Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.158
@мкд владе Твоето е ок. Само што во таква економија го нема она "да бе, ти ќе ми кажеш". Сакаат да ја придвижат побрзо напред. А тоа најбрзо се прави со трошење. Само зголемена потрошувачка зголемува размена на стоки и услуги. Ако сите ги чуваат парите, нема да мрднат од една точка, или тоа ќе биде бавно.

Инаку, во написот пишува заштеди, не обврзници.
Каква е тоа таква економија?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.158
Економија каде што точно се знае каде ти/ни е местото. Не како кај нас, кој стигне експерт стана.
Не ми беше тоа прашањето кога прашав каква е тоа економија, ама ти веќе го знаеше тоа. Сакаш директно да прашам или ке не удостоиш со твој став каква економија има потреба од вакви економски мерки. Се е во ред или има уште нешто тука. Значи не барам експертско мислење туку твој став зошто има потреба од вакви мерки и како се дошло до ситуација да требаат вакви мерки. Оти ваква мерка не е донесена пред 30 години туку сега. Што е променето?
 
Т

Триптико

Гостин
Сакаш директно да прашам или ке не удостоиш со твој став каква економија има потреба од вакви економски мерки. Се е во ред или има уште нешто тука.
Се е во ред со нивната економија. Едноставно сакаат да одат напред. Германија секогаш била прва во Европа. Погледни го нивниот менталитет, секогаш први, секогаш над сите. Не за џабе нивната химна почнува со Deutschland, Deutschland über alles, Über alles in der Welt...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.158
Се е во ред со нивната економија. Едноставно сакаат да одат напред. Германија секогаш била прва во Европа. Погледни го нивниот менталитет, секогаш први, секогаш над сите. Не за џабе нивната химна почнува со Deutschland, Deutschland über alles, Über alles in der Welt...
Чим така велиш, така нека биди. Се надевам дека си во право пошто едно што и нашата економија директно зависи од нивната. Ако нешто не штима кај нив, кај нас тродупло ке се одрази во негатива, друго што мене некако ми нема логика ако е се во ред да воведуваш вакви мерки. Ке кажи времето.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.158
@мкд владе Нема ништо лошо да ја подигнеш економијата на повисоко ниво. Ние сме посебна приказна.
Не ни зборам за нас. Далеку сме ние од германската економија. Ми беше нејасно зошто како што велиш ти би ја кревале економијата на уште повисоко ниво ако и така е на прво место во европа. Значи не навиваме тука или предвидуваме црни сценарија. Едноставно побарв искрен едноставен одговор зошто е донесена таква мерка и како се нашла во ситуација да треба да се носи ваква мерка кога и без неа германија беше локомотива на европската економија. Зошто едноставно има потреба од тоа кога досега немало. Што толку се има променето. Тоа јас прашувам.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.158
@мкд владе тоа ќе ја прашаш баба ти Ангела, не мене :D
Камо да ми беше баба:(.
Инаку сериозно прашав ваше реално мислење зошто е тоа така. Нити се засекирав за германците нити имав намера да навиваме.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Не ни зборам за нас. Далеку сме ние од германската економија. Ми беше нејасно зошто како што велиш ти би ја кревале економијата на уште повисоко ниво ако и така е на прво место во европа. Значи не навиваме тука или предвидуваме црни сценарија. Едноставно побарв искрен едноставен одговор зошто е донесена таква мерка и како се нашла во ситуација да треба да се носи ваква мерка кога и без неа германија беше локомотива на европската економија. Зошто едноставно има потреба од тоа кога досега немало. Што толку се има променето. Тоа јас прашувам.
Германците не ја гледаат само нивната економија кога носат мерки, туку цела еврозона. И не постои совршена економија, секоја без разлика на големината се соочува со проблеми, ако не суштински, тогаш тековни.

Германската економија има неколку тековни. Претераа со форсирање на штедење, па си забавија раст. Во еврозоната има држави со сериозни проблеми и слично. Ама тоа не е ништо драматично. Ако се прашуваш што е поразлично годинава од лани, одговорот би бил односот и соработката со Русија. Тоа е новиот најголем предизвик на европската економија, кој ќе ги внесе во рецесија и нив и Русија.
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ја прашав на Леандра за сега само на корпоративните депозити изгледа ќе се однесува ќе каже деновиве на Ауфвидерзен темата ја прашав.
Еве овде ќе ти одговорам да не пишувам во темана на Владе :)

Commerzbank е една од најголемите банки во Еврозоната воведува негативни камати од Декември благодарение на одлуката на Европската Централна Банка. Нашите медиуми многу помпезно најавиле, а при тоа заборавиле да напоменат дека германската банка ќе воведе по примерот на американски, англиски и швајцарска банка. Она што го воведува КБ се однесува само за големи компании со големи примања, концерни и инстуционални инвеститори. Нема да се однесува на средни фирми и физички лица. При тоа банката изјави дека не и се во план други групи да опфати. Со овие големи фирми индивидуално ќе разговара. Ако некој нема претстава колку се тие големи фирми, една банка во Тјуринген ја има воведено од 1 Ноември оваа негативна камата и ја пресметува за оние фирми кој на дневно конто имаат повеќе 500 000 евра или на жиро сметка им лежат над 2 милиони евра. Засметува со 0,25% негативна камата.

Германците важат за штедлив народ така да не верувам дека некој ќе се осуди на физички лица да стави негативна стапка зошто на тој начин може да се случи масовна миграција на парите од сметките со краен ефект пропаст на банкарскии сектор. А Германија ја измисли монетарната економија (ако некој не знае нашата НБРМ го копираше германскиот систем на монетарна економија после инфлацијата 1995) и јас лично не се сомневам во тој систем.

Одлуката на ЕЦБ е да се мотивира приватниот сектор на инвестиции и работни места, се со цел да се раздвижи пазарот бидејќи постојат стравови од повторна рецесија. За да не се случи истото од 2009 монетарниот систем презема акции. Ова е прва, верувам ќе следат дополнителни мерки за раздвижување на пазарот.

Повеќе некој ако сака да прочита тука
 
Не бе моја, на Бојчо беше, јас само му помагав да набие страници и посетеност;)
Туку кога си веќе тука уште едно онака лаичко прашање од економија за да ние необразованите со средно не прашуваме на секое. Какви мерки според тебе( и немора според тебе, слободно и другите нека споделат мислење) би се превзеле за да бидат нешто како сигурен знак дека некоја економија оди од лошо кон бетер или од добро кон лошо. Кој според тебе е сигналот дека не ја бива работата. Прашувам општо не конкретно за Германија или тука. Што би рекле ете пример Швајцарија ( онака ја лупнав без везе) еден ден донесе некои економски мерки кои според тебе би биле знак дека нешто не е како што треба и дека ти пример ако би имала пари или фирма таму би побрзала да ја преселиш или да ги изнесиш. Кои би биле тие мерки во кратки црти кажано.
 
Секогаш кога ќе го видиш нашиот Гувернер како се поти на тв во понеделник, а потоа повторно го гледаш следна недела знај дека нешто се случува што не е добро.
Во Европски рамки е ЕЦБ чим она се појавува по весници почесто од еднаш во 6 месеци знај дека моменталните текови водат или кон рецесија или кон инфлација.

Тоа е знакот во Монетарна економија дека има некои неповолни ветришта. Самото појавување на Гувернер на телевизија да даде изјава е една од монетарните мерки на НБРМ. Неговото појавување со економски речник е сигнал до банките што треба да прават. Тоа е единствена зона каде нема не сакам или ја вака мислам, едноставно таква е подреденоста на системот.
 
А дали пример настрана гувернерите и ЕЦБ, можи да се смета како лош знак ако некоја влада носи некои закони или прописи во врска со даночната политика. Не прашувам ништо конкретно или ајде можам да ја споменам Франција кога пред колку беше година дена или повеќе кога донесе закон за оданочување со кој богатите се оданочуваја ептен многу. Се сеќавам на глумецот кој зеде руско државјанство како револт или така нешто. Дали според тебе некои такви мерки би можеле да бидат знак дека нешто не штима и кои и какви би биле тие( исто според тебе) на кој би требало да се обрни внимание. Значи те прашувам за твое лично мислење кога ти би се посомневала дека нешто не е како што треба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom