НЕПОТИЗАМ во државни вработувања во МК

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Со една ваква тема ќе пробаме да ставиме “бела“ листа на сите синови, ќерки, внуки, братучеди кои благодарение на роднинска линија успеале да се вработат во државна институција и/или во приватна фирма што главно работи со државата, и да цицаат од парите на народот што го полни буџетот.

Со оглед на тоа да ова не е нешто ново, ( претпоставувам ) ќе има примери и од позиција и од опозиција, мислам дека двете страни ќе бидат задоволни во препукувањата наши/ваши.

Како и да е, ќе добиеме слика кои не води во државата. Ќе почнам со поактуелни примери.

Митко Чавков
Неговиот 24-годишен син Иван Чавков, во бизнисот со градежништвото, Една од компаниите е „ПОРТЛАНД-ОПЦ“, чиј единствен сопственик, според потврда од Централен регистар, е Иван Чавков. Тој е и управител на ова друштво формирано во 2010 година.
Две години по основањето на оваа компанија, односно во 2012 година, е основана компанијата „ИН-МАК БЕТОН“. Иван Чавков е основач на оваа компанија за производство на готова бетонска смеса, заедно со извесен Неџати Бакиу од Гостивар, во партнерски сооднос.
Од Министерството за економија информираа дека во 2013 година склучиле договори со „ПОРТЛАНД-ОПЦ“ за детални геолошки истражувања на песок и чакал и во 2013 година склучило договор со „ИН-МАК БЕТОН“ за експлоатација на варовник за период од 30 години. Компанијата „ИН-МАК БЕТОН“, во 2012 година остварила добивка од 8.274.359 денари.

По добивањето на државната функција, Митко Чавков успеал цела своја фамилија да ја вработи во државните институции.
Сопругата Јасмина Чавкова која претходно работела како дактилограф, а вонредно завршила на ФОН добила раководна функција во Секторот за гранични работи и миграција во МВР.
Снаата Данче Чавкова е вработена како раководител на отсекот за крипто заштита.
Внукот на Чавков, Илија Николов е заменик началник на СВР – Струмица,
Внуката од првиот братучед Јасмина Зекирска која е полицаец со вонредно тригодишно образование во СВР – Струмица е унапредена за инспектор за економски криминал.
Првата братучетка на Јасмина Чавкова, Бистра Глигорова е вработена како началник на Одделението за заеднички работи додека
Првиот братучед на Јасминка Чавкова, Драганчо Трендафилов е вработен како раководител на Отсекот за крим техника.
Другарот на министерот Чавков, Трајан Николов е заменик началник во СВР – Струмица, а неговиот син е еден од ново-вработените во СВР – Струмица. Синовите на другарот на Митко Чавков – Драги Стојменов, Марјан и Дејан Стојменови се вработени во СВР – Струмица по огласите распишани од Чавков
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Поради вакви ГОВЕДА...некој деца ќе останат без работа и цел живот, меѓу кој некој иако прогласени за најдобар дипломиран студент на УКИМ и по 10 години се уште ќе бидат под завод. Ама...
ама на крајот за сите е крајот е ист и за фараонот и за слугата...
2 м.
и среќа бар што е тоа така,тука во тоа бар сме еднакви.
Таму врски не помагаат,место има за сите, да може оние погоре наведени би направиле и вечност само за нив, а ние доле...?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Бранко Ушковски, претседателот на Судскиот совет

Неговата ќерка, Маре Ушковска, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, добила стипендија од Министерството за образобание и наука за постдипломски студии, насока Државна политика на Универзитетски колеџ Лондон.
Сега, таа е економски промотор и раководител на интернационалната канцеларија на проектот „Инвестирај во Македонија“ во Единбург, Шкотска

 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Гордана Јанкулоска

Сопругот на Јанкулоска, Влатко Илиевски, беше советник во кабинетот на премиерот , а во 2013 година станува независен член на одборот на директори на Македонската берза .
Сега, со одлука на Владата, официјално е именуван за претседател на Инспекцискиот совет
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Нови вработувања во тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Откако вчера на прес-конференција од обвинителството потврдија дека во нивниот тим е вработен Борче Трајковски, познат како Боки Бургија близок до СДСМ и остар критичар на власта, деновиве актуелна е и информацијата дека Јанева обезбедила и место за нејзиниот внук, Ѓорги Делиџаков од Гевгелија, студент по економски науки. Критериумите по кои се избираат кадрите во СЈО не се познати.

Специјалната обвинителка Ленче Ристовска прашана за вработувањата во СЈО, ја потврди информацијата за работниот ангажман на Бургија, лице осудувано за измама и за потешки дела од областа на безбедноста, но истакна дека осудуваноста или неосудуваноста не се дел од неопходните услови кои ги предвидува законот за вработување на одредено лице.

„Како што ви напоменав, законот предвидува услови кои што се неопходни за едно лице да биде вработено осудуваноста или неосудуваноста не е една од тие услови, туку дали постои забрана тоа лице да врши одредена професија, дејност или должност, за што ние добивме од судот потврда дека таква забрана тоа лице не поседува. “, рече Ристовска.

Дел од медиумите кои ја објавија информацијата, наведуваат дека Трајковски во 2000 година бил осуден на затвор од 1 година за „измама“. Јавноста го знае како редовен учесник на протестите на опозицијата, но и по острите и напати вулгарни статии што ги пишува како колумнист.

Според експертите, обвинителството на Јанева станува база за вработување на партиски кадри и членови од семејствата на нејзините обвинители. Меѓу членовите во тимот на Јанева е и Елена Јосифовска, ќерка на една од обвинителките во СЈО, а вработен е и Владимир Миладиновски, дел од нејзиното семејство. Вработување добил и Љупчо Чучурски од Берово роднина на обвинителот Гаврил Бубевски.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=114604#.WBkJHPkrLIU
[DOUBLEPOST=1478036035][/DOUBLEPOST]Најбрутален пример е Љупка Цветкова која е вработена во кабинетот на Зоран Заев и важи за блиска пријателка на неговиот брат Вице. Таа минатата година успеала во општина Струмица да го вработи својот татко Митко, а таму работи и нејзиниот прв братучед Борче. Од општина Струмица плата зема и тетkата на Љупка Цветкова Нетка Тимова.

Својот син Иван во општината раководена од Заев успеал да го вработи и пратеникот на СДСМ Марјан Даскаловски а внатрешниот ревизор во општината Софија Граматикова која истовремено е и претседател на струмичкиот форум на жени на опозицијата си обезбедила работно место за својата ќерка.

Работно место во општина Струмица по крајот на пратеничката кариера се нашло и за Цветанка Иванова а веднаш потоа, таа успева во општината на Заев да ги вработи двете снаи Софче и Билјана. Во општина Струмица е ангажиран и екс пратеникот на СДСМ Панче Орцев како и неговата снаа Нела Масалковска. Работно место се нашло и за екс пратеникот Ацо Киров како и за екс градоначaлникот на Босилово Ѓорѓи Манушев.

http://sitel.com.mk/brakja-sestri-i-rodnini-epidemija-od-partiski-vrabotuvanja-i-vo-opshtina-strumica
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Со една ваква тема ќе пробаме да ставиме “бела“ листа на сите синови, ќерки, внуки, братучеди кои благодарение на роднинска линија успеале да се вработат во државна институција и/или во приватна фирма што главно работи со државата, и да цицаат од парите на народот што го полни буџетот.

Со оглед на тоа да ова не е нешто ново, ( претпоставувам ) ќе има примери и од позиција и од опозиција, мислам дека двете страни ќе бидат задоволни во препукувањата наши/ваши.

Како и да е, ќе добиеме слика кои не води во државата. Ќе почнам со поактуелни примери.

Митко Чавков
Неговиот 24-годишен син Иван Чавков, во бизнисот со градежништвото, Една од компаниите е „ПОРТЛАНД-ОПЦ“, чиј единствен сопственик, според потврда од Централен регистар, е Иван Чавков. Тој е и управител на ова друштво формирано во 2010 година.
Две години по основањето на оваа компанија, односно во 2012 година, е основана компанијата „ИН-МАК БЕТОН“. Иван Чавков е основач на оваа компанија за производство на готова бетонска смеса, заедно со извесен Неџати Бакиу од Гостивар, во партнерски сооднос.
Од Министерството за економија информираа дека во 2013 година склучиле договори со „ПОРТЛАНД-ОПЦ“ за детални геолошки истражувања на песок и чакал и во 2013 година склучило договор со „ИН-МАК БЕТОН“ за експлоатација на варовник за период од 30 години. Компанијата „ИН-МАК БЕТОН“, во 2012 година остварила добивка од 8.274.359 денари.

По добивањето на државната функција, Митко Чавков успеал цела своја фамилија да ја вработи во државните институции.
Сопругата Јасмина Чавкова која претходно работела како дактилограф, а вонредно завршила на ФОН добила раководна функција во Секторот за гранични работи и миграција во МВР.
Снаата Данче Чавкова е вработена како раководител на отсекот за крипто заштита.
Внукот на Чавков, Илија Николов е заменик началник на СВР – Струмица,
Внуката од првиот братучед Јасмина Зекирска која е полицаец со вонредно тригодишно образование во СВР – Струмица е унапредена за инспектор за економски криминал.
Првата братучетка на Јасмина Чавкова, Бистра Глигорова е вработена како началник на Одделението за заеднички работи додека
Првиот братучед на Јасминка Чавкова, Драганчо Трендафилов е вработен како раководител на Отсекот за крим техника.
Другарот на министерот Чавков, Трајан Николов е заменик началник во СВР – Струмица, а неговиот син е еден од ново-вработените во СВР – Струмица. Синовите на другарот на Митко Чавков – Драги Стојменов, Марјан и Дејан Стојменови се вработени во СВР – Струмица по огласите распишани од Чавков
Незнам стварно што мислеше пред да ја отвориш темава. Каков одговор очекуваш од мене и од останатите членови на форумов? Да, ете така е како што е, како што викаш ти, овие господа прават што сакаат. Кажи ми сега ти, што да правиме ние околу цела оваа работа?
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Јас лично познавам три личности кои Чавков ги вработи во СВР Струмица додека беше министер за внатрешни работи. Не ме чуди и фамилијата што е наведена погоре да е стварно наместена на тие позиции, иако не сум запознаен и многу не се замарам со вработените во МВР. Имаше муабети и дека многу од новите полицајци што беа примени се исто така блиски до него или неговата фамилија. Овој феномен во Македонија постоел отсекогаш, нема тука ништо чудно.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Eдноставно, така одат работите во Македонија... таков е менталитетот... Можеби после неколку генерации нешто ќе се смени, ама во текот на нашите животи нема шанса за некаква промена.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.925
Па влијателни луѓе имаат влијателни сопрузи, сопруги, синови, ќерки на влијателни позиции...
Ако дотичниот е Министер во Влада, што треба неговата жена да прави да продава платиџани на пазар?
Или синот сервис за коли да држи а татко му Амбасадор?
"Ела синко, факултет заврши, дај да те пуштам како Промотор за странски инвестиции во Брисел.
Не тато фала, ме чекаат муштериине да им сменам ребраст каиш....."

Тииии што сте будали...
 

WeAreWhoWeAre

Mia san mia
Член од
12 јули 2015
Мислења
244
Поени од реакции
511
Oд извртоперен народ без грам морал,совест и памет што очекувате ? Да постават способни луѓе ?
Затоа ниедна институција не работи како што треба , ова што е денес Македонија е држава на хартија додека не им скурчиме на западот и да отидеме во заборав. Државноста ни се искорени ако некогаш ја и имавме благодарение на овие лопови. Кај и да е во иднина ќе не изучуваат во странство на факултетите за социологија, психологија и историја. Можеби и невропсихијатрија

Инаку снаата на Чавков е доста згодна :D
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.045
Поени од реакции
19.653
Двајца први братучеди, едниот премиер, другиот директор на УБК. Е тоа ти е врв на непотизмот. Сè друго е гола вода и игри за мали деца. :LOL:

А, во духот на демократијата и избалансираното известување, еве нешто и за другото од двете зла.

Другото зло, пак, пред камери ветува крај за партиските вработувања, крај за непотизмот, професионална и ефикасна администрација и слични провидни бајки на кои се пали простата маса народ, a всушност, уште не дојдени на власт, наместо да покажат дека се барем мааалку поразлични од другите, тие го докажуваат токму спротивното.

Веројатно под "професионална и ефикасна администрација" се подразбира замена на портокаловите штабери, со нови штабски куропушачи во плава танга. :icon_lol:

Фросина Ременски

Сопругот на Фросина Ременски, противзаконски и без никаков интерен оглас е унапреден за четири позиции во МВР. Платата од 27,000 на 40,000 денари. Покрај сопругот на Ременски, за само неколку месеци биле поделени и околу 500 други вакви решенија.

Без никаков интерен оглас Спасовски спротивно на Законот за внатрешни работи го унапреди сопругот на технички назначената министерка Фросина Ременски за цели четири позиции. Јовче Ременски од самостоен инспектор во полициската станица Гази Баба со 720 бода е распореден на позиција генерален советник – инспектор во Кабинет на УБК со 1050 бода, што е незаконски скок од четири нивоа, односно рушење на целиот систем за кариера во МВР. При тоа Ременски ниту врши исти, ниту сродни работи како што предвидува Законот.

Техничкиот министер прескокнал четири скалила рушејќи го системот на кариера, па на сопругот на неговата сопартијка Спасовски скоро двојно му ја зголемил основната плата. Од 27 илјади сега ќе зема 40 илјади. Уште еден скандалозен пример за класичен непотизам.

Генералниот секретар на СДСМ го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Последен во низата истакнати партиски кадри кои ги вдоми Оливер Спасовски е Горан Трајановски. Овој член на СДСМ кој претходно беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество сега е назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика.

Инаку со владината одлука практично беа прогласени за ништовни незаконските унапредувања на сопругот на Ременски и уште стотици други лица во МВР без притоа да се спроведе оглас и да се почитуваат јасни критериуми. За само неколку месеци беа поделени околу 500 вакви решенија а добар дел од нив откако Спасовски и останатите од СДСМ излегоа со став дека си поднеле оставки во владата.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Знае ли некој колку луѓе "работат" по тоа дирекциите,агенциите и комисиите, измислени само за вдомување на партиски војничиња?
Само неколку ќе набројам:
-Дирекција за пасишта?!?:facepalm:
- Дирекција за заштита и спасување?!?
- Дирекција за безбедност на класифицирани информации?!?
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
- Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
- Агенција за развој и инвестиции
- Агенција за поддршка на претприемништвото
- Агенција за европски образовни програми и мобилност

Има еден куп вакви дирекции,агенции и комисии,ме мрзи да барам сигурно има и побанални од тие што ги набројав.
Покрај тие агенции,дирекции и комисии,кои никој не знае за кој кур служат има и такви кои имат некоја функција. Во таквите пак има луѓе кои работат како асистенти на советникот,а има и такви кои работат како советници на асистентот - колку такви ликови има,мислам дека никој не знае, дури ни тие што ги измислија таквите позиции.
Постов е напишан пред четири години. Одтогаш сигурно имаат воведено уште 2 165 300 регулаторни комисии, агенции, дирекции и слични арамиски измишљотини, оти им требаше, покрај фамилиите и плакатолепачите, да си ги запослат швалерките и професионалните апологетици, како овој од линков:
http://maktel.mk/News.aspx?id=77532
http://maktel.mk/News.aspx?id=77532
Е сега, на најголемиот дел од тие "заслужни граѓани", не им доста тоа што цицаат тешки пари на грбот на народот, туку и се курчат, се понашаат како уште и да им должиме нешто.

Сите ние знаеме често да кажеме дека на Македонецот му фали државотворниот елемент во неговиот менталитет. Уште повеќе ќе му фали, и тоа малку што го имал, ќе го изгуби.

Нашава држава, полека почнува од паразитски организам кој го цица народот, да преминува во непријателски организам, нешто слично како што биле странските окупатори.

Вака поставен систем може да биде само толериран, од причини слични на тие поради кој и отоманскиот бил толериран 500 години.
Дури и утре да се смени поставеноста на системот, ќе треба многу, многу време и работа за да биде респектиран, наместо толериран.

На сето ова морам да додадам дека кога ги гледам конвоите на овие со "плава крв", што се возат со пратња, во кој филм се и како се однесуваат во сообраќајот, добивам желба да им фрлам бомба. Мамичето смрдено да им го ебам, папата кога мине некаде нема такво курчење, ама таа е.. Додека не заврши некој обесен или наденат на кол, ќе лечат комплекси.




 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
СОТИР КОСТОВ, “независен“ аналитичар



Костов е вработен во Управата за цивилна и воздушна пловидба и е претседател на комисијата за авионски несреќи.
Неговата сопруга , Биљана Костова е шефица на протокол на Груевски.
Неговиот син , Ѓорѓи Костов е вработен во Агенција за воздухопловство
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Отсекогаш непотизмот беше на сцена во Македонија. ВМРО не го започна тој тренд, само го усоврши до крајни граници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom