Најдобро (најсоодветно) државно уредување за Македонија?

W

wicked_1

Гостин
Како со објаснување зошто го брани ставот на екипата, без оглед каков е неговиот личен правам некого маченик?
Владата не е фудбалска или кошаркарска екипа, па некој да застанува зад нечии (погрешни)ставови и да зазема страни посебно кога на другата страна е народот, паралелно со тоа и одговорноста не произлегува од изгубена титула или утакмица, него индиректно животите на илјадници луѓе низ земјава кои директно се засегнати од одлуките на овие неколку луѓе.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.146
Поени од реакции
25.576

Секако дека владата е екипа. И за разлика од фудбалска и кошаркарска има многу поголема одговорност. И секако од неговата денешна одлука беа засегнати многу животи. Човекот избра да си има пријатели до крајот на животот и никој да не плука по него утре.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
33
Поени од реакции
30
Најдобро државно уредување за Македонија е биетничка федерација, со широки овластувања за собирање и трошење даноци на ниво на секоја единица но со единствено судство и со бикамерален парламент.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Што помалку донесување на нови и непромислени закони, регулативи и реформи преку ноќ без доволна и здрава дебата како и без сеопфатна и широка дискусија таму во некое наконтено барокно канцеларииче во четири очи (помеѓу Јанко и Станко) ... факт што повеќе нови и нови закони и регулативи се повеќе и повеќе забуни околу истите, се повеќе дупки во нив и секако се повеќе селективност во спроведувањето на истите ... исто како и со реформите, на толку чкарт администрација како и на вакви квази-институции што повеќе реформи секојдневно им се бапнуваат и оној минорен работен ефект кој го поседуваат и за кој се способни потполно го губат !
 
Член од
6 септември 2016
Мислења
52
Поени од реакции
6
Моја проценка,а можеби грешам дека претседателската демократија досега се покажала како најдобро државно уредување во однос на тоа власта потешко да пушта корени на фотелјите.На пример САД е држава каде претседателот ја има сета власт и има право да има најмногу два мандата и после чао ,нов претседател.Мислам најдобро уредување каде владетелот нема можност за да поставува режим.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Моја проценка,а можеби грешам дека претседателската демократија досега се покажала како најдобро државно уредување во однос на тоа власта потешко да пушта корени на фотелјите.На пример САД е држава каде претседателот ја има сета власт и има право да има најмногу два мандата и после чао ,нов претседател.Мислам најдобро уредување каде владетелот нема можност за да поставува режим.
Па и во нашиот систем може да се воведе такво ограничување. Ако некој отслужил два мандата како премиер да не може да се кандидира по трет пат ни како пратеник.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Па и во нашиот систем може да се воведе такво ограничување. Ако некој отслужил два мандата како премиер да не може да се кандидира по трет пат ни како пратеник.
Нема да има никаков ефект тоа, ќе се стави друг човек и готово (пример Емил), но доколку се направи закон во кој комплет тимот да несмее да биде повеќе од 8 години, ќе биде добро, но нема да помине во собрание.
 
Член од
6 септември 2016
Мислења
52
Поени од реакции
6
Моја желба е да го промениме државното уредување во претседатеска демократија исто ко америка и да видиме како би било.Мислам дека многу подобро би било и би се намалила можноста за диктаторско владеење.Али за промена на државниот систем треба волја во собранието.[DOUBLEPOST=1481073687][/DOUBLEPOST]Дека е подобро претседателска демократија од парламентарна и ја намалува можноста за диктаторски режим може да се види од Америка и Русија.Америка е претседателска демократија и таму владетелите си се мењаваат.А Русија е парламентарна демократија исто ко Македонија и затоа Путин си има воспоставено режим во цела држава и владее до недоглед.Исто ко Грујо.А во Америка нема таков.[DOUBLEPOST=1481074370][/DOUBLEPOST]Ако се стави американскиот модел тука последиците ќе бидат во тоа што владетелите знаејќи дека им е кратко владеењето ќе сакаат да остават впечаток кај народот и да бидат запамтени во историјата и многу од нив ќе прават војни и екстремни одлуки.А со тоа или ќе зајачи и ќе се зголеми МК или ќе си ја изгубиме државата за поскоро време.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.821
Бугарска, српска или грчка окупација е најбоље у овој момент што може да му се деси на македонскиот народ. Али нисмо ми те срече.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ќе правиш сунет и ќе гласаш за ВМРО - Исламска...

Од Германија.
Прво ќе гласам на 11 декември,неважечко да биди па ќе одам за католички божиќ
 
Член од
6 септември 2016
Мислења
52
Поени од реакции
6
Бугарска, српска или грчка окупација е најбоље у овој момент што може да му се деси на македонскиот народ. Али нисмо ми те срече.
Јас мислам боље да сме во склоп со Бугарија како бугарска држава,не федерација.Ем во Нато ем Во ЕУ.За такво нешто треба само волја и никој сосед нема да се буни ниту грците.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Бугарска, српска или грчка окупација е најбоље у овој момент што може да му се деси на македонскиот народ. Али нисмо ми те срече.
Kај ги најде овие пропалитетите да не окупираат
Кажи Сингапур, Јапонија, Шведска и слични - Некои развиени земји, од кои има што да се научи. А ти ги најде овие пропалитети.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom