Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

I

izotop

Гостин
Ако отворите било кој странски медиум, се за што се зборува во другите држави е штедење, а на народот му се ветуваат само крв пот и солзи. Тука е обратно, штедење никаде, а се ветуваат брда и долини. Парадокс.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Коментар од нечиј фејсбук профил го сретех некаде.

КОЈ КАЗНУВА САМ СЕ КАЗНУВА, ЗАШТО С Е РЕКЛО ОНА ШТО НЕСАКАТЕ ДА ВИ С Е ПРАВИ НЕМОЈ ДА МУ ГО ПРАВИТЕ НА ДРУГ,, ЗА ДА С Е КАЗНИ ЧОВЕК АКО Е ЗАБРАНЕТО- ВО РЕД, АМА СО НЕКОЈА КАЗНА КОЈА ОСВЕЖУВА А НЕ СО КАЗНА КОЈА УНИШТУВА, СО НАВЕДЕНИТЕ БРОЈКИ НА КАЗНИ НЕ СЕ УНИШТУВАТ САМО ПОЕДИНЦИ, ТУКУ С Е УНИШТУВАТ ЦЕЛИ СЕМЕЈСТАВА.,,,,,ТИВКИОТ ДОЖД НОСИ ХРАНА ,АМА СИЛНИОТ= ГЛАД ПА И КУЈЌИ И МОСТОВИ РУШИ, СО МАЛИ КАЗНИ ЧОВЕКОТ СЕ УЧИ НА РЕД , АМА СО ПОГОЛЕМИТЕ КАЗНИ ЧОВЕКОТ С Е РАСИПУВА И НОСИ НЕРЕД. ТИЕ С Е ЗАКОНИ НА ПРИРОДАТА. СО МАЛИТЕ КАЗНИ СЕ ЗОДАВАТ ПРИЈАТЕЛИ АМА СО ПОГОЛМИТЕ СЕ ПРАВАТ ДУШМАНИ И НЕПРИЈАТЕЛИ,,, И ДЕТЕ МАЛО, ПОВЕЈЌЕ ПАТИ С Е ОПОМЕНУВА ДОДЕКА ПРОРАБТИ ШЛАКАНИЦАТА АМА И ТАЈА НЕТРЕБА ДА БИДЕ СИЛНА, =ЗАТОА ШТО МОЖЕ ДА ГО ПОВРДИ И ТЕЛЕСНО И ДУШЕВНО, ,ЗДРАВА НАЦИЈА С Е ГРАДИ СО ЗДРАВИ ЗАКОНИ СПРЕМА СТАНДАРДОТ НА ИСТАТА ,АА НЕ СО ЗАКОНИ КОЈИ ЈА НАДМИНУВАТ И 30 ГДИШНАТА ЗАШТЕДА,, ДА СЕ КАЗНИ МИЛИОНЕР - ТОА Е КАКО БОЛВА ДА ГО КАСНАЛА, АМА ТЕШКО НА СИРОМАВИОТ АКО ЗГРЕШИ И НЕСАКАЈЌИ, НЕГО НЕМУ БЕГА ОРТОМЧЕТО ОКОЛУ ВРАТ,,,КОГА НАРОДОТ РОПТА И ВИКА НЕКА НЕ С Е ПЛАШАТ ЗАКОНОДАВЦИТЕ , АМА АКО НАРОДОТ ЌУТИ =НЕШТО СИ ПЛАНИРА,,,,,И ЗА КРАЈ НА МОЈОВ КОМЕНТАР ЌЕ КАЖАМА ШТО РЕЧЕ ГОСПОД ИСУСУ ХРИСТОС КАКО ПОУКА,,= НИКОЈ ПРАТЕНИК НЕЕ ПОГОЛЕМ ОД ОНОЈ ШТО ГО ПРАТИЛ.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
И така сите сме должни само до кога ќе издржи системот и не крахира...

КРЕДИТИ: Побарувачката ќе расте!
30/10/2014 // Пред 1 час // ФИНАНСИИ // Коментирај

inShare

Банкарите очекуваат зголемена побарувачка на кредити и од страна на населението и од страна на фирмите, но голем оптимизам за промена на кредитните услови нема – покажува новата анкета за кредитната активност во третиот квартал од годинава што ја спроведе Народната банка.

Според истражувањето, во третиот квартал дури 92,4% од банкарите изјавиле дека условите за кредитирање на фирмите останале непроменети.

“Во однос на одделни типови кредити, поголемо олеснување е забележано кај кредитите одобрени на големите претпријатија (од страна на 14% од банките).“ – се вели во анкетата на НБРМ.

Она што е драстично променето во однос на претходната анкета се оценките на банкарите во однос на олеснување на каматната политика. Така, само 25% од банките изјавиле дека немале промена во олеснување на каматните услови, додека во претходната анкета ваква оценка дале 63% од банкарите.

Според резултатите на оваа анкета, позначителни поместувања се забележани во рамки на факторите поврзани со потребата од финансирање. Така, се забележува расте број на банки коишто оценуваат дека инвестициите во основни средства делумно придонесуваат за раст на побарувачката на кредити додека се намалува бројот на банките што укажуваат на стимулативно влијание на преструктуирањето на долгот кон корпоративната побарувачка на кредити. Околу 45% од банките сметаат дека инвестициите во залихи и обртен капитал, и натаму влијаат позитивно врз побарувачката на кредити.

Кои критериуми се пресуди при одобрување на кредит?

И натаму клучни услови кои влијаат врз олеснување на кредитните услови се ликвидноста на банките, конкуренцијата, хипотекарните ризици.

“Околу 12% од банките ги посочуваат очекувањата за вкупната економска активност, за перспективата на гранката на којашто ѝ припаѓа претпријатието, како и за ризикот од неизвршување на обезбедувањето како фактори коишто делумно придонесуваат кон заострување на условите за кредитирање, во споредба со околу 50% од банките што пријавиле исто влијание на овие фактори во првиот квартал.“ – се оценува во анкетата и се дополнува:

“Кај факторите поврзани со трошоците на финансиските средства и притисокот од конкуренцијата не се забележани поголеми промени, при што банките и натаму ги посочуваат ликвидносната состојба на банката и конкуренцијата од другите банки како фактори со поголем придонес кон олеснување на условите за одобрување корпоративни кредити (39% и 19% од банките, соодветно).“

Во периодот што следува, односно до крајот на годинава 21% од банкарите изјавиле дека очекуваат олеснување на кредитните услови, а околу 50% и зголемена побарувачка на кредити.

Кај кредитите за население, дури 93,1% од банкарите изјавиле дека бројот на месеци на постојано вработување на барателот е еден од најважните фактори при одобрувањето на кредит.

Во однос на влијанието на промените на монетарната политика врз каматната политика на банките, околу 87% од банките сметаат дека монетарната политика има незначително влијание на промените на врз нивните каматни одлуки, додека 10% од нив оценуваат дека промените на монетарната политика делумно влијаат врз каматната политика.

http://faktor.mk/archives/129347
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
НБРМ откри како се финансира минусот во државната каса

Согласно со последните расположливи податоци, во периодот јули-август во Буџетот на Република Македонија е остварен дефицит од 2.220.000.000 денари, соопшти Народната банка. На збирна основа, за периодот јануари-август, буџетскиот дефицит изнесува 16.978.000.000 денари (или 3,4% од БДП), што претставува 86,6% од предвидениот буџетски дефицит за 2014 година, согласно со ребалансот на буџетот.

„Од аспект на неговото финансирање, во рамки на периодот јули-август беа остварени високи нето-приливи врз основа на задолжување во странство (емитирање на третата еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал и повлекување средства врз основа на Заемот за развојни политики за конкурентност финансиран од Светската банка), што овозможи и значителен раст на депозитите на сметката на државата кај НБРМ. Со тоа, беа обезбедени средства главно за финансирање на буџетскиот дефицит за 2015 година и отплата на еврообврзницата издадена во 2005 година“, се вели во најновиот извештај на Народната банка.

Оттаму додаваат дека дополнителни приливи во буџетот беа остварени и преку задолжување на домашниот пазар преку нето-емисија на државни хартии од вредност, но со значително помал обем во споредба со првиот квартал (во вториот квартал државата изврши нето-отплати врз основа на државните хартии од вредност).

Состојбата на државните хартии од вредност на домашниот пазар на крајот од септември изнесува 70.915.000.000 денари и во однос на јуни 2014 година е повисока за 701 милион денари.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Што значи дека државата има од каде да ги врати своите долгови, плус оние што си ги чуваме под перница сигурно се половина од тие што ги имаме во банка (пари заработени на црно, работење во странство и сл.).
И оваа опозицијава нека престане дека сме биле задолжена држава, кога не сме, кога си имаме многу пари.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.968
Поени од реакции
11.780

Државата може уште да се заборчува.
BTW, коjа опозициja?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Според тоа што има од каде да се земат МОЖЕ уште некоја милијарда.
Ако вие двајца не сакате баш да се експонирате со својата глупост, можете пример, да израчунате што значи статистика :

на пример, хипотетичка ситуација, ако :
0,05 % од населението се екстремно багати и имаат во банка по 1 милион,
0,5 % се средно богати со по 200 илјади во банка
а 99,45 % се сиромаштија
ама. статистички, сите имаат во банка по 1.500 евра, ( што во никој случај не е одраз на реална економска слика на државата )

Нека ви го каже некој вицот за компирот и месото и “статистичката“ мусака

Како ми да е, дури и оваква статистика нема врска со темата, парите на граѓаните не се на државата
Да не споменувам дека дури и да се, поголем дел од споменатите пари се во денари, или мислите дека надворешниот долг Македонија го враќа во денари ?
 
Фала чичко што ни објасни што е статистика.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: SF

Јас до пред да пишеш мислев дека сите имаме по 3+ милијарди евра во банка.:D

Ако не си разбрал да ти објаснам, државата ни должи 3 милијарди, народот (значи богати, сиромашни, ти, јас и сите останати) има 3 милијарди во банките, што самото со себе значи ако државата донесе закон да ги земе сите пари да се раздолжи ќе си ги земе.
Потстеи се на една држава по име Кипар што правеше со своите банки.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ај проверете се од која банка не можи да се вадат од банкомат суми помали од 500 денари? Тоа слушнав најново...
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Ај проверете се од која банка не можи да се вадат од банкомат суми помали од 500 денари? Тоа слушнав најново...
Па тоа се знае дека неможе...може само ако имаш на сметката,н.п. 350 ден.можеш да извадиш 300 и да останат 50 дин.Мора 50 денари да останат...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Па тоа се знае дека неможе...може само ако имаш на сметката,н.п. 350 ден.можеш да извадиш 300 и да останат 50 дин.Мора 50 денари да останат...

Не помалку од 500 не може, значи и да имаш 350 не може 300 да се извадат, мора сума над 500 денари сега другар ми кажа мислам Стопанска банка од нивните банкомати.
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Јавниот долг до сепетември изнесува 46,6% од БДП
01.11.2014 | 16:54
Економија
Прочитано: 299
46,6% од бруто домашниот производ или 3 милијарди 355 милиони евра - ова е нивото на јавниот долг на централната Влада, но овде се вкалкулирани и долговите на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост. Овие бројки се заклучно со 30 сепетември, објави Министерството за финансии.

Инаку, ова е нова методологија за пресметка на јавниот долг, која експресно беше изгласана во Собранието, според која веќе не се пресметуваат долговите на Народната банка , кредитите на државните фирми за кои нема гаранција и дел од долговите на Македонската банка за подршка на развојот од сладото на вкупониот јавен долг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom