Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Да даде Господ цел живот од тутун да зависиш. Па да видиш сам како е да се правиш на Тошо.

Со полиција да се оди по куќи и да се носат земјоделци на информативен разговор во полиција за производство на нелегален тутун. Или да се одзема изостанат од ланското производство.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.960

Сега не врти одоколу.
Упасија некого или не?
Знаеја дека е нелегално тоа што го прават или не?
Знаеја дека не смее да се сади ако немаш договор за откуп или не?
Ти што велиш туку така го посадија на нејќење, и тоа ни повеќе ни помалце 60 хектари. Сигурно семето го згрешија.
И да така се меша ориенталниот тутун со широколисниот.
И по твое што требаше да направат. Ами некој од дрва живее, ај нека ја исечи цела шума. Некој од дрога продавање живее, ај нека посади цела нива афион или марихуана.
Мислам стварно имаш некоја поента во муабетот или си директно засегнат со тутунот, да не речам те репнаја 1500 евра.
И какво оправдување е тоа, демек од тоа живееле. И што сега, секој може да прави што сака , кога сака и како сака само затоа што божем од тоа живее. Каков изговор е тоа, ако воопшто може да се нарече и изговор.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
..ако се земе ова во вид,
http://www.banka.hr/regija/vanjski-dug-u-zemljama-bivse-jugoslavije-130-milijardi-eura
а нема причина...реално гледано на она што ни е пред нос..зошто да не се земе, тогаш мора да се претпостави дека функционирњето на работите не е исто како пред ..на пример 30 години. Правење есап по тогашниот терк не дава вистинска слика на работите...што доведува до поогрешни заклучоци за терминот на пропаста на овдешниот дел од светот.
Од друга страна работава со тутунот е јасна ко бел ден. Некој се дрзнал најнаивно, да и се меша на државата во нејзиниот бизнис, а тоа е... кога се работи за наркотици, тутун, алкохол и оружје, веќе организиран криминал и злосторничко здружување. Незнам што тука не е јасно???;)
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184

ako te slushne ABC tesho si na tebe ,ili sega e od temnozelenite pa ne ide tuka[DOUBLEPOST=1411688790][/DOUBLEPOST]mala pomosh ,mi treba prevod na ovoj tekst :forbidden you don't have permission to access / on this server .Additionalli,a 403 forbidden error was encountered while try ng to use an error dokument to to hande the reguest .
samo ako moze pobrzo ,mi treba itno ,fala
 
Последно уредено:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Сега не врти одоколу.
Упасија некого или не?
Знаеја дека е нелегално тоа што го прават или не?
Знаеја дека не смее да се сади ако немаш договор за откуп или не?
Ти што велиш туку така го посадија на нејќење, и тоа ни повеќе ни помалце 60 хектари. Сигурно семето го згрешија.
И да така се меша ориенталниот тутун со широколисниот.
И по твое што требаше да направат. Ами некој од дрва живее, ај нека ја исечи цела шума. Некој од дрога продавање живее, ај нека посади цела нива афион или марихуана.
Мислам стварно имаш некоја поента во муабетот или си директно засегнат со тутунот, да не речам те репнаја 1500 евра.
И какво оправдување е тоа, демек од тоа живееле. И што сега, секој може да прави што сака , кога сака и како сака само затоа што божем од тоа живее. Каков изговор е тоа, ако воопшто може да се нарече и изговор.
Не Владе, немаше бомбастично апсење на Сител и Канал 5. Немаше акција од ЕБР, Тигрите, и Алфите како апсат нелегални тутуноберачи. Јас сум јанл’ш.

Имаше волонтерско повикување на информативен разговор во МВР, плус за да не се ставаат земјоделците на трошок, МВР праќаше кола + телохранители за недај Боже. Затоа
што Македонија се грижи за душевниот мир и безбедноста на тутуноберачите. Јас можам да ти покажам од официјално семе како излегува широколисен тутн, или како од Јака излегува Прилеп, или како од Прилеп излегува овој експерименталниот 160ка, итн. Ама нели, кој к*р фактор сум јас, или некој друг земјоделец. Или дека договорите оваа година ги носеа во ташна координаторите на месните комитети на ДПМНЕ, и делеа семенска стока.

пс. Поента немам. Тутунот, како и секоја друга акцизна стока што се извезува од Македонија, носи hard currency. А на Mакедонија и треба hard currency за да може да се задолжува во странство. :)
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Задолжителната резерва кај банките мислам дека е 10 проценти, значи да скокне утре народот да си ги извади парите од банката само 10 проценти од парите можат да се извадат ако се придржуваат кон минимумот. Другите аш ги изеде бубата, ги нема врзани се во разни кредити и други хартии од вредност или невредност, се држат во странски банки и прва криза таму кај нив има да си се послужат со нашите пари, па нека тужат после по меѓународни судови џабе.
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
ima sega garancii od drzavata ,ne e samo 10%,no shto ti vredi ,kako trgnala drzavata nabrgu moze da bankrotira ,e posle e "lesno "nema nikoj garancii ni drzavata ni pak graganite
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.960
Не Владе, немаше бомбастично апсење на Сител и Канал 5. Немаше акција од ЕБР, Тигрите, и Алфите како апсат нелегални тутуноберачи. Јас сум јанл’ш.

Имаше волонтерско повикување на информативен разговор во МВР, плус за да не се ставаат земјоделците на трошок, МВР праќаше кола + телохранители за недај Боже. Затоа
што Македонија се грижи за душевниот мир и безбедноста на тутуноберачите. Јас можам да ти покажам од официјално семе како излегува широколисен тутн, или како од Јака излегува Прилеп, или како од Прилеп излегува овој експерименталниот 160ка, итн. Ама нели, кој к*р фактор сум јас, или некој друг земјоделец. Или дека договорите оваа година ги носеа во ташна координаторите на месните комитети на ДПМНЕ, и делеа семенска стока.

пс. Поента немам. Тутунот, како и секоја друга акцизна стока што се извезува од Македонија, носи hard currency. А на Mакедонија и треба hard currency за да може да се задолжува во странство. :)
Сега го тераш муабетот дека тие биле неправедно казнети? Па уште и бомбастично напиша дека биле апсени. Да не им одредија и притвор од месец дена случајно па да не сме запознаени пошто на Сител не кажаа?
Ама ајде да не одиме офтопик.
Добро кажа на крајот. На државата и треба hard currency, и требаа даноци за да можи да се задолжува за да покрај другото и да ви плаќа субвенции. Или додека тие парите од субвенциите легнуваат на сметка тогаш не е битно од каде се тие пари, ама кога треба да се плаќа на државата ако работиш спротивно од законот е тогаш нечини. Немам научено досега дека некој ги вратил субвенциите со изговор дека чим држават се задолжува за да јас земам субвенции , мене тие пари не ми требаат. Ако ти знаеш за таков случај слободно просветли не. Доттогаш или ке играат по правилата или ке плаќаат казни.
 
Зошто се обидуваш да ми ги извртуваш зборовите, и да ме дискредитираш лично? Никаде ништо не потврдив, или сум напишал, дека некој е неправедно казнет, или како.
Јас само спомнав дека има еден куп нешта кои се сомнителни, неморални, и едносатвно сеат страв меѓу луѓе кои живеат исклучиво од тутун. Не знам дали некогаш во животот си носен на информативен разговор со вооружени лица, па макар и полицајци. Не е пријатно чувство. Или кога те седнат на маса и те третираат како криминалец затоа што си садел тутун. Можеби за тебе не е апсење, законски не е апсење, ама чувството е тоа. Не за џабе велат дека покрај сувото, гори и суровото.

Друго,
знам дека воопшто не се разбираш во сорти на тутун, ниту пак ќе ги препознаеш на изглед. А да не го замеруваме и фактот што годината е дождлива, и дури и ориентал личи на прилеп, и јака личи на прилеп, а прилепот личи на вирџинија. И секоја сорта си има килограми по декар. Арно ама повеќе вода, повеќе ѓубре, родна година, и оп има повеќе килограми од декарот. Вишокот килограми е веќе незаконски, и дали треба да се одземе тутунот и казни тутунопроизводителот? Оти нивата дала 50 кила повеќе од декар отколку што претпоставил тој?

А за субвенциите, исто како што те благословив за тутунот, и за нив благослов имаш. Да даде Господ да чекаш пари од субвенции за да пркнеш во животот.

Пак ќе ти кажам, на теорија си 100% во право. Ама јас те благословувам да ја живееш твојата теорија. Е после ќе дискутираме и пиеме пиво пред кооперација додека мезиме посебна со чачкалици и вегета. :)
 
Ајде со ред:
Прво. Ме имаат носено на информативен разговор, и со марица и сам да си се јавам. Заебано чувство , посебно ако знаеш дека си крив и дека ке го јадеш стапот. Позаебано е ако не знаеш зошто. Но небитно , значи знам какво е чувството. И така треба и да биди. Не те викаат во кафана, во полиција те викаат.
Друго:
Точно појма немам како изгледа тутунот и да го разликувам по листот. Ама јас не ни садам тутун па и не мора да го разликувам. Ама тие што цел живот садат сигурен сум дека одма ке ја воочат разликата исто како што и јас одма би ја воочил разликата за нешто што го работам цел живот. Така да теоријата не ти држи вода. Колку што сум јас запознаен со случајот пошто Могила и не е така далеку од мене, се работело строго за широколисен тутун за кој нема откуп и дека тој се пласирал на црно во Арачиново или таму некаде.
Маката да биди поголема еднаш биле опоменати уште кога тутунот бил на нивите, несобран.
За клетвите мислам ептен детски се понашаш. И јас чекам субвнеции, кои за разлика од кај тутунот се каде каде помали така да тешко мене ако се надевам од нив за да пркнам. Но од друга страна секако добро ми идат во дополнување на семејниот буџет. Сигурно на крај на памет би ми паднало да им ги вратам или да не ги земам. Арно ама за да ги земам мора да играм по правилата. И исто ако се правам курназ од типот ами јас незнаев и мене ке ми го скинат газот. Не сум ништо попривилегиран од тутуноберачите, напротив.
Цел муабет се сведува дека мора да има дисциплина, ред и поредок. Дека досега го немаше тоа( мислам на 60 години наназад) затоа сме тука каде што сме. Не сме ние учени да играме по правилата и затоа ние чудно и заебано, а од друга страна сакаме да се токмиме со запад. Секој сака некого да заеби, да неплати, да скрија. Долга и широка е таа работа.
Утре ке се чудиме дека некој бил казнет што фрлал градежен шут онаму каде што не му е место, дека менвал масло од колата и го истурил во шахтата, дека скршил гранка во паркот, дека тракторот не му е регистриран. Назад ни е нас зимата за работи за кои таму горе се сосем нормална работа. Допрва ке биди весело.
п.с За пиво и посебна кога сакаш
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Пет односно скоро шест миларди, знаете кога ќе ги вратиме? Кога ќе почнат да се приватизираат шумите и водите и тоа ќе биде оправдано со реформа која ја бара ЕУ.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.707
Добро е, има шанса и побргу да се вратат

Нови казни - 500 евра ќе си "плукнете" ако возите пребрзо
Министерството за внатрешни работи подготвува измени на казнените одредби за сообраќајни прекршоци, со предлогот ќе има поригорозни казни за оние кои брзо возат, зборуваат на мобилен телефон и не носат безбедносен појас
 
Kajgana Shop

На врв Bottom