Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
А кај во текстот прочита менување на власта?
Во генијалниот заклучок:
Колку повеќе една влада може да зема кредити и да ги троши за купување гласови толку повеќе нејзините гласачи ќе ги заглави да бидат зависни од субвенции пензии и плати во администрација и толку потешко ќе и биде да тера инает кога ќе дојде заканата за секнување на кредитите.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Од бравурозниот текст на Нено Худфакис Богдан просто самиот се наметнува следниот заклучок:

Мачето, кучето, коњот, магарето, кравата, овцата и кокошката можат да ја видат својата иднина и причината поради која толку упорно ги храни нивниот сопственик.

 
Последно уредено:

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Македонија може само да се извади од тињата у која што тоне ако иј текнеда почне да ги развива примарните индустрии.

1.Да се отвараат фабрики, да се стимулира земјоделството(ама не со субвенции од 2000 денари), да се развива металургијата и да се инвестира во образованието.
Од овие 4 гранки на индустрија што ги набројав горе (3+образование) ништо не ни е ни на просечно ниво у државава, а не пак нешто задоволително.

2.Ако сакаме да го зголемиме влезот во буџетот мора да се стимулира извозот. Ние дури ги увезуваме во огромен процент во Македонија и оние продукти кои овде ги имаме во изобилство: овошје, тутун, алкохолни пијалоци.... и притоа никој не им дава до свест на граѓаните зошто треба да се одлучат за домашни производи.

3. Огромен дел од позајмените пари се искористени за инвестиции (кои отишлуе у курац) што никад нема да се вратат: пензии, превработена администрација, превработеност во војска и полиција, измислување на непостоечки работни позиции, споменици, објекти и слично. За разлика од тоа, местата каде што треба да се развиваат индустриите од точка 1., фабриките, образовните центри и друго не е ни тревата искосена а не па нешто повеќе. Сетете се само на ситуацијаа по училиштата и студентските домови.

Според мојата пресметка секој од нас, секој граѓанини на РМ должи на државата по 1400 евра јавен долг.
Овие пари ќе ни бидат наплатени на еден или на друг начин (присилно).
Ова го зборам затоа што не дека неможе да се среди работата, да се расчистат превработените, да се инвестира во примарните индустрии и слично, а затоа што никоја влада до сега не прикажала интерес за да чепне во овие теми, и наместо да се трудиме нешто да се подобри, продолжува лудилото на превработување во администрацијата, полицијата и слично, се цица буџетот, се позајмуваат пари што не ги "произведуваме" на никој начин, и на крај ќе растат даноци и цени во недоглед, ќе казнува полицијата за секоја минимален прекршок затоа што треба да се полни буџетот и на еден или на друг начин ќе си ги платиме сите, кој повеќе кој помалу, во просек своите 1400 евра и ќе продолжиме да и се смееме на Грција колку е сиромашна, а тие незнаат колку пари имаат, ќе продолжат медиумите да не убедуваат колку богато живееме, а гледаш дома дека платата ти стига одвај за до пола месец и ќе си останеме престрижани овци се до некои темелни реформи.

Со оглед дека ја раширив малу темава, конкретно на прашањето, да, Македонија може да ги врати кредитите, ако уште денеска го среди проблемот со превработеноста и ако уште денеска почне да со тие пари да инвестира во земјоделие, металургија, фабрики, и образование, ако форсира домашни производи и намален и ограничен увоз.
Другата варијанта, да Македонија може да ги врати кредитите ако удри дирекно по џеот на правните и физичките лица, ако казнува за секој погрешен поглед, со тоа ако собере во просек по 1400 евра од човек, така множено со 2 милиона, да се добијат 2милијарди и 800 милиона колку што беше јавниот долг претходниот месец на РМ.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Под Македонија се подразбира државата или?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мене ме интересира една друга можност:

Дали е можно Македонија, наместо во странство да се задолжува од самите граѓани на Македонија?
Идејата ми е она што го направи Банк оф Ингланд на крајот од 17 век
Англија се истроши во војната со Франција. Банката позајмуваше пари на државата. Државата ги трошеше тие пари на нарачки на нови бродови и опрема за војската, Тие нарачки го зголемија производството, вработеноста и општата благосостојба. Па потоа можеа да се вратат и тие позајмици
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Помина возот. Највредните работи што ги имаше Македонија им ги поклони по багателни цени на неколку десетици луѓе, a.k.a. „приватизација“.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Мене ме интересира една друга можност:

Дали е можно Македонија, наместо во странство да се задолжува од самите граѓани на Македонија?
Идејата ми е она што го направи Банк оф Ингланд на крајот од 17 век
Англија се истроши во војната со Франција. Банката позајмуваше пари на државата. Државата ги трошеше тие пари на нарачки на нови бродови и опрема за војската, Тие нарачки го зголемија производството, вработеноста и општата благосостојба. Па потоа можеа да се вратат и тие позајмици
Брате Смрт, ич не ја мисли владата за механизми за задолжување. Владата има преса за пари и секогаш може долгот да го исплати од твојата заштеда, а ако не и стигне, дури и со платите и заштедите на твоите внуци и правнуци.
 

doorsi

Баџанак
Член од
26 мај 2014
Мислења
172
Поени од реакции
234
Мене ме интересира една друга можност:

Дали е можно Македонија, наместо во странство да се задолжува од самите граѓани на Македонија?
Идејата ми е она што го направи Банк оф Ингланд на крајот од 17 век
Англија се истроши во војната со Франција. Банката позајмуваше пари на државата. Државата ги трошеше тие пари на нарачки на нови бродови и опрема за војската, Тие нарачки го зголемија производството, вработеноста и општата благосостојба. Па потоа можеа да се вратат и тие позајмици
Може. Ама тие граѓани се најбогатите бидејќи од обичниот човек тешко дека можеш да извлечеш толку многу кеш за кратко време. Работата е што ако се земат такви кредити од граѓаните значи дека јас ти, а и идните генерации на транзиционите профитери ќе им плаќаме 5% камата во следните 50 години. ЗАтоа најдоброто решение е национализација на се што е стекнато нелегално или на сумливи начини.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Добра ти е теоријата. Ама кој ќе утврдува што е стекнато нелегално или сумливо?

Добри 70% од земјоделското производство се граничи со поимот сива економија. Дали ти би донел одлука да им се одземе секој денар на земјоделците?
 

doorsi

Баџанак
Член од
26 мај 2014
Мислења
172
Поени од реакции
234
Добра ти е теоријата. Ама кој ќе утврдува што е стекнато нелегално или сумливо?

Добри 70% од земјоделското производство се граничи со поимот сива економија. Дали ти би донел одлука да им се одземе секој денар на земјоделците?
Ако е до мене јас лично ништо не би утврдувал туку би го укинал наследството. Доколку се укине наследувањето нема да му се исплати да крадат. А ако трошат опни му данок на луксуз. Значи децата на крадачите да не смеат ништо да наследат од родителите туку по смртта се да биде одземено, а да биде давано на младите према успесите кои ги постигнале на академско поле најпрво, а потоа и по работата која ја сработиле. Работата нормално да се земе како поважна.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Колку треба да биде силен тој државен механизам, кој во исто време ќе гарантира максимална слобода за бизнис, а во исто време да биде доволно силен да воведува силни огранучувања и правила? Правилата на џунглата испреплетени со џентлменски правила некако не функционира.

И какво тело ќе одлучува која работа е поважна?
Земјоделците се на најниското скалило на почит, а произведуваат 100% од ресурсите за храна.

Кое е тоа тело што ќе гради вистински систем на меритократија? Секој според заслугите и успесите. Тоа мириса на комунизам. А доаѓа од устата на ванаби либертаријанец.

пс. оф топик сме.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Мене ме интересира една друга можност:

Дали е можно Македонија, наместо во странство да се задолжува од самите граѓани на Македонија?
Идејата ми е она што го направи Банк оф Ингланд на крајот од 17 век
Англија се истроши во војната со Франција. Банката позајмуваше пари на државата. Државата ги трошеше тие пари на нарачки на нови бродови и опрема за војската, Тие нарачки го зголемија производството, вработеноста и општата благосостојба. Па потоа можеа да се вратат и тие позајмици
Ова е забрането со закон.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова е забрането со закон.
Зошто? Така фунционираше Банката на Англија во18 век.Зошто е
денес е тоа забрането? Дали само кај нас илии во други земји? Кој забранил?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Функционирало ама денес државите со закон за централна банка забрануваат Централната банка да ја финансиира државата (директно финансирање преку кредит или купување на државни хартии од вредност на примарен пазар). Причините се бројни.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
It doesn't matter whether the cat is black or white, as long as it catches mice.- Deng Xiaoping
Стварно сум лаик за финансии, но овој цитат го осликува мојот поглед на финансиите
Ако е нешто корисно за Македонија зошто да не го користиме
Во Кина, пред да почне брзиот развој, на граѓаните им продаваа некакви акции или обврзници. Дали знаеш како се разви Кина, ( од финасиски аспект )?
@_Rocky_
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom