Масони

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ич не мора да објаснуваш какви се. Од сликите се гледа: полиестер пелерини, ракавици еден број нарачани за сите, и врти сучи, муабетот е пак за парите...:facepalm:
За мене е побитна суштината на една организација одколку материјалот или стилот на регалиите... Тотално е небитно дали е од полиестер или свила.... или личела наметката на супермен или бетмен...
Инаку се слагам со тебе дека кога парите ќе станат најголемиот или единствен мотив, тогаш ваквите организации веќе си го ископале сопствениот гроб.
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.648
Поени од реакции
11.644
„Воениот витешки ред „Св. Наум Охридски“ :pos:

Од друга страна и не е смешно затоа што многумина ќе помислат дека имаат некаква врска со Темплари.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Нема врска Филип Петровски со масонеријата. Никаква.
Организацијата во која членува се нарекува витези темплари, арно ама немаат ништо заедничко со темпларите од средновековието ниту со масонеријата.
Ќе може ли да ни објасните зошто македонскиов витешки Ред на Темпларите „Св. Наум Охридски“ нема никакви (директни или индиректни) линкови со истиот Ред од средновековието. Колку што мене ми е познато е тоа дека тие се регуларен Ред кој постои и е во согласност со правилата на O.S.M.T.H.. Исто така, познато ми е дека членови на македонскиот Ред имаат остварувано контакти и со големиот мајстор S.A.E. Dom Fernando Pinto Pereira de Sousa Fontes... Дилемата се појавува во мене, бидејќи знам дека воопшто O.S.M.T.H. е еден своевиден наследник на средовековните витези Темплари. Секако, може и во целост или, пак, за одредени поединости што ги наведов тука да сум во грешка, но затоа Вие сте тука за да ни овозможите на нас - недоволно упатените, да ги согледаме вистинските факти кои стојат позади сето ова за овој Ред,:) нели?
 
Последно уредено:

Бидејќи нема историски или хронолошки континуитет со темпларите од средновековието. Редот е основан бо 1945 година од страна на Antonio Campello Pinto de Sousa Fontes, и нема директни врски ниту потекло со масонеријата и темпларите. Редот е исклучиво христијански, а знаеме дека во масонеријата и останатите редови членови можат да бидат и припадници на други религии.
Единствената "врска" со историските темплари на кои се повикуваат членовите на овој ред се етичките, религиозни и морални принципи за кои веруваат дека им припаѓале на темпларите од минатото.
 
А што е со нивните тврдења дека тие имаат некакви историски документи за средовековните Темплари? Дали постои можност тие да поседуваат некакви документи или нешто друго кое директно упатува на средовековните витези?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
А што е со нивните тврдења дека тие имаат некакви историски документи за средовековните Темплари? Дали постои можност тие да поседуваат некакви документи или нешто друго кое директно упатува на средовековните витези?
Тука може да шпекулираме за се и сешто, но сметам дека таквите тврдења немаат многу врска со реалноста. Темпларите не биле фокусирани исклучиво на христијанството. За време на нивниот престој во ерусалим, темпларите контактирале и имплементирале многу нешта од суфи мистиците, еврејските езотериски учења (од кој подоцна се оформува кабалата во нејзината пишана форма) па дури има и претпоставки дека и дел од египетските школи на мистерии биле предмет на интерес кај темпларите. Можеби затоа нивните наследници - розенкројцерите и масоните подоцна дозволуваат членство на припадници на различни религии, но тоа кај овој ред некако е изоставено.
Се на се, главната причина поради која сметам дека немаат ништо со историските темплари е фактот што немаат директна - историска врска со тој ред. Шпекулациите дека поседуваат автентични документи може лесно да се потврдат или отфрлат доколку бидат дадени на увид, но не сум запознаен дека такво нешто се има случено.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Од тоа што го постиравте (се надевам не го толкувам погрешно) забележав дека напоменувате дека розенкројцерите и посебно масоните се наследници на темпларите... Ако е тоа така, дали, во овој случај, масоните имаат некакви докази, т.е. „автентични документи“ кои го поткрепуваат тоа дека имаат корени и од средовековните темплари? Мислам, општопознат е фактот дека насекаде во светот се уште постојат одредени недоречености и нецелосни потврдувања, а во одредени случаи, дури, и делумни демантирања на оваа тема од страна на масоните дека истите се наследници на претходно споменатите (независно што во степените се вклучени и нивни симболи, ритуали итн.). Иако имам разбирање дека природата на таквата поделеност и состојби кои егзистираат, кои ги напоменав, дека е и заради потребата да останат во тајност одредени детали, а кои ги налагаат правилата и прописите до кои треба да се придржува масонското членство.
 
Ќе оставам тоа да го одговори некој од масоните на форумов, доколку сеуште се активни на темава. :)
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
Оние што го водат светот се мнооогу чекори пред нас. Колку само енергија се троши на истражување на масониве и масонеријата, а се ова може да се сведе на "пуштање трага у погрешен правец".
Мене муабетот за масонеријата ми делува многу застарен, и мислам дека денес немаат допирна точка со владеење на светот, туку тоа се одвива у мнооогу мнооогу тесен круг на далеку по-организирани групи, кои чинам секоја година имаат различно име од билдерберг,трилатерала,skull & bones и уште мал милион други.
Друга работа, мислам дека свесно се дозволува членување на обични смртници во вакви организации ради тоа што сакаат да мислиме дека "ништо не се дешава у масонските ложи, не се креираат планови за нво,world government и тн", штом може било кој да членуе у тие организации значи дека не се они тие што владеат.
А верувам дека во одреден период, пред многу години и векови баш најголемите мајстори на ложите у Британија и сад биле тие што ги влечеле конците за тоа каде ќе се движи светот. Ама сега, не.
Еволуираат владарите многу побрзо од што ние дознаваме за сите дешавки врзани со ваквите организации.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Нема врска Филип Петровски со масонеријата. Никаква.
Организацијата во која членува се нарекува витези темплари, арно ама немаат ништо заедничко со темпларите од средновековието ниту со масонеријата.
Mozebi so slikata sto e stavena nema vrska, no jas mislam deka si greska, naprotiv nema stravuvano da se prikaze kako del od redot.......
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Имам проектна за Масони и ми треба книга за нив.Да не биде фикција и измислици само.:)
Препорака?
Се надевам дека не е доцна :)
Родени во крв, која што беше препорачана е фикција, така што не би ја препорачал.
Ако бараш сериозна книга - Древијар за древното братство, од Јован Бригиски. Историскиот дел од книгата има делумно шпекулации, но доста умерено пишува.
Доколку можеш да најдеш книги на англиски, најдобра книга на темата е Freemasonry for Dummies - Chris Hodapp (да, доста неадекватен наслов, но една од најдобрите книги за масонеријата).
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Имам проектна за Масони и ми треба книга за нив.Да не биде фикција и измислици само.:)
Препорака?
Добра е идејата на лангелина за интервју. Само Филип Петровски не е добар извор -- он е полиестерски темплар од редот на Перлон Пелерини (а мислам и на винарски витези). Они се ванаби, не се масони. Најдобриот регуларен масон за интервју (најваспитан и најприступачен) е Трифун Костовски. Друг фин и озбилен масон (али малце понеприступачен) е Јовица Угриновски. Трет масон (полуприступачен, али помага на студенти) е Венко Андоновски. Доста приступачен е и Сашо Орданоски (иако членува у фалш ложа и не е оригинал масон), али има ископирани скрипти за масонерија и редовно искача у сусрет на деца шо имаат семинарски за масонерија. Се надевам дека инфото не е предоцна. :)
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.719

Zašto je piramida na novčanici od jednog američkog dolara?
.. а има на врвот на пирамидата и око
 
Kajgana Shop

На врв Bottom