Македонците во Австралија повеќе не се “славо-македонци“

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Австралиската влада одлучила да го повлече терминот “славо-македонски“ од употреба и отсега во официјална употреба ќе биде терминот “македонски“, соопшти Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) повикувајќи се на изјава од вршителот на должност шеф на кабинет на Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија.
Во писмото до АМКЧП од деветти јануари од австралиското МНР напишале:
“Јас можам да потврдам дека ’Славо-македонското’ Административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во Министерството за надворешни паботи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичајната пратика што се однесува до неважечки Аднминистративни циркуларни писма, тоа е поништено и докуметот е ставен во архива. Исто така, ДФАТ ми има ставено до знаење дека ’Славо-македонската Директива’ не се применува во други владини служби, влучувајќи ги и Министреството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика.”
За АМКЧП ова е резултат на долготрајна кампања на лобирање за австралиската влада кончено да ја повлече “својата дискриминаторска и растистичка славо – македонска директива“.
“Со ова победа се одбележува крајот на една значајна и долготрајна кампања водена од Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, чија цел беше владата да се согласи да го прифати правото на македонската заедница на самоидентификација. Кампањата започна во 1994 г. и вкулучуваше сослушувања во Високиот суд на Австралија, Комисијата за човекови права и еднакви можности и Парламентарниот комитет за надворешни работи и трговија“, велат од Комитетот.
Во Австралија живеат повеќе од 80.000 Македонци или граѓани кои имаат македонски потекло.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/makedoncite-vo-avstralija-poveke-ne-se-“slavo-makedonci“

Сега,следен чекор очекувам признавање од Австралија.И ова со 80.000 Маќедонци во Австралија,некако ми е малку.
Како и да е супер вест.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Denov ne moze da bide podobar, atina gori vo Avstralija se porazeni... samo Turcite sega uste da gi izbombardiraat i ke bide epten legendarno. :)
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 11:05 ---
Denov ne moze da bide podobar, atina gori vo Avstralija se porazeni... samo Turcite sega uste da gi izbombardiraat i ke bide epten legendarno. :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.811
Поени од реакции
15.732
јас мислам ова е логично, тие таму се единствени и сложни, а веројатно и грото од основачите на диаспората во Австралија и Канада се со потеклко од солунско поле... па и грците сега кога нема можат да ги негираат, ќе измислат теорија дека македонците од егејска МК се други, а тие од скопско поле се бугари, срби или скопјани :(
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 13:21 ---
Denov ne moze da bide podobar, atina gori vo Avstralija se porazeni... samo Turcite sega uste da gi izbombardiraat i ke bide epten legendarno. :)
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 11:05 ---
Denov ne moze da bide podobar, atina gori vo Avstralija se porazeni... samo Turcite sega uste da gi izbombardiraat i ke bide epten legendarno. :)
не треба и не може да ги бомбардира, но треба некој од нашите ( ако нема кадар од власта од диаспората ќе се најде) да им предложи на Турција експресно да воведе Закон против негирање на Геноцидот врз Македонците и Чамите, исто како Франција што донесе за геноцидот врз Ерменците... па да одекне малку во Европа, сепак Турција не е мачешка кашлица:D
 
М

Мартин`

Гостин
Австралиско-македонскиот комитет за човекови права соопшти дека по долготрајната кампања на лобирање, Австралиската влада ја повлече т.н. славо-македонска директива со која македонската заедница беше преименувана во 1994 година.

Имено, Австралиската влада веќе нема да го користи терминот „славо-македоски“, туку наместо него ќе се користи само „македонски“. Потврда е писмото до АМКЧП од 9 јануари годинава, во кое вршителот на должноста шеф на кабинет на министерот за надворешни работи ги информира оти „славо-македонското“ административно циркуларно писмо веќе не е во сила во Министерството за надворешни работи и трговија (ДФАТ). Согласно вообичаена пратика за неважечки административни циркуларни писма, било посочено, тоа е поништено и документот бил ставен во архива. Воедно, се информира и дека спорната директива не се применува ниту во други владини служби, влучувајќи ги и Министреството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика.

Министерството за имиграција и државјанство тоа го потврдило во друго писмо до АМКЧП од 11 јануари 2012 година оти активно не го употребува терминот „славо-македонски”.
- Националната служба за преведување и толкување сега само го употребува терминот „македонски”. Ние ја признаваме загриженоста на Македонско-австралиската заедница во врска со ова прашање, се наведува во писмото од австралиското Министерство за имиграција и државјанство.
Според АМКЧП, со оваа победа е ставен крај на оваа нивна значајна и долготрајна кампања чија цел беше Владата да се согласи да го прифати правото на македонската заедница на самоидентификација. Од ова тело на македонската дијаспора во Австралија со апел до Владата за доследност и за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име.
- Соопштението на австралиската Влада дека официално става крај на својата навредлива политика на преименување значи враќање кон долготрајна и успешната политика на мултикултурата, која АМКЧП одамна ја поддржува.
Ова е победа која ќе биде корисна за зачувување на човековите права на сите Австралијци. Иако АМКЧП е среќен што австралиската Влада ја промени политиката кон македонската заедница, тој го повторува своето барање Владата на Австралија логично да постапува и да ја признае Република Македонија под нејзиното официјално и демократско избрано име, стои во соопштението од Австралиско-македонскиот комитет за човекови права.
Кампањата на АМКЧП започна во 1994 година и вкулучуваше сослушувања во Високиот суд на Австралија, Комисијата за човекови права и еднакви можности и Парламентарниот комитет за надворешни работи и трговија.
Кампањата го достигна својот врв неодамна како последица на интензивна серија од размени на мислења, која вклучуваше средби и допишувања со министри на владиниот кабинет (вклучувајки ја и премиерката), парламентарни претставници од сите политички партии и повеќе владини министерства.
Република Македонија и Австралија воспоставија дипломатски односи во октомври 1995 година.


Правдата е бавна но сепак доаѓа (y)
А изгледа и Грците како стануваат се послаби финансиски снемуваат и пријатели, кои ги одржувале со пари ..
 
I

Iblis

Гостин
Ова е за поздравување, сега чекаме да го видиме shitstorm-от на Грците.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Очекувам сега колумна од мал мозок на овие самонаречени експерти дека реакцијата на Канбера е претерана и не е добра за пријателските односи со јужната република Hell-Ass.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Конечно.Еден чекор поблиску до признавање под уставното име.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Mе интересира стигнаа ли релузтатите од пописот лани што беше во Австралија?
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Оваа одлука е за голем поздрав. Иако многу порано требаше да донесат ваква одлука, со оглед на тоа што таму живеат голем број македонци.
 
P

PewDiePie

Гостин
Има тема нека ги спои некој модератор.


Он топик.
Одличен потег од Австралија,дури и малку задоцнет(од една страна)од друга страна во одличен момент за нас како Македонци затоа што грција е во тешки гомна. :D

Следно што е очекувам е признавање под уставното име,некои велеа дека тоа ќе се случи на денот кога славевме 20 год. независност ама ништо. Се надевам дека што поскоро ќе се случи,затоа што има сигурно преку 100.000 македонци таму.
 
H

HITCH

Гостин
Ова е навистина убава вест, бидејќи имам семејство таму многу ме радува. Огромен проблем е што степенот на образование на Македонците во Австралија е многу мал, треба да се поработи повеќе на образованието.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom