Музички вести

Дискусија во форумот 'Музика' започната од Др.-АГАН, 26 март 2009.

  1. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Концертна прослава на десет години КУР

    [​IMG]Познатиот скопски рок-состав Културно Уметнички Работници (или нагалено КУР), месецов го слави јубилејот – 10 години постоење. По тој повод, во текот на април веќе имаат договорено две свирки, а во преговори се и за третата. Еве за што станува збор...

    Првиот настап всушност е unplugged – Live in Канал 103, закажан за 12-ти април, а три дена подоцна (14. Април) свират во скопскиот Indie Pub.

    Live in Balance – Охрид, предвиден за 16-ти овој месец се уште не е официјално потврден...

    Во својата десетгодишна работа, КУР снимија два албума, а меѓу многуте свирки и настапи посебно се издвојува онаа на Гитаријада во Зајечар 2005-та година, каде настапија како специјални гости, како и ланскиот концерт на Егзит...

    Двата албуми на КУР можат за беспари да се симнат од Интернет...
    извор:ммм
  2. devojka111

    devojka111 i'm real

    Член од:
    28 декември 2008
    Мислења:
    1.944
    Допаѓања:
    139
    Бојан Маровиќ на велигденска турнеја

    [​IMG]Мегапопуларната црногорска музичка ѕвезда Бојан Маровиќ од 16. до 20. април повторно ќе претстојува во Македонија. За последен пат кај нас тој гостуваше лани, за Денот на дрвото, каде на покана на организаторот на неколку различни локации засади млади дрвца,а ден потоа и на првиот Македонски радиски фестивал МАРС 2008 каде ја доби наградата за најпопуларен пејач од својата земја во Република Македонија, но и најприсутна балканска поп-ѕвезда кај нас во 2008 година. Овој пат неговата мини велиигденска турнеја ќе содржи 4 настапи по клубовите и дискотеките низ земјава, каде покрај своите најголеми хитови и песните од својот втор албум Литар неба, тој ќе ги промовира двете последни песни кои го најавуваат неговото ново ЦД како што се Зрно бибера и последниот сингл Да моја си, со која ја освои и наградата за највртена песна во српскиот и македонскиот радиски етер на последниот радиски фестивал во Србија.

    Велигденскиот престој во Македонија Бојан Маровиќ ќе го започне в четврток на 16. април 2009-та, со настапот во струшката дискотека Гламур. Веќе следниот ден,на Велики петок – (17.4.2009) е закажан неговиот настап во најпознатиот биотолски ноќен клуб Расчекор.

    Саботата (на 18.4.2009) Бојан Маровиќ ќе има свое шоу во по европски стандарди реновираната дискотека Елдорадо во Гостивар, а својата мини-турнеја ќе ја заокружи в недела на ден Велигден (19.4.2009), во Струмица, во популарната дискотека Платинум, каде се најавува невидена велигденска журка.

    Овој пат Бојан Маровиќ наместо на матрица ќе настапува во живо заедно со својот придружен клавијатурист, што дава можност покрај своите песни, забавата да ја збогати со неколку сета на познати ЈУ-евергрини и актуелни хитови.

    На последните два концерти во Гостивар и Струмица, како специјален гостин ќе му се придружи и нашата идол-ѕвезда Ноне Неделковска која покрај изборот од своите најголеми хитови зедно со Бојан Маровиќ ќе ја изведат неговата балада Без тебе нема утре, што на македонски јазик во дует ја отпејаа на последниот Макфест.
    извор: ммм
  3. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Ноне повторно на Идол

    [​IMG]Како што е веќе познато во деновите на одржувањето на големите концерти на музичкото талент шоу Music Idol во Софија, на секој настап предвидено е да гостува по една голема музичка ѕвезда од Бугарија, Србија и Македонија. Така , откако ги видовме настапите на бугарски те ѕвезди Ивана, Глорија, Анелија..., и српската фолк мега-ѕвезда Лепа Брена, полека доаѓа редот и на македонските претставници.

    Прва која ќе има чест да го скрши мразот ќе биде нашата финалистка во Музичкиот идол од 2005 година, Ноне Неделковска, која меѓу многуте таленти од Србија, Црна Гора и Македонија, дотурка до самото финале и за влакно не победи. Сепак, таа единствена од сите тогашни учесници изгради успешна музичка кариера во која за 4 години издаде три албуми, сними 12 видео-спота, настапи 10-ина пати на најреномираните домашни фестивали како и на најзначајните забавно-музички фестивали на бившите ЈУ-простори од кои на два ја освои и Гранд При наградата. Со тоа стана една од најпопуларните поп-ѕвезди на домашната сцена, но и една од најбараните кога се во прашање настапите по ноќните клубови и дискотеките низ Македонија.

    Што се однесува до гостувањето на Музичкиот идол, вадењето на бугарските визи веќе е во процедура и се чека само потврдата на точните датуми од страна на организаторот по што бугарскиот и домашниот ТВ аудиториум ќе може повторно да ја види и слушне Ноне на Идол!

    Додека деновиве на дискографскиот пазар се подготвува да се појави и вториот тираж од нејзиниот Бест оф албум 3 во 1, новиот хит на Ноне, обработка на песната Доволно луд интезивно се врти во македонскиот радиски етер, а видео-референцата за етно-римејкот на народната Бело лице љубам јас по ТВ станиците низ Македонија и соседството.

    Во меѓувреме, Ноне продолжува со својата концертна активност, па така веќе овој петок таа ќе настапи во скопската дискотека Ас , а веќе следната недела ќе биде специјален гостин на велигденските концерти низ Македонија на мега-популарниот црногорски пејач Бојан Маровиќ.

    Продолжен конкурсот за Mакфест 2009!

    [​IMG]По завршувањето на конкурсот, во дирекцијата на Макфест пристигнаа 85 композиции од автори од Македонија. По преслушувањето селекционата комисија на Фестивалот одлучи во официјалната програма на Макфест да се најдат овие 14 нумери, од следниве автори

    1. Нешто посебно - Баже Темелков

    2. Направи од светот рајско место - Мирче Кикиритков

    3. Душа уморна - Илија Ќосевски

    4. Љубов или сон - Јордан Манов

    5. Остави се - Александар Масевски

    6. Твоја - Кирил Бабамов

    7. Тоа е лесно - Весна Малинова

    8. Балада - Дарко Тасев

    9. Еден за друг - Весна Малинова

    10. Боем - Хари Котларовски

    11. Уморна - Дарко Тасев

    12. Свтри се - Кристијан Габорски

    13. Грее љубов - Хари Котларовски

    14. Љубов и грев - Кристијан Габроски

    Селекционата комисија по преслушувањето на пристигнатите композиции одлучи три нумери од конкурсот да се најдат во програмата за дебитанти:

    1. Станица - Стевче Грозданов

    2. Волшебна кочија - Зоран Рудан Цеки

    3. Немирна - Ванчо Димитров

    Заради непополнетета продукција, што е резултат на слабата и неквалитетна понуда од авторите, дирекцијата на Фестивалот одлучи да го продолжи конкурост за Макфест 2009 до 15-ти мај. Дотогаш авторите повторно на адреса на Макфест можат да ги испраќааат композициите со кои евентуално би се пополнила продукцијата за годинашново 24 фестивалско издание кое ќе се одржи на 8,9 и 10-ти октомври.
    извор:ммм
  4. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Русите вложија 36,5 милиони долари за Евросонгот
    [​IMG]
    Годинашниот организатор на Евросонг, Русија, издвои дури 36,5 милиони долари за шоуто што ќе се одржи во Москва од 12 до 16 мај - јавува „Блиц“. Спектаклот во Олимписката арена ќе го водат телевизискиот водител Андреј Малахов и познатата руска пејачка Алса, што во 2000 година беше евровизиска претставничка на Русија во Стокхолм, кога го освои второто место. Подготовките се веќе во тек, а организаторите ангажираа многу стручњаци од странство, вклучувајќи го и познатиот сет-дизајнер од Њујорк, Џон Кејси, кој е заслужен за изгледот на бината и визуелниот концепт на манифестацијата. Кејси и порано има учествувано во дизајнирањето на бината на Евросонг и тоа во 1994, 1995 и 1999, односно сите трипати кога натпреварот беше организиран во Даблин во Ирска. Оваа година тој ќе се претстави со сосема поинаква сцена од онаа што можеше да се види лани во Белградската арена, благодарение на многуте футиристички елементи.

    Инспирацијата за ваквиот модерен изглед ја нашол во руското авангардно сликарство, а особено во конструктивизмот. Тоа што е особено интересно е дека на самата бина ќе има многу ЛЦД-екрани во најразлични облици, кои треба да создадат тридимензионален впечаток. Што се однесува до Олимписката арена во која се одржува Евросонг, таа е изградена во 1980 година за потребите на Олимпијадата и има капацитет од 80.000 луѓе. Со оглед на тоа што просторот е огромен, во неа првпат по многу години ќе биде сместен и прес-центарот, кој досега беше на друга локација.



    „Едиторс“ на „Ин мјузик“ во Загреб
    [​IMG]
    Составот што весникот „Мејл он сандеј“ го нарече „вториот најголем британски бенд на деценијата по „Арктик манкис“, „Едиторс“, ќе биде дел од претстојниот фестивал „Ин мјузик“ во Загреб. Четворката од Бирмингам, основана во 2002 година, досега промовира два студиски албума, а третиот почна да го снима во март. Групата, што зад себе има продажба од над два милиона примероци од своите дискови, ќе свири на манифестацијата што на 24 и 25 јуни ќе се случи на езерото Јарун во хрватската метропола.

    „Едиторс“ се прослави со својот мрачен инди-рок стил што најчесто го споредуваат со звукот на „Еко енд банимен“, „Џој дивижн“, „Интерпол“ и „У2“ во раната фаза. Членови на бендот денес се: Тод Смит (вокали, ритам-гитара, пијано), Крис Урбанович (водечка гитара, синтисајзери), Расел Лич (бас, придружни вокали), Ед Леј (тапани, перкусии). Првото цеде на „Едиторс“ беше во игра за престижната награда „Меркјури“, а вториот албум дебитира на првото место на британската албумска топ-листа. Во 2007 година, на „Брит авордс“, групата беше номинирана во категоријата за најдобар британски бенд.

    извор:дневник
  5. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Комплетирана листа на финалистите на Рок-фест 09

    [​IMG]По исцрпните пет натпреварувачки вечери на Рок-фест 2009, во кои настапија 23 состави од Македонија и еден од соседна Србија, конечно се познати и имињата на групите кои в сабота ќе настапуваат на големото финале. Според бројот на гласовите од публиката, во финалето одат групите - Крпен живот, Capital Punishment, Noi53, Red Rose, Scorch. Но, она што сите најмногу го очекуваа, името на бенодт кој е избран да свири во финалето според мислењето на жирито, конечно е потврдено. Тоа е метал-составот Beyond the horizon, кој заедно со останатите ќе ги одмерат силите на сцената и ќе се обидат уште еднаш да ја освојат публиката и жирито и со тоа да се впишат во листата на победниците на Рок-фест, во која се наоѓаат многу култни состави од македонската рок-сцена.

    Исто така, освен најдобрите групи, ќе се прогласи и најдобриот гитарист на фестивалот, кој ќе биде награден со гитара Yamaha, што традиционлано во последниве десет години ја доделува продавницата за музички инструменти До-Ре-Ми.

    Како гости на финалето ќе настапи уште една скопски метал-формација, групата Сторм, која што во изминативе две годни насапуваше на овој реномиран фестивал. Во оваа пригода, Сторм, ќе отсвират дел од материјалот, кој што за кратко време треба да се појави како нивно прво албумско издание.

    Како подгревање на атмосферата за финалето на Рок-фест 2009, вечерва во МКЦ, ќе се одржи и ревијалната вечер, на која ќе настапат четири поквалитетни групи, кои се некогашни победници или учесници на Рок-фест.

    Влезниците за ревијалната вечер ќе изнасуваат 150 денари, додека пак за финалната 200 денари, и ќе може да се набават од 20 часот на касата на МКЦ, на денот на одржувањето на свирката.

    Еве ја Рок-фест викенд програмата:

    10. април - РЕВИЈАЛНА ВЕЧЕР

    S.O.F.A.R.
    Vandal
    DFL
    Serpentine Fire (фото!)

    11. април – ФИНАЛЕ

    Capital Punishment
    Red Rose
    Beyond the horizon
    Scorch
    Noi53
    Крпен живот

    Гости

    Storm
    извор:ммм
  6. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Дует на Лени Кравиц и Карла Бруни
    [​IMG]
    Рокерот Лени Кравиц ќе сними дует со сопругата на францускиот претседател Николас Саркози, поранешниот модел, сега музичарка -Карла Бруни. Идејата за соработка се родила откако Саркози му испрати писмо на Кравиц во кое ја пофали неговата музика. Лени се понудил да и' помогне на Карла на нејзиниот следен албум. Лени и Карла се познаваат одамна. Извор за „Дејли стар“ потврди дека Николас и Карла се негови големи обожаватели и дека тоа веќе му го кажале. По ова тој веднаш се понудил да снимат заеднички материјал со Бруни, така што во следниот период, веројатно, ќе се зборува повеќе за нивната соработка и за планираниот дует.

    извор:дневник
  7. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Ману Чао непожелен во Мексико
    Францускиот пејач Мани Чао беше депортиран од Мексико поради тоа што упатил коментари за политиката во таа земја. За време на минатонеделната посета на филмскиот фестивал во Гвадалахара, Ману Чао дискутирал за безредието од 2006 година во градот Сан Салвадор Атенко во северно Мексико.

    - Тоа што се случи во Атенко беше државен терор, на некој начин - изјави тој за новинарите. Во немирите од 2006 година над 200 лица биле повредени. Заменик-министерот за внатрешни работи потврди дека пејачот е под истрага на полицијата, а Ману Чао го откажа планираниот концерт.

    извор:дневник
  8. devojka111

    devojka111 i'm real

    Член од:
    28 декември 2008
    Мислења:
    1.944
    Допаѓања:
    139
    Велигденска забава со Владо во Парк во Охрид

    [​IMG]Владо Јаневски останува верен на традицијата да настапува во Охрид за Велигден. Дискотеката Парк во недела на 19-ти aприл, како и обично ќе биде место за голема празнична веселба на која ќе се пеат легендарните рефрени на песните на Владо Јаневски.

    Впечатоците од предновогодишниот охридски концерт се најдобра гаранција за незаборавна забава како за охриѓани, така и за гостите од сите краеви на Македонија кои токму во Охрид ќе го слават најголемиот христијански празник.

    Дискотеката Парк ги отвора вратите за сите фанови на Владо во 21 часот а организаторите потврдуваат дека се е подготвено за магијата која се случува секогаш кога Владо заедно со публиката ги пее своите и нивните песни.

    На Велигден, штом ѕвона забијат...
    извор: ммм




    Избрана највлијателната личност во историјата на музиката

    [​IMG]
    Британците одлучија кој нивен сонародник ја изменил историјата на музиката.


    Изборот падна на Крис Блеквел, човекот кој преку својата дискографска куќа Island, го откри Боб Марли и ја лансираше кариерата на U2. Блеквел исто така го победи и Џорџ Мартин, продуцентот на Битлси, како и Ричард Брeнсон (Virgin), вклучувајќи и многу други од 20 – те финалисти од музичката индустрија.

    Прогласувањето на победникот е одржано на 8 – ми април во Лондон, во склоп на Музичката недела.

    Блеквел ја основал Island Records уште во 1959 година, Боб Марли го открил во 1972 година, а потпишал и со Roxy Music. Продуцирал неколку хитови, вклучувајќи го евергринот 'My Boy Lollipop' Millie Smalls.

    извор: точка
  9. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Цела дискографија на „Битлси“ повторно ќе биде објавена
    [​IMG]
    Поранешните членови на „Битлси“ Пол Макарти, Ринго Стар и фирмите „Епл корпс“ и „Еми“ по две декади се договорија да вложат неколку милиони фунти за преобјавување на албумите на „Битлси“.

    Сите 12 студиски албуми на легендарните „Битлси“, повторно ќе биде издадено во дигитална ремастеризирана стерео-верзија, која ќе се појави во продажба на 9 јули, на ист ден како и првата видеоигра на најпопуларната четворка од Ливерпул. Првиот албум го снимија во 1963 година, а последниот во 1969 година. Техничарите во студиото „Еми“ во последните четири години ги обработуваа снимките користејќи модерна и винтиџ студиска опрема, по што мораа да внимаваат на автентичните оригинални аналогни снимки. Освен студиските албуми, луксузниот пакет ќе содржи и ремастеризирана верзија на филмот „Меџикал мистери тур“ и компилација „Паст мастерс 1 и 2“. Албумите со оригиналните обвивки мора да се купат одвоено и во комплет.

    - Навистина може да се забележи разлика. Неверојатно е кога слушате ЛП за кое знаете дека е толку добро и слушате делови што досега не сте ги забележале. Во секој случај, снимката е погласна отколку претходно - вели Кевин Хаулет, стручњак за „Битлси“ и автор на белешките на новите албуми.



    Ламбе Алабаковски сними нов спот
    [​IMG]
    Поп-пејачот Ламбе Алабаковски го сними вториот спот од актуелниот албум „Да не те љубев“. Песната „Научи да се радуваш“, која е хит на радиостаниците, доби видеозапис, а режисер е Александар Ристовски-Принц. Спотот е снимен на неколку локации во Скопје, а покрај Ламбе во него се појавува и манекенката Катерина Николовска. Музиката и аранжманот за песната „Научи да се радуваш“ е на Лазар Цветкоски, а текстот е на Дарко Димитров.

    извор:дневник
  10. devojka111

    devojka111 i'm real

    Член од:
    28 декември 2008
    Мислења:
    1.944
    Допаѓања:
    139
    Калиопи, Влатко и Каролина во трка за наградата Индекси 09!

    [​IMG]Вчера во Сараево беа претставени номинациите за регионалната музичка награда Индекси 09, која порано беше позната и како наградата Даворин. Имено, станува збор за по шест номинирани изведувачи и групи во секоја категорија, кои успешно го минаа првиот елиминационен круг.

    Наградата Индекси се доделува во 11 категории, плус 7 категории за дебитантски албум. Доделувањето на наградата Индекси 09 ќе се случи во Сараево, во првата половина на месец мај. Она што нас најмногу не интересира, тоа се македонските учесници за статуетката Индекси 09. Па, да тргнеме по ред...

    Калиопи се најде меѓу номинираните во категоријата Поп-албум на годината. Нејзиното најново цеде Желим ти реќи е во трка за награда со проектите на: Северина, Дино Мерлин, Арсен Дедиќ, Тони Цетински и Мањифико.

    Влатко Стефановски со Гром од ведро небо се најде во категоријата Блуз, реге, даб и останато, заедно со, Лајбах, Дино Дворник, Дарквуд Даб, Дубиоза Колектив и Поинт Бленк.

    Во категоријата Етно ворлд-албум на годината е и Каролина Гочева со албумот Македонско девојче, но и уште две групи од Хрватска кои негуваат македонска музика: Афион и Езерки & 7/8.

    Во категоријата Женски изведувач на годината е Калиопи, заедно со Јадранка Стојаковиќ, Маја Татиќ, Северина, Ана Станиќ и Марија Шерифовиќ.

    Во категоријата Концертен настан на годината, меѓу шест номинирани еи турнејата на Влатко Стефановски Трио и Јан Акерман.

    За жал, тоа се сите номинирани изведувачи од Македонија.
    Гласајте за нив!

    извор: ммм
  11. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Гостувања на ЛТЏ Букем и Валентино Канзјани
    [​IMG]
    Драмендбејс музичарот, продуцент и диџеј ЛТЏ Букем, вечерва гостува во скопскиот клуб „Хардрок“, а во „Колосеум“ ќе се одржи забава со словенечкиот хаус-техно-артист Валентино Канзјани. ЛТЏ Букем, кој е основач на „Гуд лукинг рекордс“, етикета позната по џезерскиот стил на ритам и бас звукот, ќе настапи со Ем-си Конрад. Букем во својата речиси дводецениска кариера многу синглови, албуми и компилации. Изминативе години не е активен на креативно поле (неговото последно издание се појави во 2005 година), но живите настапи ја исполнуваат неговата агенда.

    Валентино Канзјани е нарекуван крал на словенечката андергруанд-електроника, како и еден од основачите на техно-сцената во бившата југословенска република. По една деценија соработка со сограѓанинот Умек, со кого ги почнаа и менаџираа етикетите „Рисајклд лупс“, како и „Иризистбл мјузик“, Канзјани тргна по свој пат. Соло-кариерата ја почна со изданија за големи етикети како „Прајмивл“, „Јошитоши“ и „Интек“, а потоа се наметна и на забавите на шпанскиот остров Ибица. Диџејот од Словенија постојано добива поддршка од познати артисти како Карл Кокс, Пол ван Дајк, Свен Ват и Пит Тонг.

    извор:дневник
  12. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Dedicated for Life и Верка во Хавана!

    [​IMG]Следната сабота (25-ти април), во клубот Хавана во Скопје (во 22 часот) концерт ќе одржат перспективните Dedicated for Life. Освен песните од актуелново CD Another dawn, DFL премиерно ќе отсвират и четири нови теми, дел од следниот проект.

    Како најава за концертот, момчињата од DFL деновиве го лансираа видео-спотот за темата , втор од актуелниот албум (првиот беше за луцидната One more) и четврти во нивната досегашна кариера.

    Со DFL на концертот ќе настапи и делчевскиот состав Верка, група која Dedicated for Life интензивно ја слушаше кога почнуваше со работа...
    извор:ммм
  13. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Бернајс Пропаганда велигденски во Ретокс

    [​IMG]Скопскиот состав Бернајс Пропаганда со својот хит Уживаш ли во своја придружба, се најде на петото место на Топ 40 листа на реномираната хрватска радио-станица 101 Радио. Одличниот пласман на нашиот бенд е импозантен, ако се знае дека Пропаганда на топ-листата ги остави зад себе и големите имиња како: Депеш мод, Пласибо, Симпл мајндс, Продиџи, Брус Спрингстин... Но, тоа не е се!

    Она што со нетрпени го чека скопската публика е повртничкиот концерт на Бернајс Пропаганда кој ќе се оддржи утре (недела, 19-ти април), на Велигден, во клубот Ретокс во Скопје. Бернајс... се враќаат во Македонија по импозантната турнеја од 45 настапи низ речиси цела Европа, и ова им е втор концерт кај нас, за промоција на нивниот деби-албум Happines/ Machines.

    Одлична прилика за сите што ја испуштија повеќе од успешната прва промоција на албумот. Настанот на Бернајс Пропаганда стартува во 23 часот, а цената на влезниците е 150 денари.
    извор:ммм
  14. igor108367

    igor108367 Dark Lord Sauron

    Член од:
    25 јануари 2009
    Мислења:
    2.514
    Допаѓања:
    104
    Нешто неверојатно се случи на ова шоу за музички таленти. Над 50 000 000 гледачи на Youtube. Мора да се погледне.

  15. Др.-АГАН

    Др.-АГАН Модератор

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    7.839
    Допаѓања:
    1.790
    Александра со нови мултимедијални проекти

    [​IMG]Александра Поповска, харизматичната вокалистка на Квартетот на Драган Даутовски, последниве години живее и работи во Холандија, каде постигнува забележителни успеси на музичко поле.

    Во низа ангажмани кои Александра ги има, периодов се издвојува вечерашниот концерт (недела, 19-ти април) во галеријата La Charmotte во градот Ларен (Холандија). Ова всушност е заеднички настап на Александра и Zoli Soos, композитор, гитарист и тапанар.

    Линкот ве води до концертната програмата на Александра и Zoli. Веќе на 11-ти мај, Александра има настап со Квартетот на Драган Даутовски, и тоа во Минхен (Германија) на 5-тиот Europaisches Musikfest EUROPAMUSICALE 2009 - Musica Mediterranea.
    [​IMG]Александра на 16-ти мај со мултимедијалниот перформанс-инсталација, под име All those lovely creatures, има настап во Хилверсум (Холандија), во рамките на проектот KunstKRACHT 9, организиран од фондацијата Магдалена.

    Последно во низа за овој период е групна инсталација организирана од страна на фондацијата Wind Nomads Slem, во рамките на еден од најзначајните мултидисциплинарни фестивали во Холандија - Terschelling Oerol Festival, кој годинава се одржува во периодот од 12-ти до 21-ви јуни.
    извор:ммм

Сподели преку: