Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Како што се вратија парите од задолжени кредити од екс Југославија, кога сите тогаш велеа дека Тито што ги земал кредитите не е добро и дека ке треба пролетеријатот да ги враќа, така и другиве кредити ке се вратат.:icon_lol:
Така е....слободно земајте кредити, к*р ве боли како ќе се враќаат....
Еве исто и во комшии....

Haos u Grčkoj: Molotovljevi kokteli, suzavac...
Demonstranti koji su se u centru Atine okupili na protestu protiv mera štednje bacali su Molotovljeve koktele na policajce i zgradu Grčke banke.

GRČKA PARALISANA Obustavljeni letovi, brodovi u lukama, škole zatvrene zbog novih mera štednje
..
..Kreditori navode da treba olakšati zaplenu kuća kako bi banke mogle da očiste loše zajmove, dok je vlada zabrinuta da bi time veliki broj ljudi bio suočen s izbacivanjem.
___________
За среќа ( или за жал ) секогаш важи правилото

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Нови задолжувања од милијарда евра
Владата ги продолжува задолжувањата. До крајот на годинава се планира
- издавање нова еврообврзница со која земјава ќе се задолжи до 500 милиони евра на меѓународните пазари,
- Собранието донесе закон за задолжување од 90 милиони евра кај Дојче банк и Ерсте банка за гасификација,
- владата се задолжи за нови 48 милиони евра на домашниот пазар, а врати долгови од 41 милиони евра.
-Пред Собранието се и задолжувања од околу 300 милиони евра за Агенцијата за патишта за изградба на автопати.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
There is no means of avoiding the final collapse of a boom brought about by credit expansion. The alternative is only whether the crisis should come sooner as a result of a voluntary abandonment of further credit expansion, or later as a final and total catastrophe of the currency system involved.
 
Член од
14 ноември 2015
Мислења
13
Поени од реакции
4
Почитувани членови бидејќи јас сум нов член на овој форум се надевам декa ке имаме добра соработка

Што се однесува на темата за македонските кредии сакам да истакнам дека јавниот долг на Македонија е понизок сега отколку во 2006 година,тоа е факт и секој може да го провери.Имено сакам да кажам тоа што зборува опозицијата дека ке имаме грчко сценарио,тоа се само приказни за мали деца.Јас не сум економист,но работите ми се познати.Сакам да напоменам и тоа дека во Македонија во моментот се градатнови патишта,се отвараат фабрики,се отвараат нови работни места,но не сакам да излегувам од темата,ама поентата ми беше дека Македонија може да ги врати кредитите.Сега во декември ни доаѓа да враѓаме крдит од 2005 година која го зела некоја претходна влада,па да прашам за што се искористи тој кредит и за што се зема?
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268

A колку е се вкупно задолжена Македонија денес?
Ете на пример да мора да ги врати сите пари кои ги борчи владата колку евра ќе треба да изброи?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Неточно, платите и пензиите постојано се зголемуваат. за неколку години ќе го достигнат и европскиот просек. ќе живееме во раскош и изобилие.
А големи букви ќе научиме да ставаме?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
A колку е се вкупно задолжена Македонија денес?
Ете на пример да мора да ги врати сите пари кои ги борчи владата колку евра ќе треба да изброи?
.....Let 3 многу лесно прашање...ВЛАДАТА ни оваа ни било која нема да врати ни крајцер.., некој може и ќе добие помалку, ама кога никој нема појма колку е малку , не ќе може да дефинира ни колку е тоа помалку-то....
Се на се , на крај илузијата ќе заврши со едно ..дилит , на некоја тастатура од компјутер и можеби со едно принт , за хард копија која ќе се архивира и џитне у некој длабок темен и заборавен сеф.
Всушност се сведува на : твоето што ти следува по некоја основа никој не може да ти го земе, а она што не е твое никогаш не си ни можел да го добиеш , си можел само да го замислуваш и посакуваш.., а тоа сонувањето и онака не чини ништо..т.е. бесплатно е......
..малку е комплицирано , ама стара кука ко тебе од одма разбира.....:):)
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
3 години откако ја отворив темата.
Жалам искрено што сеуше е актуелна и страв ми дека ќе биде и поактуелна во иднина. Искрено би се радувал ако дојде момент економските факти да ме демантираат и да го направат безпотребно дебатирањето

Да сумираме-
(текстот е дел од поголема анализа на признаен економист. Можеби неговите политички ставови на некои не им се допаѓаат, ама економските бројки се официјални.)

Бруто надворешниот долг (збир од надворешниот долг на приватниот сектор и надворешниот долг на јавниот сектор) во 2006 изнесуваше околу 2.5 милијарди евра, а во 2015. (втор квартал), 6.4 милијарди. Тоа значи пораст од 156%, или дека овој вид долг растел за 2.6 пати побрзо од растот на номиналниот БДП (околу 60%).

Номиналниот бруто домашен производ (БДП)
од 2006. до 2014. се зголемил за 57% (од 335 на 526 милијарди денари).
Во истиот период јавниот долг (според нецелосната дефиниција на Владата тој се состои од долгот на Централната власт, долгот на општините и долгот на јавните претпријатија за кој централната власт издала гаранција) се зголемил за 116 % - од 1.82 на 3.94 милијарди евра - тоа значи со двојно побрза динамика.

Индикаторот меѓународна инвестициона позиција на Р.М (нè информира колку Македонија има сопствени средства, односно побарувања во странство - портфолио од сите видови, а колку остатокот на светот има во Македонија) ја покажува следната состојба:

Во 2006 година Македонија имала свое портфолио во странство во износ од 1.9 милијарди евра, а странците кај нас дома поседувале 4.8 милијарди евра.
Нето позицијата била негативна во износ од 2.9 милијарди.

Во 2015. нашите побарувања во странство изнесувале 4.8 милијарди, а побарувањата на остатокот на светот кај нас 9.6 милијарди евра.
Минусот изнесува 4.8 милијарди. Како процент од БДП минусот се зголемил од 45.5% (2006), на 55% (2015).

Нашите побарувања во странство се состојат главно од: наши пари на чување во странство - девизните резерви , девизните депозити на нашите банки и трговски кредити и аванси
Побарувањата на остатокот од светот кај нас се состојат главно од: директни инвестиции и заеми/кредити .

Овие разлики во структурата на побарувањата и обврските меѓу нас и остатокот од светот говорат дека: странците, остваруваат големи профити и наплаќаат високи камати , а ние за депонираните пари кај нив добиваме само трошка камата, неколку пати пониска од таа што тие ни ја наплатуваат нам. Таа разлика , заедно со сè поголемиот јаз меѓу она што тие го поседуваат кај нас и ние кај нив, е една од причините поради која говорам дека Македонија сè повеќе станува поседувана земја, односно, заедно со другите фактори, сè повеќе станува колонија или нечиј протекторат.

Сирените за тревога одамна требаше да трубат.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.781
Поени од реакции
21.187
Еве јас да ви ја решам дилемата дали можи или не.
Неможи да ги врати.
И сега шо прајме? Да земиме да се обесиме или што?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.781
Поени од реакции
21.187
Може и да гледаме Сител и да се радуваме колку ни е убаво.....
Не бе не се заебавам, сериозен сум. Искрено мислам дека нити сме можеле,нити можеме нити во иднина ке можеме некогаш да ги вратиме, нити пак некој некаде, некогаш ги вратил.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
3 години откако ја отворив темата.
Жалам искрено што сеуше е актуелна и страв ми дека ќе биде и поактуелна во иднина. Искрено би се радувал ако дојде момент економските факти да ме демантираат и да го направат безпотребно дебатирањето

Да сумираме-
(текстот е дел од поголема анализа на признаен економист. Можеби неговите политички ставови на некои не им се допаѓаат, ама економските бројки се официјални.)

Бруто надворешниот долг (збир од надворешниот долг на приватниот сектор и надворешниот долг на јавниот сектор) во 2006 изнесуваше околу 2.5 милијарди евра, а во 2015. (втор квартал), 6.4 милијарди. Тоа значи пораст од 156%, или дека овој вид долг растел за 2.6 пати побрзо од растот на номиналниот БДП (околу 60%).
Номиналниот бруто домашен производ (БДП) од 2006. до 2014. се зголемил за 57% (од 335 на 526 милијарди денари).
Во истиот период јавниот долг (според нецелосната дефиниција на Владата тој се состои од долгот на Централната власт, долгот на општините и долгот на јавните претпријатија за кој централната власт издала гаранција) се зголемил за 116 % - од 1.82 на 3.94 милијарди евра - тоа значи со двојно побрза динамика.

Индикаторот меѓународна инвестициона позиција на Р.М (нè информира колку Македонија има сопствени средства, односно побарувања во странство - портфолио од сите видови, а колку остатокот на светот има во Македонија) ја покажува следната состојба:

Во 2006 година Македонија имала свое портфолио во странство во износ од 1.9 милијарди евра, а странците кај нас дома поседувале 4.8 милијарди евра.
Нето позицијата била негативна во износ од 2.9 милијарди.

Во 2015. нашите побарувања во странство изнесувале 4.8 милијарди, а побарувањата на остатокот на светот кај нас 9.6 милијарди евра.
Минусот изнесува 4.8 милијарди. Како процент од БДП минусот се зголемил од 45.5% (2006), на 55% (2015).

Нашите побарувања во странство се состојат главно од: наши пари на чување во странство - девизните резерви , девизните депозити на нашите банки и трговски кредити и аванси
Побарувањата на остатокот од светот кај нас се состојат главно од: директни инвестиции и заеми/кредити .

Овие разлики во структурата на побарувањата и обврските меѓу нас и остатокот од светот говорат дека: странците, остваруваат големи профити и наплаќаат високи камати , а ние за депонираните пари кај нив добиваме само трошка камата, неколку пати пониска од таа што тие ни ја наплатуваат нам. Таа разлика , заедно со сè поголемиот јаз меѓу она што тие го поседуваат кај нас и ние кај нив, е една од причините поради која говорам дека Македонија сè повеќе станува поседувана земја, односно, заедно со другите фактори, сè повеќе станува колонија или нечиј протекторат.

Сирените за тревога одамна требаше да трубат.
Се е во ред само ова ПРИЗНАЕН ме интересира од каде ти е? Еве ја неговата биографија во релација со неговото искуство во економијата:
Работел како економист во Фабриката за автобуси „11 Октомври“ Скопје. Бил економски советник во Синдикатот на Македонија, а извесен период и шеф на Кабинетот на претседателот на Синдикатот на Македонија.
На функцијата гувернер на Народната банка на Македонија бил избран во 2004 година.

Тоа е признанието? За споредба еве ја биографијата на актуелниот министер за финансии.
АД Аутомакедонија 1990 - 1993
Комерцијалист – Сектор увоз и извоз
Народна банка на Република Македонија 1993 - 1997
Истражувач - Дирекција за истражување
Народна банка на Република Македонија 1997 – 2000
Директор на Дирекцијата за истражување
Министерство за финансии јануари 2000 – март 2001
Потсекретар
Светска банка 2001 - 2004
Советник на извршниот директор во Холандската конституенца
Светска банка март-август 2005
Консултант – Одделение эа Европа и Централна Азија за намалување на сиромаштијата и економски менаџмент
Светска банка септември 2005
Консултант - Одделение за операциони политики и услуги за земјите членки (OPCS)
Светска банка февруари 2006 – август 2006
Водечки економист за развојни политики - Одделение за операциони политики и услуги за земјите членки (Operational Policy and Country Services)
Претседавач на Годишните собранија на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд за 2008 година
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Овој со “импресивнава“ биографија беше тој со “чоколадото и лудаците“ ? Што сакаше “да му ја тресне слушалката“ на неговиот кум? Чисто прашувам да не сум грешка ?

Нема врска, признавам , тонч од тебе. Подобро ЦВ има, јбг...
Само ако самиот признаваш дека другото напишано “ е во ред“ лоша е корелацијата на ЦВ-то со постигнатите економски параметри.
 
Чекај а овој со штиклициве е оној што кога конечно ја доби функцијата прво што направи беше зделки со плацови на грчка граница и градење палата? Лидерот на ДП и ЛДП?
Бројките не сум ги проверил, би требало да се точни. Сепак човекот е со "чисти раце". Иако не сум економист, ме интересира дали успехот на една економија и можноста за враќање кредити се мери преку 2-3 параметри?
P.S. биографијата значи не е импресивна? Сподели ја твојата.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Не бе не се заебавам, сериозен сум. Искрено мислам дека нити сме можеле,нити можеме нити во иднина ке можеме некогаш да ги вратиме, нити пак некој некаде, некогаш ги вратил.

Па тоа е цела финта, и треба народот да се освести, и да биде свесен кога ќе му речат дека треба да плаќа лихварски данок и камата на банките, дека не е за негово добро, дека не е за плати и пензии, дека е за нечиј профит. Па кога ќе дојдат да речат ајде сега приватизирање на ЕЛЕМ, под концесија водите, водоводите и водните стопанства, исто и на шумитр, па продажба на автопатите и патните патарини да знае човек дека тоа е ропски систем наменет против него, неговите блиски, неговата работа, неговите желби и соништа.

Видеово не знам дали го имам ставено тука :icon_lol::

https://www.facebook.com/337296072954727/videos/1103091253041868/
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom