Мозочен удар!

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од OBDN, 4 ноември 2005.

  1. OBDN

    OBDN Ходајучи Вујаклија

    Член од:
    25 јули 2005
    Мислења:
    1.520
    Допаѓања:
    24
    Iako mailot podolu koj go dobiv e cist spam (posebno delot za sluckata, koj e izmislen samo za da se dade tezina na informaciite), faktite gi proveriv i se validni, pa rekov da spodelam neshto koe ne e na odmet da se znae.

    Za vreme na vecerata, prijatelkata pred nas odednash se izgubi I padna od svoeto stolce – ne osigura site so svoite zborovi kroz peltecenje deka e OK i deka samo se sopnala vo nejzinite novi cevli I loso se balansirala na sedisteto. Iako izgledase malku rastrevozena I nepristutna ja iscistivme, naracavme nova hrana I vino I prodolzivme vo uzivanjeto. Naredniot den, nejziniot soprug se javi I kaza deka zena mu pocinala vo bolnica, vecerta vo 1am nautro. Pricinata – mozocen udar! Dokolku site nie gi znaevme simptomite na mozocen udar, mozebi taa seuste ke bese so nas.
    Potorsete 2 min, I procitajte kako mozete da identifikuvate simptomi na mozocen udar. Nepoznavanjeto na isite doveduva do tragedii. Zrtvata moze da dozivee mozocni povredi, a onie do nea da ne go uvidat toa, iako doktorite velat deka slucajnite minuvaci mozat mnogu lesno da go osoznaat toa preku tri ednostavni prasanja I zahtevi:

    1) Zamolete ja licnosta da se nasmee.
    2) Zamolete ja da gi podigne dvete race vo vis.
    3) Zamolete ja da kaze edna ednostavna recenica kako na primer ”Denes nadvor e soncevo I mirno.”

    Dokolku ima problem so bilo od koja od gorenavedenite funkcii, povikajte brza pomos.

    Zaklucocite se izneseni pred ”American Stroke Association” godisen sostanok. Poznavanjeto na ovoj test moze da rezultira samo vo navremeno primetuvanje I tretman na mozocen udar koj ke spreci mozocni ostetuvanja.



    http://strokeconference.americanheart.org/portal/strokeconference/sc/release22003
  2. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.977
    Допаѓања:
    83
    [FONT=Verdana, Arial, Helvetica]ДАМЛАТА ФАТАЛНА ТРАНЗИЦИОНА БОЛЕСТ
    Македонците најмногу умираат од мозочен удар


    Македонците најмногу умираат од мозочен удар. И тоа мажи, на возраст од над 50 години. Тоа не значи, ценат лекарите, дека и жените не се подложни на крвавења во мозокот. Ако не преживеат, шансите да оздрават се релативни, од причина што во 50 отсто од случаите овие пациенти завршуваат во кома. Но, и се да тргне како што треба, македонските пациенти наидуваат на уште еден хендикеп, оти во државава нема посебен центар што е неопходен за нивно постоперативно лекување. Болните најчесто со месеци лежат по клиниките, каде грижата е солидна, но ни од далеку онаква потребна за целосно излекување и социјализирање.
    Загрижувачките бројки од над 400 пациенти со мозочни удари годишно во земјава, од кои 20 отсто умираат, се аларм дека нешто дефинитивно треба да се менува. Од навиките, исхраната, текот на живеење, до методите за операција на мозочните болести.
    Во светски рамки годишно од мозочен удар страдаат 500.000 луѓе, од нив 150.000 умираат.
    Статистиката покажува дека во Македонија по мозочните удари најмногу косат и срцевите заболувања и малигните болести.
    Објективно, сите го преживуваме процесот на транзиција кој носи огромни промени во живеењето. Пред се, тоа значи дека стресот е нешто што ни го придружува секојдневието. Токму тоа, како подлога на лошата и неправилна исхрана, пушењето и прекумерното внесување на шеќери и масти во организмот е причина за се почестите појави на мозочни удари. Но, кај оваа болест се е апсолутно, но и релативно. Дел од вака наглото покачување на бројот на мозочни удари се должи и на фактот што порано многу поинаку, и од рака се дијагностицирале овие пациенти, а и поголемиот број се третирале со итна помош и воопшто не доаѓале на Клиниката. Примената на компјутерската томографија кај нас во 80 - те години предизвика поместување на статистиките за оваа болест. Почна да се дијагностицира дали станува збор за крвавења или затнување на крвните садови што е пресудно за третман на пациентите, објаснува проф. д-р Спасе Јовковски, директор на Клиниката за неврохирургија во Клиничкиот центар во Скопје.
    Во 65 отсто од случаите, потенцира тој, се работи за затнување на крвните садови, додека останатиот процент се крвавења причинети од веќе наведните ризик факори или се од вродени аномалии во мозокот. Мозочните удари, нагласува проф. Јовковски, кај пациентите со вродени аномалии се јавуваат меѓу 30 -та и 50 - та година од нивниот живот.
    Пушењето, шеќерите и посебно мастите, тука ги потенцирам, пред се, сувомесните производи, прават такво нарушување на крвните садови што по извесно време на нивно неконтролирано внесување ќе доведе до затнување на садовите. Тоа придонесува да се затворат крвните садови во мозокот или тие ќе станат така крти што нема да вршат никаква функција. Тогаш доаѓа до мозочен удар. Практично, се случува функцијата на мозокот нагло да се исклучи и доаѓа до крвавење во него или до блокада на одреден дел, вели тој.
    Притоа, проф. Јовковски вели дека за ваквите алармантни податоци сме виновни самите ние, подвлекувајќи дека не постои европска земја каде интелектуалците пушат на работните места. Пушењето е најстрого забрането и во која и да е здравствена установа. Македонија тука е исклучок.
    Кај нас пушат и лекари и сестри, токму тие што треба да го лекуваат пациентот и да му укажат дека тое е главна причина што им се случил мозочен удар. Значи не се почитува она основното, па што станува за другите работи, за останатите ризик фактори. Мислам дека треба да станеме свесни оти бројката од 1.300 пациенти што годишно се третираат на нашата и на Клиниката за неврологија, од кои над 30 проценти се токму болни со мозочни удари, е повеќе од загрижувачка, додава тој.
    Но, и македонскиот здравствен систем не е баш наклонет кога станува збор за овие пациенти.
    Кај нас и на Неврологија има 7-8 пациенти кои со месеци лежат по доживеаниот мозочен удар и операцијата, што е апсурд. Ние и онака живуркаме со кревети, но и да го исклучиме тоа треба да ни биде јасно дека клиника не е место за рехабилитација на овие болни. Со години сите знаат за проблемот, но центар за нивно згрижување уште не е направен. Дури и не мора се одново да се прави, има голем број медицински капацитети во внатрешноста кои зјаат неискористени, има вишок персонал и сето тоа треба да се искористи. Сега е крајно време, оти по прашањето на мозочните удари тешко ни се пишува, вели на крајот, проф. Јовковски.
    [/FONT]
  3. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.977
    Допаѓања:
    83
    Астмата може да го зголеми ризикот за мозочен удар


    Постои поврзаност меѓу астмата и зголемениот ризик од мозочен удар, покажа истражувањето на американските научници од универзитетот во Минесота.

    Тие утврдиле дека луѓето што страдаат од астма имаат за 65 проценти поголем ризик од мозочен удар.

    Пациентите кај кои астмата е и натаму присутна спаѓаат во групата која има дури 93 проценти поголеми шанси да добие мозочен удар.

    Мажите кои страдаат од астма, според резултатите на истражувањето, имале помали шанси дека ќе страдаат од болести на срцето.

    Истражувачите не ја откриле природата на биолошките механизми што водат до ваквите резултати.
  4. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.977
    Допаѓања:
    83
    Бесот кај луѓето може да доведе до мозочен удар.
    Не бидете бесни луѓе не чини тоа!;)
  5. ВМРО

    ВМРО Loved By Few, Hated By Many, Respected By All

    Член од:
    12 септември 2005
    Мислења:
    1.870
    Допаѓања:
    19
    Tatko mi pred izvesno vreme imase mozocen udar t.e stenoza. Fala mu na boga se oporavi! Inaku, kako sto vika OBDN, covek koga ke dobie mozocen udar, mu se faka jazikot, ne gi izgovara recenicite kako sto treba. Tatko mi imase stenoza, toa gi stesnuva krvnite sadovi, dodeka udarot otkacuva tromb i moze da ostavi posledici. Kako i da e, dali posle ednoto ili drugoto, covekot poveke ne e istiot. Primer sega, stariot moj e ponervozen, poagresiven.
  6. Auf_Mauf

    Auf_Mauf

    Член од:
    26 октомври 2005
    Мислења:
    71
    Допаѓања:
    2
    Пред да почнам со текстов, ДА НАПОМЕНАМ, дека сето ова подоле е лично мое искуство и мислење. Јас не сум медицинско лице, ниту сум стручен околу оваа тематика.

    Темава многу ме погоди бидејќи мајка ми почина пред 3 месеци од мозочен удар. Сакам да кажам дека многу од луѓето не се упатени за каква болест се работи и се прават многу погрешни постапки како во првите моменти од ударот, па се до транспортот во медицинска установа, па лекувањето итн. И ние дома бевме затечени и многу многу не знаевме околу оваа болест и сега веќе знам дека е доцна и не може да се обвинува никој, бидејќи тоа не води никаде, ама можеби мајка ми ќе беше сеуште жива ако ... Тоа е многу голем проблем во вакви ситуации, бидејќи како што спомна некој погоре, секој случај е посебен, индивидуален. Еве на пример мајка ми никогаш не пушела, а и во фамилијата кај нас никој не пуши. Исхраната ни е умерена, без внесување во исхраната премногу на продукти кои може да предизвикаат вакви удари, а многу беше карактеристично тоа што мајка ми имаше низок крвен притисок, а обично лица со висок крвен притисок страдаат. Но, страдаше од тромбоза и тоа беше една од главните причини поради која се случи ова. Инаку, највеќе влијае и стресот, нервозите, ама тоа ти е, во ова наше опкружување, со оглед на политичката и економската ситуација во државава, не може да се очекува дека човек може да биде којзнае колку опуштен, без секојдневни нервози и стресови.
    Многу се битни првите моменти од настанувњето на ударот, значи лицето мора да остане во лежечка положба, никако не смее да станува или да пробува да станува, особено се прави грешка со тоа што се крева лицето и се носи под чешма да се освежи. Потоа овие лица се многу осетливи на транспорт, па според мое мислење транспортот на овие пациенти може да биде многу кобен, бидејќи обично летно време се случуваат вакви удари, кога многу варира температурата и атмосферскиот притисок, па на тоа кога ќе се додаде и транспорт, па внесување и иснесување резулатот може да биде и кобен.
    Потоа да не зборувам за терапијата во невропсихијатрија каде што лежат овие пациенти. Замислете си сега оваков пациент лежи на ова одделение, а во соседната соба лежат лица со ментални пореметувања, наркомани, алкохоличари, или пак во истата соба како што беше случајот со мајка ми, лежат двајца пациенти со тешки депресии, со самоубиствени мисли, кои уште толку ја отежнуваат ситуацијата ширејќи го тоа негативно влијание околу нив.
    За односот на персоналот, да не зборувам, тоа се треба да се фати и да се стрела, со исклучоци, навистина имаше луѓе од персоналот кои навистина пожртвувано си ја вршеа работата, ама повеќето беа "пациенти", а не медицински персонал.
    Потоа, кога ќе заврши болничкото лекување, многу е битно домашната нега, бидејќи веќе лицето е во многу стресна состојба од болничкото лекување, мора да се има многу трпение, и нонстоп да се стимулира болниот да мисли позитивно и да се труди што побрзо да оздраве. Ова го кажувам од причина што многу пациети залежуваат и се навикнуваат на помошта и негата што им ја пружаат и едноставно повеќе не сакаат да се вратат во нормала.
    Понатаму во зависност од последиците од ударот, односно парализата, зависи дали и ќе се примени и физиотерапевство лекување. Кај случаи со мозочен удар (Апоплексија) никако не смее да се применува бањско лекување.
    И за на крај, како што веќе спомнав, се зависи од индивидуата, значи не постои некое правило дали повторно ќе се случи удар или дали болниот ќе се врати во нормала. Едно е сигурно, никогаш нема да биде како што било претходно.
    Исто така може да се опорави скоро целосно по ударот, може и да има и смртен исход. Може и да има серија од удари и сите да се претрпат релативно лесно, а може секој удар да ја влошува ситуацијата.
    Конкретно кај мајка ми, во два месеца, имаше неколку удари, и тоа со секој беше се полошо, за на крај, за жал, се да заврши со смртен исход.
    На Pinkie Pie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Дивајн

    Дивајн блаблабла

    Член од:
    3 април 2005
    Мислења:
    16.561
    Допаѓања:
    1.795
    Ауф Мауф, браво за храброста да го споделиш тоа лошо искуство кое неодамна си го доживеал/а ... мое сочуство и се надевам твојот пост ќе им се најде на многу други понатаму ...
  8. TWEETY***

    TWEETY*** Мy life..my rules..any questions?

    Член од:
    18 февруари 2006
    Мислења:
    2.037
    Допаѓања:
    62
    МОЗОК: ЕМБОЛИЈА, ИНФАРКТ И АНЕУРИЗМА

    Мозочна емболија или церебро-васкуларна блокада се случува кога ќе прекине дотокот на крв кој вообичаено снабдува со крв одредеден дел од мозокот, што доведува до изумирање на невронит поради прекин на донесување на кислород за кратко време (3,5 до 6 минути).
    Оваа блокада може да биде предизвикана од:
    Атеросклероза која предизвикува формирање на крвни коаглулуми кои може да доаѓаат од други делови на телото, од крварење или од прекин на артерија.
    Постои голема сличност меѓу мозочната емболија и срцевиот инфаркт. Разликата е во тоа што кај срцевиот инфаркт умираат влакната на срцевиот мускул, а кај мозокот умираат невроните.
    Анеуризма е проширување или зголемување на артеријата поради зголемен крвен притисок. Анеуризмите се многу опасни поради тоа што вршат притисок на околните ткива. Можат да направат пробибање на зафатената артерија, предизвикувајќи крварење. Оштетувањето зависи од локацијата на анеуризмата.
    Ако е лоцирана на мозокот, лицето може да биде полу-парализирано во еден екстремитет или цела една половина. Ова може да се случи и во други делови на телото.


    Симптоми:
    Поврзани се со функциите на зафатената регија: обично се оштетени двиењата на едната страна на телот, вклучувајќи ги рацете, нозете и мускулите на лицето.
    Од друга страна,мемориските функции се зафатени или сочувани во зависнот од страната на емболијата. На пример, ако емболијта е на левата страна, ќе биде зафатено зборувањето. Лицето ќе ги препознава работите, но нема да може да ги именува. ќе може да се сети што се случувало во детството или во далечното минато, но нема да може да се сети што се случило неодамна или вчера. Сите овие симптоми може да варираат во зависност од зафатената регија. Само со проучување од страна на невролог ќе може да се одреди ситуацијата и што треба да биде превземено.


    Причини:
    Висок крвен притисок, гојазност, артериосклероза, дојабет, постара возраст и пушење се фактори кои го помагаат појавувањето на емболија.


    Препорачан третман:
    Најдобар третман е превенцијата. Најдобар начин за рехабилитација е физикалната терапија и терапијата на говорот, но сепак и соодветната исхрана игра голема улога. Исхраната со малку натриум (сол) го намалува крвниот притисок; храната со малку холестерол исто така помага во превенцијата на емболизам.
    Гинко биоба предизвикува ширење на крвните садови што пак го намалува крвниот притисок. При испитувања при кои е давано Гинко билоба е утврдено подобрување како резултат на поголемото количество на крв со кислород и хранливи материи, кое доаѓа до оштетените регии така што нервните клетки побрзо оздравуваат, овозможувајќи подобрување на оштетените можности на лицето.
    Поради ширењето на крвните садови се врши и превенција на идна емболија. треба да се спомне дека оштетените нервни клетки (неврони) никогаш не се обновуваат и се засекогаш изгубени. Во овој случај, другите делови на мозокот ги превземаат функциите на оштетениот дел. Добрата исхрана ја потпомага оваа функција.
    Треба да се вклучи и внес на лук (антикоагулант), како и Витамин Ц и Б-комплекс витамини кои ги зацврснуваат крвните садови. Витаминот Е помага во превенцијата на формирање на крвни коагулуми.


  9. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    934
    Тема која е заборавено но болеста никогаш!

    Сеуште е активна оваа убиствена болест.

    Кога би споредиле колку влијаат причинте погоре наведени со секојдневните нервози тогаш тоа може да се престави вака причинте погоре - секојдневните нервози
  10. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.058
    Допаѓања:
    32.210
    Мене ме интересира која е превенцијата од ова и дали некаде може да се испита да не дошло до запушување?
    Со времево, денес слушнав за трет случај што го пренеле во болница, незнам дали има статистика за оваа болест, али тоа е премногу.
  11. *-----*

    *-----*

    Член од:
    24 ноември 2009
    Мислења:
    5.003
    Допаѓања:
    4.794
    Само зголемување на циркулација, аспирин и витамин Ц
  12. Anco

    Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    4.959
    Допаѓања:
    7.686
    Го има и тоа многу често.Посебно последниве години многу случаеви.
    Возраста е некаде над 50 години,кај повеќе мој колеги кои доживеава
    мозочен удар. Некои починаа по некои ден. Кај некои тоа се деси и на
    работно место-паѓа и го носат во болница. Но кај повеќето што и се
    вратиа на работа со полесен степен на мозочен удар им се десило
    дома при спиење,дури ни тие сами не знаат дека го имале,но познават
    по „фатената“ една страна,а почесто само прстите на една рака.
    А нервози овие години колку ли сакаш ги има и дома и на работа.
    Како да се заштитиме од нервозите-како да не се нервираш,а мораш.
    Те наведува и ситуацијата,мочко вчера дошол на работа а утре шеф.
    На Pinkie Pie му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: