Најекономично греење (затоплување)

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
околу внатрешниот дел горе доле се исти, има разлика околу фарбањето на кутијата... некои си остануваат бели а други пожолтуваат па по некое време и стануваат кафеави, на делот кај што го испуштаат топлото.

п.с. јас не реков дека климата нема да работи и после 15 години, ама термичката искористливост е на незавидно ниско ниво...
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Би запрашал уште нешто.... зошто некои (поретко) конвектори имаат робусно куќиште, за разлика од повеќето кои имаат *слим*.... на пример Француските Аирлек се поробусни, за разлика од нив другите се потенки. Што е финтата? Само дизајнот? Издржливоста?.... Некаде најдов податок дека овој производител *Ерлек* со својот модел ПЛХ е најпродаван конвектор во Европа!? Еве што во понудата на овој производ вели импортерот - *so precizen GASEN TERMOSTAT,moznost za rabota so POLOVINA KAPACITET,stitnik za kontrolite so zaklucuvanje*...... ГАСЕН ТЕРМОСТАТ? работа со ПОЛОВИНА КАПАЦИТЕТ?... е ова ми е сосема нејасно!? Првото ми е сосема непознато, а второво ми е нејасно? Како може да работи со половина капацитет? Тоа го може најобична греалка од 1,500 ден! Со снага од 2,000 Вати има 2 прекидача - со секој од нив го вклучуваш или исклучуваш едниот од двата греачи.... И кај конвекторите ли е така? Зарем не е иновацијата во поврзување на двата греачи?.... Шит!
Сепак мислам дека Ваилант и Термор се најдобри!
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.302
Поени од реакции
1.775
едно прашање (ако не е за овде нека се префрлит во правата тема)

кај можам да најдам освежувач за простории што се клава во клима уредот и дали воопшто такви има? гледам внатре во куќиштето на климата има два дела кои се највероватно за таа намена (можда грешам)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
за освежувачите..... по маркетите големи нај често ги има. тоа е како лента која е по голема и си ја сечеш-кратиш по димензија токму како што ти рече за тие држачи што си ги видел....


за ЗМИГО.... да.. токму тоа е, исто како кај грелките... на копче, стискаш и ја преполовуваш снагата, т.е. го гасиш греачот.. ништо повеке...
 

korun

lame
Член од
21 октомври 2007
Мислења
389
Поени од реакции
28
Малку ќе одам оффтопик ама не знам кај да прашам а глеам имат овде доста запознаени со климиве шо се некои опции на далинсково. Имам ЛГ клима купена пред 3 години (ES - H126lla0) и ме интересират за шо служет следниве функции:


IMAG0058.jpg
(3 и 5 се две непознати функции во еден правоаголник :))...


Исто така да прашам дали климава се чистит сама внатрешно или имат потреба од сервис за да ја смремам убо за зимава?
 
Член од
12 март 2010
Мислења
210
Поени од реакции
72
imam inverter vivax 50 GEI inverter kupena 39000den sega mu e 3 ta zima -prezadovolen se stoplivme vo 50m2
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
1- брзина на дување на перката
2-турбина или дефрост-загревање или мод за команда (зависи кај која клима, различно значи копчево)
3-избор на мод за режим на работа
-снегулката за ладење
-триаголникот за вентилација
-капката за сушење на воздух
-сонцето за греење
4- слип опција. глупа работа... значи ако е на ладење полека полека ја качува температурата за неколку степени додека заспиваш па ја гаси климата.. истот е и за греење ама обратно..
5-опција за избор на позиција на свингот (она што мрда нагоре надоле) дали фиксно да стои или да мрда, тоа ти е десното копче, а левото во комбинација со десното е за да му одредиш позиција, или да програмираш колку нагоре колку надоле да иде... на пример од средина до горе и назад до средина да иде. да не иде од крај до крај...
-сонцето за греење

во принцип на клима се прави контрола на ниво на фреон на секои 2 години. ако ти е климата монтирана близу прометна улица, пожелно е хемиски третман на надворешната единица на секои 1,5 до 2 години. ако ти е по внатре, да речеме по на паркинг, можеш и на 3-3,5 години... голема грешка е тврдењето дека ако си на по високо помалку се запрљува климата... се зависи колку се користи. ако се користи и за греење тогаш дефинитивно на 1,5 или на 3 години. а внатрешната единица само редовно чистете го филтерот од прашина и наслаги...поготово ако се пуши во просторијата...

препорачливо е да се направи контрола на ниво на фреон на секои 2-3 години... поготово ако се користи за греење, така и се продолжува векот на работење...
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Абе дечки, со камините на пелети шо е финатата, дали се толку добри колку што се рекламираат. Дали овде некој има таков камин, да ни каже плуски и минуски !?!?! :toe:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Абе дечки, со камините на пелети шо е финатата, дали се толку добри колку што се рекламираат. Дали овде некој има таков камин, да ни каже плуски и минуски !?!?! :toe:
неколкју страни нанзад имаше дискусија за печките на пелети... еве ти дел од таа дискусија... нешто со што се сложувам и јас...


Етееее *пелетите* дојдоа кај нас! НАЈЕВТИНОТО ГРЕЕЊЕ! .....Велат во рекламите во весниците! Пелетите спакувани во Џамбо-кеси, слични на храна за волчјакот.... Нетребало секојдневно полнење на печките, еднашка на 2-3 дена! Чистење на 2-3 месеци! ЕЈ ШТО УБАВО!? Дури и Јанко од *Бурек* ги фалеше! Полна уста фалби! Само вели тој требало некое црево слично на климатизерите.... сепак имало издувни гасови! Зборува, зборува - јаде бурек.... го фали овој систем, се во суперлативи..... и вели Јанко - *А СЕГА РЕКЛАМИ* молам? Смешки!!!.... Па рекламата само што ја заврши бре Јане! :nesvest:..... Но ниту Јанко, ниту во рекламите што одат во штампа не ја кажуваат ДОБРАТА ВЕСТ! А таа е дека една печка која е специјално дизајнирана за пелети чини... ситно 1200 па нагоре ЕВРА се разбира! Се прашувам што е тогаш економично во овој тип на греење? Велат 2500 ден месечно за печка која би давала континуирано 4-5КW енергија! Онаа најевтината од 1,200 Евра! Била опремена со електроника, па овозможувала автоматско вклучување, исклучување, температура .... и тн! ПА ТОА ГО МОЖЕ И НАЈИДИОТСКИОТ КЛИМА УРЕД! ОНОЈ ШТО ЧИНИ 9,000,-!!! А веќе кога ги спомнав, за 1,200 Евра, би си купил два ИНВЕРТОРА од типот DAIKIN, FUJITSU...ili MITSUBISHI....(кои BTW се Мерцедеси меѓу Инверторите).... со снага за греење 3,5-4,5Кw .... а со потрошувачка од 0,8 - 1Кw/h исто така и кај инверториве што ги спомнав не треба секојдневно полнење, чистење, цепање дрва и тн.... И кај овој систем како реков и те како е можно програмирање....но предностите се многу поголеми! Нема со два уреда да греам само една просторија туку безмалку цел стан од 60-70М2 СО ИСТАТА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА КУПУВАЊЕ НА УРЕДИТЕ И СО ИСТА МЕСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА НА ГРЕЕЊЕТО!!!.... А бонусот е климатизација (ладење) Летно време!!!.....
Пелетите (ми се чини) со цените на печките се ТОТАЛНИ АУТСАЈДЕРИ!!!
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Па и не би се сложил со Змиго. Климите се добри ако имаш некое станче, макар било и поголемо од 100-120 квадрати, со две клими ќе се стоплиш, а и оладиш. Е сега лошо е што цената на струјата постојано расте.

Мене ме интересираат камините на пелети со котел за парно, скапи се навистина, околу 2000 евра, но за куќа на 3 спрата каде што живеам (околу 200-250 м2) единствено би можел само со парно да се стоплам, и тоа најекономично. Е сега многу поевтино е да се стави парно на дрва, па можеби и на нафта, но само како почетна инвестиција, потоа имаш големи трошоци за дрва и нафта чија цена постојано расте.

Ако греењето со пелети е толу економично, тогаш се исплаќа да се стегнат некако заби (т.е да се земе кредит 4-5000 евра :)) па да се монтира систем со парно низ целата куќа. Долгорочно мислам дека би се исплатило, но ако, и само ако камините со пелети се такви како што ги рекламираат, без скриени мани и други заебанции. А чим се појавија на нашиот пазар сигурно ќе се појават и други фирми кои ќе продаваат и произведуваат камини и пелети, па нивната цена ќе падне сигурно.

Затоа прашував ако некој има такви камини да каже мислење. Значи барам паталец, а не гаталец :)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Па и не би се сложил со Змиго. Климите се добри ако имаш некое станче, макар било и поголемо од 100-120 квадрати, со две клими ќе се стоплиш, а и оладиш. Е сега лошо е што цената на струјата постојано расте.



Цената на струјата расне, а што цената на цврстото гориво не расне, или нема да расне понатака? Или нафтата е евтина? Или плинот? Секој енегенс поскапува младичу, особено во време на рецесија... и натаму ке поскапува, тоа е извесно.
Што се однесува до потрошувачката на ел. енергија на еден инвертор од брендовите кои ги набројав (веројатно не си прочитал!?) ќе повторам просечната потрошувачка им е од 0,6 - 1 Кв на час.... значи ваков еден уред со работа од 10 саати ќе потроши енергија колку термо-акомулациона 6-ка во еден саат! Во предходните постови го споредив тоа со светилки од 100 Wati, значи просечната потрошувачка на БРЕНД инвертор би била колку 7-8 сијалици, колку што обично се вклучени во исто време во една таква куќа, во која што живееш.... COP-factor се вика тоа пресметување на инсталираната снага на инверторите која зависно од потреби е од 3-6Кв.... и просечно потрошената енергија, која како реков се движи од 0,7 до 1 - 1,2... Значи ЦОП факторот може да биде од 3 до 5
Види и за куќа да се работи од два ката, со квадратура од 200-250м2.... повторно би размислувал за 4 инвертора од висока класа од кои еден чини околу 600 Евра.... или за некој друг систем за греење. а не за котел-печка на екошпар за индивидуално парно. Ти спомнуваш некоја цифра од која боли глава... На пример многу поевтино би те чинел котел на цврсто гориво (дрва) и верувам дека исто толку би потрошил (10,000,- ден/месечно) колку што рекламираат за греење со котелот на Екошпар, со пелети.
Распрашај се и во Фонко за термалните пумпи, штом велиш вреди да се стегнат заби..... Не слушај гаталец, ама ниту патилец! Или слушај го - за да знаеш што нетреба да ставиш!... слушај некој што е задоволен од она што го користи... и слушај стручни лица, оние што се навлезени во проблематиката... Тука Онак е неприкосновен и може многу да ти помогне.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
И мене ме интересира особено за овој модел, дали користи некој?
http://www.rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=314
DE LONGHI Плинска греалка, со потрошувачка од 200гр. на час... при што испорачува енергија - сила од цца 3 Кв.
во зависност од потребите се штелува на помала или поголема снага, при што се менува и потрошувачката. Многу ли е тоа или малку?
Сум слушнал дека просториите кои се греат со плински печки мирисаат како повекето Taxi-ја, се разбира на плин. Дека не е многу пријатно да се седи во таква просторија, дека боли глава од плинското испарување.... СЕ ОГРАДУВАМ, МОЖЕБИ НЕ Е ТОЧНО!?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
јас имам работено во просторија греена на плин и е доста неубо. Мириса (мене глава не ме болеше али имаше луѓе кои се жалеа на мачнина и главоболки) ако седиш до неа (напред) ќе се изгориш ако седиш настрана ќе ти е ладно..... Штом ќе ја изгаснеш се изладува просторијата, сабајле требаше и по сат време ако е ладна малце да се смлачи.... не знам мене ми се неубаво искуство....
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.164
Поени од реакции
15.953
Плинските греалки за ништо не ги бива. Смрди цела просторија на плин, греењто е за никаде. Јас ваква греалка не би користел за домашно затоплување, единствено може да најде место у некоја механичарска гаража :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom