Мобинг - што е тоа?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
-мислам ја немам сретнато оваа тема,можеби ја имало порано.
сакам да разврземе поширока дискусија за ова прашање.
Што е Мобинг.
Јас многу малку знам за ова,иако првпат чув пред 1-2 години.
И тоа дека се работи за малтетирање,понижување,нееднаквост
и дискриминација на работното место од страна на шефот и обратно.
А со што се добива стрес депресија и некој други психички
растројства на самото работно место (а понатаму можеби и болести)
Дали е присатен или се однесува само за на работното место.
Дали го има и во образованието-факултетите (оценувањето)
Дали го има и во семејството и во кој сегменти.
Незнам дали до сега добро напишав.Мобинг сигурно има само
работникот се плаши да го пријави.Со тоа знае ништо нема да добие
само уште поголемо малтетирање после разврската ако ја има.
Оние што се по блиски до газдата и шефот подобро си поминуваат
иако се послаби работници и добиваат полесни работи и слободни
денови ама ги бива за на друго место и за други работи.Нивните
грешки не се бројат веднаш се забораваат, додека поштените и
работливите работници тешко ним ако згрешат одма се на тапет.
Се сложувате ли.Дајте примери-шефот не е во близина без страв.
Во градов има и канцеларии за Мобинг тс. пријавување на Мобинг.
Може и некој од нив да се јави за подетално да објасни.
Апел-Работници разбудете се, не дозволувајте Мобинг.Пријавете.
( неколку дена ќе бидам оправдано отсатен од форумов)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Најчесто кога ќе се случи такво нешто кај нас на работа, се зезаме со колегите со реченицата: Како се викаше тоа на М.. М, М... Мобинг... Но никој не се осмелил да пријави никого, зошто ти зависи работното место и платата што ја земаш на 15 во месецот.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Како прво во Македонија не постои Мобинг.....туку работниците на своја волја сами си се потчинуваат на шефовите.:)

Ако беше обратно...од сиот тој притисок некој ќе пукнеше,и ќе прочитавме по весници дека некој се побунил,или го претепал шефот....а бидејќи работниците самите сакаат да се чуствуваат потчинето и без достоинство,тогаш нормално е дека сите ќе си ќутат,и никој нема да знае што е Мобинг.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Мобинг е нешто како омаловажување меѓу колегите или меѓу шефот и работник со навредувања,понижувања и слично;) ама никој не пријавува оти зависат работно место и плата и единствено решение најчесто надвор од работна обврска се пресметуваат меѓу себе,но тоа ретко;)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Пример за мобинг, работниците се присилени да гласаат за таа политичка партија што ќе ја каже шефот (ова е само првиот пример што ми текна), не гласате тогаш летате од работа, ова е само еден од милион примери за мобингот.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Според Законот за работни односи

(1)Забранет е секаков вид психичко вознемирување на работно место (мобинг).

(2)Психичко воземирување на работно место (мобинг) преставува дискриминација во смисла на членот 6 од овој закон.

(3)Психичко вознемирување на работно место (мобинг), во смисла на овој закон, е секое негативно однесување од поединец или група кое често се повторува (најмалку во период од шест месеци), а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.

(4)Извршител на психичко вознемирување на работното место (мобинг) може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување во смисла на ставот (3) од овој член, без оглед на нивното својство “работодавачот како физичко лице, одговорно лице или работник “.

Според истражувањата:
Постојат два основни видови на мобинг:

Хоризонтален мобинг е оној што се одвива меѓу работниците со еднаква положба во хиерархиската организација, односно кога поединец или група избираат една жртва врз која сакаат да докажат дека се надмоќни.
Вертикален мобинг е оној што се врши по хиерархија, односно претпоставениот малтретира работник или група. Посебен вид на вертикален мобинг е стратешки мобинг кога претпоставените организирано психички напаѓаат лица кои се непожелни, за тие самите да дадат отказ без да бараат отштета.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Пример за мобинг, работниците се присилени да гласаат за таа политичка партија што ќе ја каже шефот (ова е само првиот пример што ми текна), не гласате тогаш летате од работа, ова е само еден од милион примери за мобингот.
Каков мобинг, нема такво нешто во Македонија. Во државните фирми можеби се принудени да извадат партиска книшка, но во приватните се принудени да ја фрлат партиската книшка бидејќи нема да ги задржи на работното место ако имаат а не работат. А затоа што влегуваме во маркетинг концепција што претставува приватизирање на секој објект, фирма, земјиште што и да е... овој термин сосема ќе исчезне.
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Како прво во Македонија не постои Мобинг.....туку работниците на своја волја сами си се потчинуваат на шефовите.:)

Ако беше обратно...од сиот тој притисок некој ќе пукнеше,и ќе прочитавме по весници дека некој се побунил,или го претепал шефот....а бидејќи работниците самите сакаат да се чуствуваат потчинето и без достоинство,тогаш нормално е дека сите ќе си ќутат,и никој нема да знае што е Мобинг.
Vsusnost toj postoi, samo za nego se kuti. Pa i ako kaze ili se pozali nekoj rabotnik, leta od rabota. Bolje e kuti i raboti, da ima plata, neka si zbori sefot sto saka, ja ke trpam.
Taka e toa kaj nas.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
34
Поени од реакции
18
Мобингот е најголем стрес што личноста може да го доживее на работното место. Емоционален напад врз личноста на работното место од страна на колегите, претпоставените или членови на тимот со крајна цел личноста да го напушти работното место. Мобингот може да се развие до тој степен што нападот и навредите се зачестени и секојдневни така што стануваат дел од културата на работното место. :confused:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Каков мобинг, нема такво нешто во Македонија. Во државните фирми можеби се принудени да извадат партиска книшка, но во приватните се принудени да ја фрлат партиската книшка бидејќи нема да ги задржи на работното место ако имаат а не работат. А затоа што влегуваме во маркетинг концепција што претставува приватизирање на секој објект, фирма, земјиште што и да е... овој термин сосема ќе исчезне.
Ова што го напишав е само еден пример, можеби го има само кај државните фирми, но немој да мислиш дека приватните фирми не прават мобинг.
 
Член од
20 јуни 2011
Мислења
119
Поени од реакции
28
Според мене барем јас како што сум разбрал мобинг е кога на пример во некоја фирма ти работиш а шефот те напаѓа психички.
На пример ако работиш како професор во средно училиште.Директорот кои е над тебе во хиеархијата ти се заканува со одказ од работно место постојано те навредува или пак физички сака да се пресмета со тебе.Кај жените е полошо.
Мислам дека арно им текна да направат еден закон за ова.Не сум сигурен пред колку време стапи на сила ама знам дека не беше многу одамна.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ова што го напишав е само еден пример, можеби го има само кај државните фирми, но немој да мислиш дека приватните фирми не прават мобинг.
Во приватните фирми хоризонтален мобинг е забранет барем во Охрид барем во 60% затоа што добро ги познавам газдите па не верувам дека би дозволиле такови екстремни случки во нивните компании.
А вертикалниот многу лесно може да го решат- постои инспекција со која може да ја уништи цела компанија а управителите се свесни за тоа што го резултира нивниот однос, спрема работниците да е на солидно ниво.
Верувам дека така е и во сите приватни фирми во Македонија.
 
Не е баш во сите приватни фирми така, не знам дали ја имаш гледано емисијата црн бел бумбар, таму имаше тема за мобингот и беше одлично објаснета од страна на гледачите кои што се јавуваа...ако можеш да ја најдеш гледај ја и ќе видиш дека не е секаде така.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Како прво во Македонија не постои Мобинг.....туку работниците на своја волја сами си се потчинуваат на шефовите.:)

Ако беше обратно...од сиот тој притисок некој ќе пукнеше,и ќе прочитавме по весници дека некој се побунил,или го претепал шефот....а бидејќи работниците самите сакаат да се чуствуваат потчинето и без достоинство,тогаш нормално е дека сите ќе си ќутат,и никој нема да знае што е Мобинг.
Ако работиш во фирма каде нема мобинг тогаш ти си најсреќниот човек во Македонија. Никој не сака да се чуствува потчинето, незнам зошто така мислиш. Секој сака да има идеална средина во која ќе работи без да ги чуствува фрустрациите од неговите надредени.
Еве кај нас колегата „пукна“.. Менеџерот го навредуваше со зборови „Леле неможам да го слушам“ , „Колку си глупав“ и т.н. Се спротистави колегата со зборовите „Јас мислам дека менеџер не треба така да се однесува и тоа што го правиш не е во ред“ Само за таа реченица доби 15% казна од плата, со објаснување Казна за непочитување Менеџер. Од 15 Февруари, колегата си оди... Треба да бара нова работа, кај нов „менаџер“ кој може да се однесува исто или полошо...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom