Готварски мини трикови и совети

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Па мислам дека насловот е доволно јасен. :noze:
  • За да издвоите парче лушпа од скршено јајце - натопете една лажичка со вода и со нејзиниот горен дел поминете преку лушпата која во тој момент ќе се залепи.
  • За да добиете повеќе сок од лимонот - ставете го во микробранова печка околу 30тина секунди.
  • За да не ви солзат очите, додека сечете кромид - 15тина минути пред да почнете да го сечете кромидот, замрзнете го. Или пак излупете го и ставете го 15тина минути да отстои во вода.
  • За да не потонат на дното парчињата овошни плодови во тортата - пред да ги ставите во тестото, испреплеткајте ги во малку брашно.
  • За да не ви се раздробува лушпата од јајце на ситни парчиња додека го кршите - потчукнете го на рамна површина, наместо од работ на работната маса.
  • За да не потемнат излупените компири - потопете ги во сад со ладна вода.
  • За да исцедите неколку капки лимон, без да го пресечете - со игла дупнете две дупки, исцедете неколку капки, а лимонот ќе остане ист.
  • За да не ви прска зејтинот додека пржите - додадете малку сол во него. Или пак парче леб.
  • За да не ви распука јајцето додека го варите - ставете го јајцето во водата, откако таа ќе биде зовриена.
  • За да не ви се залепат компирите за тавчето додека ги печете - ставете малку маргарин.
И уште некои сликички. :D


Знаете ли и вие некое трикче, да го споделите со нас? :X3:
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
За да добиете повеќе сок од лимонот, изролајте го на цврста површина пред да го пресечете и исцедете.

За брзо тврдо варено јајце, во водата ставете оцет и сол.

Компирот подобро ќе се испече во рерна ако го проварите прво 5 минути.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
корисни совети за некој рецепти кои стварно дале подобар вкус
https://www.youtube.com/show/youredoingitallwrong
за се друго постои мастеркард.

Може не е корисни како вашите наведени трикчиња ама дајте им шанса стварно подобруваат вкус бар на повеќето работи што сум ги пробал од тука.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
За полесно да се излупи јајце - стај малце сол во водата додека се варат.

За да не ти прска зејтинот кога пржиш нешто - стави малце сол.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Да не ти солзат очите додека љупиш кромид земи и џвакај мастика. :)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
За да не ти прскаат компирите кога се пржат во врел зејтин,претходно треба компирот малку да се обари..додека фати клуч водата.
Ова ми е испробано и ефикасно е;)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
За да не ти прскаат компирите кога се пржат во врел зејтин,претходно треба компирот малку да се обари..додека фати клуч водата.
Ова ми е испробано и ефикасно е;)
Како водата фаќа клуч?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
  • За да не го фрлите цел патлиџан при лупење, прво потиснете ја неговата лушпа гребејќи со нож, па потоа лупете.
  • За да мекиците не впиваат зејтин во тестото додадете малку ракија.

    :)
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
За по крцкав помфрит ако пржите во фритеза или друг сад во мрежеста корпа.
Наместете грејач/рингла да загрее на 100-120 степени или 2/3, почекајте да загрее и тогаш ставете компирите. Оставете да се пржат 2-3 минути и кренете корпата. Припуштете греач/рингла до мах. Почекајте да загрее и вратете да допржите помфритот.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Пред малку видов една рецепта за крцкав печен компир.Компирите очистени и исечени како за печење се валка во (малку) матена белка помешана со зачини по желба и се редат во тавче обложено со хартија за печење и се пече во рерна.
Вака на око изгледаше убаво ама не ми е пробано,па ако некој проба нека се пофали
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ако ставите премногу сол у некое јадење, ставете во него еден цел компир. Е ако јадењето е со компир, а е пресолено, фрлајте го, ќе умрите од соленило. :D Од искуство ова.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Еве едно интересно трикче за полесно лупење на варено јајце.
Белки успева... :D
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Еве уште некои (неиспорбани) :D:

  • Доколку печете колачиња, а тие потешко се вадат од плехот, ставете го плехот врз сад во којшто врие вода или пак покријте го со влажна крпа.
  • Колач од лиснато тесто многу повеќе ќе се „излиста“ ако во загреана рерна од 250с. ставите и мало тенџерче со топла вода, а плехот го исплакнете со ладна вода.
  • Ако направите флека од црвено вино, врз флеката истурете бело вино и потоа исперете.
  • Крем шлагот којшто го купувате, многу подобро ќе се измати ако наместо млеко ставите кисела вода.
  • Месото коешто планирате да го пржите, ќе биде многу повкусно и помеко ако претходно го потопите во млеко.
  • Доколку немате прашок за пециво, можете да го замените со сода бикарбона или 4 лажици рум или коњак.
  • Додадете зрно грав или грашок во тавчето кое што пржите, за да не прска зејтинот.
  • Компирот побргу ќе се свари ако при варењето додадете малку зејтин.
  • Ако ви загоре некое тенџере, најлесно ќе го исчистите ако во него ставите сол и вода и оставите малку да поврие.
  • Загорените остатоци во рерната можете да ги отстраните ако доколку додека е уште врела рерната посипете шака сол, а подоцна ја исчистите на стандарден начин.
Инаку јас некогаш за полесно да исечам торта или нешто друго, сечам со конец, наместо со нож, бидејќи не се распаѓа многу парчето т.е. не спласнува. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom