Наплата на побаруванја

W

wicked_1

Гостин
Нема такво нешто во мкд, зошто нема правен систем и нема основа да се формира таква фирма. Исто како ти што неможеш да наплатиш така и таа идна фирма нема од што да наплати. После 3 години во суд ќе начекаш само празна сметка, а они со нова фирма си работат.

Еос е фирма која досаѓа за наплата во твое име за твои пари. Ништо друго. Само досаѓа. И ти можеш да досаѓаш за свои пари.

И трето рекетари овде што ти зборат немаат користено таква услуга. А за таа услуга се добива кривична, за тоа веднаш ќе те најдат. Плус батињава земаат 50% од долг и се во договор со полиција. Така да секако ќе го кркаш на крај. За кривична први се да ти поднесат, а да решат финансиски криминал нигде ги нема.

Ти бараш пријателе како во Америка, остави го чекот и наплати си па фирмата нека си брка побарувања за 10%. Македонија ти е луда држава, побарување е најтешко нешто да наплатиш.
Не е точно.
ЕОС Матрикс е правно лице кое има парнична способност т.е може да парничари,иам држено у раце договор помеѓу нив и ВИП склучен за отстапување на побарување.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Нема такво нешто во мкд, зошто нема правен систем и нема основа да се формира таква фирма. Исто како ти што неможеш да наплатиш така и таа идна фирма нема од што да наплати.
Мислам дека ЕОС Матрикс работат и со откуп на побарувања во последниве две-три години, ама не сум сигурен. Само не верувам дека би им се исплатело за мали износи, веројатно работат само со поголеми субјекти, како банки, телефонски оператори и сл.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не е точно.
ЕОС Матрикс е правно лице кое има парнична способност т.е може да парничари,иам држено у раце договор помеѓу нив и ВИП склучен за отстапување на побарување.
Еос ги замени кол центрите на мобилните оператори и банки кои постоеа за опомени.

Мислам дека ЕОС Матрикс работат и со откуп на побарувања во последниве две-три години, ама не сум сигурен. Само не верувам дека би им се исплатело за мали износи, веројатно работат само со поголеми субјекти, како банки, телефонски оператори и сл.
Ние имаме поголеми износи од односите кои ги имаат граѓаните кон банки и мобилни оператори.

Сега отворив на ЕОС и ова го пишува:
EOS Матрих презема активности на сите нивоа во рамките на циклусот на наплата на долгови
Без оглед на тоа дали претпочитате да ги пренесете вашите портфолија или нам да ни издадете овластување за управување со нив, со обезбедување на широка експертиза и индивидуални решенија, управувањето со побарувањата од страна на EOS Матрих ви помага да ја осигурите вашата ликвидност. Ние секако користиме модерни методи, како што се наплата по телефонски пат или со текстуални пораки, опомени по пошта и преку електронска пошта, и ги прилагодуваме нашите услуги според вашите конкретни потреби.


Денес ќе се јавам во Еос да ја проверам вашата информација дека откупуваат побарувања помеѓу правни субјекти.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Ебате модерните методи. Секое 6то одделенче што е запишано на девтолетка има исти методи ...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Наплата со досадувње, а бе ајде ќе му досади од писма и ај ќе речи да платам :icon_lol:.
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
Наплата со досадувње, а бе ајде ќе му досади од писма и ај ќе речи да платам :icon_lol:.
se zavisi od koj treba da naplatish pobaruvanje ,vo sekoj slucaj podobro e preku medijacija ,otkolku preku sud ,poeftino e
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
..работете со 100% аванси или не работете....., тогаш нема платил-неплатил. А тој што плаќа ќе си ја мисли, гледа во педигре и референци, ќе си бара сигурни наплативи гаранции;)
Кој неможе така , има да работи кај некој друг кој може и за колку се договори.... дал тука, дал надвор е прашање на лични проценки.....и мислам дека никој не е спречен во тоа за да плука по државата:tapp:
 
W

wicked_1

Гостин
Еос ги замени кол центрите на мобилните оператори и банки кои постоеа за опомени.
Не.
Незнам како повеќе да ти дообјаснам, значи од пракса зборам, неам прочитано од некој весник или сајт.
И прелош ви е концептот со опомениве по телефон некој да зема процент од наплатен долг. Ова друштво презема и користи правни лекови против должници преку склучен договор за остапување на побарување.
(инаку за случајов за кој зборам падна на првостепен поради тоа што должникот не беше известен за договорот за отстапување)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не.
Незнам како повеќе да ти дообјаснам, значи од пракса зборам, неам прочитано од некој весник или сајт.
И прелош ви е концептот со опомениве по телефон некој да зема процент од наплатен долг. Ова друштво презема и користи правни лекови против должници преку склучен договор за остапување на побарување.
(инаку за случајов за кој зборам падна на првостепен поради тоа што должникот не беше известен за договорот за отстапување)
Ми објаснија од Еос денес сега јас тебе да ти објаснам за да знаеш и ти.

Значи Еос не врши откуп на долгови. Еос не тужи никого, ниту може некого да тужи. Еос единствено презема режиски трошоци најмалку за 20 случаи за да намали ризик. Значи пример за вип не платиле митко петко и рајко, вип ги доставува во еос - еос во прво време досаѓа за наплата потоа користи услуги од адвокатска канцеларија и ги тужи преку нив. Значи еос како еос нема правна сила да тужи туку користи адвокатска канцеларија.

Потоа Еос нема основа за откуп на долгови бидејќи нема систем за таа намена. Значи Еос е задолжен за режиски трошоци и тоа најмалку 20 за да преземе откуп. Никакви правни лица, само физички лица.

Заклучок: Во мкд нема фирма која врши откуп на долг.

..работете со 100% аванси или не работете....., тогаш нема платил-неплатил. А тој што плаќа ќе си ја мисли, гледа во педигре и референци, ќе си бара сигурни наплативи гаранции;)
Кој неможе така , има да работи кај некој друг кој може и за колку се договори.... дал тука, дал надвор е прашање на лични проценки.....и мислам дека никој не е спречен во тоа за да плука по државата:tapp:
Аванс викаш 100%? Наеднаш или на рати може пред време? :D
Те молам пријателе бизнисот не се состои само од извоз еднаш годишно за еден клиент. Бизнис во Македонија на аванс ниту функционирал ниту ќе функционира. Може ако сам на себе си дава услуги па да ги прави авансно и со гаранции. И ти тоа многу добро го знаеш, од прехрана па се до најголемите производствени капацитети во МКД како Железара и Фени.

Педигре и референци за домашна економија исчезнаа пред десет години. Најликвидните фирми неможат да ги остварат обврските.

Ме изненадуваш со муабетов што ти се случува?
 
W

wicked_1

Гостин
Ми објаснија од Еос денес сега јас тебе да ти објаснам за да знаеш и ти.

Значи Еос не врши откуп на долгови. Еос не тужи никого, ниту може некого да тужи. Еос единствено презема режиски трошоци најмалку за 20 случаи за да намали ризик. Значи пример за вип не платиле митко петко и рајко, вип ги доставува во еос - еос во прво време досаѓа за наплата потоа користи услуги од адвокатска канцеларија и ги тужи преку нив. Значи еос како еос нема правна сила да тужи туку користи адвокатска канцеларија.

Потоа Еос нема основа за откуп на долгови бидејќи нема систем за таа намена. Значи Еос е задолжен за режиски трошоци и тоа најмалку 20 за да преземе откуп. Никакви правни лица, само физички лица.

Заклучок: Во мкд нема фирма која врши откуп на долг.
Е онда вака сеа, адвокатската канцеларија или адвокат не е странка во парница, туку друго лице (правно/физичко).
По тужбата која се испраќа во овој твој контекст ЕОС е странка во парницата врз основ на отстапени побарувања, а тоа значи дека има парнична способност, во муабетот "тужење преку нив", незнам со кој си зборела по телефон, јас зборев и бев на главна расправа со (против)лице кое ги застапува ЕОС.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Е онда вака сеа, адвокатската канцеларија или адвокат не е странка во парница, туку друго лице (правно/физичко).
По тужбата која се испраќа во овој твој контекст ЕОС е странка во парницата врз основ на отстапени побарувања, а тоа значи дека има парнична способност, во муабетот "тужење преку нив", незнам со кој си зборела по телефон, јас зборев и бев на главна расправа со (против)лице кое ги застапува ЕОС.
Значи ти застапуваше физичко лице за што? По кој основ го тужеа?
 
W

wicked_1

Гостин
Значи ти застапуваше физичко лице за што? По кој основ го тужеа?
Не јас, иам уште некоја година две да почекам. =)
Неплатени сметки за користење на пакет услуги, се си беше во ред, освен што не беше известен за преносот на побарувања (а мора)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
Е онда вака сеа, адвокатската канцеларија или адвокат не е странка во парница, туку друго лице (правно/физичко).
По тужбата која се испраќа во овој твој контекст ЕОС е странка во парницата врз основ на отстапени побарувања, а тоа значи дека има парнична способност, во муабетот "тужење преку нив", незнам со кој си зборела по телефон, јас зборев и бев на главна расправа со (против)лице кое ги застапува ЕОС.
Која е разликата доколку користам услуги на ЕОС наместо да тужам сам?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не јас, иам уште некоја година две да почекам. =)
Неплатени сметки за користење на пакет услуги, се си беше во ред, освен што не беше известен за преносот на побарувања (а мора)
Какви пакет услуги? Што користело лицето што го тужат?
За да може кристално да се разбереме иако исто збориме :)
 
W

wicked_1

Гостин
Какви пакет услуги? Што користело лицето што го тужат?
За да може кристално да се разбереме иако исто збориме :)
Еден случај имаше неплатени сметки од ВИП, друг случај беше користење ТВ пакет и опрема на реверс за определен рок од ONE.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom