Малку информации за мачката.:costumed2
Припитомена е уште во стариот Египет пред 4000 години каде што била сметана за божество.Мачката посебно во младоста станува најприврзана со оној кој си игра со неа и ја мази,додека е најмалку важно кој ја храни,со самото тоа мачката ја покажува нејзината непоткупливост.Мачката има 6 пати подобар слух од човекот,а 4 пати подобар вид.Првите мачки всушност личеле на огромни рисови,гепарди,леопарди и живееле во Средна Европа,Африка и Америка.Мачката е најинтелегентно животно кое живее со човекот и веке одамна нема позначајна функција освен да биде галена и мазена,но не било одсекогаш така.Египетската уметност сведочи за тоа дека Старите Египќани ги обожавале мачките како божества, а оној кој ке ги повредил бил казнуван со смрт.Нубиската мачка се сметала за совршено животно,а божицата на месечината и плодноста Баст(ет)-била извајана со глава на мачка.По смртта мачките биле мумифицирани,а исто така и глувците(за да бидат храна за мачките во задгробниот живот)Во Кина се верува дека со гледањето на очите на мачката може да се одреди колку е часот.И таму мачката била прогласена за свето животно и се викала мао или миу.Боженственоста и била признаена и во Вавилон,Бурма,Сијам и Јапонија каде ја нарекувале тигар што јаде од рака.
...а еве ја мојата мала тигрица Сунчица:back: