Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Имам еден пријател зема 12000 плата, па му дале документ од благајна дека зема 20000, за кредит нешто поголем минус на картичка поповолна камата. На моето прашање дали банката нема да му направи проблем, тој ми одговори дека не проверуваат сите колеги негови така имаат земено. Со здравје да се троши таму :icon_lol:, а за наплата нема гајле секако не можи да се наплати.
ова беше чест случај на времето, сега е доста опасно пошто благајникот кој потпишал може да заглави ако дотичниот не го враќа кредитот. Плус и банките се опаметиле па како услов да ти се даде кредит е да ти се префрли платата кај нив.
Сега е компјутеризирано време се е на увид и може да се провери, порано и по 3 кредити земаа по банки никоја не знаеше колку си заглавен сега секоја банка може да види колку имаш задршки
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
ова беше чест случај на времето, сега е доста опасно пошто благајникот кој потпишал може да заглави ако дотичниот не го враќа кредитот. Плус и банките се опаметиле па како услов да ти се даде кредит е да ти се префрли платата кај нив.
Сега е компјутеризирано време се е на увид и може да се провери, порано и по 3 кредити земаа по банки никоја не знаеше колку си заглавен сега секоја банка може да види колку имаш задршки
Истото и сега е не се замараат, мислам дека овие банкариве процент добиваат од секој издаден кредит, колку повеќе кредити има издадено толку повеќе пари има плус од платата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.713
Некаде читав дека Македонија се задолшува 2 милиони евра дневно ... сега кога секнаа странските кредити се задолжува во стопанството. Од друга страна, стопанството и граѓаните се заборчуват кај Банките
НБМ: 4,5 милијарди евра е долгот на фирмите и граѓаните кон банките
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/nbm-45-milijardi-evra-e-dolgot-na-firmite-i-gragjanite-kon-bankite
Е сега треба фино лепо Исландски рецепт :D ....
како и да е , далеку сме од Грција, не само по стари долгови, за отпишани муабет да не праиме, нам ништо не ни отпишаа.
Има ли показател дневно задолжување по глава на човек ??, абсолутно во долари, ама и релатино во соодносот на БДП по глава на човек ??
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Можда банките го крадат светот, ама некои им помагаат. И патем и они “чепнуваат“ од медот.....


ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ: Задолжувањата поголеми за 32 милиони евра од планираното!
јануари 27, 2016

Со само три аукции на државни хартии од вредност, Владата од почетокот на годинава се задолжи со 32 милиони евра повеќе од првично најавеното. ......

Следната аукција на ДХВ е закажана за на 2 –ри февруари. До крајот на првото полугодие се закажани уште 21 аукција...........

Дел од економистите укажуваат дека загрижува фактот што дражвата во последно време се задолжува на подолг рок, а долгот ќе го плаќаат идните генерации..........

Податоците од министерството за финансии покажуваат дека од 2007 година до сега, вкупниот Јавен долг е зголемен за 2,3 милијарди евра. Според последните податоци вкупниот јавне долг изнесува 3,9 милијарди евра
 
Т

Триптико

Гостин
Можда банките го крадат светот, ама некои им помагаат. И патем и они “чепнуваат“ од медот.....


ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ: Задолжувањата поголеми за 32 милиони евра од планираното!
јануари 27, 2016

Со само три аукции на државни хартии од вредност, Владата од почетокот на годинава се задолжи со 32 милиони евра повеќе од првично најавеното. ......

Следната аукција на ДХВ е закажана за на 2 –ри февруари. До крајот на првото полугодие се закажани уште 21 аукција...........

Дел од економистите укажуваат дека загрижува фактот што дражвата во последно време се задолжува на подолг рок, а долгот ќе го плаќаат идните генерации..........

Податоците од министерството за финансии покажуваат дека од 2007 година до сега, вкупниот Јавен долг е зголемен за 2,3 милијарди евра. Според последните податоци вкупниот јавне долг изнесува 3,9 милијарди евра
Ова е стара вест ;) Плус, имаше муабет дека Македонија ДНЕВНО се задолжува околу 2 милиони евра!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Долгот на кредитните картички за девет години пораснал за 155 проценти

За 155 проценти се зголемила сумата на издадени кредити врз основа на кредитни картички од 2006 година досега, покажува статистиката на Народната банка. Ако на крајот на таа година граѓаните должеле по оваа основа безмалку 9,3 милијарди денари, на крајот на септември лани до кога има податоци, долгот кон банките за издадени кредитни картички е 23,4 милијарди денари. Во годините претходно односно од 2004 година сумата е многу пониска. Впрочем издавањето кредитни картички и зголемувањето на долгот на граѓаните на пластичните пари почнува значајно да расте од 2005 и постепено се зголемува во следните пет години. Ако се анализира кредитната изложеност на банките по поединечни групи кредити таков нагорен раст има и кај потрошувачките кредити.
---

Во меѓувреме од 2007 година до 2015 година за дури 307 проценти се зголемила сумата на издадени потрошувачки кредити од банките. Во 2007 година во вакви кредити банките имале пласирано 14,4 милијарди денари, а сумата на крајот на септември лани е 58,8 милијарди денари.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.569
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Само во последните 3 месеца од 2015-та јавниот долг порасна за 283 милиони евра.

Просечно му иде дека сме задолжени по 3 милиони евра дневно.

Овие податоци не ги објавува опозицијата туку самото министерство за финансии.

2008: 1,55 милјарди евра долг
2015: 4,22 милјарди евра долг

Пораст на долгот за 175%.

Според Груевски проектот Скопје 2014 кошташе 80 милиони евра ( :) )

Па тогаш за што не задолжија толку многу ?

Нели последните години Македонија го има историски највисокиот буџет, па и покрај тоа, и долгот отиде историски највисоко.
Буџетот се троши за плати, а капиталните инвестиции со долгови.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Над 4 милијарди евра тежат 90% од светскиве корпорации. Што ќе ни прават за толку малце пари не ќе ни ја земат душата. Ќе ни простат што.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Некако дегутантно ми личи да пишувам повеќе за нови задолжувања. Ова е лудило....
Него, најдов на нет писмо што на патриотот “му го пишува“ една наша јавна личност пред 3-4 години.
Еве што вика :

Е мој Грујо... Мој, мој па преку мој!
Вие сте обични технократи кои беа донесени на власт да ја дозадолжат Македонија, за после по нејзиниот банкрот да се вратат назад на своите работни места во Светската Банка, ММФ, ЦЕБ, и во разни други европско-белосветски совети и организации. Работите за туѓи интереси. Точка. Никој денес не дава некому пари за џабе.

И уште ( неврзано за темава, ама покрај задолжувањето, тоа е втората работа што не им ја простувам на жмовциве) :

Извини, ама јас не се сеќавам на некој друг што толку го разедини својот народ како тебе. Ти беше тој што го подели на Фалангисти и Словени, на предавници и патриоти, на верници и богохулници, на комуњари и демохристијани, на оние ЗА и оние ПРОТИВ абортусот, на легитимни стечајци и опозиционерски, на вакви бранители и онакви бранители, на добри и лоши...

На секој протест на незадоволните од твоето владеење, ти организираше контра протест.

На протестот на незадоволните земјоделците им спротивстави свои задоволни земјоделци и згодни земјоделки со бланширани, тапирани фризури, силиконски гради и потпетици од дванаесет сантиметри. Црната земја под долгите нокти, нормално, не можеше да им се забележи зашто беа лакирани во разни бои.

На протестите на несреќните стечајци, ти ги уфрли во игра твоите среќни стечајци, кои пред камерите, многу невнимателно се јавуваа некому од мобилни телефони кои чинат петстотини евра.

Кога имаше протести против изградбата на црквата на Плоштад, ти на студентите од архитектура им пушти наапени деликвенти и силеџии.

Кога беа сега протестите во Општина Центар, на твој повик се собраа стотици исти такви силеџии од околните скопски села за да го бранат Центар од неговите сопствени граѓани и локалната власт која самите ја избрале.

Да, да, Грујо мој, твоите ВМРО ЈУНГЕН и фанатичните демохристијани беа главна запршка во секоја твоја манџа на чело со медиумите и твоите мегафони Латас, Јанко и Миленко. Така и ги закрви луѓето меѓу себе. И сега кукаш што не сме единствени!?


Нека каже некој дека не е вистина, а ?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Парите што се должат плус камати се секогаш повеќе од тие што се во оптек во опшеството. И како ќе се вратат кога не возможно по сите природни, опшествени и економски закони?

Ако не беше Грујо ќе беше некој друг, и пред и после него. И останува прашање како човек да биде чесен во систем кој што е направен од нечесни основи?

Еве ЕЦБ дава пари од 60 на 80 милијарди месецот, со здравје нек се троше :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom