Направи сам модификации на печки и камини за добивање на секундарно согорување и поголема ефикасност

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.282
Поени од реакции
29.757
Без многу уводен текст (овојпат) само со следново видео ја отварам темава за направи сам модификации на печки и камини за добивање на секундарно согорување и поголема ефикасност и штедливост во работата (а не најмалку и почиста околина).
Всушност не мора да се задржиме само на модификации за секундарно согорување, туку убаво би било да се разговара и за терциерен довод на воздух и разни други модификации (од кои понешто ќе има во видеото долу).

Инаку колку што ми е мене познато, единствен на форумов со практично искуство на темава, е @мкд владе па ете прво до него покана да се вклучи во дискусијата.
Воедно, размислувам за варијанта да ми изработат камин+котел по нарачка, па ако некој знае мајстори но уште поважно од каде да се набават материјали: нека биде љубезен да го подели тоа знаење овде.

@Acid -очигледно ни фали генерален Направи Сам подфорум.


Уводното видео:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Да видам барем 20 "направи сам" теми и одма го отварам форумот што очигледно уште не фали :)
Sent from my Nokia Lumia 1020 using Tapatalk
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.282
Поени од реакции
29.757
Само 20?
Tолку јас сам можам да отвора, и една третина ќе бидат за веќе направени проекти... ;)

Сериозно, сега немам време за таков подвиг... но со некое споро темпо, секако. Овака нема ниеден навистина прикладен форум за вакви теми.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Да видам барем 20 "направи сам" теми и одма го отварам форумот што очигледно уште не фали :)
Sent from my Nokia Lumia 1020 using Tapatalk
- Ентериер
- Екстериер
- Архитектура
- Накит
- Економични/штедливи варијации (во архитектурата итн)
- Иструменти
- Ламби/сијалици/луцерни
- Градина (бафча; овоштарство и градинарство, земјоделие пр. aquaponics sustem инт)
- Двроно уредување?
- Печки/Фурни
- за сите видови уметснот има посебно за сликарство, склуптура, резбарство, музика...

инт. видеа или веб страни со искуства или тутори....

Има материјал баајаги само треба категоризација да не е општо како во темата Направи сам, општ хавус е.

Има и youtube канал за режисери (на пр. DIY светла, рампи, специјални ефекти итн) каде би го сместиле ова?

П.С. има тема Youtube channels?[DOUBLEPOST=1413488011][/DOUBLEPOST]@Vanlok јас би одел со ова;
http://en.wikipedia.org/wiki/Hypocaust

слично (ако не исто) со парното, би ја појачил ефикасноста со тоа подното и цевките внатре во ѕидот (тоа пред да се гради објектот се планира, керамички цевки - tubulus во ѕидовите и подно + главната просторија фурнариумот т.е. главна и единствена печка) значи некоја комбинација.

Конструктивните материјали пред се !
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.769
Поени од реакции
21.177
Е ај да се вклучам , ете вклучен сум :)
Секундарноито согорување како принцип е многу едноставно и треба да се запазат само неколку параметри и нема да има проблем. Теоретски барем.
Тие се :
Горилникот треба да дихтова добро и да е добро изолиран за да во него се створи што поглема работна температура( околу 1000 степени)
Оџакот да влече
Довод на примарен и секундарен воздух со добра регулација.
Секундарниот воздух да биде добро загреан и со кислород кога ке се доведе најчесто над горивото( горен провев) или под горивото( долен провев).
Дрвата да бидат релативно суви.
Ако се исполнат овие услови сакало нејкело секундарното согорување ке проработи.
Со колкава ефикаснот ке биди зависи од самата изведба и можностите, но во секој случај ефикасноста е поголема отколку класичното согорување.
П.с Кај ме спомна мене за отворање на нов подфорум. Јас сум паднат во немилост тука :cautious:

П.с.с Сега баш го гледав видеото и принципот е тој, само што ке забележам нешто.
Оти да биди просто и функционално кога може да биде сложено и функционално.
Дали дека јас немав при рака толку металостругарска опрема па тргнав по друг пат или нешто друго незнам , но техничките решенија тука од моја гледна точка ми се непотребно комплицирани и сложени. Со далеку попроста изведба и помалце опрема ги добив истите резултати, конкретно за доводот на секундарниот воздух и неговото дистрибуирање во горилникот( пошто тоа е и најбитно).
Тој секундарниот водух го топли надвор од каминот а кај мене е внатре што секако е многу поефикасна варијанта и далеку попроста и поедноставна за изведување. После кај него тоа е направено со цевки а кај мене со плоча која изиграва и бафер( значи тие тулите над горилникот се избегнуваат). Е сега немав можност за бајпас пошто ни самиот камин немаше таква опција и тоа му е плус во врска со чадењето кога ставаш дрва инаку и нема некоја друга функција. Со друго зборови можам да преживеам и без тоа.
Ама кој има опрема и воља тука мислам дека генерално се е опфатено што треба да има, и како што може да се види со малце труд и нерви може да се изведи кај било кој камин кој не е од гус. Колку поголем горилник каминот има толку поефикасно станува секундарното, али во глобала кај сите можи. Принципот е тој.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom