Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 22.312
- Поени од реакции
- 29.776
Машини за сушење алишта, генерална дискусија и мислења за конкретни модели.
Во основа машините за сушење алишта ги има во два вида, вентилациски и кондезациски.
Кога се сушат алиштата влагата испарува и добиената водена пареа треба да се одстрани. Тоа се прави со директна вентилација надвор или со кондензација назад во течна аграгатна форма и излевање на водата во канализација (или во сад за таа намена).
По тоа што читав (ако добро разбрав), вентилациските машини трошат помалку струја за разлика од кондезациските. Вентилациските машини за сушење алишта се исто така поевтини, претпоставувам затоа што кондезациските модели имаат сегмент за кондензација што ја дига цената (и потрошувачката).
Некои поскапи модели имаат греачи на принцип на топлинска пумпа и така имаат помала потрошувачка, но по специфицираните разлики што ги споредував таа помала потрошувачка не е значителна.
Инаку малку е збунувачки начинот на кој се регулира употребата на овие уреди. Кај поедноставните модели има само тајмер за должината на сушењето, додека кај поскапите модели има цел куп опциии за сушење на секакви видови алишта.
Тоа што збунува е фактот што самото сушење (и неговото времетрање) е целосно зависно од влажноста на алиштата. А влажноста на алиштата зависи од машината за перење, поточно колку јака центрифуга има и колку успешно ги цеди алиштата.
Муабетот ми е, поскапите модели имаат цел куп опциии за сушење на секакви видови алишта кои најверојатно се само пресетирани должини за сушење. Овие пресетирани вредности ќе бидат погрешни за онолку колку што ќе варира влажноста на алиштата. Што ќе резултира со сеуште влажни или со пресушени алишта.
Освен ако некои модели имаат некакви сензори за влажност и со тоа машината е способна да го регулира сушењето на тој начин. Но оваква функционалност не најдов ни кај најскапите модели на машини за сушење алишта.
Толку од уводот, a мене проблемот ми е што треба бргу да одлучам што ќе купувам. За сега најверојатен кандидат за избор ми е вентилациска сушара од БEKO (имаат моментално некоја акција со 5год гаранција во еден ланец продавници). Машината е малку постар модел, BEKO DV 1160 кој чини сомнително евтини 10 илјади денари (за споредба, има сличен понов модел на БЕКО со само 1кг поголем капацитет на полнење, некои 4 илјади денари поскап).
Дали некој има искуство со овој модел BEKO DV 1160, и/или со БЕКО воопшто?
П.С. Комбинираните машини за перење и сушење се на лош глас. Цената е слична како за два одделни уреди а наводно многу ги гужвале алиштата.