Најавени измени во законот за увоз на автомобили

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Ме интересира нешто ако може да ми објасни некој постручен што се разбира од работава.
Сакам после паѓањево на акцизите да земам кола одГерманија,значи да си ја донесам тука, гледав на германскиве сајтови за половни коли супер понуди,
пример алфа 99 год. коска 1000 евра. Е сега ме интересира како после тука на царинава ќе ми ја ценат колата, покој критериум, дали сумата што ја сум ја купил колата или по некои нивни каталози??
1000 евра + 500 пат + 0 акциза+ 180 ддв+ 50 хомологација
за 1730 евра топ кола :vozbud:
За тие пари кај нас до сега можеше да купиш југо 55 од 99 година :pos2:

малце оф-топик, кажете некоја добра страна за барање на коли од bugarija, germanija, да видам како им одат цените :helou:
www.mobile.de

германска страна :wink:
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Царината ќе игнорира и огласот на мобиле де каде си ја купил колата за 1000 евра и ќе ти рече “ова брат вреди 2000“ и по 2000 ќе те царини и даночи.

Еве предлог јас ако ја земам колата за 1000 евра а царината речи дека вреди 2000 нека ми ја откупи за 1500.
Јас прифаќам и мене совеста ми е чиста а тие ќе бидат во ќар 500 евра
Сите задоволни.
Ако купопродажниот договор е на реална цена нема што да се сомневаат. пр.Ако купам голф 4 1.4 цена 2800 евра и таа цена е во договорот веројатно ќе биди ок (бидејќи и според тој шваке каталог горе долу е таа цена)
Ама ако покажиш договор дека тој голф си го купи за 1000 евра, тогаш ќе ти речат брат "ова вреди 3000 евра".
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ме интересира нешто ако може да ми објасни некој постручен што се разбира од работава.
Сакам после паѓањево на акцизите да земам кола одГерманија,значи да си ја донесам тука, гледав на германскиве сајтови за половни коли супер понуди,
пример алфа 99 год. коска 1000 евра. Е сега ме интересира како после тука на царинава ќе ми ја ценат колата, покој критериум, дали сумата што ја сум ја купил колата или по некои нивни каталози??
1000 евра + 500 пат + 0 акциза+ 180 ддв+ 50 хомологација
за 1730 евра топ кола :vozbud:
За тие пари кај нас до сега можеше да купиш југо 55 од 99 година :pos2:
Ej, a da iscitase nekoja stranica ponazad, se e objasneto.

Brej, se da bilo servirano na tacna. Pomacete se, napispano e, pobarajte i ke najdete.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Ме интересира нешто ако може да ми објасни некој постручен што се разбира од работава.
Сакам после паѓањево на акцизите да земам кола одГерманија,значи да си ја донесам тука, гледав на германскиве сајтови за половни коли супер понуди,
пример алфа 99 год. коска 1000 евра. Е сега ме интересира како после тука на царинава ќе ми ја ценат колата, покој критериум, дали сумата што ја сум ја купил колата или по некои нивни каталози??
1000 евра + 500 пат + 0 акциза+ 180 ддв+ 50 хомологација
за 1730 евра топ кола :vozbud:
За тие пари кај нас до сега можеше да купиш југо 55 од 99 година :pos2:

www.mobile.de

германска страна :wink:
Само што заборави регистрација, цол табли, давачки во шпедиција...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Цената на колата треба да е во рамките на каталошка цена инаку нема да ја признаат туку ќе ти ја проценат по каталог. (така беше до сега) Кола која реално си ја платил 1000 евра по каталог може да е 2000 и по 2000 ќе те даночат и царинат.
Имаш Царина, Данок, Тив, превод на документи, атест, транспорт Со камион или со возење каде треба и ЦОЛ) регистрација и мал сервис (во најдобар случај менување на свеќици масло филтери и каиши)
за кола од 1000 евра то би ти дошло 1500 евра давачки
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Ej, a da iscitase nekoja stranica ponazad, se e objasneto.

Brej, se da bilo servirano na tacna. Pomacete se, napispano e, pobarajte i ke najdete.
Ако нејќеш не коментирај бе гарфилд, кој сака ќе каже а ја ќе читам линазад или не мој проблем..демократија :drk:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Citron, problem e sto na toj nacin se ubiva diskusijata koja e zapocnata, a toa sto ti ne sakas da citas pokazuva nedostojno nivo na pocit kon ostanatite forumdzii.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
223
Поени од реакции
11
Пресметувањето на акцизата ќе биде малку посложено. До одредена вредност на возилот, ќе се плаќа една, а за разликата над таа вредност – друга акциза. Пример: ако автомобилот чини 8.000 евра, за делот од цената од три до четири илјади евра ќе се плати половина процент акциза, за вредноста од 4 до 5 илјади, еден процент, а за вредноста од 5 до 8 илјади евра 1,5 процент. Или за 8-те илјади – акцизата ќе изнесува вкупно околу 60-тина евра......знае некој со сигурност дека вака ке се пресметува царината за полуксузните коли или е само свое тулкување на некој новинар од АЛФА ТВ.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Може ли некој да ги објасни ЦОЛ таблиците?
1. Како изгледаат? :)
2.Која намена ја имаат (освен за транспорт од ЕУ земја до Македонија)?
 

Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Може ли некој да ги објасни ЦОЛ таблиците?
1. Како изгледаат? :)
2.Која намена ја имаат (освен за транспорт од ЕУ земја до Македонија)?
ЦОЛ таблици всушност се царински таблици, привремени таблици дури не ја ставиш колата на наши табли. Ништо коплицирано.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Цената на колата треба да е во рамките на каталошка цена инаку нема да ја признаат туку ќе ти ја проценат по каталог. (така беше до сега) Кола која реално си ја платил 1000 евра по каталог може да е 2000 и по 2000 ќе те даночат и царинат.
Имаш Царина, Данок, Тив, превод на документи, атест, транспорт Со камион или со возење каде треба и ЦОЛ) регистрација и мал сервис (во најдобар случај менување на свеќици масло филтери и каиши)
за кола од 1000 евра то би ти дошло 1500 евра давачки
Вчера вечер слушав на вести дека немало да се плака по цена од каталог туку ке се плакало данок за од 3000 евра автомобил 500 евра и нешто ...незнам точно бројка.... Данок се плака за секое возило до 3000 евра по оваа цена или има и други цени....за поефтините на пример од 1500 евра се плака 250 евра ?
Пишете последно колку е се вкупно на пример за кола од 2000 или 3000 евра пишете подетално за се вкупно што се плака и колку :salut:
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
1) Гарантирам дека нема шанса така да биде (државата од ракав да истура цени на возила!) бидејќи долго време не е така.

Значи долго време се користи тој Schwacke лист кога се дефинира вредност на возило. Тоа не е од вчера па сеа вие измислувате конспиративни теории (што по воздржано и песимистичко наводно пореално).

2) Тоа со хомологацијата ако е така тогаш е супер, само што мислам дека воведоа нов документ што е 5800 денари ама ако едно те исто тогаш супер 100 евра помалку.

А што е со метерологија и TUV Munchen? Дали тоа е за иста давачка, односно дали тие 100 за метерлогија што викаат е истото што и Тиф Минхен?

3) Дали цол таблите се универзални по цена од 50 евра или секоја држава посебно? Да речеме купувам кола од Бугарија и ќе платам 50 евра за цол или 10 евра?
 

calipso

Optimal Сasual Dating - Authentic Maidens
Член од
27 декември 2009
Мислења
130
Поени од реакции
55
Na web stranata www.pazar3.com.mk samo za 3 dena se prodavaat okolu 300 polovni avtomobili od makedonija. Sega lugevo brzaat da gi prodadat svoite koli po poskapi ceni bidejki so uvozot na polovnive ke im se namali nivnata vrednost.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Може ли некој да ги објасни ЦОЛ таблиците?
1. Како изгледаат? :)
2.Која намена ја имаат (освен за транспорт од ЕУ земја до Македонија)?
ЦОЛ таблица



Овие се Бугарските (ги има многу низ Македонијава ама никој не знае што се, а се возат луѓето со години :)) ). За странски државјани во странски земји...така нешто гласат.



А ова се цол таблиците за стари возила (т.е за кај нас)

А ова се за НОВИ возила увезени преку Бугарија
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Пребарував по интернет и мислам дека ке има хомологација - сега се вика Постапка за идентификација и отцена на техничката состојба на возилата и за автомобили изнесува 2850ден.
Овде е ценовникот http://www.bom.gov.mk/images/stories/dokumenti/Baranja/Homologacija/pravilnik_za_visinata_na_trosocite_vo_postapki_za_identifikacija_22.05.pdf
Овде има други правилници од биро за метрологија http://www.bom.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=29&Itemid=51


Извадок од Утрински весник
...
За разлика од увозниците на нови возила, кои сметаат дека падот на акцизите нема да влијае и на намалувањето на крајната цена на автомобилите, увозниците на половни возила велат дека цената на старите возила ќе падне од 30 до 40 отсто. Тие вчера ни потврдија дека драстично им се зголемени нарачките, а шлепери натоварени со половни автомобили чекаат во Минхен и во Рим акцизите да паднат и законски. „Имаме голем број нарачки за половни возила, што сега ќе бидат поевтини од 30 до 40 отсто. Доколку ’голф 4‘ од 2000 година досега чинел 8.000 евра, со намалувањето на акцизите ќе се продава по цена од 5.000 до 5.500 евра. Веќе имаме четири шлепери натоварени во Рим и во Минхен и чекаме официјално да паднат акцизите “, изјави вчера Љупчо Трајковски, увозник на половни возила.

Увозниците на стари автомобили тријат раце и едвај чекаат да помине предлогот и во Влада, а потоа и во Собрание. За оваа процедура најверојатно ќе треба да почекаат уште најмалку еден месец. Во меѓувреме, продажбата на автомобили е целосно стопирана.

Автоувозниците на нови автомобили, пак, не се многу задоволни од ваквиот модел за пресметување на акцизите. Тие предлагале целосно да се укинат акцизите. Според нив, покрај акцизата, при купување автомобил се плаќаат и царина и ДДВ. Тоа се три давачки, за разлика од земјите во ЕУ, каде што не се плаќа акциза, туку само царина и данок. Во Хрватска и во Словенија се наплатува акциза, но нема царина, објаснуваат автоувозниците. Царината за автомобилите увезени од ЕУ е намалена од два на еден отсто, а за автомобилите надвор од ЕУ од десет на пет отсто. Тука влегува уште и ДДВ од 18 проценти за увоз на автомобили.

Според објаснувањето на автоувозниците, при увоз возилото прво ќе се царини и ќе се наплатува акциза, а потоа оди на хомологација.

Го прашавме и директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, дали се можни малверзации со цената на автомобилот, со оглед на тоа што за возилата со вредност до 3.000 евра нема да се плаќа акциза.

„Правилата се исти за увоз на сите видови стока. Увозникот мора да има веродостоен документ, фактура, за тоа колку го платил возилото во странство. Доколку Царината се посомнева, се прави записник, а акцизата и царината се пресметуваат врз основа на утврден каталог, според споредбената вредност. Тогаш, врз основа на таа утврдена вредност, се пресметуваат сите други давачки“, објаснува Каргов. Според него, доколку странката не е задоволна од утврдената вредност од страна на Царината, таа има право да поднесе жалба до Второстепената комисија во Министерството за финансии. Има случаи, вели Каргов, кога поради сомневање во документите што ги доставуваат увозниците, Царината официјално да бара потврда од странските царински служби за вредноста по која е платена стоката. (С.М.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2C5BF6100D93CE41A10009A8A0F1E452

Имам едно прашање за ЦОЛ таблите: Откако ќе се купи автомобилот во странство, од каде се вадат ЦОЛ табли - на граница, во нивното мвр или ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom