Наташа Мијатовиќ - Miyatta

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ако некој од македонската естрада заслужува тема на Кајгана форумот, тогаш сигурно Мијата е една од тие личности.
Девојкава иако има само 4-5 песни, воодушевува со нејзиниот ангелски глас.
Кант-автор кој има светла иднина пред себе и кој во себе носи квалитет на светски популарна ѕвезда.

Иако е на почетокот на кариерата, песните Верувам во себе, Нема да помине, Волшепства, Постојам и Цвет во постела (со која учествуваше на домашниот избор за песна на Евровизија) се супер песни кои ретко кој може да го носи како свои:)

Ја видовме на Идол пред неколку години, со што и ги означи почетоците на својата кариера.

Што мислите вие за неа?

 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Да надополнам, Miyatta има мноогу повеќе повеќе песни, впрочем, на 4-5 од нив има направено видео записи.

// Miyatta`s myspace

Една од моите омилени артисти е. Ако имам желба да соработувам со некој артист, она е прва на мојата листа. :wink:
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
Навистина има одличен глас. Омилена песна од Мијата ми е Bed Flower. Мислам дека ја има песнава и на македонски, но англиската верзија ми е феноменална.
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
А баш размислував деновиве да отворам тема за Мијата, Гладиус ме претекна:wink:
Една од омилените.Уметник во вистинска смисла на зборот.Секогаш ведра, насмеана расположена.До сега не сум чул некој новинар да пожали од неа ко што знаат да се пожалат од останатите поради глумење недостапност.Песните и се одлични.Голем респект за тоа што е кант-автор.За гласовните способности мислам дека нема потреба ни да се коментира.
Омилена песна ми е ‘‘Верувам во себе‘‘.Просто совршенство.Песна без која неможе да ми започне ниту пак да ми заврши денот.
Се надевам дека наскоро ќе слушнеме нешто ново од неа:smir:
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Што мислите вие за неа?
Јас мислам дека е најдобрата, најкул и најмила вујна на светот која некој може да ја посака :) ...
Од друго гледиште... Нате ми се допадна уште пред да ја запознаам, на почетокот од својата кариера, кога ја слушнав како пее на Идол. Си реков : Има нешто во девојкава, што го нема Ноне :tapp:.
Премногу е инспиративна, креативна и досетлива и има свој изграден стил и личност за почитување. Лично мене...идол ми е, морам да признаам. Од гледиштата кон музиката, до гледиштата кон животот.
Моќна е на сцената, има и многу моќен глас..е одличен соработник и советник. Толерантна и зрела, самоуверена и скромна. Фина, искрена и мила.
Има прекрасен проект наречен `Јаболка и круши (за уметнички души)` ..и веќе имаше неколку изведби за истиот во Скопје, Битола...Каде освен на македонски пее на уште неколку други јазици како англиски, француски и руски. На крајот од испечатеното издание од проектот стои посвета до нејзиниот учител Горан Диновски - Ти благодарам што ме научи да пеам !
Исто така, многу ми беше мило додека и помагав околу креирањето на фустаните за девојките од спотот за `Нема да помине`.. Не очекував дека ќе побара помош од мене, но бев пријатно изненадена (како и секогаш :)) ми беше задоволство и тие моменти беа колку интересни, толку и незаборавни за мене.
За најголема почит е горенаведената нумера посветена на нејзиниот починат татко.. Секогаш обавезно добивам цд од новите спотови и гледајќи ги се ежам..но тоа е позитивно, затоа што успеала да го долови посакуваното, да ни ја пренесе замислената слика преку песна.
Ете си се пофалив јас :kesa: ..но за Нате нема лош збор, како и да е :smir:

Инаку Гладиус, (I`m just saying) може да стои и нејзиното сегашно презиме Крстевска :wink:
 

Fragola

највкусната јагодка..
Член од
25 септември 2009
Мислења
301
Поени од реакции
7
Не ја пратам нешо многу,ама има одличен вокал,тоа е факт!:wink:
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Заедно со Калиопи е една од ретките КОМПЛЕТНИ музичари. Пее, компонира, пишува стихови, и сето тоа знае да го пренесе на најдобар можен начин. Чекам прв албум од нејзе (кога можеа разноразни трупци да издадат неколку албуми во 2-3 годишна кариера).
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
267
Поени од реакции
4
Одлична изведба на песната Постојам со која и се прослави. Контактирав со неа и беше многу кооперативна да ми го прати видеото со кое го прикажувавме на неколку свечени вечери тука во дијаспората, а пред се можев да го покажам за време на средбата на Децата Бегалци во Торонто во 2008ма.


Добра песна и е и Душа Како Твојата
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.391
Поени од реакции
21.943
Имам слушнато само една песна и тоа е...:toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Одлична пејачка, одлични песни и одлични текстови. Секогаш кога го гледам спотот за ПОСТОЈАМ се ежам и ми идат солзи на очи. Прекрасен текст, потресителен спот. Совршено!
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Не ја следам многу нејзината кариера пред се зашто мнооогу ретко се појавува кај нас на телевизија, во весници така да и не ми текнало никогаш да побарам за неа на интернет.
Не знам дали таа не сака да се појавува и да е поактуелна на нашава бедна македонска сцена или пак на новинариве им се поинтересни копирачите ЈЈ и Врчак и ги игнорираат вистинските квалитети.

Оваа песна ептен и ја сакам.



Eве сеа баш барав за неа што пишува кај чичко Гугл и ова видов Мијата со претстава ....
Настапувала на фестивали во странство, имала настапи на наши фестивали ... а јас поима немав за ова. Ептен тешко информации се добиваат за неа некако, ко само за себе си прави музика, а не им обрнува внимание на фановите :toe: Дали е до неа или новинарите не знам
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
ја имам само еднаш на Тв така видено и тоа не ни ја слушнав како пее, тогаш мислам на некој квиз, што знам кај беше :toe: сега е слушав и има стварно добар глас :smir:
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Напред напред , ни требат вакви музичари.
 
П

Паган-др

Гостин
Одлични песни, одлична изведба. Сериозно, има многу добри песни, многу добар глас. Одлични текстови во песните. Доказ дека не е се во спотовите и појавувањето секој ден на телевизија за добра кариера е баш случајот со Мијата.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
lelee

Mijata mie neznam slabost....Prekrasna e...A i glasot...Lele kolku samo e mokna Veruvam vo sebe...Bozeeeeeeeeeeee...Moze da se vbroi sigurno vo top 10 pesni na site vreminja vo Makedonija...Samo Napred
 

Kajgana Shop

На врв Bottom