Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Само енергетика, земјоделие и сточарство.
Фабриките изгубија континуитет руинирани се испокрадени презадолжени и тоа малце шо беше талентирано и стручно или остаре до пензија или замина на запад, туку парите да ги вложиме во тие 3 сегмети, се друго - ако дај госпот, со до сегашни 500 милиони евра дадени за стиропор и лим, се правеа уше 2 хидроцентрали како козјак и со кусурот да се испресеца македонија со канали за довод и одвод, да се отворат бунари и подземни извори ни суша ни поплава да не ни влијае, ако неќе европа, ќе сака русија ако неќе русија ќе сака блискиот исток кина балкан... ем ефтино ние ќе јадеме ем поефтина струја ќе имаме ем и некој динар ќе заработиме од тоа. Погони за основна преработка на овошје и зеленчук, ништо комплицирано, и на големо шлепери и композиции носи и разнесувај, никој не рекол, фала неќиме да јадиме, а за струја апетити се појќе ќе растат во регионот, па и ветерници за струја.... енергија и храна, ТВ пред тебе чипсот до тебе - симбол на иднината
...не би должел многу во однос на земјоделието, сточарството и енергетиката. Сосема е во ред. Но за успешна реализација на сите нив треба прво и основно : земјоделци,сточари и енергетичари.., парите не се проблем никогаш, посебно па не денес кога ги има до ниво на четврти спрат , под услов ако ги имаш спомнативе.....;)[DOUBLEPOST=1440587778][/DOUBLEPOST]
гледаш како ти текна. Сепак мислам дека тоа е судбина на сите мали или колонијализирани народи.
ти тама мислиш. Колку пари дадов и колку мајстори сменив додека не ми дијагностицираа зошто колата гаси и сецка. Те ова ти е, те она ќе смениш.... А и терапевти има. Проблемот е што дел од тие стручњаци веројатно не се нафаќаат да влезат во матни води на политика. За вториот проблем сигурно не треба да си стручен да видиш дека сеуште безобразно се троши на она што го споменав и сеуште се вработуваат лица во буџетските фирми. Колку треба да си стручен за да кажеш стоп макар за тие вработувања?
Каде е тука во приказната другар руралниот развој, враќање на населението, каде е Вардарска Долина итн?
Не знам јас што треба во политиката кај банките или извозните фирми, но ете, @Let 3 го спомна земјоделието па можам да ти кажам таму што фали и што е вишок. Инфраструктурата во земјоделието е многу лоша. Најголем дел од површините не се наводнуваат. Дел од системите за наводнување не функционираат. Од пописот 2007 ќе прочиташ дека 70% од земјоделците наводнуваат само 70000 хектари. Добар дел од површините е жеден за вода, само 120 илјади може да се наводнуваат. Пелагонија (главно подрачје за индустриски и житни култури) 2/3 од површините не се наводнувани. Тетовските ниви ќе прочиташ дека се поплавени и наводнети со фекалии. Сигурно знаеш дека кога беше суша, ги намалуваа стадата овци, немало вода :eek:
Гледав Кумановско, овчеполието Немањици, Амзабегово, запечени жита, исушен сончоглед, мака да те фати од нашето земјоделие.
Механизацијата е приказна за себе, добар дел од неа од Титово време. Тоа ќе го прочиташ дури и од Сител. 2/3 од механизацијата е стара над 20 години. Се смета дека уште 2/3 плус на легализираните трактори се нерегистрирани. Проблемот со поплавите и одводот се исто голем проблем. Тутунот кој носеше добри девизи, од оваа година по налог е намален, уште една нелогичност. Има уште многу што да се пишува за ова.
А субвенции, т.е. пари од буџетот за кои повторно се задолжуваме, се фрлаат тукуречи во ветер и тоа колку што знам се исплаќаа за засеани површини, а не по принос или по легален откуп што е уште една лоша идеја која остави простор и за манипулација односно една шарена лага.
Ете нешто Конкрит каде треба да се делува како пример, само еден од столбовите во стопанството кој прави 10, со дополнителната индустрија и 20% од БДП.
..не малите народи Lurtz само оние мали кои истовремено се и глупави, само тие... а за земјоделието, кажав малку погоре, а тоа пак може да се нагласи и за другите столбови, долини и сл. од тебе спомнати ...:)
За субвенциите дефинитивно си во право и не само ти , не има цел куп со таков став...: треба да се субвенционира производ на вага.
Купувањето семе, гориво и друго околу сеидбата треба само да се кредитира. Тоа е голема разлика во однос на сегашната мегало дубара...и се надевам владата ќе стаи прст на чело околу тој проблем:sneaky:
 
Последно уредено:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
...не би должел многу во однос на земјоделието, сточарството и енергетиката. Сосема е во ред. Но за успешна реализација на сите нив треба прво и основно : земјоделци,сточари и енергетичари.., парите не се проблем никогаш, посебно па не денес кога ги има до ниво на четврти спрат , под услов ако ги имаш спомнативе.....
..не малите народи Lurtz само оние мали кои истовремено се и глупави, само тие... а за земјоделието, кажав малку погоре, а тоа пак може да се нагласи и за другите столбови, долини и сл. од тебе спомнати ...:)
За субвенциите дефинитивно си во право и не само ти , не има цел куп со таков став...: треба да се субвенционира производ на вага.
Купувањето семе, гориво и друго околу сеидбата треба само да се кредитира. Тоа е голема разлика во однос на сегашната мегало дубара...и се надевам владата ќе стаи прст на чело околу тој проблем:sneaky:
Сериозен си? За прстот на чело?:)
Земјоделци може да си увеземе од оние на грчка граница.:D
 
Т

Триптико

Гостин
Само енергетика, земјоделие и сточарство.
Фабриките изгубија континуитет руинирани се испокрадени презадолжени и тоа малце шо беше талентирано и стручно или остаре до пензија или замина на запад, туку парите да ги вложиме во тие 3 сегмети, се друго - ако дај госпот, со до сегашни 500 милиони евра дадени за стиропор и лим, се правеа уше 2 хидроцентрали како козјак и со кусурот да се испресеца македонија со канали за довод и одвод, да се отворат бунари и подземни извори ни суша ни поплава да не ни влијае, ако неќе европа, ќе сака русија ако неќе русија ќе сака блискиот исток кина балкан... ем ефтино ние ќе јадеме ем поефтина струја ќе имаме ем и некој динар ќе заработиме од тоа. Погони за основна преработка на овошје и зеленчук, ништо комплицирано, и на големо шлепери и композиции носи и разнесувај, никој не рекол, фала неќиме да јадиме, а за струја апетити се појќе ќе растат во регионот, па и ветерници за струја.... енергија и храна, ТВ пред тебе чипсот до тебе - симбол на иднината
"Сањам те сањам, скоро сваке ночи..." Ништо не прават, се е ветер во магла...
 
А

Атлантист

Гостин
Борчот колкав ни е? 5-6 миљарди евра?
500.000 бубрези по 20.000 евра се 10 милијарди евра, и борчој да вратиме и цела Македониј со барок и споменици да ја прекриеме, и селата барокни ќе ги напрајме и во на секој крстопат бронѕен лав или фонтана шо свири ќе клаиме.
Полека, 5-6 милијарди евра се сите борчови на куп, на држава, на фирми, на граѓани.

Па редно е и заштедите да ги собереме, 2,2 милијарди девизни резерви и 7 тони злато + 4,7 милијарди евра депозити на граѓаните + x милијарди во Швицарски банки на Трифун, Гуштеров, Свето пивара, Штерјо, Андреа итн, ќе ги пикнеме во Идризово и ќе им ги изнудиме парите.,

Значи бубрези не мора да продаваме, ќе ги конфискуваме парите од депозитите, ја укинуваме народна банка и ги ставаме на куп и парите од дев.резерви и ќе стигнеме до 10 милијарди.
Се раздолжуваме и одиме на села барокни или некои градби во брутализам стил затоа што од искуство тоа се велелепни градби, или нешто модерно како во Дубаи да правиме поголема зграда од бурџ калифа, работа на одлука и на вкус..

Сега овие што им ги конфискуваме депозитите нема да бидат најсреќни но нема веза, па и во комунизмот некои изгубија депозити а некои добија станови. Важно мнозинството да се среќни.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.257
Поени од реакции
78.895
Па редно е и заштедите да ги собереме, 2,2 милијарди девизни резерви и 7 тони злато + 4,7 милијарди евра депозити на граѓаните + x милијарди во Швицарски банки на Трифун, Гуштеров, Свето пивара, Штерјо, Андреа итн, ќе ги пикнеме во Идризово и ќе им ги изнудиме парите.,
Кога само би било можно ова....

(инаку сто посто сигурен сум дека тука секако мислиш исто така и на азното на Груевски и Мијалков, што се трупа по Белизе, Кипар и слични места.)
 
А

Атлантист

Гостин
Кога само би било можно ова....

(инаку сто посто сигурен сум дека тука секако мислиш исто така и на азното на Груевски и Мијалков, што се трупа по Белизе, Кипар и слични места.)
Секако, секој кој што ќе се намириса дека има пари.
А зошто да не е можно? Комунизмот покажа дека се можни вакви идеи.
Е, ова не е ништо, какви идеи имаат ком. владетеки само треба некој јак комунист да избереме. Како Мао во Кина пример само и проектот за требење на сите врапци за да има доволно жито да се прехрани народот. Верувам познато ти е ова..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
прст на чело само за поткуп на луѓе, фирми и медиуми и дел за в џеб. Да не е Телма на ред?
.поарно прст, отколку пиштол...:tapp:
Сега едно просто контрапрашање
-кога последен пат на една национална тв е организирана јавна дискусија, тематска дебата без разлика на политичка обоеност и неподобност? За она претходно, еве за парите и наводно "ефектите" во земјоделството. И уште еден доказ за игри со големи пари од даночните обврзници.
Бонус трака, зголемување на долгови и блокираните сметки
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
@Атлантист немам којзнае колку во банка, ама 1 евро да ми зароби некое лигле од која сакаш влада, личниот опис ќе му го сменам. Ќе си играат курташак со пари од даноци (мои/наши пари), па уште и во сметка да пикне прсти? Ќе се прашаме за тоа!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Полека, 5-6 милијарди евра се сите борчови на куп, на држава, на фирми, на граѓани.

Па редно е и заштедите да ги собереме, 2,2 милијарди девизни резерви и 7 тони злато + 4,7 милијарди евра депозити на граѓаните + x милијарди во Швицарски банки на Трифун, Гуштеров, Свето пивара, Штерјо, Андреа итн, ќе ги пикнеме во Идризово и ќе им ги изнудиме парите.,

Значи бубрези не мора да продаваме, ќе ги конфискуваме парите од депозитите, ја укинуваме народна банка и ги ставаме на куп и парите од дев.резерви и ќе стигнеме до 10 милијарди.
Се раздолжуваме и одиме на села барокни или некои градби во брутализам стил затоа што од искуство тоа се велелепни градби, или нешто модерно како во Дубаи да правиме поголема зграда од бурџ калифа, работа на одлука и на вкус..

Сега овие што им ги конфискуваме депозитите нема да бидат најсреќни но нема веза, па и во комунизмот некои изгубија депозити а некои добија станови. Важно мнозинството да се среќни.
Тебе двата бубрези ќе ти конфискуваме
 
А

Атлантист

Гостин
@Атлантист немам којзнае колку во банка, ама 1 евро да ми зароби некое лигле од која сакаш влада, личниот опис ќе му го сменам. Ќе си играат курташак со пари од даноци (мои/наши пари), па уште и во сметка да пикне прсти? Ќе се прашаме за тоа!
Не викај два пати, стара комунистичка пракса е да се брцне во тој џеб. И за време на Ју. и за пирамидалните штедилници, ТАТ, Алфа С, Лафци. Чинам дека имаше уште некој така да не е ТАТ изолиран случај, во прашање било систем.[DOUBLEPOST=1440602309][/DOUBLEPOST]
Тебе двата бубрези ќе ти конфискуваме
Тебе можеме све да ти конфискуваме освен мозокот, не ни треба. :)
Се разбира не ја свати поентата. :) Не ни очекував. Држи се до Југо носталгија темата,
 
А

Атлантист

Гостин
Па не знаете шо би праеле со мозок, непозната ствар е тоа за вас
Друже Лет, не разбираш - па тоа ти е, изгледа ќе мора да ти цртам.

Си ги ставил сите долгови на куп, па редно е да ги ставиме и сите заштеди на куп.

Заштедите, државни, на граѓани, на фирми > Долгови, државни, на граѓани, на фирми
> Знак за поголемо

Ова за Југославија ти е бонус, (не е поврзано со темата :))[DOUBLEPOST=1440603695][/DOUBLEPOST]
Во меѓувреме светскиот долг :)
Е токму така, најбогатите се најголеми должници, само да не се истовремено и најголеми доверители (и тоа не самите држави туку нивните богати граѓани).
А овие две доверители и должници одат рака под рака, јбг. еден без друг неможат.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Друже Лет, не разбираш - па тоа ти е, изгледа ќе мора да ти цртам.

Си ги ставил сите долгови на куп, па редно е да ги ставиме и сите заштеди на куп.

Заштедите, државни, на граѓани, на фирми > Долгови, државни, на граѓани, на фирми
> Знак за поголемо

Ова за Југославија ти е бонус, (не е поврзано со темата :))[DOUBLEPOST=1440603695][/DOUBLEPOST]
Е токму така, најбогатите се најголеми должници, само да не се истовремено и најголеми доверители (и тоа не самите држави туку нивните богати граѓани).
А овие две доверители и должници одат рака под рака, јбг. еден без друг неможат.
Јас имам долг 2 сметки за струја 1 за кабловска, мобилниот ми е платен, се на се 4000 денари, то е мојот куп. За стиропорни бароци, ламарини премачкани со бронзена боја, мерцедеси од 700.00 евра, кравати од 5000 евра, кинески имитации на мермер, плажи покрај вардар, рингишпили и 250.000 евра вредни врби во вардар - друг ќе си барате, кој ставил потпис на тоа да се фрлат можеби сега и скоро милијарда евра. Ја моите 4000 денари ќе си ги платам, тој шо потпишал за 60 милијарди денари - тој нек си ги плаќа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom