Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Добро, но тоа не е девалвација.
Инаку не треба да се намалат платите во јавниот сектор, затоа што и не се којзнае колку. Треба да се намали самиот јавен сектор кој е голем и нефункционален и да се направи замена на стариот и веќе истрошен со млад и квалитетен кадар.
 
Т

Триптико

Гостин
Јасно, јасно. Не мислев да се уништи денарот како валута, само малку да се спушти. А за платите

Capture.JPG

Бројкиве се во милиони денари

12.JPG

Кога би се намалиле за 40%, за 2-3 години ќе биде сосема друга математиката. Наместо 23
666 милиони денари, би биле 14 199,6 милиони денари...односно 9 466,4 милиони годишно заштеда. Со самото ова, голем дел од вработените сами ќе си заминат и ќе се намали и превработеноста. Пензиите не влегуваат во оваа бројка.

И најважното

23.JPG
 
Последно уредено од модератор:
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Пак се 15% од буџетот што и не е многу. А, апсолутната бројка се должи на фактот дека администрацијата е голема, а не дека земаат којзнае колку големи плати (релативно со останатите работницисе големи,ама апсолутно и не толку).Сепак нели би било мнооооогу подобро овие 15% да се распределат на многу помала администрација која стварно нешто ќе работи, а ќе зема и поголема плата.
 
Т

Триптико

Гостин
@_Rocky_ ова е веќе политички говор :D Доста е економија и математики за вечерва.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Не знам зошто, но вториот дел од постот не го видов претходно. Како и да, не стојам зад политичка партија туку тоа ми е изведено од некои споредби што ги имам правено. Сепак кога се дисктутира на ваква тема неминомно се навлегува во политика. Инаку се слагам дека е доста за вечерва. Со нови вести се гледаме утре. ;)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Тогаш да си печатиме пари бесконечно, само да не ни снема хартија :cautious:

Инаку мислев на намалување на вредноста од 30% на денарот и внатрешна девалвација од 30-40% (намалување на плати во јавен сектор) и замрзнување на пензиите.
Платите на јавниот сектор не се проблем , тие и онака се мали..проблем е џиновскиот метастазиран тумор познат како јавен сектор..кој експоненцијално расте измислувајќи при тоа причини за своето постоење и делувајќи како пумпа која насилно ја цица секоја пара преку буџетот, системот на казни и наплатување на такси и давачки за секој пљук или обраќање кон него.
Девалвација ни под разно.., другиот ден ќе бидеме навистина бивши..од зилион разни причини.:)
Инаку одамна никој не печати веќе пари, федералната банка од Вашингтон ги произведува електронски доволно за сите...
 
Т

Триптико

Гостин
Никогаш не сме ни биле сегашни :D Големината можеш да ја намалиш, ако намалиш плата. Сами ќе си заминат ;) Во разговори со луѓе од таму разбрав дека има луѓе кои имаат смешни плати (всушност за седење на ФБ и тие им се многу), но има и луѓе кои земаат и над 30 000ден (за истото :mad:)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Никогаш не сме ни биле сегашни :D Големината можеш да ја намалиш, ако намалиш плата. Сами ќе си заминат ;) Во разговори со луѓе од таму разбрав дека има луѓе кои имаат смешни плати (всушност за седење на ФБ и тие им се многу), но има и луѓе кои земаат и над 30 000ден (за истото :mad:)
Проблемот со администрацијата ама ич не е од вчера, само јас...да не одиме подалеку , повеќе од половина век слушам дека е гломазна, неажурна и бесполезна....крдо на нишачи врата и земачи на плата.., со само една основна функција: да гласаат за својот работодавач на избори..и да чекаат пензија. Другите работи за кои всушност и постојат.. им се хоби.., т.е разбибрига помеѓу кафе паузи за оговарање и со закон гарантираниот половина час одмор од напорното дангубење..На овие простори никој ..гледано од врвот на пирамидата до нејзиното дно..не знае што сака, што би рекол еден мој пријател: се нема концептуална перцепција за тоа што се нарекува цел и никаква претстава за поврзаноста на работите и нивната интеракција на патот за да таа се постигне. Да беше така , немаше на пример некој да резервира 15 милиона евра за некакво Панорамско тркало, апсолутно немајќи јасна идеа зошто..., да не го спомнувам па осетот дека Скопје не е исто што и Лондон или Виена и немаше од Вардар..да напраи покриена канализација, што е веќе во домен на домашно воспитание...
Но да се надеваме дека во некој киндергартен е веќе запишано бебето кое ќе свати......:):):)
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
"Според податоците на Министерството за финансии, Јавниот долг на Централната Влада заклучно со мај изнесува повеќе од 2 милијарди и 818 милиони евра или 34,9 проценти од БДП и во однос на април е забележан раст од 0,1 процентен поен".

Што значи дека јавниот долг е околу 45% од БДП.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Нено Богдан има бравурозна теза во својата колумна во најновиот број на неделеникот Фокус:

Зарем има поубава политичка опција од тоа ем цело време дабиваш кредити од Запад ем цело време да плукаш по тој истиот Запад? И да тераш инает и ништо од неговите барања да не исполнуваш, знаејќи дека колку повеќе не го фермаш, толку повеќе кредити ќе ти даде, демјек - за да те купи конечно, со се душата? Сигурно ќе си помисли секој што тера таква политика "колку ли се само глупави овие што ми даваат кредити, очекувајќи да бидам покорен, а јас не ги вртам ни два посто, и они пак ми даваат кредити"!

И свињата сигурно си вика така кога гледа дека ем не мора да се мази како мачето и кучето, ниту пак мора да работи ништо како коњот и магарето ем не мора да дава ни млеко ни волна ни јајца како кравата овцата и кокошката, и сепак добива храна редовно, дури и кога не го ферма оној што ја храни ни два посто!

Но свињите освен што поради анатомијата на нивниот врат не можат да ја кренат главата и да ги видат ѕвездите, исто така поради тоа што се животни не можат да ја видат ни својата иднина и причината поради која толку упорно ги храни нивниот сопственик.

Колку повеќе јаде толку подебела е свињата, па потешко ќе и биде да избега или да се одбрани кога ќе дојде касапот со сатарот да ја заколе. Колку повеќе една влада може да зема кредити и да ги троши за купување гласови толку повеќе нејзините гласачи ќе ги заглави да бидат зависни од субвенции пензии и плати во администрација и толку потешко ќе и биде да тера инает кога ќе дојде заканата за секнување на кредитите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.150
Поени од реакции
25.592

Македонија, светската велесила, па треба прво да и ја направат економијата зависна од странски пари, па после да пристапат во процес на менување на власта.

Сон не им иде на Обама и Меркел од страв дали ќе им успее планот да го соборат Груевски од власт. :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom