Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Т

Триптико

Гостин
Како што сме ние родени за беља, замисли државата да издаде обврзници и само Централната банка ги купи сите. Стануваш следниот ден од спиење и имаш :confused: Мр. Пингвин за премиер. Зошто? Па банкар ко банкар, лаком гз за % плус, ги шитнал сите обврзници на онаа држава која понудила повеќе. Во превод таа држава го купила (откупила) долгот на нашава. А кога некој ти го поседува долгот, автоматски те држи тебе во рака. Не е баш вака едноставно ова, ама кај нас се може да се случи.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
It doesn't matter whether the cat is black or white, as long as it catches mice.- Deng Xiaoping
Стварно сум лаик за финансии, но овој цитат го осликува мојот поглед на финансиите
Ако е нешто корисно за Македонија зошто да не го користиме
Во Кина, пред да почне брзиот развој, на граѓаните им продаваа некакви акции или обврзници. Дали знаеш како се разви Кина, ( од финасиски аспект )?
@_Rocky_
Едно е државата да користи домашно задолжување (кредити од комерцијален банкарски сектор, или продавање хартии од вредност на приватни инвеститори), а сосема друга работа е Централната банка (кај нас НБРМ или по ново БРМ) да го финансира буџетскиот дефицит што во економија е познато како монетизација на дефицит. Мора да правиш разлика помеѓу овие два вида на задолжување. Првото е пожелно, второто е забрането со закон кај повеќето земји.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Првото е пожелно, второто е забрането со закон кај повеќето земји.
За промена на закон треба 30 минути. Со опозиција. Сега, траењето на промена на законот зависи колку брзо чита Трајко Вељановски. :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
За промена на закон треба 30 минути. Со опозиција. Сега, траењето на промена на законот зависи колку брзо чита Трајко Вељановски. :)
Ова не е нешто што така лесно се менува (иако кај нас се е можно) дека има големи и тешки последици врз целокупното функционирање како на економијата така и на државата во целост. Во тој контекст мислам дека во скоро време овој закон кај нас нема да се смени, барем не се додека можеме да земеме пари од странство.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
А гувернерот е лик од филмот куќа од восок :D
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
И еврообврзницата ќе ја издадат една година порано (смешниот дел со најповолните услови ми е омилен). Сега дека е за рефинансирање и ако важи она дека сега се "најповолни" услови би требало да ја инвестираат една година и после ќе го рефинансираат долгот, или пак ќе се случи 100%-тата опција дека ќе ги поебат парите или добар дел од нив, па потоа тивко ќе ја полнат дупката преку издавање записи или задолжување дома или пак со некој кредит од странство.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@_Rocky_
Фактот што тие еврообврзници ги купуваат разни инвестициони фондови зборува дека постои огромна интернационална финансиска сила која е надвор од контрола на класичните држави
Сите држави се финансираат слично
Какво е твое мислење - како би можела оваа сила во иднина да дејствува во однос на класичните држави?
 
Oваа сила веќе одамна ги контролира државите. Јавна тајна е дека големите финансиски корпорации ги поставуваат владите ширум светот и истите ги диктираат правилата на игра. Позади секоја војна, бунт, економска криза, политичка криза итн. стојат овие институции кои дебело профитираат од овие настани, а со тоа уште повеќе ја зајакнуваат својата позиција.
 
Се напрегам но не можам да најдам аналогна историска ситуација од минатото.
Можеби времето пред Реформацијата.
Суштината на Реформацијата да се ослободат малите државички од финансиската доминација на Ватикан
Во секој случај ти благодарам за одговорот
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
ММФ, Светска Банка и др се приватни банки во сопственост на неколку фамилии претежно европски, е сега интересното е што овие корпорации како систем на сврзани садови си имаат акции во егзон, шел ејпл сите поголомеи и обратно тие големите си имаат акции кај нив така да секоја мултинационална корпорација е во нивна сопственост или 90% од светското богатство.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Се напрегам но не можам да најдам аналогна историска ситуација од минатото.
Можеби времето пред Реформацијата.
Суштината на Реформацијата да се ослободат малите државички од финансиската доминација на Ватикан
Во секој случај ти благодарам за одговорот
Додека била војната во Виетнам, САД ги одмрзнуваат сметките на Русија со цел русите да ги помагаат Виетнамците. Целта не е да се добие војната туку колку што е можно да се продолжи.
За време на Втора Светска војна банкарски фамилии од САД финансираат Германски проекти.
Исто овие фамилии издејствуваат САД да се вклучи во војната со цел да ја срушат Европа и да ја направат финансиски зависна.
Сите одговорни за кризата во 2007, повторно се на wall street само се побогати за најмалку 300 милиони евра.
Сево ова се факти кои многу малку ги знаат и никако не можат да се докажат зашто се топ тајни, но кои во исто време се многу логични.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Машала... над 50% од БДП со новото задолжување!?
ММФ: Зголемен јавниот долг на Македонија
Меѓународниот монетарен фонд ја објави висината на јавниот долг на Македонија. Тој изнесува 44,8 отсто од бруто домашниот производ или три милијарди и 584 милиони евра. (ВИЗАРД - 3) Во овој долг не влегуваа најновото задолжување на Владата од половина милјарда евра преку евро-обврзницата. Ако се додат и овие пари тогаш јавниот долг на државава, во кој освен долгот на владата, влегуваат и долговите на Народната банка, Македонската банка за обнова и развој, општините и нефинансиските претпријатија, тогаш долгот се искачува на фантастични 51 отсто од БДП. Тоа се над 4 милијарди евра. Доброто во ова е што во 2015 година, со дел од половината милијарда евра ќе се врати долг од 265 милиони евра, со што јавниот долг би паднал на 47,7 отсто од БДП. Околу задолженоста дојде предупредување и од Извршниот борд на ММФ на седницата на 1 јули годинава. Во соопштението за јавноста од ММФ информираа:

„Директорите ги охрабруваат властите да го исполнат зададениот таргет на дефицитот за централната власт во 2014 како прв чекор кон обезбедување на консолидација која е потребна за да се има одржлива траекторија на јавниот долг. Директорите препорачуваат властите да одредат мерките за поддршка и за фискално прилагодување за да се намалат ризиците...“.

Инаку, долгот на централната влада, според ММФ е 36,4 отсто, но со половината милијарда евра од еврообврзницата, овој долг се искачи на 42,6 отсто или на 3 милијарди и 412 милиони евра. Инаку, оваа информација од ММФ е првата за вкупниот јавен долг на Македонија по неколку години.

ЈАВЕН ДОЛГ
44,8% од БДП или 3,584 милијарди евра
БДП - 8 милијарди евра
ЈАВЕН ДОЛГ СО ЕВРО – ОБВРЗНИЦА
51% од БДП или 4,084 милијарди евра

ЈАВЕН ДОЛГ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАДА
36,4% од БДП или 2,912 милијарди евра
БДП - 8 милијарди евра
ЈАВЕН ДОЛГ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАДА СО ЕВРО – ОБВРЗНИЦА
42,6% од БДП или 3,412 милијарди евра

http://www.alsat.mk/index.php/ekonomija/10224-ммф-зголемен-јавниот-долг-на-македонија.html
 
Член од
10 јули 2014
Мислења
86
Поени од реакции
36
Нено Богдан има бравурозна теза во својата колумна во најновиот број на неделеникот Фокус:

Зарем има поубава политичка опција од тоа ем цело време дабиваш кредити од Запад ем цело време да плукаш по тој истиот Запад? И да тераш инает и ништо од неговите барања да не исполнуваш, знаејќи дека колку повеќе не го фермаш, толку повеќе кредити ќе ти даде, демјек - за да те купи конечно, со се душата? Сигурно ќе си помисли секој што тера таква политика "колку ли се само глупави овие што ми даваат кредити, очекувајќи да бидам покорен, а јас не ги вртам ни два посто, и они пак ми даваат кредити"!

И свињата сигурно си вика така кога гледа дека ем не мора да се мази како мачето и кучето, ниту пак мора да работи ништо како коњот и магарето ем не мора да дава ни млеко ни волна ни јајца како кравата овцата и кокошката, и сепак добива храна редовно, дури и кога не го ферма оној што ја храни ни два посто!

Но свињите освен што поради анатомијата на нивниот врат не можат да ја кренат главата и да ги видат ѕвездите, исто така поради тоа што се животни не можат да ја видат ни својата иднина и причината поради која толку упорно ги храни нивниот сопственик.

Колку повеќе јаде толку подебела е свињата, па потешко ќе и биде да избега или да се одбрани кога ќе дојде касапот со сатарот да ја заколе. Колку повеќе една влада може да зема кредити и да ги троши за купување гласови толку повеќе нејзините гласачи ќе ги заглави да бидат зависни од субвенции пензии и плати во администрација и толку потешко ќе и биде да тера инает кога ќе дојде заканата за секнување на кредитите.
Ne zbori protiv penzii subvencii i drzavni plati za toa ke te strelaat pola forumgii zboram od licno iskustvo.
 
Член од
10 јули 2014
Мислења
86
Поени од реакции
36
Мене ме интересира една друга можност:

Дали е можно Македонија, наместо во странство да се задолжува од самите граѓани на Македонија?
Идејата ми е она што го направи Банк оф Ингланд на крајот од 17 век
Англија се истроши во војната со Франција. Банката позајмуваше пари на државата. Државата ги трошеше тие пари на нарачки на нови бродови и опрема за војската, Тие нарачки го зголемија производството, вработеноста и општата благосостојба. Па потоа можеа да се вратат и тие позајмици
Ako znaes da cital bilans na sostojba na banka kje ukontas deka i ti i si indirektno kreditor na RM.
 
spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Машала... над 50% од БДП со новото задолжување!?
ММФ: Зголемен јавниот долг на Македонија
Меѓународниот монетарен фонд ја објави висината на јавниот долг на Македонија. Тој изнесува 44,8 отсто од бруто домашниот производ или три милијарди и 584 милиони евра. (ВИЗАРД - 3) Во овој долг не влегуваа најновото задолжување на Владата од половина милјарда евра преку евро-обврзницата. Ако се додат и овие пари тогаш јавниот долг на државава, во кој освен долгот на владата, влегуваат и долговите на Народната банка, Македонската банка за обнова и развој, општините и нефинансиските претпријатија, тогаш долгот се искачува на фантастични 51 отсто од БДП. Тоа се над 4 милијарди евра. Доброто во ова е што во 2015 година, со дел од половината милијарда евра ќе се врати долг од 265 милиони евра, со што јавниот долг би паднал на 47,7 отсто од БДП. Околу задолженоста дојде предупредување и од Извршниот борд на ММФ на седницата на 1 јули годинава. Во соопштението за јавноста од ММФ информираа:

„Директорите ги охрабруваат властите да го исполнат зададениот таргет на дефицитот за централната власт во 2014 како прв чекор кон обезбедување на консолидација која е потребна за да се има одржлива траекторија на јавниот долг. Директорите препорачуваат властите да одредат мерките за поддршка и за фискално прилагодување за да се намалат ризиците...“.

Инаку, долгот на централната влада, според ММФ е 36,4 отсто, но со половината милијарда евра од еврообврзницата, овој долг се искачи на 42,6 отсто или на 3 милијарди и 412 милиони евра. Инаку, оваа информација од ММФ е првата за вкупниот јавен долг на Македонија по неколку години.

ЈАВЕН ДОЛГ
44,8% од БДП или 3,584 милијарди евра
БДП - 8 милијарди евра
ЈАВЕН ДОЛГ СО ЕВРО – ОБВРЗНИЦА
51% од БДП или 4,084 милијарди евра

ЈАВЕН ДОЛГ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАДА
36,4% од БДП или 2,912 милијарди евра
БДП - 8 милијарди евра
ЈАВЕН ДОЛГ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАДА СО ЕВРО – ОБВРЗНИЦА
42,6% од БДП или 3,412 милијарди евра

http://www.alsat.mk/index.php/ekonomija/10224-ммф-зголемен-јавниот-долг-на-македонија.html

Ако стварно се тоа реалните бројки тогаш сме во зона АМБИС и треба да се спремаме психички но и физички .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom