Напуштени објекти во Македонија / Урбано истражување (Urban exploring)

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Не знам дали има ваква тема, али мислам дека би било интересно да се отвори една ваква тема за напуштени објекти. Сметам дека има некоја одредена убавина во заборавеното и напуштеното, или пак во тоа како некои места кои претходно значеле извор за исхрана на илјадници луѓе денеска лежат оставени на забот на времето, и на милоста на оние кои поминале низ нив.
Може да објавувате фотографии или статии за напуштени места во вашиот град - хотели, фабрики, складишта, куќи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Еве за да го скршам мразот, ќе објавам неколку фотографии од напуштена зграда (9 катница) која порано служела за управата на РОИС „Атом“ во Кочани

Целата зграда е напуштена, или само еден кат ?

Колку време е напуштена зграда/напуштен катот ?

Без разлика дали е напуштен само еден кат или целата зграда, доколку е напуштен(а) повеќе од 10 години, бојата делува како бајаги да држи или сончевата светлина остава таков впечаток, а тие документи можеби би можеле да се искористат против некого во судски процес, чудно е како се оставени така расфрлени низ канцеларијата.

Како тргнале работите во државава, не би било никакво чудо во блиска иднина и цели помали локални трговски центри и станбени објекти со деловни простории на приземјата и/или на мезанините, да завршат во темава, бидејќи ги има во изобилие, а дремат испразнети.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Детско одморалиште во Берово
B.jpg


Детско одморалиште во Делчево
golak.jpg
делч.png


Детско одморалиште Титови Пионери Дорјан
детско-одмаралиште-Титови-пионери-11.jpg
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Целата зграда е напуштена, или само еден кат ?

Колку време е напуштена зграда/напуштен катот ?

Без разлика дали е напуштен само еден кат или целата зграда, доколку е напуштен(а) повеќе од 10 години, бојата делува како бајаги да држи или сончевата светлина остава таков впечаток, а тие документи можеби би можеле да се искористат против некого во судски процес, чудно е како се оставени така расфрлени низ канцеларијата.

Како тргнале работите во државава, не би било никакво чудо во блиска иднина и цели помали локални трговски центри и станбени објекти со деловни простории на приземјата и/или на мезанините, да завршат во темава, бидејќи ги има во изобилие, а дремат испразнети.
Според календари и останати ствари што ги имам сретнато, дел од зградата во 2003, а дел во декември 2004.
Фотографиите малку се и под ефекти, (намален контраст) , и да, напуштена е цела зграда. Уништена е инсталацијата - искорнати од ѕидовите се цели разводни табли, уништени тоалети, кровот пропушта пошо има дрва пораснато по него, лифтот е уништен....


а зборејќи за документите, според некои гласини, голем дел од документацијата е уништувана поради разни малверазции.[DOUBLEPOST=1410638832][/DOUBLEPOST]Инаку еве една споредба

БИБЛИОТЕКАТА во ноември месец


И библиотеката во почетокот на август
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Ама битно маршалот си седи таму пркосејќи му на времето. :pos:

Те охрабрувам да се зачлениш на форумот на build.mk, освен ако веќе си се зачленил, таму дискутираат градежништво, архитектура и урбанизам, но досега не сум видел да има ваква тема.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Ама битно маршалот си седи таму пркосејќи му на времето. :pos:
Маршалот го има во скоро секоја канцеларија, со убава рамка.

Освен во канцеларијата на директорот, таму е Карпош :icon_lol:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
а фотки од напуштени ниви и таткови огништа ако почнете да постирате ќе ви треба ххххххх + страници. Дајте.
---------------
Млекара Скопје-маџари, мислам прва затворена фабрика пред 20+ години и се уште стој така Статус-скво .
Стаклара Скопје-кис.вода,и таа е сега руина или незнам што,меѓу првите уништени фабрики.
Благој Давков Скопје-црниче, уништена-затворена ,за таму сега да се градат стамбени згради 1300 Е.
Кермез Скопје-за подетални информации обрати се кај Трифун - газда.
Арачиново Скопје-гази баба,напуштено од државотворниот народ а преземено од некој планинци тако звани чкљ.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Интересна тема...

Морав да ја посочам оваа тема, овакви маси како на сликава веќе тешко се среќаваат а каков само квалитет се, денеска по фирмите се почесто е да сретнеш иверица или некоја летва/маса. На времето овие маси биле класика, ништо не губат од квалитет и ден денес.



Имав можност да шетам низ сличен "хаос" пред извесно време, жално е да седат уредени простори празни а после времето да ги изеде. На крај, секогаш сум размислувал, па ако цел овој мебел не бил потребен, зашто не се подари на оние кои ќе отвараат нови бизниси, или пак да се пренасочат во училишта/болници.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Порцеланка Велес огромна фабрика која произведуваше за цела Југославија и пола Велес беше вработен во неа а ја купи за џабе ги собра машините што беа заостанати ги собра ќерамидите,прозорите,вратите.............и ја доуништи Трифун
porcelanka500.jpg
порцеланка.jpg

За во Скопје- Визбегово да отвори друго погонче Порцеланоса (не можат да се најдат сликички)
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
@GordonGoldader дозволуваат влез у зградата на атом?
Зградата си зјае отворена, обично се качуваат луѓе за на терасите да се сликаат или онака пубертетлии за да се кријат и пушат.[DOUBLEPOST=1410651431][/DOUBLEPOST]И уште еден објект кој е напуштен веќе со години- хотелот „Турист“ во центарот на градот, спроти градскиот плоштад
[DOUBLEPOST=1410657637][/DOUBLEPOST]
Интересна тема...

Морав да ја посочам оваа тема, овакви маси како на сликава веќе тешко се среќаваат а каков само квалитет се, денеска по фирмите се почесто е да сретнеш иверица или некоја летва/маса. На времето овие маси биле класика, ништо не губат од квалитет и ден денес.



Имав можност да шетам низ сличен "хаос" пред извесно време, жално е да седат уредени простори празни а после времето да ги изеде. На крај, секогаш сум размислувал, па ако цел овој мебел не бил потребен, зашто не се подари на оние кои ќе отвараат нови бизниси, или пак да се пренасочат во училишта/болници.
Би било одлично ако се донира дел од инвентоарот што е останат на личности на кои им е потребен, или во установи кај што е потребен. Но проблемот е што не се знае на кого е самата зграда, или има премногу сопственици или на повеќе препријатија, а има и голема можност да те обвинат за дека си направил ти штета ако почнеш превише да се интересираш или да нудиш решенија за нешта со кои никој не сака да се замара.[DOUBLEPOST=1410657824][/DOUBLEPOST]
Колку ствари за чоркањееее...:свиркам:
Па, урбано истражување како што прават по другите земји, не е за да се види шо може да се украде, туку да се види какво е местото.

Има разлика меѓу крадење и чисто разгледување. Али сепак тоа е во менталитетот на македончињата изгледа, шо може да се украде, и ете зградава е резултат на „неисплатени плати“ и на finders keepers. Али мислам шо им е било поентата на некои да уништуваат, или ајде не е мое, шо го ебам, ќе си исфрлам фурстрациите врз тоа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom