џентлменски договор“, „Големиот нож“, „Да имаш и да немаш“.
1933 Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објави својата "нова политика", чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.
1941 Британската морнарица во Втората светска војна ги нападна германските сили на окупираните норвешки Лофотски острови и потопи 11 германски бродови.
1942 Во Софија бугарската полиција го уапси Никола Јонков Вапцаров, македонски поет и револуционер. По четиримесечно измачување, е стрелан во Софија, на 23 јули 1942 година. Роден е во Банско, Пиринска Македонија, на 7 декември 1909 година.
1945 Прогонувајќи ги германските трупи, советската Црвена армија во Втората светска војна излезе на Балтичкото Море.
1945 Во Скопје е одржан првиот слободен Црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа Трети, а по барање на цариградската патријаршија.
1952 Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.
1965 При доаѓањето на нови постојани артисти во Македонско-детскиот театар во Скопје, од Драмата на Македонскиот народен театар, оваа уметничка куќа прерасна во Драмски театар. Новиот театар на овој ден ја даде премиерната претстава „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова.
1965 Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.
1970 Хаваријата врз француската подморница „Евридика“ во Средоземното Море во близина на Тулон не ја преживеа никој од 57 луѓе.
1974 Умре Михаил Тихонравов, советски ракетен стручњак и научник, кој учествуваше во изградбата на првиот вештачки земјин сателит. Тој многу придонесе за обликување на многу советски вселенски бодови и вселенски автоматски станици. Роден е во 1901 година.
1977 Во силниот земјотрес во Романија, кој најмногу го погоди главнот град Букурешт, загинаа повеќе од 1.570 луѓе.
1996 Исламски терорист-самоубиец во Тел Авив уби 13 луѓе и рани повеќе од 130, вклучувајќи и деца.
1996 Во Скопје умре архиепископот Охридски и Македонски г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев), трет поглавар на Македонската православна црква, учител, преведувач (прв ја преведе Библијата на македонски јазик) и уредник во Државното книгоиздателство на Македонија, прв декан на Богословскиот факултет во Скопје. Роден е во Скопје, на 17 април 1912 година.
2003 Во експлозија на бомба која исламски терористи ја подметнаа на меѓународен аеродром во градот Давао, на јужниот филипински остров Минданао, загинаа повеќе од 20 луѓе.
2004 Во пожарот кој го зафати манастирот Хиландар на Света Гора потполно се уништени реновираните гостински и игумански простории, како и дел од монашките келии, Белиот конак и малата црква од 17. век, административните простории, а монасите успеале да ги спасат највредните реликвии.
2007 Најмалку 23 лица загинаа, а повеќе од 44 беа ранети кога експлодира автомобил-бомба во центалниот дел на Багдад. До нападот дојде на познатиот пазар на книги Мутанаби во централниот дел на престолнината во трговската зона.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1133.Роден е англискиот крал Хенри Втори Плантагенет, основач на династијата Плантагенет, кој во текот на владеењето од 1154 до смртта во 1189 година со реформата во судството значително ја зајакна кралската власт.
1534 Умре италијанскиот сликар Антонио Алегри да Кореѓо, кој обработувал религиозни и митолошки теми. Најзначајни дела: Фреската и црквата „Свети Јован“ во Парма, сликата „Мистичното венчавање на Света Катерина“, „Јупитер и Антиопа“, „Богородица со Свети Ѓорѓи“.
1696 Роден е италијанскиот сликар Ѓовани Батиста Тиеполо, последниот голем венецијански мајстор, еден од најголемите декоративни уметници на 18. век. Неговите главни трудови, фрески со големи димензии работени во манирот на рококо се во надбискуспката палата во Удине, во палатата Лаби во Венеција, бискупската резиденција во Вирцбург и во кралската палата во Мадрид.
1770 Британските трупи во Бостон убија пет демонстранти. Овој случај познат под името „бостонски масакр“ ја забрза американската војна за независност.
1827 Умре Алаксандар Волта, италијански научник-физичар. Занимавајќи се со електрицитетот, ги пронајде електрофонот, галванските елементи, батеријата на галванските елементи и други. Роден е во 1745 година.
1827 Во Париз умре Пјер Симон Лаплас, француски математичар, физичар и астроном. Меѓу главните Лапласови дела се вбројуваат „Небесна механика“ и „Преглед на историјата на астрономијата“. Роден е во Бомонан Ож, на 28 март 1749 година.
1856 Лондонскиот театар „Ковент Гарден“ цеслосно е уништен во пожар.
1871 Родена е Роза Луксембург, една од организаторите на полското и на германското работничко движење. Во Берлин, во екот на теророт на КП на Германија, по ѕверското мачење, убиена е на 15 јануари 1919 година.
1910 Роден е Момофуку Андоу, јапонскиот „крал на резанците“, пронаоѓач на „инстант резанците“, наменети за исхрана на астронаутите во вселената. Андо е роден во 1910 година на Тајван. Со производство на тестенини почна во Тајпеи, а подоцна продолжи во Осака. Во 1948 година ја основа фабриката „Нишин фуд“, првата фабрика која во 1958 година ги произведе резанците во вреќички, а потоа и други слични производи кои со време го освоија целиот свет.
1916 Загинаа 455 патници и членови на екипажот од вкупно 588 колку што беа на шпанскиот патнички брод „Принц од Астурија“ во моментот кога бродот удри во карпа близу бразилскиот брег и потона за само неколку минути.
1923 Во селото Големо Илино, Кичевско, е роден Ристо Лозановски, македонски академски сликар. Неговиот опус изнесува околу 150 слики во маслена техника, повеќе цртежи и графики. Умре во Белград, на 13 мај 1965 година.
1933 Националсоцијалистичката работничка партија на Германија на Адолф Хитлер го освои мнозинството во Рајхстагот (собранието).
1845 Американски трупи влегоа во Келн во Втората светска војна.
1946 Во Битола умре Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови трудови се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност. Носител е на "Илинденска споменица 1903", на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула во 1963 година. Роден е во селото Авдела, костурско, во 1880 година.
1953 Во Македонија е организирана првата акција за доброволно дарување на крв.
1953 Во Москва умре Јосиф Висарјонович Сталин, советски државник и политичар, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на вооружените сили на СССР, маршал и генералисимус. По Втората светска војна спрема социјалистичките земји спроведуваше хегемонистичка политика. Неговите злосторства беа осудени на 20-от и 21-от конгрес на КПСС. Роден е во Гори, Грузија, на 21 декември 1879 година.
1953 Умре рускиот композитор и пијанист Сергеј Сергеевич Прокофјев, еден од најоргиналните музички автори во 20. век. Од 1918 година живее во западна Европа и во САД, а во 1932 година се врати во татковината. Дела: оперите „Заљубен во три портокала“, „Војна и мир“, „Огнен ангел“, балетите „Ромео и Јулија“, „Приказна за камениот цвет“, кантатата „Александар Невски“, симфониите „Класична симфонија“, „Петта симфонија“, музика за филмовите „Александар Невски“, „Иван Грозни“.
1960 Претседателот Ахмед Сукарно го распушти индонезиското Собрание.
1966 Британски патнички авион удри во јапонската планина Фуџи при што сите 124 патници и членови на екипажот загинаа.
1970 Стапи на сила договорот за неширење на нуклеарното оружје кој го потпишаа 45 држави.
1984 Умре италијанскиот пејач Тито Гоби, познат светски оперски баритон. Во оперите студиозно и префинето ги креираше водечките улоги, вклучувајќи ја и прочуената улога во „Тоска“ на Ѓакомо Пучини во која негов партнер беше Марија Калас.
1992 Домот на младите "25 Мај" во Скопје го промени името во Младински културен центар.
1993 Авионот од типот "Фокер 100" на авиокомпанијата "Палер Македонија", веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, се урна на 400-тини метри од крајот на пистата. Од 91 патник и членови на екипажот загинаа 80-ина.
1996 Претседателот на САД Бил Клинтон во Израел испрати врвна опрема за откривање подметнати бомби и група технички ескперти како помош во борбата против арапските исламски терористи.
1998 Во терористичките напади на тамилските бунтовници, кои во главниот град на Шри Ланка активираа минибус полн со експлозив, загинаа 37 луѓе.
2000 Израел одлучи да ги повлече трупите од југот на Либан до јули, дури и во случај до тогаш да не биде постигнат мировен договор со Сирија.
2001 Во текот на ритуалот каменување на ѓаволот, во стампедо на муслимански верници загинаа најмалку 35 луѓе на мостот Џамарат во близина на Мека.
2003 Во самоубистивениот напад на автобус на палестинските исламски терористи во северноизраелското пристаниште Хаифа загинаа 15 луѓе, повеќето студенти.
2007 Умре Анри Троа, еден од најпопуларните француски писатели на 20. век. Автор е на близу 100 дела. Троа надвор од Франција е најпознатиот по биографиите на француските и руските литературни и историски фигури, како што се Толстој, Пушкин, Флобер, Зола, Катерина Велика и Иван Грозни. Роден е како Лев Тарасов на 11 ноември 1911 година во Москва во имотно семејство. Наградата „Гонкур“ ја доби за својата трета книга „Пајак“. Неговите книги се преведени на десеттина јазици, а во една анкета од 1994 година тој е прогласен за најпопуларен француски писател.
2007 Најмалку 11 бунтовници на левицата и седум војници се убиени во борбите на југот на Колумбија. Владините сили запленија цел арсенал оружје во борбите со припадниците на марксистичката група „Револуционерни оружени сили на Колумбија“.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1475.Во Капресе, Тоскана, е роден Буонароти Микеланџело (вистинското име му е Микеланџело ди Лодовико ди Леонардо ди Буонарото Симони), италијански скулптор, сликар, градител и поет, великан на италијанската уметничка ренесанса, еден од најголемите уметнички гении во целата историја на цивилизацијата. Со својот творечки потенцијал и нескротлив индивидуализам, тој е исклучителна појава во уметноста. Своите најпознати скулпторски и сликарски дела ги создаде во Рим и во Ватикан, меѓу кои се истакнуваат монументалната базилика на Свети Петар во Рим, фреските на Сикстинската капела во Ватикан, и скулптурите "Мојсеј", "Давид", "Пиета", "Бахус", "Робови" и други. Умре во Рим, на 18 февруари 1564 година.
1480 Во Толедо е потпишана спогодбата со која Шпанија го призна португалското освојување на Мароко, а Португалија се откажа од претензиите према Канарските Острови.
1543 Умре Антонио Алегри Кореџо, италијански сликар, еден од творците на барокното сликарство. Сликаше религиозни и митолошки теми, а важна особина на неговото творештво е разнежната сензуалност, декоративност и чувството за односите на светлото и темното. Роден на 30 август 1489 година.
1619 Роден е францускиот писател Савинијен Сирано де Бержерак. Во 1640 година беше тешко ранет поради што ја напушти војската во која беше исклучителен мечувалец. Напишал по една комедија и една тратегија, пишувал песни, но најпознат е по делото „Другиот свет“ во кое го опишува патувањето на Месечината и Сонцето.
1836 По тринаесетневната опсада, мексиканските војници ја зазедоа тврдината Аламо, во Сан Антонио, во Тексас. Тогаш, заедно со 189 бранители на тврдината, загина и легендарниот американски херој Дејвид Крокет.
1874 Роден е рускиот филозоф Николај Александрович Берѓаев кој стана најпопуларен руски филозоф на Запад. Умре во Франција, во 1948 година. Дела: „Хрситијанството и класната борба“, „Смисла на историјата“, „Филозофија на слободата“, „Човек и машина“, „Извори и смислата на рускиот комунизам“, „За човековото ропство и слобода“.
1900 Умре германскиот инженер Готлиб Вилхелм Дајмлер, кој во 1883 година го конструира првиот автомобилски мотор на бензин. Овој мотор им овозможи на возилата да постигнат брзина од 18 километри на час. Во 1890 година ја основа компанијата „Дајмлер Мотрен-Гезелшафт“, која 26 години по неговата смрт се обедини со фабриката на Карло Бенц во компанија под името „Дајмлер-Бенц“, производител на престижните автомобили „мерцедес“.
1926 Роден е полскиот филмски режисер Анджеј Вајда, втемелувач на субјективниот реализам. Тој беше главен претставник на „црниот бран“ на полскиот филм во педесеттите години од 20. век. Филмови: „Генерација“, „Канал“, „Пепел и дијамант“. „Лотна“, „Самсон“, „Прав“, „Свадба“, „Ветена земја“, „Госпоѓи од Вилко“, „Диригент“, „Човек од железо“, „Дантон“, „Една германска љубов“.
1930 Умре германскиот адмирал Алфред фон Тирпиц, кој како министер на морнарицата од 1897 до 1916 година одлучно придонел за усовршување на моќната воена флота на Германија. Ги напиша мемоарите „Сеќавања“.
1937 Родена е Валентина Владимировна Терешкова, советски космонаут, прва жена која летна во вселената со вселенскиот брод "Восток 6" и од 16 до 19 јуни 1963 година ја обиколи Земјата 48 пати, поминувајќи 1.960.000 километри.
1941 Крунскиот совет, по големите притисоци, одлучи Југославија да пристапи кон Тројниот пакт, под услов Германија и Италија да и гарантираат за неповредливост на територијата.
1944 Полетувајќи од воздушната база во Велика Британија, 658 американски бомбардери во Втората светска војна почнаа со деноноќно бомбардирање на Берлин.
1946 Формирана е Шестата американска флота за чие оперативно подрачје е одредено Средоземното Море.
1950 Умре францускиот државник Албер Лебрен, претседател на Франција од 1932 до 1940 година. Како последен претседател на Третата република, по нацистичката окупација во Втората светска војна беше принуден власта да и ја предаде на марионетската влада на маршалот Петен.
1953 Георѓи Маљенков по смртта на болшевичкиот диктатор Јосиф Сталин стана советски претседател на владата и прв секретар на Комунистичката партија.
1957 Двете некогашни британски колонии - Златниот Брег и Тоголанд се обединија и ја формираа независната држава Гана.
1965 Министерството за одбрана на САД соопшти дека во Јужен Виетнам ќе размести 3.500 маринци, со што почна отвореното американско воено ангажирање во оваа земја.
1967 Умре унгарскиот композитор Золтан Кодаљ, кој заедно со Бел Барток се најзначајните унгарски музички творци на 20 век, во чии дела е препознатлива мелодиката и ритамот на народната музика. Напишал студија за унгарскиот музички фолклор и издаде збирка на народни песни. Дела: кантата „Psalmus hungaricus“, сценска музика „Хари Јанош“, оркестарско дело „Игри од Галанте“.
1970 Од Комунистичката партија на Чехословачка е исклучен поранешниот лидер Александер Дубчек.
1973 Во Данби умре Перл Бак, прочуена американска писателка. Светска слава стекна со своите романи за животот на кинескиот народ. Најпознати нејзини дела се "Добра земја", "Мајка", "Исток - запад", "Змејово семе", "Синови". Добитник е на Пулицеровата награда во 1931 година и на Нобеловата награда за литература во 1938 година. Родена е на 26 јуни 1892 година.
1978 Почна емитувањето на Втората програма на Телевизија Скопје.
1980 Француската писателка Маргарет Јурсенар е избрана за член на Француската академија на науките. Со тоа таа влезе во историјата како прва жена, член на француската институција.
1988 Британски командоси, припадници на елитната едница САС, во Гибралтар убија тројца терористи на Ирската републиканска армија.
1994 Умре грчката глумица Мелина Меркури, која беше многу ангажирана во шеесетите години во борбата против воената хунта, потоа министер за култура во владата на грчките социјалисти. Филмови: „Стела“, Оној кој мора да умре“, „Циган и џентлмен“, „Никогаш во недела“, „Федра“, „Победници“, „Еднаш не е доволно“, „Маја и Бренда“, „Лизистрата“, „Слатка приказна за младоста“, автобиографија „Јасум родена Гркиња“.
1996 Собранието на Република Македонија за нов претседател (по оставката на Стојан Андов) на Собранието на Република Македонија го избра Тито Петковски.
1997 Најголемата штедилница во Република Македонија - ТАТ, со седиште во Битола, е ставена под принудна управа на Народната банка на Македонија. Почна „Аферата ТАТ“.
1999 На северот на Камбоџа долж границата со Тајланд уапсен е Та Мок, последниот од водачите на маостичкото герилско движење “Црвени Кмери“, кои во текот на четиригодишното стравотно владеење во Камбоџа во втората половина на седумдесеттите години на 20. век убија меѓу милион и два милиони луѓе.
2000 Вршителот на должноста претседател на Русија Владимир Путин не ја исклучи можноста Русија еден ден да стане членка на НАТО, под услов на „Русија да се гледа како на рамноправен партнер“, нагласувајќи дека за неговата земја „изолационизмот не е опција“.
2003 Авионот „Боинг 737-200“ на националната алжирска авиокомпанија „Ер алжери“ се урна набргу по полетувањето од аеродромот Таманрасет, при што загинаа 102 патника и членови на екипажот.
2005 Умре американскиот научник Ханс Бате, добитник на Нобеловата награда за физика во 1967 година и еден од творците на атомската бомба.
2006 Почна судењето на Закариј Мусауи (38), во окружниот суд во Вирџинија, единствениот човек кој во САД е обвинет за директна врска со терористичките напади на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. За време на нападот беше во затвор, но лажејќи ги инспекторите го спречи навременото откривање на заговорот. Мусауи ја шокира поротата кога на 28 март на судењето рече дека требало да управува со петтиот авион чија мета беше Белата куќа.2007.- Во два силни земјотреса, кои го погодија индонезискиот остров Суматра, загинаа најмалку 70 луѓе. Епицентарот на земјотресот, кој се почувствува во Малезија и во Сингапур, беше на околу 50 километри од градот Паданга на Суматра.
2007 Осуманесет луѓе го загубија својот живот во судирите меѓу исламските екстремисти и владините сили на југот на Филипини. Герилците на „Исламскиот фронт за ослободување Моро“ и владините сили се судрија во градот Мидсајап, околу 960 километри јужно од Манила.
2007 Најмалку 100 ирачки шиитски верници загинаа, а 160 беа ранети во двата самоубиствени напада со експлозија во градот Хила, на околу 95 километри јужно од Багдад.
2007 Умре Жан Бодријар, француски филозоф, постмодернист и постструктуралист. Негово најпознато дело е „Да се заборави Фуко“, објавено во 1977 година, кое беше едно од 20 дела кое го напиша. Последното од 20-те дела е „Кул на сеќавањата“, објавено во 2005 година.
2007 Ирачката сунитска бунтовничка група „Исламска држава во Ирак“, поврзана со Ал Каида, изведе акција на упад во затворот Бадуш, во близина на ирачкиот град Мосул, од каде ослободи 150 затвореници. Полицијата успеа да пронајде и повторно да уапси 47 затвореници.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Денеска е Меѓународниот ден на жената.
1500 Од Лисабон отплови португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал (1460-1526), кој на патот за Индија се одалечи со своите бродови од африканскиот брег во правецот кон Запад, кон копното на Јужна Америка, и така го откри Бразил, прогласувајќи го за португалска колонија.
1714 Во Вајмак е роден Карл Филип Емануел Бах (син и ученик на Јохан Себастијан Бах), германски композитор. Компонираше симфонии, клавирски концерти и стотина клавирски сонати. Умре во Хамбург, на 14 декември 1788 година.
1866 Роден е рускиот физичар Пјотр Николаевич Лебедев, професор на Московскиот универзитет. Го проучувал притисокот на светлината, докажувајќи дека постои механички импулс кај светлосниот зрак, што е од големо значење за вселенските појави.
1869 Во Париз умре Хектор Берлиоз, француски композитор, творец на романтични музички дела и на француската модерна програмска музика. Изврши големо влијание на европската музика не само со своите композиции, туку и со своите статии и критики. Се смета за основач на музичкиот романтизам. Најпознати дела му се "Фантастична симфонија", "Харолд во Италија", "Бенвенуто Челини" и драмската легенда "Проклетството на Фауст". Роден е во Париз, на 11 декември 1803 година.
1879 Роден е германскиот хемичар и физичар Ото Хан, професор на универзитетите во Берлин и во Гетинген, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1944 година. Во 1957 година ја потпиша Гетингеншката декларација, одбивајќи да соработува во развојот на евентуалното западногерманско нуклеарно вооружување. Во 1938 година го докажа распаѓањето на радиумот, а во 1939 година заедно со Фриц Штрасман го откри нуклераното цепење на јадрото на уранот. Ги откри и радиоактивните елеметни на мезоториумот, радио-ториумот и заедно со Лиза Мајтнер протоактиниумот.
1895 Родена е уругвајската писателка Хуанита Фернандес Морале, позната како Хуана Фернандес де Ибарбоуро, една од најистакнатите лирски поети во Јужна Америка, наречена „Хуана Америка“. Дела: збирка стихови „Дијамантски јазици“, „Див корен“, „Изгубена“, „Судбинска романса“.
1899 Во Велики Крѓевац, кај Бјеловар, е роден Мато Ловрак, хрватски писател - раскажувач и романсиер, автор на голем број дела, главно за деца, кои се одликуваат со едноставност на раскажувањето и со интересна фабула. Меѓу најзначајните негови дела се „Дружината на Перо Џумката“, „Возот в снег“, „Зелениот остров“ и „Пријатели“. Умре во Загреб, на 13 март 1974 година.
1904 Германија го ублажи антиезуитскиот закон од 1872 година, дозволувајќи враќање на поедини припадници на овој римокатолички ред.
1907 Роден е грчкиот државник Константин Караманлис, претседател на Грција од 1980 до 1985 година, основач на партијата „Нова демократија“. Првпат стана претседател на влада во 1955 и на оваа позиција остана до 1963 година, кога и доброволно емигрираше. Повторно состави влада во 1974 година, по падот на воената хунта, одигрувајќи клучна улога во обновата на грчката демократија.
1910 Врз основа на одлуката на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки, одржана во Копенхаген, Данска, во август 1910 година, 8 Март се слави секоја година како меѓународен Ден на жената. На оваа конференција по иницијатива на Клара Цеткин, беше решено 8 Март да се одбележува во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, кои се одржаа под паролата - Борба за општо право на глас.
1917 Во Петроград (денешен Санкт Петербург) со немири и штрајкови почна Февруарската револуција. (Настанот се случи на 23 февруари според Јулијанскиот календар, кој тогаш беше на сила во Русија).
1917 Умре Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушни бродови (балони), според него наречени „цепелин“. Првиот воздушен брод летна на 3 јули 1900 година. Роден е на 8 јули 1838 година.
1921 Француските трупи влегоа во Дизелдорф и во другите градови во Руру бидејќи Германија не ги подмири воените штети според обврската од Версајскиот договор како поразена страна во Првата светска војна.
1921 Во Мадрид анархистите го убија претседателот на шпанската влада Едуардо Дата.
1930 Умре американскиот државник Вилијам Хауард Тафт, претседател на САД од 1909 до 1913 година, прв поранешен шеф на државата во американската историја кој од 1921 година до смртта беше претседател на Врховниот суд. Во текот на претседателскиот мандат воено интервернираше во Никарагва, која потоа беше под американска окупација од 1912 до 1925 и од 1926 до 1933 година.
1942 Умре кубанскиот велемајстор Хосе Раул Капабланка и Грауперо, светски првак во шах од 1921 до 1927 година. Загуби само една партија во периодот 1914-1924 година, по што е единствен во шаховската историја. Титуталата ја освои со победа на натпреварот со германскиот велемајстор Емануел Ласкер со 4:0, со 10 реми, а загуби од рускиот велемајстор Александар Аљехин, кој го победи со 6:3, со 25 реми. Дела: „Основи на шахот“, „Мојата шаховска кариера“.
1942 Јапонските трупи во Втората светска војна го зазедоа главниот град на Бурма, Рангун. Во војната Бурма имаше исклучително стратешко значење.
1945 Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг.
1946 Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија донесе Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија. Според член 1 од овој Закон и врз основа на член 2 од Уставот на Федеративна Народна Република Југославија, името на Демократска Федерална Македонија се изменува и гласи: Народна Република Македонија. Според член 2 од истиот Закон имињата Народно собрание на Македонија, Президиум на Народното собрание на Македонија и Народна влада на Македонија, се изменуваат и гласат: Народно собрание на Народна Република Македонија, Президиум на Народното собрание на Народна Република Македонија и Влада на Народна Република Македонија.
1950 Советскиот маршал Климент Ворошилов објави дека Советскиот Сојуз изврши проба на атомска бомба, што предизвика шок во САД, бидејќи Американците беа уверени дека единствено тие поседуваат нуклеарно оружје. Голема паника во Вашингтон предизвика и изјавата на Ворошилов дека пробата била извршена уште на 23 септември 1949 година.
1954 Склучен е одбранбениот договор меѓу САД и Јапонија, со што Токио потполно се приклучи кон западниот политичко-воен сојуз.
1965 Во Јужен Виетнам беа распоредени 3.500 американски маринци, со што почна масовното вклучување на американските копнени трупи во виетнамската воена авантура, која заврши со целосен пораз во 1975 година и со загуба на повеќе од 58.000 Американци.
1971 Умре американскиот филмски глумец Харолд Лојд, еден од најголемите комичари на немиот филм. Филмови: „Сигурноста на последно место“, Бруцош“, „Чувај се, професоре“.
1983 Умре англискиот композитор Вилијам Тарнер Волтон, творец на чувствителна и лирска музика со неоромантичен стил. Особено е значаен по оркестарските композиции, кои се одликуваат со долга мелодиска линија, богата со хармонија и сложен ритам. Дела: мелодрамата „Фасада“, „Концерт за виолина“.
1993 Јужнокорејскиот претседател Ким Јонг Сам смени двајца клучни генерали лојални на претходниот воен режим, во настојување да ја зацврсти цивилната контрола врз армијата.
1944 Кај Дурбан во Јужна Африка загинаа 64 патници на приградски воз при излетување од шините.
1996 Заврши неуспешниот мировен мандат на Обединетите нации во Руанда.
1997 Албанскиот претседател Сали Бериша доживеа понижувачки пораз кога бунтовниците го зазедоа градот Ѓирокастро, последното упориште на владините сили на југот на Албанија.
1999 Умре американскиот спортист Џо Ди Маѓо, легендарен бејзбол играч во њујоршкиот „Јенки“.
2000 Во Кина е погубен поранешниот провинцијален вицегувернер Ху Чангчинг поради подмитување. Тој е највисокиот функционер погубен во оваа земја за последните 50-ина години.
2001 Тричлениот совет на чилеанскиот апелационен суд со 2:1 пресуди дека на поранешниот диктатор Аугусто Пиноче може да му се суди за кршење на човековите права по воениот удар кој го изведе во 1973 година во кој е убиен демократски избраниот шеф на државата Славадор Аљенде.
2003 Убиен е еден од основачите и водач на оруженото крило на палестинското исламистичко движење „Хамас“ - Ибрахим ел Макадма. Во ракетниот напад на израелскиот хеликоптер на Макадминото возило во појасот Газа беа убиени и тројца негови телохранители.
2005 Во акцијата на специјалната руска полиција во северен Кавказ, во местото Толстој-Јурт, е убиен Аслан Масхадов, водач на чеченските сепаратисти, еден од најзлогласните терористи на просторите на поранешниот Советски Сојуз.
2005 Сириските трупи почнаа повлекување од Либан, по сириско-либанскиот воен договор чии детали се договорени еден ден порано, при средбата во Дамаск на сирискиот претседател Рашид ел Асад со својот либански колега Емил Лахуд.
2007 Израелскиот министер за здравство Јакоб Бен-Јизри потврди дека во болниците во Израел е присутна смртоносна бактерија, и дека од почетокот на годината до тогаш предизвика смрт кај 200 луѓе. Се верува дека во прашање е бактеријата „Klebsiella pneumoniae“, една од најотпорните бактерии на антибиотици, безопасна за здравите луѓе, но фатална за пациентите со заслабен имунитет.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1074.Папата Гргур Семди нареди сите женети римокатолички свештеници да бидат исфрлени од Црквата.
1454 Во Фиренца е роден Америго Веспучи, италијански морепловец, кој пловејќи под шпанско знаме стигна до бреговите на Бразил и Хондурас. Тој беше уверен дека открил "нов свет", што се наоѓа меѓу Европа и Азија. Според неговото име, новиот континент го доби името Америка. Умре во Севиља, на 22 февруари 1512 година.
1661 Умре Жил Мазарен, истакнат француски политичар од италијанско потекло, кој по смртта на кардинал Ришелје стана министер за време на регентството на кралицата Ана. Како еден од највештите дипломати на своето време, тој ги постави темелите врз кои Луј Четиринаесетти ја градеше хегемонистичката политика на Франција кон Европа. Роден е во 1602 година.
1749 Роден е Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник. Како најдобар говорник за време на Француската револуција придонесе за победата на Уставотворното собрание над кралот. Убиен е на 2 април 1791 година.
1814 Во Моринци, Кивска Губернија, е роден Тарас Шевченко, најголемиот украински поет, основоположник на новата украинска литература. Поради патриотизмот беше протеран во Сибир, каде што мина повеќе години. Голем број негови дела се најдоа на удар на царската цензура. Најпознати дела му се поемата „Јахдамаки“, збирката поеми и песни „Кобзар“ и романите „Кнегиња“, „Музикант“ и „Уметник“. Умре во Санкт Петербург, на 10 март 1861 година.
1831 Кралот Луј Филип ја основа француската легија на странци, со седиште во Алжир.
1851 Умре Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар, пронаоѓач на магнетниот ефект на електричната енергија и основач на науката и електромагнетизмот. Роден е во 1777 година.
1885 Родена е руската балерина Тамара Платоновна Карсавин, една од најголемите уметнички на класичниот балет во првата половина на 20. век. Заедно со Ана Павловна и Валцав Нижински беше меѓу главните ѕвезди на Рускиот балет Сергеј Ѓагиљев, во Императорскиот балет во Петроград, настапувајќи како примабалерина, а гостуваше и на сцените во Париз и во Лондон, каде во 1928 година основа балетска школа. Запаметена е како незаменлива партнерка на Нижински во балетот „Сонот за ружите“, и по сјајните рољи во балетите „Шехерезада“, „Фантастичен дуќан“.
1888 Умре германскиот цар Вилхелм Први Фридрих Лудвиг, кој му помагаше на канцеларот Ото фон Бизмарк „со крв и железо“ да ја обедини Германија. Беше руски крал од 1861, а во 1871 година стана прв цар на новосоздаденото Германско царство.
1890 Роден е советскиот државник Вјачеслав Михајлович Скрјабин, познат како Вјачеслав Михајлович Молотов, шеф на советската дипломатија од 1939 до 1949 и од 1953 до 1956 година. Тој беше еден од основачите на весникот „Правда“. Во 1957 година беше тргнат од власта заради искажаниот „антипартиски став“, беше исклучен од Централниот комитет на Комунистичката партија и сменет од сите функции.
1893 Умре францускиот теоретичар на уметноста, историчар и филозоф Иполит Тен, кој настојуваше да внесе позитивни методи и изучување во литературата, уметноста и опшстеството. Дела: „Историја на англиската книжевност“, „Филозофија на уметноста“, „За интелигенцијата“, „Создавањето на современа Франција“.
1916 Германија во Првата светска војна и објави војна на Португалија.
1918 Умре германскиот писател Франк Ведекинд. Дела: драмите „Пролетно будење“, „Маркиз фон Кајт“, „Пандорината кутија“, „Музика“, „Цензура“, песните „Четирите годишни времиња.
1919 Британците го депортираа на Малта водачот на египетскиот пакт за независност Саад Заглул.
1924 Италија ја анектира Риека.
1934 Роден е Јуриј Гагарин, советски космонаут. Тој е првиот човек кој изврши космички лет во вселената (12 арпил 1961 година), по што, по 108 минути престој, успешно се спушти на Земјата по поминати 41.000 км. Загина во авионска несреќа, на 27 март 1968 година.
1942 Јапонските инвазиски сили во Втората светска војна го зазедоа централниот индонезиски остров Јава. Индонезија тогаш беше холандска колонија, како Холандска Источна Индија.
1942 Роден е американскиот велемајстор Роберт „Боби“ Џејмс Фишер, 11-тиот првак на светот во шах, прв Американец кој ја освои оваа титула.
1945 Американските сили во Вторта светска војна го зазедоа Бон.
1956 Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република.
1966 Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија.
1987 Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во иранско-ирачката војна.
1989 Властите во Варшава официјално ги обвинија советските служби за безбедност за ликвидирање на повеќе од 4.200 полски офицери во Катинската шума во пролета 1940 година.
1992 Умре поранешниот премиер на Израел Менах Бегин, прв израелски државник кој потпиша договор со некоја од арапските земји. По разговорите во Кемп Дејвид со египетскиот претседател Анвар ел Садат и со претседателот на САД Џими Картер, во 1977 година во Вашингтон е потпишан мировниот договор со Египет. Заедно со Садат во 1978 година ја поделија Нобеловата награда за мир.
1994 Терористите на Ирската републиканска армија го изведоа првиот од серијата минофрлачки напади на лондонскиот аеродром „Хитроу“.
1995 Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво.
1999 Претседателот на Иран Мохамед Катами допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја.
2000 НАТО ги отфрли извештаите дека шпион внатре во воениот сојуз ги снабдувал Србите со тајните детали во текот на агерсијата на НАТО на Југославија во пролетта 1999 година.
2003 Европската унија отвори дипломатско претставништво во кубанската престолнина Хавана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom