Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Истата ситуација се случува со бездомнициве во државава кои питаат на камен мост...Во споредба со вработените во администрација гарантирам дека се помалку задолжени.
Ти од кај знаеш дали и колку се задолжени.
Ако е за тоа во просек секој Македонец должи најмалку по 12-15к денари.
Лично јас и моето пошироко семејство не сме во минус,не должиме ништо и сите сметки до посладна ни се навреме платени а статистички се водиме како должници.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Твоето мислење ме наведе на следно размислување:
Обврска се состои во: давање. сторување, не сторување и трпење
На твоето семејство никој ништо не му дал, сторил, не сторил или трпел, а пак сте должни
Тука нема логика
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

..дали се должни, ако никој ништо не им дал??? или им дал , ама тие тоа не го забележале бидејќи дошло како плата, пензија, субвенција,социјална помош или нешто слично дома?? Сите "примања" кои не се резултат на материјално производство или на друг продавлив надвор производ се резултат на тоа: задолжување.
Маскирано вака или онака.
Ако народ не сака да му се задолжува државата, треба јасно и гласно да каже дека на први ќе се откаже од таквите дубиози и егзибиционизми па било која да е на власт и не сака такви пари ни со очи да види , а камо ли на сметка.. Во секунда ќе исчезнат сите мотиви за упражњавање популизам од било кого во државичево....:):):)
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
да, да, народот е крив. субвенциите се единствениот виновник за дупката во буџетот. оние рингишпилите, фонтаните, спомениците и бароците тие се корисни исплатливи инвестиции. прекумерните вработувања во администрација се потребни за оптимално функционирање на државата. сето тоа е потребно.
само субвенциите да се укинат и нема да има потреба за задолжувања.
 
...плати на администрација, друга управа, полиција и војска, пензии, образование и здравство, сите социјални плаќања и сите субвенции СЕ ГОЛЕМИОТ ТРОШОК. Од друга страна НЕМА ПРОИЗВОДСТВО кое тоа може да го покрие.....А месецот минува и треба се тоа да се сервисира.
Имаш ли некоја идеа како, а да не биде само демагогија??? Проблемот на девастираното македонско стопанство не е од вчера , познато е дека еден ден растурање бара минимум 3 за средување со ангажман на сите. Ако пола зановетаат множи тоа со три....;)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.051
Поени од реакции
6.657
цел свет е во рецесија,нема држави што не е во долгови,не дозволувајте некој да ве лаже дека све е ОК,еден ден тие наталожени камати ќе бидат голем проблем како што се сега на нашиот јужен сосед
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
си има луѓе избрани од народот кои треба да имаат идеи како да ја средат економијата во државата, не треба ние народот да наоѓаме начини за спасување на македонската економија.
но оние избраните од народот имаат само идеи како да си подобрат личните финансии, додека на народот му претставуваат лажна слика за состојбата во државава.
 
Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
A зошто пак да ги враќаме кредитите.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
A зошто пак да ги враќаме кредитите.
и тоа што викаш. ќе се заинатиме како грците и не враќаме ни динар. пари од нас не видуваат. може само да ни ги отпишат долговите
 
D

Darko_ufo

Гостин
Само повеќе вработувања во администрација му е мајката и да се удри повеќе стапот врз приватниците што к... си мислат они така тоа бизнис се терало. Само во администрација му е мајката тоа се исплати. 400 000 работат во администрација и мислам дека се малку, уште треба, сите да работиме во администрација да гласаме за патриотите и нема потреба од попис ќе се броиме ''први,втори,трети''.

И така ќе го направиме цело Скопје барок, и преку туристи ќе ги вратиме кредитите. Ќе дојдат милијарда туристи.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.918
Поени од реакции
7.838
нема потреба да мислиме дали може да ги враќаме, си организираме еден референдум и масовно гласаме дека не ги враќаме, и после уште онака како јужниве гупци ке излеземе да славиме и ќе викаме дека сме горди на нашата одлука.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
..дали се должни, ако никој ништо не им дал??? или им дал , ама тие тоа не го забележале бидејќи дошло како плата, пензија, субвенција,социјална помош или нешто слично дома?? Сите "примања" кои не се резултат на материјално производство или на друг продавлив надвор производ се резултат на тоа: задолжување.
Маскирано вака или онака.
Ако народ не сака да му се задолжува државата, треба јасно и гласно да каже дека на први ќе се откаже од таквите дубиози и егзибиционизми па било која да е на власт и не сака такви пари ни со очи да види , а камо ли на сметка.. Во секунда ќе исчезнат сите мотиви за упражњавање популизам од било кого во државичево....:):):)
Работиве не се така едноставни како што ти велиш
Ако имаш време - те молам погледни го овој текст
https://mk.wikipedia.org/wiki/Нова_кејнзијанска_економија
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Заклучно со првиот квартал од годинава Бруто Надворешниот долг на Македонија (вкупен долг во кој освен јавниот се вбројува и долгот на фирмите, осигурителни друштва, банки…) изнесува 6,1 милијарда евра, покажуваат новите податоци на Народната Банка. Во однос на состојбата на крајот од декември, 2014 та година, заклучно со март, долгот е зголемен за 230,8 милиони евра.

Со сегашните позиции, Бруто надворешниот долг на Македонија изнесува 68,68% и според овој параметар, земјава е во групата на високо задолжени економии.

Ако се анализира стуруктурата на бруто надворешната задолженост, најголем дел од долгот или 2 милијарди евра се на име на државата, следуваат компаниите, осигурителните компании, домаќинствата кои должат 1,9 милијарди евра, зад нив според висината на задолженоста кон странство се банките со долг од 602 милиони евра и на крајот е Народната Банка со долг од 336,7 милиони евра.

Ако пак се анализира надворешниот долг според рочноста на кредитите, тогаш најголем дел од долгот или 4,6 милијарди евра се долгорочни задолжувања а 1,5 милијарди евра се краткорочен долг.

Според податоците на НБМ, на крајот од првото тромесечје Јавниот долг изнесувал 3 милијарди евра и во однос на крајот од ланската година се зголемил за 178 милиони евра.

Според податоците на Министерството за финансии пак, Јавниот долг изнесува 3,9 милијарди евра или на крајот од првиот квартал од годинава тој изнесувал 43,6%, што по ланската година ( кога долгот изнесуваше 46% од БДП), претставува едно од највисоките нивоа на задолженост измерени во последните 11 години.
Никаде во светот не се споредува бруто надворешниот долг на одредена држава во однос на нејзиниот БНД (ГДП), зошто тој се однесува и на позајмиците на фирмите и приватниот сектор од странство, а тоа позајмување може да биде по различни основи, како на пример и по основ на позајмици за нови инвестиции. Така, Велика Британија која е една од првите во светот по капиталните инвестиции, има дури 400% бруто надворешен долг.
Со кои пари странските инвеститори градат фабрики во Македонија?
Инаку, Македонија е средно задолжена земја со еден од најмалите јавни долгови во Европа и нема потреба од политичка пропаганда дека земјава е презадолжена и дека има опасност од банкрот со ваков јавен долг.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Никаде во светот не се споредува бруто надворешниот долг на одредена држава во однос на нејзиниот БНД (ГДП), зошто тој се однесува и на позајмиците на фирмите и приватниот сектор од странство, а тоа позајмување може да биде по различни основи, како на пример и по основ на позајмици за нови инвестиции. Така, Велика Британија која е една од првите во светот по капиталните инвестиции, има дури 400% бруто надворешен долг.
Имаш информации и за зголемувањето на јавниот долг од 178 милиони евра.

Инаку, Македонија е средно задолжена земја со еден од најмалите јавни долгови во Европа и нема потреба од политичка пропаганда дека земјава е презадолжена и дека има опасност од банкрот со ваков јавен долг.
Каде имам спомнато политички партии па да го квалификуваш за политичка пропаганда?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom