Македонски урбани легенди

Дискусија во форумот 'Мистерии' започната од Commando, 18 јули 2007.

  1. .Lost Angel.

    .Lost Angel. Гостин

    Не че да е со девојка јас имам друга верзија, само не ми текнува баш ама знам дека не беше со девојка.
  2. Barto

    Barto

    Член од:
    8 март 2012
    Мислења:
    3.062
    Допаѓања:
    1.240
    Незнам со што беше и јас не сум сигурен одамна ја имам слушано ама важно знам дека беше со ох,рид и галичица :D
  3. .Lost Angel.

    .Lost Angel. Гостин

    за тоа да со ох,рид и галичица. :D
    На Freedy T. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Рудници и

    Рудници и ...железарница

    Член од:
    9 декември 2009
    Мислења:
    9.153
    Допаѓања:
    11.863
    Не била девојка, туку наводно биле војниците на Цар Самоил и викале Ох-Риде (или Во-Хриде), во превод - На Рид.Поранешното име било Лихнидос (Божја Светлина), а името го дал протераниот Фениќанец Кадмо (истоимената кафетерија е по него именувана и со мотиви од легендата) кој се доселил до Охридското Езеро и го формирал градот на местото кај сегашните плажи Потпеш и Канео.[​IMG]
    Во 879 година првпат е спомнат со новото име Охрид, на Цариградскиот собор во 879 година, Лихнидос бил епископски центар уште од петтиот век.
    http://www.kadmobeach.com/mkd/index-5.html

    Kadmo Beach Club За Нас

    Легенда за Кадмо

    Кадмо е син на кралот Агенор и кралицата Телефаса, брат на Феникс, Циликс и Европа односно митолошки лик. Откако Зевс ја грабнал Европа, Агенор ги испратил своите синови да ја бараат, и им кажал да не се враќаат без неа. Браќата се разделиле во потрага по својата сестра а Кадмо заминал на својот пат заедно со неговата мајка Телефаса. После кратка потрага на островите Рода и Тера, подолго се задржал во Едонака, Тракија каде Телефаса неговата мајка се разболела и умрела. Потоа Кадмо заминува за Делфе за од пророчицата дознае каде се наоѓа неговата сестра Европа. Пророчицата му кажува да престане залудно да ја бара својата сестра и да основа град на местото до кое ке го однесе крава. Кога Кадмо поминувал низ Фокида, помеѓу говедата на Пелагон синот на Амфидаман, здогледал една крава која на бедрата имала бел знак во вид на полна месечина. Кадмо ја купил кравата и долго ја следел, се до тебанското поле, каде животното од умор паднало. На тоа место Кадмо го поставил Атенинскиот кип и одлучил да ја жртвува кравата во чест на божицата. Бидејќи за жртвувањето му била потребна вода, Кадмо испратил неколку пријатели да донесат вода од изворот кој бил во близина. Страшниот змеј син на Ареј кој го чувал изворот ги нападнал неговите другари и пред Кадмо да стигне ги убил. Кога Кадмо стигнал на изворот го поразил и го убил змејот. По совет на Атина половина од забите на змејот Кадмо ги посеал, додека другите половина божицата ги поклонила на колхидскиот крал Етеј. Од посеаните заби одма изникнала наоружана војска позната како Спартанци ( Посеани ). Кадмо меѓу нив фрлил камен а тие не барајќи кривец започнале жестока борба, и од борбата преживеале само 5 Спартанци.

    Заради убиството на змејот, Кадмо 8 години морал да му служи на Ареј, По завршувањето на тие 8 години Атина му ја подарила власта над Теба а Зевс му ја дал сопругата Хармонија, ќерка на Ареј и Афродита. Венчавката на Кадмо и Хармонија била прославена во Кадмеја, тврдина околу која подоцна се развил градот Теба. Тоа била првата свадба на смртници на кои присуствувале сите Олимпијани. Музи со златни венци во косите пееле свадбени песни, а боговите им донеле големи дарови. Кадмо на Хармонија и подарил огрлица која му ја поклониле Хефест, Афродита и Европа како и прекрасен фустан кој подоцна ќе им донесат голема несреќа на сите кои ги поседуваат.
    Кадмо среќно живеел со Хармонија која му родила 5 деца: синот Полидор и ќерките Агаве, Инона, Семела и Аутоноја. Откако доживеале длабока старост сопружниците биле принудени да ја напуштат Теба и престолот да му го препуштат на нивниот внук Пентеј. По заминувањето дошле во земјата на Енхелеите кои живееле на тогашното “Бело Езеро” каде Кадмо го основал градот Лихнид ( денешен Охрид ). Затоа Кадмо се смета за првиот Лихниѓанец, а и името на нашите хит локации во Охрид го враќаат неговото име во новото време за да го запознаат и оние кои што порано не го знаеле – КАДМО.

    Кадмо Семејно Дрво

    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
  5. Barto

    Barto

    Член од:
    8 март 2012
    Мислења:
    3.062
    Допаѓања:
    1.240
    Пријателе,легенди и преданија,кој како слушнал така пренел сите различно знаат,а темава е за легенди немора да бидат вистинити доволно е да бидат само пренесени односно да бидат преданија.
  6. .Lost Angel.

    .Lost Angel. Гостин

    Да да ме потсети беше со Цар самоил и војниците, кога дошле кај галичица извикале Ох рид и како демек од тогаш името охрид го добил по тоа. :D е сега колку е точно незнам.
  7. Anco

    Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    4.936
    Допаѓања:
    7.643
    -во Усје, многу одамна,во српско 1918 - 1928 година, има починати многу
    членови од едно семејство т.с. скоро сите,незнам каде им се гробиштата ама долго време ги викале “Баровски гробишта“- и дали сега постојат незнам.ги покосила чума-тогаш неизлечива туберколоза.
    --- надополнето: 20 март 2012 во 12:15 ---
    - внучко да ти кажам и јас некое зборче за Скопјево
    ај по ваше нека биде де, урбани легенди
    Скопје си беше Скопје и пред да дојдат во него мариовци и шопи.
    Скопје си беше Скопје и во Турско и во Српско и во Бугарско.
    Си имаше и многу цркви, ама една си беше ептен Скопска-наша.
    Таа беше во Пајко Мало, посветена на Св. Богородица.
    Сега може да ја видите и посетите,пред некоја година ја направија.
    Ослободителите- (читај,бугарските фашисти) старата црква ја
    ограбиле а потоа ја запалиле во време на окупацијата (читај,НОБ)
    Долго време тоа место беше празно-црковно,вакавско ли се викаше.
    Ама комунистиве после земјотресот,решива Скопје да го градат.
    И на тоа исто место почнаа да градат де ова де она.Тие дење градат
    тоа ноќе се урива.Потоа пак одново,целата постапка. Ама не бива.
    И на крајот се откажаа.МАНУ и дом на Млади ги направиа понатаму.
    Си остана тоа место пак празно,на радост на нас децата од околните
    маала а кој учевме во О.У. “Кирил и Методиј“- т.с.беше ливада за фудбал.
    Значи било тоа место црквено и црквата си го бараше за себе.Потајно.
    Кој ги рушеше почнатите темели за новите градби го немаме одговорот,
    остана мистерија-“Виша Сила“... Продолжете да размислувате за ова.
    -------------------------------------------------------------------------------------------------
    урбана легенда бр: 2
    информирајте се, прашајте или прочитајте во другите теми за:
    зошто за земјотресот не се сруши Највисоката зграда во Скопје во “63год,
    уште поточно не и фалеше ама баш ништо, (обележана со три зелени црти)
    е тоа е урбана легенда а тој што ја направи права легенда како ли заврши?
  8. D31

    D31

    Член од:
    6 јули 2011
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    13
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    На КвикСилвер му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Out of Order

    Out of Order

    Член од:
    31 мај 2011
    Мислења:
    1.424
    Допаѓања:
    778
    Имам прочитано од негде дека во Скопје кај некоја си пештера не знам точно каде е се појавувале самовили :icon_lol:
  10. AnonymousAS

    AnonymousAS

    Член од:
    23 март 2012
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    21
    Значи вака за Црна ружа имам слушнато и јас..
    Оваа секта не постои само во Скопје, туку и во источна Македонија, поточно во Кочани.. ептен сигурен сум за ова пошто има луѓе што ги знам, а биле претходно членови на истата.. Само незнам како излегле од неа?!
    --- надополнето: 23 март 2012 во 14:30 ---
    Значи вака за Црна ружа имам слушнато и јас..
    Оваа секта не постои само во Скопје, туку и во источна Македонија, поточно во Кочани.. ептен сигурен сум за ова пошто има луѓе што ги знам, а биле претходно членови на истата.. Само незнам како излегле од неа?!
  11. General Centar

    General Centar Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН

    Член од:
    31 март 2011
    Мислења:
    349
    Допаѓања:
    186
    Скопје и ќе остане Скопје само да си оди сељачанава што побрзо, неможам да ги гледам веќе од нива у град.Или прво едно година дена на социјализација па после у Скопје или мрш по тоа селата.
    Извинете ван тема али се напнав :)
  12. Matador :)

    Matador :) Тоа е тоа

    Член од:
    6 март 2009
    Мислења:
    825
    Допаѓања:
    683
    Имам слушнато дека после затворот Идризово позади Пилко фабриката имало некоја голема куќа .. била без прозори без фасади само така напраена а до неа на 20 метри имало гробишта најверојатно турски .. и од порано се ширела некоја легенда дека кој ќе влезе во куќата да стапне внатре моментално се здрвува и не можел ни да викне ни да се мрдне .. и еден мој другар храбар се кладеле незз во пари со уште 2ца другари ( овие му ја кажале приказната а овој храбар демек можел да си влезе и да си излезе без да му биде ништо и се кладеле ) и влегол тој внатре и тие се договориле ако не излезе за 5 мин да го земеме и поминале 5-6 минути ни трага ни глас од другаров и овие решиле да го извадат ... значи не стапнале внатре тој точно го поминал влезот и го извлекле без да влезат и кога го прашале што ти се случи тој рекол не знам на ништо не се сеќавам
  13. Пратеник

    Пратеник Ала Мадрид

    Член од:
    28 ноември 2011
    Мислења:
    1.000
    Допаѓања:
    617
    За Прилеп збопуваш така??? Ја колку шо знам дека турале плоча на сам ден велигден и од тогаш кујчата е опседната.
    А можно е да има нешто
  14. STEALTH

    STEALTH God is a DJ

    Член од:
    25 ноември 2011
    Мислења:
    4.538
    Допаѓања:
    5.300
    Која е таа?
  15. Голијат#

    Голијат#

    Член од:
    12 јуни 2011
    Мислења:
    551
    Допаѓања:
    297
    урбана легенда бр: 2
    информирајте се, прашајте или прочитајте во другите теми за:
    зошто за земјотресот не се сруши Највисоката зграда во Скопје во “63год,
    уште поточно не и фалеше ама баш ништо, (обележана со три зелени црти)
    е тоа е урбана легенда а тој што ја направи права легенда како ли заврши?[/quote]

    E ај ти одговори ако знајш нешто ? Кажи ни да не бараме сега :D

    Потврдувам за куќата и јас го знам сопственикот... Точно е дека не е во ред нешто со таа куќа.

Сподели преку: