Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.764
Пошто ми делуваш како бистар момак, дај објасни на кој начин да дејствуваат според тебе?
Не го гледаш дека е класичен провокатор? Најблиску до навивање бил на митинг кога стоел пет метра од бакљата. Човекот е експерт за сите теми и сегде за некое чудо ја брани истата страна.
Вина имало и кај едните и кај другите.. Смешен е човекот. За што се виновни фемили? За тоа што се бунеа за столчињата или можда за тоа што се бунеа што кретените десет пати го мењааа тренерот и ростерот на играчи?
 
Член од
14 февруари 2015
Мислења
199
Поени од реакции
82
Ивица оди од гρешκа во гρешκа од пусти инает κој не му дозволува да си ги пρизнае гρешκите,иначе фа се сите сложни за ρаботава и далеκу од тоа деκа се пρед ρаспад иаκо многу од вас тоа го саκаат
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.874
Поени од реакции
7.257
По муабетите ивица е таман да го заемени грујо а двојче" наш " е уба замена за хорхе и таман да куртулиме и ние и фа
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.874
Поени од реакции
7.257
Овие ќе одат до крај бе и фб страната му ја зедоа

m.ekipa.mk/article/?article-id=17991

Лошо е ова ќе му дадат идеја и кај нас ќе ни ги превземат страните оти каравме по двојче и цермат
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.316
Поени од реакции
22.606
Де бе што не ви е јасно. ФА се мртви. Колку сакаат нека се сложни они веќе не се навивачка група, сега се само сложна група ако и тоа се.... За нив веќе нема да има навивање ако за некоја недела не сменат ставови Ивица веќе си работи на правење паралелна група. Ќе им се случи ЦПБ, што е уствари и планот. Следен чекор е ребрендирање на клубот па од 2017 очекувајте да си биде само КК Аеродром. Чекор по чекор се ќе си дојде на свое место.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.874
Поени од реакции
7.257
Абе FRANG малку да не си јанглаш ?
Тоа ако некој политичар односно градоначалник реши да прави контра група не значи дека постоечката ќе умре туку баш напротив тоа само може да ја ојача групата и радикализира шо значи политичарот било кој не е вечен туку баш напротив тера мандат даден од нив и после го нема за жив а групата и клубот се вечни !
Исто важи и за менувањето на името не аеродром како сакаат нека го преместат клубот тој за сите ќе биди мзт исто како динамо и случајот со туџман ко го смена во крација

Не ми е јасно зошто партијата мава по Н. Г толку силно прво по комити и нас а сега и по фа а реално сите три повеќе влечеја на кај истата партија во поблиското минато
Ова му е голема грешка на партијата што се фати во кавги со групите оти се се враќа се се плаќа па така и за сите уцени закани казни ќотеци итн.. .
Се на гла ќе му се врати !

Поддршка за ФА
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.316
Поени од реакции
22.606
НГ постои заради клубот. На стадион е полесно да опстанеш во вакви услови можеш да смениш трибина, полесно се влегува поголем простор е итн. Во овој случај нема да опстанат, зашто ќе следат забрани за одредени ликови да влезат во сала доколку не идат да се покајат во брзо време. Јане има далеку најдобро обезбедување и систем за мониторинг така да таму тешко да се протне некој.

Радикализација за било која НГ во македонија е глупо да дискутираме, јасно ти е дека после првите 3-4 кривични одма им иде памет на другите. ФА си прават филмови дека се некаков фактор у суштина ниту една НГ не е тоа што била (прашање е и дали некоја некогаш била во МК), еве почни од кај вас колку излеговте на демонстрацијата против вашиот ви градски татко?

НГ ќе биде ребрендирана, се прави терен за тоа, се биршат графити нападнати се од сите страни и едноставно немаат (ова важи за сите групи во мкд) капацитет да издржат.

Партијата мава по навивачките групи повеќе од стратешки причини. Едноставно е, не сака да остави терен на никој друг да оперира слободно. Првите луге во 90тите на УМС беа Комити (Попе итн) зашто они можеа да повлечат бројка и да прават инциденти по потреба. Само сети се на навиачките песни од почетокот на 90тите, само за Гошев што се не е испеано на пример и какви се не графити имаше тогаш. Јасно им е на партиите дека НГ мора да се под контрола. Не смее никој да излезе од колосек зашто другата опција може да најде начин и да ги придобие ЦПБ на пример или ЛФ. Во случај кога некој почнува самостојно да делува подобро е да биде уништен. ФА беше нивно милениче, се им дадоа од клуб кој неможеше да излезе од сенката на Работнички до акционер во АБА станаа, да не збориме на навивчки план колку само пари се фрлени на одредени членови. Проблемот е што сега некој во групата решил самостојно да размислува и да се буни и сега едноставно следува казна. Во овој случај имаат уште малку време да се договорат ако не ќе следува расформација. Ова нема да биде ни прв пат кога се во прашање аеродромци, таму се почна со service crew (сробмани) па пирамида па сега ФА. Очигледно никој не е вечен ко што викаш ти...

За тоа дека мзт ќе опстане и тоа не сум сигурен. Ќе следи целосно ребрендирање, менување на бои и најверојатно нова сала (таа што се гради до Јане). Ти можеш понатака да ги викаш мзт ако сакаш ама џабе е тоа, штом некој официјално смени име прашање на време е пред тоа првичното да избледи освен ако некој пак не го врати ко во случајот со динамо. Не сум сигурен дека некој ќе го врати мзт - пропадната фабирка и тито, тоа би било еден вид самоубиство зашто одма ќе биде етикиран како комуњар, титовист и што ти не, така да не очекувај таков јунак меѓу они кој имаат моќ тоа да го направат. Друго е Динамо или клубови со име и значење друго е клуб што носи име на пропадната фабрика. Тешката работа е да се смени (тука може да има мал бунт при промената) ама за враќање нема теорија.
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2015
Мислења
199
Поени од реакции
82
Може е точно тоа деκа фемили нема да навиваат во доследно вρеме ама деκа ќе биде дозволено да се напρави нова гρупа мало моρген исто и за пρомена на името и боите,дρуго е да го напρавиш тоа во поρаштρκани гρупи κаκо κомити и цпб κои имаат членови од повеќе населби овдеκа е дρуга ситуацијата сите се од една населба сите се знаат соединети се повеќе од било κога,со фаκтот што новата фб стρана ја имаат лајκнато само 300 души паρтисκи овци за една недела може да увидиш на чија стρана е аеρодρом иаκо ќе биде тешκо да се изнајде ρешение за ситуацијава тешκо да попушти неκој
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.316
Поени од реакции
22.606
А зошто јадрото на новата НГ мора да е од аеродром? Да бевте толку сложни ко што мислиш немаше да се избришат графитите тек така. Доволно е да започне навивање макар и спонтано после децава ќе си се вратат на трибина, не се сите овци слепо да следат 5-6 души кој секако ќе бидат оцрнети. Лесно изводливо е ова за партиите, види само што им направија на ЦПБ, вие имате каде каде и појак и помотивиран противник. Ќе легнете на брашното прашање е на време.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Зашто кано идиот, човекот си е релан и не кажува ништо лошо.
Научна фантастика е ова:) од една населба се и се држат добро не ни мора да идат на утакмици за да се организирани,а и немаат истакнати партиски членови ко цпб и комити. На долг рок фемили ќе си легне на брашното иако сеа ќе го јадат.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Поддршка за ФА и се надевам дека ќе ги надминат проблемите, огромна штета им е нанесена периодов...Само едно не ми е јасно, како покажаа дека се сложни? Преку соопштенија? Дај не ме зафркавајте, сите сме исто срање, реално крш беа уште предходно, едни не одат во сала, други со реквизити на ФА седат на главна, трети навиваат со многу слаба бројка, еднаш не успеа ни да пополнат нешто од другиот дел од трибината, каква е таа сложност кога секој си фати своја страна. Да имаа некој конкретен и јасен став и сите да застанеа зад истиот во ред, вака јас не гледам некоја фамозна сложност, нешто што демек другите групи го немале...Што ако Комити доаѓаат од повеќе населби од градот кога на обични утакмици едните исти 100-200 души се, што на трибина ние не се знаеме кој сме кога играме со Ренова, Силекс итн? Не ги познавам оние што доаѓаат на Вардар - Бате, или пак Вардар - Киелце, оние кои сме редовни добро се познаваме...Не мора да си група од една населба за да има дружба на трибина, и многу многу поголеми групи одлично се познаваат бидејќи знаат како да се дружат и надвор од трибина, тоа кај нас го нема, колку и да пробуваат Комити со некои турнири, свирки, ФА со пабот итн. кај нас луѓето се палат само на дерби утакмици и тука не знаеме со кого ја делиме трибината :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Чисто информативно, да не сте запознати со епилогот од ова?


Шутраков бил истиот кој ја затепа од зад грб жената на Стојанче Ангелов.Здравко Анчевски - Маже...
https://www.facebook.com/stojance.angelov/posts/850468195040474

Ти “Командант Палачинка“ и порано ја имаш злоупотребувано полициската униформа! За да ги лечиш твоите комплекси. За да демонстрираш сила и моќ. Којзнае, можеби тоа те возудува. Можеби тогаш се чувствуваш како маж. Бидејки без униформа, ти си едно обично, мало, исфрустрирано и исплашено маже.

На кошаркарски натпревар во април минатата година, си удрил навивач на Работнички во глава. И за овој удар постои снимка. Видео снимка. И тогаш, исто како и сега, со лажни изјави си успеал да се спасиш. И тоа не е сѐ. Уште неколку пати си фатен жив, како во униформа, за време на вршење на службената должност удираш невини луѓе. Затоа што тогаш си јак! Затоа што тогаш се чувствуваш силен! Затоа што тогаш се чувствуваш како маж! Маже едно!

Кукавицо!!! Сигурен сум дека кога на улица, незаштитен со твојата полициска униформа, би налетал на истиот тој навивач кого си го удрил во глава, ќе побегнеш како... Си знаеш како што.

Ти кукавицо си зборувал на твоите колеги што сум се замислувал јас??? Кој сум бил јас??? Нели маже??? Бидејки јас не сум како тебе! Јас сум никој и ништо! Затоа што јас немам полициска униформа! А ти маже, ти си силно, ти маже си јако!!! Затоа што, ти маже, носиш униформа!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom