Молитва за мир во домот Боже на љубовта, Боже на мирот и долготрпението, помогни ни да живееме во овој дом секогаш во мир, во слога и љубов. Засилувај го нашето трпение, зашто Ти Господе, си долготрпелив кон нас грешниците. Скротувај не со благост кога сме гневни, не дозволувај му на злото да влезе длабоко во нас, да ги помрачи нашите души и да не раздели. Ти се опростувааш, помогни ни и нам да бидеме готови да простиме и да се смириме. Отстрани ги со Твојата силна десница причините на неразбирањето и кавгите и всади го во нашите срца духот на кротоста и љубовта, за да бидеме чеда на семејство од Тебе благословено и да напредуваме во секакво добро за Твоја прослава, на Отца и Сина и Светиот Дух.
Вечерна молитва Вечен Бог и Цар на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја, Господе, мојата несреќна душа од секаква телесна и духовна нечистотија. Дај ми Господе, во оваа ноќ да имам спокоен сон, та кога ќе станам од мојата грешна постела, да му угодувам на Твоето пресвето име во сите дни на мојот живот и да ги победувам телесните и духовните непријатели што ме напаѓаат. Господе, избави ме од лоши помисли што ме осквернуваат и од грешни желби, зашто Твое е царството, силата, и славата на Отца и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
Молитва кон Пресвета Богородица Пресвета Дево, мајко на Севишниот Господ, семилостива заштитнице и покровителка на сите кои со вера ти приоѓаат. Погледни на мене од висините на твојата небесна Слава, послушај ја мојата смирена молитва и принеси му ја на твојот сакан Син. О преблагословена Богородице, ти си скоропослушница на сите и радост на напатените. Послушај ме и мене нажалениот. Ти ги смируваш тагите, смири ги и моите жалости и излекувај ги моите духовни и телесни болести. На тебе после Бога ја полагам сета моја надеж, биди ми закрилница и силна застапница пред твојот Син, Господ наш Исус Христос. Засили ја мојата вера во него. Утврди ме во неговата Љубов и научиме да те сакам и да та прославувам, Пресвета Мајко Божја, Богородице Марие. Се засолнувам под твојот Свет Покров пречиста Богородице закрилувај ме, Амин. Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси му ја нашата молитва на твојот Син и наш Бог, за преку тебе да ги спаси нашите души. Надеж ми е Таткото, засолниште Синот, а покров ми е Светиот Дух, Троице Света, Слава ти. Целата моја надеж ја полагам во Тебе, Мајко Божја, заштити ме под твојот покров. Владико многумилослив, Господе Исусе Христе, Боже наш, по молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, преку силата на чесниот и животворен крст, преку застапништвото на чесните небески сили, на чесниот, славен пророк, Претеча и Крстител Јован, на Светите Славни и Добропобедни Маченици, на Преподобните и Богоносни Отци наши, на Светите Праведни Богоотци Јоаким и Ана и на сите Светии, направи ја благопријатна нашата Молитва, дарувајни прошка на нашите прегрешенија, одстрани од нас секаков непријател и противник, смири го животот наш, Господе, помилувај не нас и твојот свет, и спаси ги нашите души зашто си благ и човекољубив.
Молитва за благослов на домот Семилостив Боже, благослови го нашиот дом и Твојата силна рака да биде над сите што живеат во него. Испрати ни ангел чувар! Чувај не од несреќи, земјотреси, оган, поплави, од болести, од непријателски напади и од секое зло. Не дозволувај во нашиот дом да влезе лукав и нечист дух, што се осквернавува и ги расипува добрите взаемни односи, кој внесува непокорност и безгрижност кон Твојот свет закон, внесува раздори и кавги и ги одзема мирот и љубовта. Помогни ни да напредуваме во добродетелен живот и силна вера, нашите души да се приближат со чист и светол живот до Тебе, та да дојдеш Ти, Господе, кај нас и да живееш во нашиот дом, да царуваш во него, во нашите души и срца, да владееш со нашите мисли, чувства и желби. Ослободи не од непотребни грижи и освети ги нашите радости. Засили не кога сме слаби и тажни. Ако си со нас во тешките часови на тага и мака, на колебливост и исплашеност, тогаш нашите страданија и солзи се полесни, поподносливи. Исцели ги нашите болки и душевни рани, зашто само Ти ги гледаш и само Ти можеш да ни помогнеш. Преблаг Господе, не оставај не никогаш сами, за да не дојде кај нас непријателот на нашето спасение и да не погуби. Амин
Во Тага - Кон Небесниот Татко Татко наш небесен, предобар Боже, послушај ја мојата молитва што ти ја принесувам со солзи. Дај му на болниот здравје и сила. Ти знаеш колку многу страдам, колку ми е натажено срцето. Не оставај ме, Боже, помилувај ме преблаг небесен Татко со твојата нежна рака и влеј радост во моето срце. Секогаш ќе ти бидам благодарен, ќе ти се молам и ќе ја исполнувам твојата света волја. Амин. Владико, Седржителу, ти си лекар на нашите души и тела, зашто во тебе е животот и ти го даруваш според твојата неискажлива благодат. Погледни од височината на твоето пресветло живеалиште, послушај ја мојата смирена молитва и смилувај се на болниот кој многу страда и се измачува од болест. Ти ги гледаш неговите страдања, а ја гледаш и мојата тага. Смилувај се и излекувај го со твојата силна десница и дарувај му здравје. Утеши не и нас кои со љубов и голема тага ти се молиме. биди милостив, зарадувај не со твојата добрина, излекувај го, а ние ќе те прославуваме во сите денови на нашиот живот, Амин.
Пред вечера ќе јадат сиромасите и ќе се наситат, и ќе го прослават Господа оние што го бараат, нивните срца ќе живеат во вечни векови Амин
По вечерата Господе, ти не развесели со твоите созданија. Се радуваме на делата од твоите раце. Господе, се покажа светлината на твоето лице и на нас. Ти го развесели моето срце повеќе од колку што ќе се развеселеше од пченица, вино и елеј. Во мир ќе заспијам и ќе се успокојам, зашто ти си со мене, Господе, моја единствена надеж.
Пред ручек Господе Исусе Христе, Боже наш, благослови ни го јадењето и пиењето нам, на твоите чеда и умножи го во овој дом по молитвите на твојата пречиста мајка и на сите твој светии. Амин.
По ручекот Ти благодариме, Христе, Боже наш, што не насити со твоите земни блага. Не лишувај не од твоето небеско царство, но како што си дошол меѓу твоите ученици, давајќи им го твојот мир, така дојди и кај нас и спаси не
При патување Господе, Исусе Христе, Боже наш, кој си дошол на земјата за да ни го покажеш патот на Вистината и да не воведеш во царството на твојот небесен живот, благослови ме и биди со мене за сето време на моето патување. Твојата силна и спасоносна рака да ми биде на помош за да можам радосен, со вера и надеж на твојата Љубов да стасам таму каде што сум намислил. Ти се молам, преблаг Господе, да ми го испратиш твојот Ангел чувар. Тој да патува заедно со мене и да ме чува. Одстрани ги од мене сите пречки, несреќи и искушенија. Испрати ми добри другари, мирни среќавања, за да можам за сето време на моето патување и во целиот свој живот да те прославувам тебе, мојот Спасител и Бог, Амин.
Молитва пред почеток на секоја работа Господе Исусе Христе, Сине Единороден на безпочетниот твој Татко, ти си рекол со твојата пречиста уста: без мене не можете да направите ништо. Господе мој, со вера го примам ова што си го рекол. Ти се молам, помогни ми започнатото дело успешно да го завршам, во името на Отца, Сина и Светиот Дух, Амин