Машина за садови

Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Сакам да си купам па добро би ми дошло ваше мислење и искуство. Има гоооооолем избор ама никако да падне одлука за мојата нова "свекрвица" што ке ми скрати еден сат секојдневно.
Битно ми е да е црна зашто сите елемнти во кујната ми се црни, евентуално како резерва сива. Имам место за 45x60x85cm

:)
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
15 000 до 25 000ден е просек,
зависи од големина со ААА класа, економични програми, мала бучност...добар дизајн.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oбавезно да купиш, ако си во состојба, машина за садови. Повеќе ќе ја користиш одколку што ја користиш машината за алишта. Само набави поголема количина чинии, чаши и прибор и штом се нечисти - ставај ги во машина. Кога ќе се наполни и кога ќе има ефтина струја - вклучија.
При набавка гледај да е помалку бучна, бидејќи обично стои во кујна.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
И мене ме интересира ова. Кај би можел да најдам поефтини или поквалитетни машини за перење садови?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Интересна тема. Јас имам дома машина од горење, најголемата шо можеше да се земи, таја ја зедов. Имаше некоја промоција тогаш, околу 18.000-ки излезе. Па едно 4 години веќе ја користиме подома и задоволни сме многу.

Совет за идните домаќини/домаќинки: кога купувате машина, не штедете гледајте да биди поголема. Зошто? Ако не бери 2 тенџериња, 1 тепсија и 10 пајнци, ќе треба со 1 тенџере и 2 виљушки да ја пушташ да работи, а за четворочлено семејство то е појќе од еднаш дневно. Кај мене се пушта машината еднаш на 2-3 дена (зависно како ќе биди полна) и тоа најчесто навечер, од ко ќе си легнат сите.

п.с. за миење на газери од тенџериња, тепсии и тави (оние надворешните, никој шо не се мачи да ги измие) машината е идеална. По 10 миења имаш ново тенџере и од натре и од надвор.

И мене ме интересира ова. Кај би можел да најдам поефтини или поквалитетни машини за перење садови?
Сеа поефтини или поквалитетни бараш? Двете заедно не одат...
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Интересна тема. Јас имам дома машина од горење, најголемата шо можеше да се земи, таја ја зедов. Имаше некоја промоција тогаш, околу 18.000-ки излезе. Па едно 4 години веќе ја користиме подома и задоволни сме многу.

Совет за идните домаќини/домаќинки: кога купувате машина, не штедете гледајте да биди поголема. Зошто? Ако не бери 2 тенџериња, 1 тепсија и 10 пајнци, ќе треба со 1 тенџере и 2 виљушки да ја пушташ да работи, а за четворочлено семејство то е појќе од еднаш дневно. Кај мене се пушта машината еднаш на 2-3 дена (зависно како ќе биди полна) и тоа најчесто навечер, од ко ќе си легнат сите.
.

и ја бев мн за горење сите елемнти ми се од нив ама се предомислив кога слушнав дека машините за садови ги произведуваат во Турција и се со ист квалитет како фаворите.
за поголема толку кај мене има место само за 8 особи ама ке заврши работа
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Интересна тема. Јас имам дома машина од горење, најголемата шо можеше да се земи, таја ја зедов. Имаше некоја промоција тогаш, околу 18.000-ки излезе. Па едно 4 години веќе ја користиме подома и задоволни сме многу.

Совет за идните домаќини/домаќинки: кога купувате машина, не штедете гледајте да биди поголема. Зошто? Ако не бери 2 тенџериња, 1 тепсија и 10 пајнци, ќе треба со 1 тенџере и 2 виљушки да ја пушташ да работи, а за четворочлено семејство то е појќе од еднаш дневно. Кај мене се пушта машината еднаш на 2-3 дена (зависно како ќе биди полна) и тоа најчесто навечер, од ко ќе си легнат сите.

п.с. за миење на газери од тенџериња, тепсии и тави (оние надворешните, никој шо не се мачи да ги измие) машината е идеална. По 10 миења имаш ново тенџере и од натре и од надвор.


Сеа поефтини или поквалитетни бараш? Двете заедно не одат...
Па ај да е нешто квалитетно. :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Па ај да е нешто квалитетно. :)
Нема миљарда производители за избор... Имаш Беко, Фаворит, Даеву (и така некоја марка шо ја слушаш прв пат во животот, ама мава на турски) како најевтина понуда шо можи да е најшкарт, мада немора да значи.

Е сеа јас иам горење, шо значи немам друга... шо можам да ти кажам, се е поврзано со неа. Добра е, тивка е, спаѓа во ААА класа за трошење струја/вода, до сега немала никаков дефект. Да ти речам дека некој друг производител е шкарт, неможам пошто истото искуство можи да го има и со друг производител, пример Беко. Така да само искуство од луѓе шо имале таков производ се број.

п.с. се заебав шо мојата машина е бела, а кујната ми е црвена... сега гледам има машини за вградување со оставен простор за преден панел во боја на кујната (она спремно се, само да монтираш штица напред во боја на кујната, да не дречи машината).
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Има и вградливи машини за садови, јас планирам да земам таква од причина што е фиксен апарат и не се преместува на секое и кујната ќе ми добие на естетски изглед.
Има навистина огромен избор на сајтовите подолу.
http://www.technomarket.com.mk/browse/194
http://neptun.com.mk/mk/proizvodi/mashini_za_sadovi.aspx?catId=44
http://www.technomarket.com.mk/browse/166
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Вградливи да ама ако веќе имаш готова кујна не бива
Огромен избор на сајтови ама застарени модели и ектра цени
Се мислам меѓу Бош, една нова на Беко со бебешки програми што има за шишиња и таа на Минел ама таа нема цена и димензија
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Знам дека оваа што ја имаме е NEO, не е огромна, не е ни мала...ваљда средна му доаѓа.
Ама колку олеснува работа неспоредливо е, со братми едно миење садови ни одземаше по 3 часа :place:...ова спашава човече.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Машина за миење садови
Ако го споредиме машинското и рачното миење садови, машинското е подобро од следните причини:
- помала потрошувачка на струја и вода
- садовите подобро се мијат
- останува повеќе слободно време


Миењето на садови во машина е поефтино од рачното миење. Машината за миење садови троши помалку вода и детергент, а притоа троши мало количество електрична енергија. Европски институции проценуваат дека просечното домаќинство употребува дневно : -1kWh електрична енергија - 25 литри вода - приближно 1 час работно време

Предност е и подобрата среденост на кујната бидејќи нечистите садови се ставаат веднаш во машината, а не во мијалникот, па така кујната останува чиста и средена. Подобро и поефтино миење на садовите – бидејќи машините за миење садови мијат со вода загреана на 65оС, садовите по миењето се почисти.
При рачно миење температурата е најмногу 40оС бидејќи поголеми температури не поднесува кожата. Машината за миење садови без проблем мие маснотии и уништува бактерии со помалку потрошено електрична енергија и вода.
Машина за миење садови во А класа за едно миење троши околу 10-15 литри вода и околу 1,05 kWh ел.енергија, што е значително помалку во однос на рачното миење, каде што во просек се троши 50-80 литри вода. Различни видови машини за миење садови – последните години понудата на машините за миење садови брзо се зголемува.
Постои избор на повеќе производители и модели, но всушност треба да одлучиме помеѓу 4 модели кои се разликуваат во начинот на вградување :
- Самостојна – може да стои самостојно или да се стави помеѓу елементите. Има горна работна плоча, која може да се извади и машината да се стави во долниот елемент од кујната.
- Вградбена – наменета за вградување во елемент бидејќи нема бочни страни. Панелот за управување е видлив во секое време. Висината на машината изнесува 81-82 cm , а често имаат и подесиви ногарки, па така може да се подигне до 87 cm.
- Интегрирана – идентична како и претходната (вградбената) машина со таа разлика што панелот за управување се наоѓа во горниот дел од вратата, па не може да се види однадвор.
- Компактна – со помали димензии, најмногу наменета за викендички, гарсоњери и деловни простории. Има со различни капацитети кои се пресметуваат во однос на капацитетот за сетови за јадење.
Во просек важи правилото дека на едно четиричлено семејство му е потребна машина за миење садови за 12 сетови за јадење. Тоа се машини со широчина 60 cm. Машините со широчина 45 cm имаат 8-9 сетови, а компактните 4-6 сетови за јадење.
Начин на работа – машината за миење садови ги мие садовите со топла или врела вода во која се наоѓа детергент. Распрскувачите кои се наоѓаат во машината ја насочуваат водата во садовите која под притисок ги мие. Таа ги зафаќа сите делови на садовите. Садовите и приборот за јадење треба да се постават во стабилна положба за да не се превртуваат за време на процесот на миење. Водата во машината постојано кружи, а филтерот не ги пропушта остатовите од храна да влезат во одводната цевка бидејќи водата преку филтерот се прочистува неколку пати. Поради ова машината добро ја искористува водата и е рационален потрошувач. Филтерот после секое миење треба да се исчисти. Процесот на миење го надгледува програматорот. Кај електронските машини потрошувачката на вода се прилагодува на количеството и извалканоста на садовите. За ефективно миење важна е температурата на водата која зависи од програматорот. За поголема температура на водата се троши повеќе ел.енергија.
Температурата на водата најчесто се движи од 40-75оС, а се троши 10-15 литри вода и 0,9-1,2 kWh ел.енергија. Штедење при употреба на машината – со правилно ракување на машината може дополнително да се заштеди на вода и на струја.
Важно е следното :
- Не е потребно садовите да ги испираме пред поставување во машината, а на тој се штеди вода.
- Садовите треба да се постават спорeд упатството на производителот
– Секој од садовите се поставува на тој начин да во нив не може да се собира вода и на тој начин да бидат послаби ефектите од миењето.
- Најдобро е машината да биде секогаш исполнета до крај – на тој начин дополнително се заштедува ел/енергија и вода Заштита против излевање
– При купување на машината за миење на садови важно е да се земе во предвид и заштитата од излевање на вода во кујната чиј под може да биде паркет или тепих.
Постојат два типа на заштита : - електрична заштита – функционира на следниот начин : доводната цевка е двојна, па во случај на пукање на внатрешната цевка, водата по надворешната се излива во машината. Дното на машината е затворено и кога ќе препознае вода автоматски го затвора електричниот вентил на доводната цевка и на тој начин го спречува излевањето на водата. При активирање на заштитата се вклучува одводната цевка која од сигурносни причини црпи вода од машината. Предности на оваа заштита е дека ел.вентили се секогаш во погон, па поради тоа не може да дојде до појава на каменец. - механичка заштита – истотака штити од излевање на вода, но во помал степен од електричната. Доводната цевка истотака е двојна и дното на машината е затворено, но постои разлика при активирањето, бидејќи често може да затаи заштитата поради водениот каменец. Оваа заштита најчесто подолго време не се активира, па затоа може да откаже во случај при нејзино активирање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom