Навивачки групи во Македонија!

Дискусија во форумот 'Навивачки групи' започната од Hooligan, 9 февруари 2008.

  1. Чичко Кумплунг

    Чичко Кумплунг деца на транзицијата

    Член од:
    3 декември 2011
    Мислења:
    3.692
    Допаѓања:
    3.500
    Нема потреба веќе да дискутираме. Љубомората си го прави своето ;)

    И очигледно, многу ве погоди клипот :oops:
  2. Goran Bt

    Goran Bt локал патриот

    Член од:
    28 јуни 2009
    Мислења:
    4.340
    Допаѓања:
    1.415
    Ние дури си ги вадиме очите владата ни ја скрои капата ! ! !

    http://www.mkd.mk/97580/sport/maked...aggregation&fb_aggregation_id=288381481237582

    Македонската влада остро удри по местачите и хулиганите
    Со затворска казна до десет години се соочува секое лице што ќе биде инволвирано во лажирање спортски мечеви, предвидуваат измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кои беа усвоени од Владата на Македонија, во кои влегуваат и построги казни за хулиганите.
    [​IMG]
    За кривичното дело „измама“ се додава нов став со кој се пропишува дека секој што има намера за себе или за друг, да прибави противправна имотна корист, да доведе друг во заблуда или да ќе го држи во заблуда со лажно прикажување или прикривање факти што се однесуваат на лажиран спортски натпревар или наместен резултат на спортска игра ќе се соочи со казна затвор од една до десет години.
    „Со овие измени се стремиме да ги превенираме злоупотребите на спортските натпревари, да го оставиме спортот на спортистите и да го ослободиме од штетни и коруптивни влијанија, и да влијаеме на спречување измами и доведување на граѓаните во заблуда“, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
    Во делот за лажирани мечеви, постојат дополнувања за активно и пасивно мито и затворската казна варира од една до пет години.
    „За кривичното дело неовластено примање подароци е пропишано дека организатор или учесник во спортски натпревар што директно или индиректно ќе побара или ќе се согласи да прими за себе или за друг подарок, или друга посредна или непосредна корист, ветување или понуда за таква корист со намера да ги запостави интересите на правното или физичкото лице што го организира натпреварот, за да се постигне резултат што не зависи од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, ќе се казни со затвор од една до пет години“, додаде Ѓорѓиев.
    „Во однос на активниот поткуп во членот 253-а, е додаден нов став во кој е пропишано дека тој што директно или индиректно ќе вети, ќе понуди или ќе даде подарок или друга корист, ветување или понуда за таква корист на организатор или учесник во спортски натпревар со намера да ги запостави интересите на правното или физичкото лице што го организира натпреварот за да се постигне резултат кој не зависи од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, ќе се казни со затвор од една до пет години“, додаде владиниот портпарол.
    Покрај криминалните активности во спортот, откако Европа ја погоди сериозен земјотрес со скандалот што го обелодени Еуропол со 380 лажирани фудбалски мечеви во Европа, Владата до дополни и кривичниот законик за делот насилство на спортските објекти
    „Ова е практика што ја воведува цела Европа, затоа што овој вид настани претставуваат глобален проблем и предизвик, и цениме дека ќе донесе резултати“, додаде Ѓорѓиев.
    „За превенција и санкционирање на насилството на спортските терени пропишавме нов облик во постојното кривично дело „насилство“, во кое предвидовме казна затвор од шест месеци до пет години за тој што малтретира, навредува, ја загрозува неговата сигурност или врши врз него грубо насилство поврзано со спортски натпревар и пред тоа, за време и по завршувањето на натпреварот“, истакна владиниот портпарол, додавајќи дека е предвидена е казна затвор од три до десет години, односно од една до пет години доколку се предизвика тешка телесна повреда или смрт на некое лице, како и предизвикување тепачка, нереди и оштетување на имот од поголема вредност.
    Значајна улога во извршувањето на ова кривично дело, како што рече Ѓорѓиев, имаат организаторите на навивачките групи и на натпреварите што понекогаш не само што не ги спречуваат ваквите насилства, туку ги поттикнуваат организираните навивачки групи да го извршуваат ова кривично дело.
    „Токму затоа пропишавме кривична одговорност и за организаторот на групата што го извршила, како и за организаторот на спортскиот натпревар што не презел мерки за спречување на насилството, за што е предвидена казна затвор од три до десет години“, нагласи Ѓорѓиев.
    ps.
    Слобода за навивачите ! ! ! Ова колку што е лошо толку е и добро за да се крене гласот заедничи на сите навивачки групи и категорично да се отфрлат овие ригорозни казни ! ! !
  3. Коњаникот Сабја

    Коњаникот Сабја Наум Наумовски Борче

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    21.045
    Допаѓања:
    23.507
    Сакаат да ги отстранат клетите хулигани за многубројната обична публика да гледа утакмици на раат :icon_lol:
    Нормално законот ќе важи само за Македонските екипи :icon_mrgr:
    Па уште ќе ги казнувале тие што местеле :pos:
    Кого ќе казнуваат кога се се тоа нивни луѓе...
    На VardarVoSrceto му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Goran Bt

    Goran Bt локал патриот

    Член од:
    28 јуни 2009
    Мислења:
    4.340
    Допаѓања:
    1.415
    Абе за лек нема луѓе на трибините а тие што се попосетени се е вештачки и со гратиси на ова му е друго намената за да уплашат мали деца со казните за престојниот натпревар а не знаат дека само првата поголем револт и штета за да има поголем инцидент тие наместо да сендат со навивачите и да донесат закон сендале некој куртони и ај ќе ги зголеми казните и се ќе решиме не оди тоа така се знае ако правиш закон за земјоделци седнуваш со нив преговарарш или закон за здраство седнуваш со докторите преговараш а не вака на сила преку ноќ да покажваш сила Не се свесни што прават со ова и колкава штета ќе донесе ова подгревање на страстите пред 3.3.
  5. Tomasino

    Tomasino Green Lawyer

    Член од:
    19 март 2009
    Мислења:
    4.952
    Допаѓања:
    6.146
    Извини момче шо ќе бидам директен ама морам да те прашам,колку години имаш?:D
    Гледам се мешаш во некои теми во кои немаш абер од ништо..:icon_mrgr:
    Си имаш теми адекватни на твојата возраст и интелектуална способност таму објаснувај,полемизирај и дели совети на некои твои врсници....можеби ќе ти мани некој лајк од сожалување...;)
    Најголем навивач на Вардар:X3::vozbud::drk: не ми се верува дека ова го читам:pos: ....:гик::ROFLMAO:
    Оф леле мајко шо не пишува на овај форум...сепак простено ти е,на деца се им се простува...:X3:
    Ако те болат моите постови за твојот омилен клуб Металург то си е твој проблем,таму цитирај ме(ама немаш некако контрааргументи;) ),ама овде не се мешај молим те...се гледа дека појма немаш....
    Којзнае дали имаш стапнато негде на спортски терен,сега овде солиш памет за некакво навивачко обединување...(ти прво и прво абер немаш шо значи поимот НАВИВАЧ,освен секако кога навиваш за Металург,нормално на форум):гик: гледај си работа,не се мешај во работи кои се непознати за тебе....ти најде да солиш памет за пички,за ебачи:facepalm: .:pos: молим те,оди до темата на Металург види да не има нешто ново изјавено чика Лино и да :drk:...слушам ќе ги намалувале странците во Металург,од 7 на 4,за разлика од СРПСКИОТ ВАРДАР:vozbud: ...:LOL:
    На JOE, TheTrooper и Ivica^ им се допаѓа ова.
  6. Goran Bt

    Goran Bt локал патриот

    Член од:
    28 јуни 2009
    Мислења:
    4.340
    Допаѓања:
    1.415
    Сега дури ја видов највата ќе кажам освен што се изразени коплексите и неоснованите навреди на видетото си го кажавте вистинското лице !Со тоа што прво демантиравте дека на репрезентацијата винари навивали против Пелистер Битола и Чкембари сега паднаа маските и официјално кажавте дека нема ништо од обединувањето и дека цела работа ви беше политички претохдно пуштена и осмислена оти ако вистина саквте обединување и помирување ќе излезевте со став дека на инциднетот со данска не вистина и сега ќе направавте пристоја најава за вашиот тим а не најава против противникот !
    На Кико Д. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Коњаникот Сабја

    Коњаникот Сабја Наум Наумовски Борче

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    21.045
    Допаѓања:
    23.507
    Нема што да излегуваме со некаков став, тие што биле кажаа како било, на полувреме неколку деца од Војводи и Комити ја испеале, а тие што биле постари изреагирале да не се пее.
    Вие се истрчавте со навреди, едвај чекавте нешто, па ние сега ќе се извинуваме ради некои дца таму, ме заболе стапот :icon_mrgr:
    Друга работа што којзнае кој бил на запад тогаш, зашто карти си земале тие што си биле на преговори во ФФМ, од активните членови никој не беше...
    На нашата страна беше објавено само дека има карти и секој што сака може да си земе, а не дека официјално Комити ќе навиваат.

    Ако од ние од клипот сме го покажале вистинското лице тогаш и вие со коментарите и сликата сте го направиле истото.
    Што курац обвинувате само една страна божем вие поарни сте?
    Напротив, исмевате смрт на многу луѓе од земјотресот, нешто што само улав може да го пее.
    Се ситите дека имало Албанци во Скопје, за да ви вратиме со иста мера треба ли да ви се ситиме што имате еден куп Грци во Битола секој ден?
    Али толку ви сече, но сепак не ми смета што провоцирате ипак тоа го сваќам во рамки на навивачки провокации колку и да немаат допирна точка со навивање.
    Само сакате да провоцирате ако кога некој ви плеснува во фаца, се правите ко Албанцине ништо незнам, сум бил во подрум јас.

    П.с. кога се прават слики со КАКО СЕ ЗАМИСЛУВА НЕШТО, А КАКО Е РЕАЛНО, во замисленото се ставаат работи што или се научна фантастика за оној што се напаѓа, а не работи кои што веќе постојат :icon_mrgr:
    На КвикСилвер, VardarVoSrceto, Незапирливи 1903/87 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tomasino

    Tomasino Green Lawyer

    Член од:
    19 март 2009
    Мислења:
    4.952
    Допаѓања:
    6.146
    Дај бе друже не зафркавај...
    ВИЕ ВАКА ВИЕ ТАКА...
    Кој пееше анти Битола песни на меч на репрезентација?:facepalm:
    Јасно беше кажан ставот на Чкембари....СЕ ДОДЕКА НЕМА ОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ГРУПИТЕ ЧКЕМБАРИ НЕМА ДА ПРИФАТАТ ТАКВО НЕШТО...
    Комити излегоа со ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ....
    Цитирам "Ние навивачката група Комити прогласуваме еднострано дека на натпреварите кои што ги игра нашиот клуб во било кое натпреварување ќе ги смениме критериумите на навивање. Имено против секој македонски клуб повеќе нема да практикуваме негативно скандирање на било која основа. Најстрого забрануваме нашите членови да напаѓаат физички или вербално други навивачи Македонци без разлика дали на натпревар или надвор..":eek::D
    И сега шо прајме?КОЈ НЕ СИ СТОИ НА ЗБОРОТ?
    Кој заеба работа,ние или вие?:нинџ:
    Ние го испочитувавме ова,иако не беше дадена согласност на мечот со Тетекс во последното коло,последен официјален меч каде шо се појавивме како група....
    Не беше скандирано ништо против Војводи....како шо доликува...макар само за еден меч....
    Вие во првата шанса посравте работа..
    Па сега со клипот додадовте фил на тортата..
    Паднаа маските,да не се лажиме...
    Ако ве чудат нашите реакции по вашата провокација(непотребна би рекол,не неочекувана),нека не ве чудат...СЕ БЕШЕ ОЧЕКУВАНО,СЕКОЈ БИ РЕАГИРАЛ ТАКА....:)
    Какво ПОЛУВРЕМЕ НЕ ЛАЖИ ТУКА..... срамота е....
    И полуглув овек ќе слушнеше дека се скандираше и пееше за време на вториот дел од мечот..кога одеше во живо преносот од мечот....
  9. jyvation

    jyvation Пургер

    Член од:
    4 ноември 2009
    Мислења:
    1.892
    Допаѓања:
    1.630

    Колку пати треба во тоа минијатурниот мозок да ви се каже дека пееа Војводи против битола и пелистер и они први почнаа и дека Комити официјално не присуствуваа на мечов немаше ни транспарент ни ништо.Одма рипнавте за клипот кога и сами знаете дека све тоа на клипот е точно.Незнам само што се ситите за Албанците во Скопје кои ни се најголеми душмани и треба да дејствуваме против нив на секое поле зошто за година две и во вашиот двор ќе дојдат.
  10. Goran Bt

    Goran Bt локал патриот

    Член од:
    28 јуни 2009
    Мислења:
    4.340
    Допаѓања:
    1.415
    Znaci koi lajnari imate vo grupata i na forumot abe aj ne ste vikale na reprerezentacijata iako i vas vi dadoja karti i bevte na sostanokot so ffm kako i nie kazi mi te mi go opravduvanjeto za najvata ?!Vie go sramite imeot na Komiti tie ne bile picki vo dusata i imale srce i ne otsatpuvale od prvata precka za razlika od vas isto taka komitite se borele za makedonija protiv dusmanite a samo da ve izvestam Bitolcani ne se dusmanite na makedonija tie se vistinskite makedonci za razlika od vas nie ne se sitime za vasiot problem so albancite tuku ne mozeme da go razberime kompleksot i paronojata od nas a vo svojot dvor(grad0 imate pogolem problem ama toa e sindromot na samounistuvanje
    На gsh_007 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Чичко Кумплунг

    Чичко Кумплунг деца на транзицијата

    Член од:
    3 декември 2011
    Мислења:
    3.692
    Допаѓања:
    3.500
    Вие сте тие што посакувате смрт на Скопјани. Се ситите за албанците, не се прај наудрен...
    Вас, барам јас лично, не ве сметам за непријатели, ве сметам за ривали, а вие во цело Скопје гледате како на смртни непријатели ;)
  12. Коњаникот Сабја

    Коњаникот Сабја Наум Наумовски Борче

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    21.045
    Допаѓања:
    23.507
    Ние не сме парамилитарна организација туку навивачка група, што очекуваш да правиме? :eek:
    Не сме 1903 туку 2013, време во кое владее демократија кога гласот на народот = 0.
    Ние како група колку толку дигаме глас (докажано сто пати), ама толку ни се можностите.
    Ривалство на стадион е една работа, бар во твоите 20 навивачки години требало да го сватиш тоа. Ако досега не си сватил незнам што да ти кажам.
    Да се ситите на нашиот проблем (кој не е само наш туку и ваш), а тоа сте го докажале многу пати со пароли и песни.
    После Кале извадивте сеирџиска песна како сме јаделе ќотек, пеете Цело Скопје албанско (Малку Кондово, малку сарај бла бла), во Чаир ви се ебат сестрите (да се ебат Македонки, ама шпоновине ебат благодарение на сиромашните Македонки кои доаѓаат да студираат овде и за пари ако треба и на глава ќе дубат, а не некои Скопјанки што растеле тука).
    Во Битола имате еден куп Грци и тие се истотака душмани на Македонија. Гледам секој ден тепани си одат... Пола Битола ви ја држат, ама никој ништо не ви вика пошто и нас ни смета тоа исто колку и на вас.
    Ви дојдоа и на вас шпонските навивачки групи, ВЛАКНО НЕ ИМ ФАЛЕШЕ.
    Ви дојдоа Шверцери, ВЛАКНО НЕ ИМ ФАЛЕШЕ.
    Што толку повеќе од нас сте постигнале за да бидете ПОГОЛЕМИ Македонци (колку дебилна тема на муабет кој бил поголем Македонец :pos:).
    Што божем не се палиме кога играме против Шкендија на пример? Да играме со Слога нема исти заебанции да се прават?
    Исто ве гледаме сите на стадион, подеднакво сте ни ривали, ама надвор од стадион јас немам проблем да се дружам со некој што е од Битола, ич кур не ме боли ако е од Битола...

    Ти си тој што не гледа во својот двор а збори за други.
    Колку што не чиниме ние толку не чините ни вие.
    И ние правиме грешки и вие.
    На Peja989, Matador :), Тетекс фан ^ и уште 12 други им се допаѓа ова.
  13. Tomasino

    Tomasino Green Lawyer

    Член од:
    19 март 2009
    Мислења:
    4.952
    Допаѓања:
    6.146
    Па сите тие песни за Албанците,Кондово,Сарај,Марај....се само еден одговор на вашиот(глуп) репертоар на песни...Скопје 2014,трговски,мекдоналдс?само ќе прашам?И ШО АКО ИМАТЕ МЕКДОНАЛДС,АЕРОДРОМ....
    ДЕКА СЕ ГЛУПИскандирањата и песните од двете страни,ГЛУПИ СЕ„ДЕКА НЕМААТ ВРСКА СО НАВИВАЊЕ НЕМААТ....!!!
    Шо можиме ние како група да смениме овде?
    Да ја запалиме владата зошто сите пари ги перат во Скопје?
    Се отепавте од дркање дека имате трговски,20 години иста песна...:facepalm:
    Добро имаше напишано еден дечко од ФА како коментар на клипот(на кој еден куп луѓе :drk:)НЕКОИ СЕУШТЕ ЖИВЕАТ ВО 93та година....
    Пак ќе кажам,нашата сцена,(ако можам да ја наречам таква):D е смешна...
    Посебно ако дојди некој да не посматра од страна,ќе се чуди шо се пее на трибини....:pos:од двете страни.....
    И после најголемо дерби било?шо дерби е не знам?кога на трибини има се само не навивање за својот клуб....:pipi:
    П.С.
    Кој Грци ја држат Битола бе:pos: :drk:
    Еве бујрум во Битола да видите шо држат Грците...држат ташак...
    Некои квази фабричиња за текстил со по 20-50 вработени кои земаат по ебани 100 евра за месец..
    Ниеден капитален стопански објект не е во грчки раце....во шо зависиме ние од Грците?
    Шо држат?Дај не тресете зелени....само колку да се залепи нешто,а појма немате од реалноста....
    Шо идат некои ѓупци(од соседните погранични градови) во сабота/недела и пазарат во Веро,или полнат бензин...или купуваат некоја евтина блуза од некои турски мини стоковни куќи...
    Сега видоа дека во Прилеп е поевтино и таму одат да пазарат по некоја блуза или фармерки....
    Нека не ве лажи Латас на Сител,или шо пишуваат Вест и останата жолта штампа....
    Можеби пред кризата оставаа добра пара по некои фенси бутици низ градот,некои мафијаши по казина,ама сега ги снема....како сенка...останаа малку....
    И шо треба,сега да се тепаат некои луѓе кои дошле овде да заштедат некое евро,да испазарат во Веро...
    Па ни најекстремните грчки националисти не ги тепаат нашите во Солун,Атина....зошто ние би биле исклучок..?
    Само глупи муабети тепаме на форум и едните и другите....колку да се напиши нешто...:facepalm:
    На • Војник •, wiz khalifa, MrzaRules и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. Syn

    Syn ^ Фабричка грешка

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    19.344
    Допаѓања:
    10.682
    Абе клипов реално си има и свои (n) моменти, прво, сите тие селски населби со тракторот се токму од Скопје, второ, типот што го возеше тракторот ако добро приметив имаше шал од Вардар или Комити, сеедно, што реално, е грешка у чекори ...

    Иначе поштуем вакви закачки.:D
    Али, толку од обединувањето, ја знам дека секој своето си го брани макар и се мижело и пред очигледното, али после она со репрезентацијата и ова со клипов, не треба воопшто да им се префрла, секоја навивачка група исто би постапила, реални да бидеме ...
    На PewDiePie и Goran Bt им се допаѓа ова.
  15. Коњаникот Сабја

    Коњаникот Сабја Наум Наумовски Борче

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    21.045
    Допаѓања:
    23.507
    Јас не реков дека не се глупи песните, глупи се ама ги има насекаде во навивачкиот свет, божем во други земји не се закачаат за вонспортски работи? :D
    Многу се потрсувате и ти и сите останати што го тупат МЕЃУСЕБЕ ЌЕ СЕ ИСПОКОЛЕМЕ. Не нема да се испоколеме, да се најдеме во битка со друга нација сите ќе си помогнеме, освен некои постари фаци што од времето си држат ривалство.
    Целиот муабет ќе ти има смисла ако надвор од стадион се тепаме само зашто сме од различни градови. Да се сретнеме надвор од стадион ќе се степаме? Ни на крај памет не би ми паднало освен нормално ако не е некој што ме пцуел лично или слично. Случајно седев еднаш со еден од Битола (а незнаев дека е Битолчанец) и се срами да ми каже, да не сме се тепале :facepalm:
    Тие што не идат на стадион си прават филмови дека којзнае какви непријатели сме, дека се колеме и ред други работи.
    Што се случувало на стадион останало на стадион, и сигурен сум дека 99% се водат по тоа, нормално освен во моменти на нашмрканост и начуканост, кога и меѓу себе би се степале некои а камоли со други групи.
    Незнам што толку тупење ако се пеело нешто, па се пее за да се испровоцира противникот. Некои скандирања се малоумни, некои не се, АМА СКАНДИРААТ И ДВЕТЕ СТРАНИ ( да не правиме муабет која е најдебилска песна, пошто песната за 63 неможе со ништо да се мери, ама тие што пеат не обрнуваат внимание, знаат дека не боли и пеат, исто како што ние пееме за ТАТ а никој не си рекол колку луѓе без пари останале).
    Незнам што ни се перете овде Комити вака пееле онака пееле, ни ги отековте јајцата, а се спомне Битолчанка одма тука следи муабет како вакви сме биле онакви сме биле пичка не сме висделе, па ако се спомнат трговски и други работи, одма следува муабет како сте биле град на културата итн (НЕ ИЗМИСЛУВАМЕ ТОПЛА ВОДА). Искрено, МИ Е ГАЈЛЕ што сте биле (минато свршено), чим се буните значи ве пецка, а тоа се бара, а нешто ќе те пецка само ако е вистина. Нема нешто што повеќе ве боли од тоа што сте го изгубиле приматот ГЛАВЕН ГРАД и крај :D
    И нас не пецка за Албанците, пецка пошто вистина е дека скоро ништо не им можеме во Скопјево (не како групи туку како Македонци вс шпони), ваше си е дали ќе пеете немам проблем со тоа, само немој после да го дрвите како сте биле НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ.

    П.с. Ете сега сте немале Грци, ама порано имавте и тоа во изобилство. Сум слушал и муабет дека во една од дискотеките искачале многу Албанци (од Ресен?), па не сум слушнал некој да ги тепа. Муабетот го спомнав колку да ви објаснам дека како што кажа и ти и НАЈЕКСТРЕМНИТЕ НЕ ТЕПААТ СЕ ШТО ЌЕ ИМ ДОЈДЕ...

    П.п.с тифо сцената е таква каква што е ради стари членови кои длабоко се влезени во политика, и на кои никој помлад не смее да им писне. Ако речат од утре не постојат Чкембари и Комити, нема да постоиме. Али кога ќе ги снема некогаш, ќе тргне сцената напред. Пример ДХ,навивачки образовани момци, имаат добри изданија во последниве 2 години. Ќе намирисаат пари старите Лавови и ќе ја превземат трибината кога сакаат (пример за баражот со Маџари). Кој ќе им рече нешто? Ќе си стават свои воџи и на крај целата слика ќе ја уништат. Слично функционираат сите групи, бар тие што имаат пообразована младина.

Сподели преку: