Моногамија

Мојот личен став за моногамијата е:


  • Вкупно гласачи
    40
O

Out Boy

Гостин
Моногамијата претставува состојба на имање на само еден сексуален партнер во определен или долгорочен временски период.

Постојат неколку видови на моногамија:
1. Социјална моногамија: кога две лица живеат заедно, имаат само меѓусебен секс, и соработуваат во обезбедувањето на основните ресурси за живеење;
2. Сексуална моногамија: кога две лице, за време додека се заедно, имаат сексуален однос само со партнерот, т.е. не практикуваат секс надвор од врската;
3. Генетска моногамија: кога двајца партнери имаат потомство само од еден партнер;
4. Брачна моногамија: се однесува на брак само помеѓу два брачни партнери.

7% од животинскиот свет е моногамно. Тоа значи дека имаат само еден сексуален партнер во текот на целиот живот или за време на една сезона за парење. Кај овие вториве, тоа значи дека во текот на ниедна наредна сезона, двете единки нема повторно да се парат заедно.

За разлика од останатите животни, кај птиците моногамијата е цели 90%. Постојат видови на птици кои во текот на целиот живот имаат само еден партнер.

Моногамијата кај човековата популација изнесува некаде помеѓу 60 и 65%. Да не бидам сфатен погрешно, ќе повторам: моногамијата кај човекот значи немање други сексуални партнери освен партнерот со кој е во врска, додека таа трае. Брачната моногамија може да се разбере на два начина: правниот -имање брак само со еден партнер, а бидејќи социјалната моногамија ја опфаќа и брачната, од друга страна значи и/или немање на друг/и сексуални партнер/и во текот на бракот.

Ме интересираат Вашите ставови по однос на моногамијата: про-аргументите во однос на неа како придобивка за човековата цивилизација, потребата од сигурност (емоционална, материјална, здравствена) и контра-аргументите кои го поддржуваат ставот дека човекот по природа е немоногамен и полигамноста ја оправдуваат како реална потреба за имање секс со повеќе партнери и нивно наизменично менување, односно истовремено имаат секс со два или повеќе партнери.

Повелелееее! :vozbud:

На анкетата можете да гласате за повеќе опции. Ве молам бидете поконцизни и доколку можете, одберете најмногу две (една опција од првите четири, и една опција од вторите четири). Благодарам!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Моногамијата е неприридна за човекот, наметната од медиокритети, црквата, религиската назадност итн!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Моногамијата е неприридна за човекот, наметната од медиокритети, црквата, религиската назадност итн!
Да де, природно е да се ебеме со кој стигнеме.

Јас па изгледа сум бил во заблуда затоа што мислев дека човекот се разликува од животните по тоа што е способен да ги контролира своите нагони.

Ако не беше така, ќе бевме животни и ќе спаѓавме во оние 6%. Додуша, некои и спаѓаат. А црквата, колку и да си неверник или нерелигиозен, го има описменето поголемиот дел од светот - почнувајќи од 10-те Божји заповеди и поставувајќи ги темелите на основните морални вредности.

Не велам дека секој мора да има една партнерка, ама додека има партнерка (девојка/сопруга), нема потреба од мајмунлоци со други мајмунки. Нели, финтата е да бидеме луѓе, а не животни. Кога некој се смета себеси за лабилен и неспособен да одржи контрола, незнам зошто воопшто би влегувал во врска со некого.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Апсолутно ја подржувам и сметам дека е доказ за самосвесноста кај индивидуата, затоа што во себе имплементира совест, воља, самоконтрола, доблест, доверие и пред се љубов. Поинаку, имплементира суштински човечки квалитети.

А, оправдувањето или воспевањето на полигамијата/неверството го сфаќам единствено како неможност за самоконтрола, која се рационализира преку инсистирањето на анимално однесување.

Инаку, да се разбереме, не тврдам дека сум доволно доблесна да бидам константно моногамна, но сигурна сум дека тоа ми е тенденција, т.е стремеж на кој сакам да му дораснам. Затоа што така би знаела дека барем во еден сегмент сум ја докажала својата човечност.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас како подржувач на свингот и групниот секс во обострана желба со партнерот незнам за која опција да гласам,па ќе ми треба насочување:smir:
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.641
Поени од реакции
11.617
Да де, природно е да се ебеме со кој стигнеме.

Јас па изгледа сум бил во заблуда затоа што мислев дека човекот се разликува од животните по тоа што е способен да ги контролира своите нагони.

Ако не беше така, ќе бевме животни и ќе спаѓавме во оние 6%. Додуша, некои и спаѓаат. А црквата, колку и да си неверник или нерелигиозен, го има описменето поголемиот дел од светот - почнувајќи од 10-те Божји заповеди и поставувајќи ги темелите на основните морални вредности.

Не велам дека секој мора да има една партнерка, ама додека има партнерка (девојка/сопруга), нема потреба од мајмунлоци со други мајмунки. Нели, финтата е да бидеме луѓе, а не животни. Кога некој се смета себеси за лабилен и неспособен да одржи контрола, незнам зошто воопшто би влегувал во врска со некого.
Описменувањето на луѓето од страна на црквата ги создадоа мрачните времиња или "dark age" периодот, кој ги почитува 10 божји заповеди а посебно делот кај што вика не врши прељуба? Можеби има некој што се воздржува од неверство ама гори од желба да ја обработи комшиката. Потиснувањето на сексуалноста, сексуалните нагони пропагирано и наметнато од страна на религиите може само да го изопачи(во поголем или помал дел)човешкиот карактер. Денес да бидеш со повеќе партнери е проблем затоа што тоа ни е наметнато, така сме навикнати да размислуваме и делуваме уште од мали нозе, и тоа нема врска со нашата вистинска природа која е полигамна, еве нема да генерализирам, можеби(а чисто се сомневам)има исклучоци но тие се многу ретки. Од каде идејата дека ако бидеш со повеќе партнери си животно? Животните се спаруваат само поради потомство, ја немаат таа привилегија да уживаат и размислуваат за сексуалниот чин.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Да де, природно е да се ебеме со кој стигнеме.

Кога некој се смета себеси за лабилен и неспособен да одржи контрола, незнам зошто воопшто би влегувал во врска со некого.
Споменав ебење кој со кого ќе стигне?? Или ќе вадиме муабети вон контекст?

Значи лабилно е да сакаш повеќе? Немање контрола е да безмерно љубиш повеќе?

Ослободете се од наметнатите стеги, наметнат од средината, онаа медиокритетна, онаа обезличена, аморфна, само затоа што е таква и ви ги наметнува, а вие во неа тонете и се губите.

Моногамијата е неприрода бидејќи имаме емоции, а тие не можат да се елиминираат по пат на присила.

Апсолутно ја подржувам и сметам дека е доказ за самосвесноста кај индивидуата, затоа што во себе имплементира совест, воља, самоконтрола, доблест, доверие и пред се љубов. Поинаку, имплементира суштински човечки квалитети.

А, оправдувањето или воспевањето на полигамијата/неверството го сфаќам единствено како неможност за самоконтрола, која се рационализира преку инсистирањето на анимално однесување.

Инаку, да се разбереме, не тврдам дека сум доволно доблесна да бидам константно моногамна, но сигурна сум дека тоа ми е тенденција, т.е стремеж на кој сакам да му дораснам. Затоа што така би знаела дека барем во еден сегмент сум ја докажала својата човечност.
Болдот - совеста, доблеста, љубиовта, самоконтролата итн немаат никаква врска со моногамијата. Мешање баби и жаби!

Италикот - никој не воспева полигамија, а неверството линам не успеавме да го дефинираме како такво по карактер доколку постои ослободување на спрегите и постои неизмерна и подеднаква љубов кон повеќе и взаемно разбирање!

Подвлеченото - Тежнеј ако тоа ти е тенденција, но не се осудувај ако твојата човечка природа и инхерентна карактерност како човечко суштество не ја постигне таа неприродна тенденција.

Јас како подржувач на свингот и групниот секс во обострана желба со партнерот незнам за која опција да гласам,па ќе ми треба насочување:smir:
Насоката се разумот во спрега и корелација со емоциите. Искреност, разбирање, љубов, доблесност и неповредување комбинирано со човечката карактерност да биде љубен и да љуби повечемина во ист момент.

Тоа е и тоа што нас не разликува од животните, што ние се впуштаме во љубов поради љубов, а не поради едноставен чин на прокреација.


П.С. Е сега, кој разбра, разбра, кој не ме разбра, едне ден се надевам ќе ме разбере. Никому не му наметнувам мислење, само го искажувам своето. А во своето бескомпромисно верувам, разусмки е рационализрано, емотивно е поткрепено, човечки внедрено, како моја човечност и суштина!

Описменувањето на луѓето од страна на црквата ги создадоа мрачните времиња или "dark age" периодот, кој ги почитува 10 божји заповеди а посебно делот кај што вика не врши прељуба? Можеби има некој што се воздржува од неверство ама гори од желба да ја обработи комшиката. Потиснувањето на сексуалноста, сексуалните нагони пропагирано и наметнато од страна на религиите може само да го изопачи(во поголем или помал дел)човешкиот карактер. Денес да бидеш со повеќе партнери е проблем затоа што тоа ни е наметнато, така сме навикнати да размислуваме и делуваме уште од мали нозе, и тоа нема врска со нашата вистинска природа која е полигамна, еве нема да генерализирам, можеби(а чисто се сомневам)има исклучоци но тие се многу ретки. Од каде идејата дека ако бидеш со повеќе партнери си животно? Животните се спаруваат само поради потомство, ја немаат таа привилегија да уживаат и размислуваат за сексуалниот чин.
Ете уште еден кој ја има разбрано суштината на религиското иконопоклонство на погрешната перцпеција за моногамизмот.
Браво!

П.П.С. На анкетата и фали:
Не почитувам наметнати квази стандарди туку уживам во својата човечност и суштина!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Телемисти и остали љубители на сектички и квази њу ејџ бизарности со, очигледно, никакво познавање од причините и суштината на третманот на сексуалноста во религиите, стварно е смешно кога држат лекции и кога кажуваат што религијата наметнала, а што не. Реториката за средниот век на кој упорно се поистоветувате е истрошена, смешна и само покажува колку сте површни и со прдрасуди.

Конкретно за Графилд...Кај мене совеста, доблеста, љубота итн. имаат директна поврзаност со моногамијата. Тоа за мене е така и така ќе остане. И не затоа што некој така ми рекол, туку затоа што земајќи го личните искуства и сознанија во предвид, сум дошла до одреден заклучок.

Конечно, полигамија или што и да е од тој тип поистоветувам со дебела особа, која затоа што не е кадарна да си заузда апетит, тврди дека дебелината е здрава, а прејадувањето пожелно.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јас сум слаб, не сум дебел.
И не мислам дека тоа е соодветна паралела.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Јас сум слаб, не сум дебел.
И не мислам дека тоа е соодветна паралела.
За мене е.
Се работи за желба/потреба (која често крие неуроза и сл.) и нејзино несоодветно задоволување и во двата случаи.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не се сложуваме или не се разбираме!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не се сложуваме или не се разбираме!
Ја сосема конкретно објаснив.
Дали нагон за храна, дали сексуален нагон, дали било кој екцес и зависност...механизмите се скоро идентични.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ја сосема конкретно објаснив.
Дали нагон за храна, дали сексуален нагон, дали било кој екцес и зависност...механизмите се скоро идентични.
И јас конкретно објаснив, но гледам дека одбиваш да прочиташ.

Разбери, перцпецијата кон нештата е различна.

Ти гледаш низ една призма, јас ни друга.

Ти гледаш црковно-моралистички, јас гледам низ хумо-социолошко-реалистичка призма.

Гледаш, ти ја поистоветуваш со претерувања. јас би запрашал, дали може да се претера во љубов и љубење, доколку таа љубов носи среќа, радост, а не несреќи?
Може ли да ја ограничиме љубовта, да ја ставиме во стеги, спреги, окови? Дали тогаш тоа е љубов или нешто извитоперено за да и послужи на рајата, на масата, на толпата обезличена? Или не?!

Или не се разбираме или намерно вака реплицираш.

П.С. Би те замолил, ако конкретизираш и коментираш за разно-разни телеми, мелеми и слично, не ме ставај во ист кош таму и мене.
јас не ве ставам вас, секташите од рисјанската секта заедно со останатите секташи и поколници на култови и идолопоклоници како муслиманите, евреите, скиентолозите, натуралистите, па и телемистите и други.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Јас ја направив споредбата со дебел човек, а не ти, така да не гледам за што од тебе да читам објаснувања.

Но, во ред, да не ја полниме темава со непотребни дискусии, односно тука да завршиме.

На тебе конкретно само ти се обратив поради несоодветното влечење паралели со некои непостоечки верски притисоци и сл.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Непостоечки?
Нели бев обвинет за лабилност? наречен небаре животно?
Бидејќи не следам црковно слово и десетте заповеди од некојси едикојси од минатото?!

Не ти се чита бидејќи не смееш да си дозволиш ослободување на умот од спрегите и оковите наметнати од иконоборците и иконофилите кои денес чекорат меѓу нас рамо со рамо со нечастивиот!

П.С. Има дополнение на погорниот мој пост. Гледам си постирала пред да го изменам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom