Национален парк "Јасен"

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Имаше тема и во мистерии...

Кога сме кај Јасен, кратко размислување (мое) што може да крие.

Како прво, Јасен е изграден во 70-тите години од тогашната СФРЈ за потребите на ЈНА. Со оглед дека Македонија е самостална земја од 1992 Јасен остана во наша сопственост и превземен е од АРМ. Доколку прочачкате по интернет, ќе најдете голем број на извештаи за подземните скривалишта кои што се градеа во СФРЈ поради заканата од студената војна. Јасен е едно од нив. Според мене, откако Јасен е во контрола на АРМ, ништо не се има променето. Едноставно, технологијата која што е искористена во 70-тите години остана иста од проста причина што Македонските власти само го одржуваат објектот во кондиција и немаат намера да го модернизираат.

п.с. Дефинитивно браќата од NATO знаат што се крие во Јасен, и 100% не им представува никаква закана. Доколку беше обратно, до сега Јасен ќе беше заедно со тенковите т-55 расходован.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
„Јасен“ крие гревови од ЈНА?

Трите скелети, откриени минативе два месеци во државниот резерват „Јасен“, се стари најмалку 19 години, покажаа првичните наоди на форензичарите. Тоа значи дека тројцата средовечни мажи, чиишто тела беа пронајдени во две длабоки јами, паднале или биле фрлени во нив уште во времето кога со резерватот раководеше ЈНА и тоа со режим на највисока тајност. Криминолозите од МВР макотрпно се трудат да го откријат идентитетот на тројцата мажи, пронајдени во јамите на „Јасен“. Се проверуваат сите информации за исчезнати лица во почетокот на 90-тите години, кога и настапила нивната смрт. Врз основа на деталите за нивната физиономија, што ќе ги утврдат патолозите, наскоро треба да биде изработен и фото-робот за првите два скелети, а потоа и за третиот. Остатоците од третиот скелет, како што дознаваме од истрагата, се најдени сосема случајно, во новооткриената јама на длабочина од најмалку 30 метри. На слична длабочина беа пронајдени и двата скелети најдени во јамата „Јасика“. Обдукцискиот стандарден протокол укажува дека смртта не настанала насилно, односно дека смртта настапила поради пад од височина. Сепак, велат форензичарите, тоа не говори ништо за тоа како тие се нашле во јамите - дали по несреќен случај или можеби се турнати или фрлени во нив. Откритието на староста на скелетите ја сведува на минимум првата можност, со оглед на тоа што било исклучително тешко цивилно лице да влезе во резерватот, кој бил под максимално обезбедување на војската. Резерватот „Јасен“ и ден-денес е табу-тема меѓу поранешните македонски воени функционери од времето на ЈНА. Тешко може да се дознае кој бил директно задолжен за него и што е се случувало таму. Пред осамостојувањето со Третата армиска област, односно со ЈНА во Македонија, командуваше генерал-полковник Милутин Кукањац, кој почина во 2002 година. Негов претходник, пак, беше хашкиот бегалец Ратко Младиќ. Пензионираниот полковник на АРМ, Благоја Марковски, вели дека токму „Јасен“ бил стратегиска област на ЈНА и строго чувано место од војската. - Тој резерват беше во состав на Третата воена област како место од посебен стратегиски интерес за одбраната. Таму не можеше да се влезе, за тоа одлучуваше ЈНА. Своевремено тоа беше омилено место за лов, риболов и за одморање на армискиот и политичкиот врв од поранешната држава - вели Марковски. Многу високи функционери од тогашна СФРЈ, на чело со Тито, како и многу видни гости од светот, доаѓале и во најголема дискреција организирале лов, риболов и забави. За нивните потреби биле изградени луксузни бунгалови, а во резерватот, кој бил под максимално обезбедување, биле носени и размножувани посебни видови елени, срни, дивокози, па дури и муфлони. Во „Јасен“ се уште се наоѓаат подземните засолништа за случај на нуклеарен напад, изградени во 50-тите години на минатиот век. Во случај на потреба, во овие засолништа се предвидувало да се скријат педесетина највисоки државни функционери и нивните семејства. Пред неколку години Министерството за образование ги отвори овие бункери за јавноста и организираше посета на новинарите до нив. И ден-денес во „Јасен“ функционира голем телекомуникациски репетитор од времето на ЈНА, кој своевремено, покрај емитувањето радиотелевизиски сигнал, служел и за попречување на туѓите воени и шпионски радиосигнали.

Извор
 
Член од
2 јануари 2010
Мислења
20
Поени од реакции
3
Темава ја отварам зашто ме иритира ова прашанје повеке време.
зошто те иритира? Јас шетав на јасен и ми дојде армиски џип со армиски регистрации и...... ај да не кажувам ама бев вратен назад! Што да кажам јас. Тамо нема слободно шетање
 

samunoske

unidentified specie
Член од
21 април 2007
Мислења
242
Поени од реакции
18
Што е чудно ако има некој таен воен објект...самоков е околу 60-70км оддалечен од јасен а како што знаеме во самоков има фабрика за оружје и муниција...само не знам дали фабриката е во функција
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
да се надоврзам на постот од Апокалипто од погоре без да го цитирам... деновиве барајќи низ интернет некои ствари што ме интересираа сосема случајно налетав на една доста интересна работа во врска со Јасен.. за што станува збор... читав работи за Драган Богдановски (кој го знае го знае, кој не го знае има Гугл нека го праша :))... во периодот кога Богдановски е уапсен од УДБА во Париз и со дипломатско возило на Југославија (за да нема проблем на граници) е пренесен во Македонија, бил чуван во затвор токму во резерватот Јасен.. кој знае колку други луѓе како него исто така биле чувани во Јасен, за што збори и Апокалипто во постот дека се пронајдени три скелети... следниов текст што ќе го напишам е од еден од најблиските соработници на Богдановски, Трајко Трајковски...

"Драган Богдановски ми кажа дека во затворот во Македонија му давале лекови, да се наруши. Сакаа да му го уништат сеќавањето, кога ќе излезе да биде како изгубен човек. Имаше голема разлика во тоа како зборуваше порано, и како зборуваше и изгледаше по затворот. Во разговор, ми кажа и дека бил држен во бункер во ловиштето Јасен, од страна на Службата за државна безбедност, а дека со хеликоптер го носеле во Скопје на сослушување - вели Трајковски.

Тврдењата дека во ловиштето Јасен имало таен полициски затвор во јавноста ги изнесе поранешниот началник во тајната полиција Јанко Бачев, кој тврди дека Богдановски една година бил држен во специјални објекти во Јасен и кај Солунска Глава, а еднаш при транспортите со хеликоптер се обидел и да се самоубие. Трајковски вели дека во разговор со Богдановски, по неговото пуштање на слобода, Богдановски му потврдил дека бил чуван во Јасен. По изборите во 2006 година, македонската власт организираше посета за новинарите на еден од нуклеарните бункери во ловиштето, но не откри повеќе детали за тајните објекти во оваа зона, која со години е забранета зона за обичните граѓани"

________________________________________

исто така, тука има и друг натпис за Јасен, што не е никако поврзан со ова претходно напишаново :)
 
Член од
27 декември 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Јасен е блиску до мене ...јас седам во тој регион ..порече крие многу тајни...една од тие тајни е и Јасен.Она што јас го имам слушнато од некои луге кои биле таму е тоа дека има мал град ...односно се што треба за да се скријат политичарите...ја не би ги криел ама ај..:pos2:има хотели мислам 2 има бунгалови има и општина за тоа знам...:baeh:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Општина викаш а? Кој е градоначалник?
Што и да крие, тоа е државна работа и не би требало да се мешаме, ние обичниот народ затоа шо не само шо не е наша работа, не можеме никако да придонесеме.
Ама де доста со фантазиите за НЛО, мал град и такви работи. Сигурно е некој бункер, поверојатно е дека е седиште на некоја тајна разузнавачка организација.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Jas iskreno prv pat razbrav za jasen tokmu od ovaa tema. Pa spored toa sto se pisuva i toa sto sum gledal po tv ukazuva na taen bunker, tajna baza. Tokmu vakov e i mojot zaklucok, a mislite za nlo ili atomski bombi se samo atomska glupost.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Државата е помоќна се додека народот помалку знае.

Не е ваша работа да се информирате, ниту пак да прашувате, зошто да се дознае нешто што не ни е потребно, ќе оди некој во тој “бункер“? Што корист ќе се има ако се дознае?

Не е тајна дека таму има вод за безбедност радиус од 4,5км кој чува секоја минута секој час цела година преку 30 години таму.
 
Член од
20 август 2011
Мислења
43
Поени од реакции
9
Тајната на Јасен ?
Формиран уште во 1958 година, од тогашниот прв македонски политичар Лазар Колишевски, кој раководеше со наменската армиска индустрија на ЈНА, овој огромен шумски предел во близина на Скопје е недостапен за јавноста.
Од штурите информациите што досега стигнале во јавноста се шепоти дека во Јасен има ловиште, но и подземен град и тајни воени објекти кои во случај на војна биле засолниште за државниот и воениот врв.
Дали се работи за воени објекти или свесно се гради мистерија за да се заштитат ловечките амбиции на тие што го посетуваат ?

На површина од 39 илјади хектари на планината Караџица, сместени се три воени објекти скриени речиси 50 години од очите на јавноста, кои армиските претставници објекти од посебно значење за АРМ. На површина од 39.000 километри во резерватот "Јасен" сместени се повеќе објекти за обука и вежби на одбранбните сили, како и за сместување на целиот државен врв во време на војна. Подземното скривалиште, се наоѓа во месноста Коломит, на надморска височина од околу 1000 м. Во скривалиштето се влегува преку навидум обична планинарска куќа, низ лавиринт од подземни ходници, се доаѓа до централната просторија од каде државно-командниот врв би можел да управува со земјата во време на војна. Овој објект е граден и може да обезбеди нуклеарно-хемиска и биолошка заштита на луѓето што би командувале со одбраната во време на конфликт. Во овој објект може да се сместат 50 луѓе на подолго време, има доста пропратни објекти каде може да се смести храна, вода и се она што е потребно.

Луѓе кои работеле таму велат - во Јасен се влегува само со вип дозвола. На времето таму доаѓал и Тито. За таа цел тогаш во Јасен е донесен дивеч, а од месото до ден денес се насладуваат функционери и високите гости од странство, кои се рекреираат во оваа недопирлива тврдина за граѓаните. "Јасен" во јавноста е познат и како едно од најбогатите ловишта каде доаѓаат само странци. Ловиштето "Јасен" е популарно и има своја богата историја, почнувајќи од времето на комунистичките лидери, па до денес. Според официјалниот ловен ценовник, цената на отстреланиот дивеч ја одредуваат неколку критериуми: тежина, старост, пол. За сите тие параметри се добиваат бодови, кои потоа парично се наведени во ценовникот. Така, на пример, за отстрел на една дива свиња се плаќаат околу 150 евра (на ловецот му следува главата како трофеј). Цената на еден килограм месо од отстреланиот дивеч, се разбира, доколку ловецот сака да го купи, е околу 250 денари за килограм. Цената на капиталните примероци е многу посолена и се движи од десетина до стотина илјади евра. Постарите македонски ловџии не се согласни во врска со тоа дали југословенскиот претседател Јосип Броз Тито бил во "Јасен" или не. Сигурно е дека еднаш ловел во Дојранско. Но, се знае дека највреден трофеј во националниот парк "Јасен" македонскиот комунистички лидер Лазар Колишевски отстрелал елен. За шампион во отстрел на дива свиња во бивша Југославија се смета Стане Доланц, чиј застрелан капиталец бил оценет со 245,04 бода и вредел сегашни 117.790 евра.

Утрински Весник 16ти октомври 2006

Првиот знак дека во овие предели се крие нешто тајно ве очекува на 40-ина минути возење од Скопје по одминувањето на селото Нова Брезница, неколку километри по кривестата угорнина кога ќе ја видите таблата со предупредување: забранет лов, риболов, палење оган. Околу 1.100 метри надморска височина, сместено е ловиштето "Јасен". Железната ограда која се испречува на патот до пред неколку години можела да се помине само по два часа во денот во еден и два часа во спротивниот правец, или со специјална дозвола. Освен три-четири куќички, пет-шест вработени во резерватот и неколку тукушто испилени шарпланинчиња нема ништо интересно. Се префрламе во џипови, треба да се вози низ шумско патче по патот широк едвај 2,5 м. Од едната страна карпи, планина, од другата бездна, според слободна процена длабока стотина метри. Нема место да помине ниту едно возило, а камоли да се разминат две. Стигнуваме до објектот од "особено значење за АРМ". Не дочекува дрвена колиба која завршува во карпа висока стотина метри. На самиот влез, колибата не открива веднаш за какво значајно стратегиско скривалиште станува збор. Во првата просторија, мини-трпезарија со кујниче, а потоа следува една прастара гарнитура за седење. Малку понатаму се собите за спиење. Во првата, два кревета и работно масиче, во следната кревети на спрат. Се е чисто и скромно уредено. Тешка метална врата со скромни димензии во форма на јајце, конечно, го отвора она за што сите сме дојдени: тајниот град на Јасен. Почнува со ходник, кој личи на рударско окно, во некои делови ѕидовите се избетонирани, а во преостанатиот дел ве опкружуваат карпи, како во пештера. Подот е од павер-елементи. Велат изграден е во годините по Втората светска војна, паралелно со објекти од ист вид во сите други бивши
ЈУ-републики. Откако пропешачивме стотина метри ходници, стигнавме до "срцето на објектот за раководење и команда" на чии ѕидови висат топографски карти на Македонија. Стотина метри ходници понатаму, или поточно 700 м во должина од едниот до другиот крај, и излеговме на другиот крај од бункерот, но и од другата страна на ридот. И од таа страна дрвена колиба со истиот распоред на соби, и со речиси идентичен изглед однадвор како и објектот од каде што влеговме. Бетонски објект опшиен со дрвени талпи, дополнително "заштитен" со лисја и со маскирни бои од страните и на покривот. Тоа е тајниот град на Јасен. Се на се, стотици метри ходници, десетици простории за престој и уште неколку за командување и раководење со државата, во самата утроба на ридот, во областа што се нарекува Коломот. Домаќините ни откриваат дека уште три слични објекти со помал капацитет има во државава, и тие се од заштитен вид и затворени за јавноста. На враќање од Коломот ги посетивме и магацинот за воена опрема и пекарницата, неколку километри од објектот. Магацинот зјае празен, додека пекарницата има капацитет за производство на 500 леба дневно. Дополнително, ако затреба, на луѓето сместени во бункерот на располагање им е и ладилник кој има капацитет да собере до 6 тони месо и други производи.
 
S

Sagan

Гостин
Што и да крие, тоа е државна работа и не би требало да се мешаме, ние обичниот народ затоа шо не само шо не е наша работа, не можеме никако да придонесеме.
Животот на било кој политичар не е по вреден од мојот, твојот или животот на некој трет. Страшно лошо се осеќам кога ќе прочитам некој да вели “ние обичниот народ... ние обичните луѓе“. Таква категорија нема! Таквата измислена конструкција на зборовите е алатка на смрдливите политичари кои на тој начин ни имплантираат комплекс на пониска вредност, за полесно да не манипулираат.

Што и да има во Јасен, јас сакам да знам. Во случај на катастрофа, тие ќе си ги одвлечкаат дебелите газови во засолниште а ќе го остават “обичниот народ“ да умре заради НИВНИТЕ погрешни одлуки.

Нече мочи...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
да се надоврзам на постот од Апокалипто од погоре без да го цитирам... деновиве барајќи низ интернет некои ствари што ме интересираа сосема случајно налетав на една доста интересна работа во врска со Јасен.. за што станува збор... читав работи за Драган Богдановски (кој го знае го знае, кој не го знае има Гугл нека го праша :))... во периодот кога Богдановски е уапсен од УДБА во Париз и со дипломатско возило на Југославија (за да нема проблем на граници) е пренесен во Македонија, бил чуван во затвор токму во резерватот Јасен.. кој знае колку други луѓе како него исто така биле чувани во Јасен, за што збори и Апокалипто во постот дека се пронајдени три скелети... следниов текст што ќе го напишам е од еден од најблиските соработници на Богдановски, Трајко Трајковски...

"Драган Богдановски ми кажа дека во затворот во Македонија му давале лекови, да се наруши. Сакаа да му го уништат сеќавањето, кога ќе излезе да биде како изгубен човек. Имаше голема разлика во тоа како зборуваше порано, и како зборуваше и изгледаше по затворот. Во разговор, ми кажа и дека бил држен во бункер во ловиштето Јасен, од страна на Службата за државна безбедност, а дека со хеликоптер го носеле во Скопје на сослушување - вели Трајковски.

Тврдењата дека во ловиштето Јасен имало таен полициски затвор во јавноста ги изнесе поранешниот началник во тајната полиција Јанко Бачев, кој тврди дека Богдановски една година бил држен во специјални објекти во Јасен и кај Солунска Глава, а еднаш при транспортите со хеликоптер се обидел и да се самоубие. Трајковски вели дека во разговор со Богдановски, по неговото пуштање на слобода, Богдановски му потврдил дека бил чуван во Јасен. По изборите во 2006 година, македонската власт организираше посета за новинарите на еден од нуклеарните бункери во ловиштето, но не откри повеќе детали за тајните објекти во оваа зона, која со години е забранета зона за обичните граѓани"

________________________________________

исто така, тука има и друг натпис за Јасен, што не е никако поврзан со ова претходно напишаново :)
Некој читал Македонска Нација :)
Во близина на Солунска Глава уште е активна единица на АРМ и нивен објект и во таа околина е забрането движење.
Со оглед на блискоста на Солунска Глава со Јасен по некоја чудна логика можно и да се поврзани подземно.Ништо чудно за тогашниот систем...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom