Македонски урбани легенди

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.919
Поени од реакции
827
А за јајцето што е со сонце и 16 зрака ? ? ? На вести го кажуваа тој човекот фармер како и секој ден отишол да ги собере јајцата и кога на 1 од нив видел изгравирано сонце со 16 зрака исто како сонцето од Кутлеш ... Памтите од пред неколку години ?
Оваа ствар ја глеав на телевизија стварно интересно...
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
А за јајцето што е со сонце и 16 зрака ? ? ? На вести го кажуваа тој човекот фармер како и секој ден отишол да ги собере јајцата и кога на 1 од нив видел изгравирано сонце со 16 зрака исто како сонцето од Кутлеш ... Памтите од пред неколку години ?
Дома имам такви 4-5 јајца , бидејќи беа чудни дедоми ги тргнал.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Знам неколку легенди/мистериозни настани што се случиле во мојава околина (Петровец)

Сум слушнал доста муабети дека на мралински мост неколку км пред патарината во Петровец навечер после 12 излегувала Невеста без глава , слушнав дури дека поради таа "невеста без глава" била предизвикана и собраќајка .

А втората што ја знам така од популарните е дека навечер во школската сала се слушаат плачеви од дете. - а јас мислам дека тоа е : или звукот што го прави промајата (бидејќи прозорците се искршени) или второ мачките , кој слушнал како викаат мачки (исто како да плаче мало дете тотално ИСТО) знае , поезиво , поморничаво од тоа...
ОФФ:Сигурен сум дека возачот се нацврцал некоја чашка повеќе па му излетало некое дрво на патот.
ОН:Имам слушано дека на турските гробишта во Кавадарци се појавувале духови после 12.Но не сум баш сигурен.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
ОН:Имам слушано дека на турските гробишта во Кавадарци се појавувале духови после 12.Но не сум баш сигурен.
A кај не се појавуваат духови после 12:00 ? :)

Инаку за тоа што ме цитираше тоа се мижи асан да ти баам, но ја постирав бидејќи е популарна низ овие краеви таа "мистерија" .
 

pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
Da ziveevme 3veka porano i da ja pocnevme ova tema ,dosega ke bevme obeseni ili spaleni na sred plostad :P
Zatooooo ko ke vidime nesto ili licno, ko ke ne spopuka nekoj paranormalen ili neznam ti kakov osecaj :D , ke se najdime pak na temava i forumot i ke si prajme muabet..vazii???? :D
pozdrav
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
14
Поени од реакции
7
Ми имаат кажувано дека во Автокоманда на семафорите порано имало гробишта и поради тоа имало многу сообраќајки....Колку е точно ова незнам
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Куќата на стравот во Радишани што е спомната во првите неколку поста, стварно беше стара никаква.На неа имаше никнато триста чуда, дрва, корења. Еден другар и се качи на кров и пропадна, али се тоа поради излитеноста на покривот. Инаку куќата сеа е реновирана и е една од поубавите во Радишани, а како кој живее во неа и дали слуша или гледа нешто не сум разбрал.И скоро пола скопје е изградено врз турски или незнам какви гробишта, така да не ме чудат сите слични муабети за тоа дека некој видел на тие места нешто.
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Ја сум од Радишани. Незнам точно за која куќа збориш пошто има многу напуштени или недоизградени што ги викаат куќа на стравот али не им се придава некое значење пошто и онака се само обични напуштени куќи. Нема тука никаква урбана легденда xD
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Ја сум од Радишани. Незнам точно за која куќа збориш пошто има многу напуштени или недоизградени што ги викаат куќа на стравот али не им се придава некое значење пошто и онака се само обични напуштени куќи. Нема тука никаква урбана легденда xD
Сигурно си помал, за тоа не знаеш. Прашај некој постар. Куќата се наоѓаше мислам на скоевска(3влез му доаѓа), и беше последна куќа на улицата.Ти викам сеа е реновирана цела, така да кој не ја знае, тешко дека ке ја познае.
 
L

Liberation

Гостин
Градот не е битен. Некои може ќе го препознаат...

Од градот до населбата каде живееше, имаше околу 2 километри, пат кој поминуваше покрај локалните гробишта.

Ја испружи раката и автомобилот застана.
-Каде бре момче волку доцна?
-Се враќам дома, натака идеш?
-Да, влегувај ајде.

-Среќа сум те стасал пред гробиштата, морничаво е така сам да врвиш по патишкава во 2 по полноќ.
-Ах, се навикнав на гробиштава. Бев долу до градот, па тргнав пеш кон дома.
-Ти навака живееш, а?
-Да, на влезот од населбава...

Застана.
-Јас уште малку навака сум.
-Јас до тука. Ете во онаа куќа живеам.
Му подаде пари за таксито.
-Држи кусур, и така сум на повик.

-По ѓаволите -промрморе незадоволно кога утрото ја здогледа црната јакна на задното седиште. “Детето синоќа...“
По 15 минути, ја најде куќата за која овој му кажа синоќа дека живеел во неа. Заѕвони. На вратата се појави средновечна жена забрадена во црна шамија.

-Добар ден. Мислам дека вашиот син синоќа ја заборави јакната во такси. Еве ви ја донесов.

Жената пребледе. Па се намршти правејќи лута гримаса.
-Коста! Коста!!! -викна и набрзина потрча кон една од собите. Излезе Коста, по него жена му.

Ја погледна јакната. Во ужас изговори:
-На син ми е. Тој почина пред седум месеци. Го погребавме во неа...
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Знам за која куќа збориш :D Се имам качено најгоре пред да ја реновираат. Ама последен пат кога ја видов само прозори имаше ставено никој сеуште не живееше... Не сум бил одамна сеа незнам како е....
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Еве една морбидна урбана легенда која што не е македонска, но вреди да се прочита.

Морбидната урбана легенда за Карл Танцлер


Бизарната сторија за Карл Танцлер и неговите изопачени склоности и сфаќања на љубовта и посветеноста веќе е претворена во своевидна морбидна урбана легенда, која што е уште почудна поради тоа што е всушност – целосно вистинита.



Познат е под неколку имиња: Гроф Карл Вон Косел е веројатно најпознатото покрај Танцлер, но во неговата германска венчаница исто така е заведен и како Георг Карл Танцлер. Роден е во1877 година во Дрезден, Германија, а се преселил во Зефрихилс, Флорида (САД) во 1927 година. Набргу потоа му се придружиле и неговата сопруга и двете ќерки. Таму се вработил во болница на морнарицата на САД во Ки Вест, каде што работел како радиолог.



На сцената стапува Елена Хојос


Во болницата Танцлер бил вработен во одделението за туберкулоза, болест која што косела во тоа време. И покрај силните напори на лекарите, туберкулозата била многу посмртоносна во триесеттите години отколку денес. Повеќето луѓе кои што Танцлер ги познавал всушност биле негови пациенти, и повеќето од нив на крај и подлегнале на болеста. Менталниот и емоционалниот товар од таквите околности се тешко разбирливи за повеќето од нас кои што не се соочуваме со смртта секојдневно, но дури и за најздравите и најстабилните умови таквото отрпнување во однос на смртноста тешко се постигнува, и всушност претставува многу опасна патека по која што еден човечки ум би можел да тргне. Некој би можел да забележи и дека Танцлер и не бил баш најстабилна личност низ текот на целиот негов живот. Тој имал обичај да тврди дека е запознат со медицинско знаење на нови техники за лекување на семожни болести, а исто така се фалел и дека имал најразлични квалификации и титули кои што никогаш не биле поддржани со цврст доказ. Сосема е возможно дека тој всушност и немал формално медицинско образование воопшто. Згора на тоа, и додека бил дете, но и како возрасен тврдел дека бил посетен од некој негов одамна починат предок, грофицата Ана Константиа вон Косел (чиешто име на крај почнал и да го присвојува) која што му покажала визии за егзотична црнокоса убавица која што ќе биде љубовта на неговиот живот.


Иако тој бил оженет и имал деца, Танцлер бил уверен дека ја нашол својата егзотична убавица кога ја сретнал Мариа Елена Милагро „Хелен“ де Хојос во април 1930 година. Елена била болна од туберкулоза, но и покрај тоа според сите сведоштва на нејзините дваесет и две години била прекрасна. Болеста ги одзела животите на речиси сите од нејзиното најтесно семејство. Танцлер ја превзел должноста да ја спаси Елена по секоја цена, и нејзиното семејство се согласило врз неа тој да ги применува своите невообичаени и непроверени методи, подложувајќи ја на терапија со лековити растенија, но и на рендгенско зрачење. Тој и ја искажал својата љубов на Елена, опсипувајќи ја со подароци и обожување, но според ниедно сведоштво не може да се каже дека таа му ја возвратила наклоноста на било кој начин. Но Танцлер бил непоколеблив – тој бил сигурен дека со тоа што ќе ја излечи од смртоносната болест, таа ќе нема друг избор и ќе мора да му ја возврати љубовта.


Смртта и опсесијата


И покрај неговите опсесивни напори, Елена починала во 1931 година. Искажувајќи страв подземните води да не го загадат нејзиното тело, Танцлер изградил надземен мавзолеј за нејзиното тело со дозвола на нејзините родители. Таму почнал да ја посетува мртвата Елена, и неговата врска со неа станувала се почудна и почудна. Нејзиното семејство стекнало голема доверба во него додека таа била жива, па така во неговите чести посети на гробиштата не гледале ништо сомнително. Тоа што тие не го знаеле е дека тој неуморно се обидувал да го зачува нејзиното тело нечепнато, употребувајќи формалдехид, и во текот на наредните две години тој ги поминувал ноќите со мртвата Елена, водејќи долги разговори со неа. Во мавзолејот дури вовел и телефон за да може да зборува со неа кога не е во можност да биде таму. Наводно тврдел дека нејзиниот дух постојано го посетувал и барал од неа да го отстрани телото од гробот.
Токму тоа и го сторил во 1933 година крадејќи го телото на Елена од нејзината гробница и донесувајќи го во неговиот дом. Елена била почината веќе две години, и Танцлер јаросно работел на тоа да го спречи распаѓањето на нејзиното тело. Употребувал големи количества на хемиски средства борејќи се со природата, и врз неа исипувал шише по шише парфеми за да ја прикрие лошата миризба на телото во распаѓање. Но ништо од тоа не можело да вроди со плод, и телото на Елена Хојос продолжувало да скапува. Но без оглед на се, Танцлер манично се трудел околу неа, живеејќи во некаков сон дека тие двајца се во среќна романтична врска, дури и ги свирел нејзините омилени песни на оргули, на кои што бил многу вешт свирач.
Како што распаѓањето напредувало, неговите методи станувале се поекстремни. Употребувал жици од пиано за да ги врзува нејзините коски во очаен обид да ја зачува целоста на нејзиниот скелет. Кога нејзините очи изгниле, тој ги отстранил и ги заменил со стаклени имитации. Нејзината кожа исто така скапала и отпаднала, тој ја заменил со некоја негова чудна мешавина, свила натопена во восок и гипс. Како што нејзиното тело се распаѓало по сите закони на природата, Танцлер неуморно се обидувал да ја замрзне во времето, и со секој негов обид, телото се помалку бил трупот на нејзината сакана, а се повеќе личел на некаква морбидна кукла, тажна карикатура на тоа што била Елена Хојос додека била жива. Нејзиното тело се обезличило кога се распаднале нејзините внатрешни органи, и тој и го наполнил стомакот со крпи за да ја зачува формата. Нејзината коса и опаднала, па така тој ја употребил истата за да и изработи перика. Според некои извори тој наводно и вметнал некаква цевка која што служела како вештачка вагина за да може да има сексуални односи со неа, но ништо такво не било спомнато кога неговиот случај излегол на виделина. На по цели триесет години тоа се „присетиле“ двајца научници кои што присуствувале на нејзината аутопсија во 1940 година.



Откривањето и апсењето


Во 1940 година, девет години по смртта на Елена, нејзината сестра слушнала озборувања за дејствијата на Танцлер и отишла во неговиот дом, каде што го нашла телото облечена во облека која што Елена ја носела додека била жива. Танцлер бил уапсен и подложен на психолошко испитување. Психолозите процениле дека е способен да се соочи со судот под обвинение за „своеволно уништување на гроб со зла умисла и отстранување на мртво тело без овластување“. Но по игра на случајот, статутот за казни за ограбувања на гробови бил во измена, па така тој никогаш и не бил казнет.


Чудната и ужасна случка била широко проследена во медиумите, но за големо чудо, јавноста му била наклонета на Танцлер. Многу луѓе сметале дека тој бил ексцентрично романтичен, и дека можеби бил малку неурамнотежен, но сепак го доживувале како сочувствителен. Телото на Елена Хојос било испитано од патолозите и лекарите, и потоа било изложено за јавноста. Илјадници дошле да го видат. Потоа нејзиното тело било погребано на тајно место, каде што веројатно останало до ден денес.


Подоцнежниот живот


Танцлер напишал автобиографија, години подоцна откако телото било одземено, која што се појавила во Фантастични Авантури ( Fantastic Adventures) во 1947, списание за научна фантастика. Но неговиот случај не бил ниту фантазија ниту фантастика, па така приказната продолжила. И покрај загубата на телото на Елена, опсесијата на Танцлер не свенала со текот на времето. Употребувајќи посмртна маска, тој направил нејзина копија која што ја облекол како Елена. Така, нејзината преобразба од прекрасна жена во гротескна кукла била целосна, и нема никаков сомнеж во тоа дека идејата за Елена Хојос – неговата егзотична црнокоса убавица претставена преку вештачко тело – му била поважна отколку реалноста за Хојос – прекрасна мртва жена која што воопшто и не негувала никакви чувства за него. Остатокот од својот живот тој го проживеал живеејќи со лажната Елена.
Танцлер умрел во 1952 година во неговиот дом. Според една популарна верзија на приказната тој умрел со куклата во неговите раце, но некои сметаат дека тој всушност успеал да ја замени со вистинското тело на Елена.


Карл Танцлер во популарната култура


Оваа зашеметувачка приказна го нашла своето место во многу уметнички дела. На пример, неколку бендови објавиле албуми или песни кои што се однесувале на Танцлер.
• And You Will Know Us By the Trail of Dead – The Secret of Elena’s Tomb (2003)
• Sleep Station – Von Cosel (2003)
• The Black Dahlia Murder – “Deathmask Divine” (2007)
• ChansoNoir – Count Von Cosel’s Obsession (2007)
Изложби во врска со Танцлер се претставени во Риплиевиот музеј Верувале или Не, а исто така и во галеријата Мартело – Музејот на историјата и уметноста во Ки Вест.
Приказната е навистина бизарна и шокантна, но сепак има доста расправи во врска со нејзиниот оддек во популарната култура. Некои сметаат дека би било лесно да Танцлер едноставно да се прогласи за лудак (што веројатно и бил), но дека на некој начин и останал верен на таа која што ја сакал, при се што неговото сфаќање за реалноста било без никаква основа и надвор од сите морални норми, навлегувајќи длабоко во сферите на психотичноста. Многумина се заинтригирани од случајот кој што ја заскокоткал нивната љубопитност, некои се згадени од сето тоа, додека пак други го сожалуваат Танцлер поради тоа што тој не можел да поднесе да биде разделен од жената која што и не можел да ја изгуби.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Типот бил стрејт,некрофил и објектофил, три во едно, ради една жена променил сексуална ориентација...два пати...а сепак останал со неа што е незапаметен подвиг...
Имаше и еден филм со Ричард Бартон каде игра некаков манијак кој сопругите ги убиваше и ставаше во посебна изолирана соба-фрижидер, си правеше колекција на жените кои ги сакал иако со малку чудна перцепција за “сакање“...можеби филмот е инспириран од наведениов случај...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Типот бил стрејт,некрофил и објектофил, три во едно, ради една жена променил сексуална ориентација...два пати...а сепак останал со неа што е незапаметен подвиг...
Имаше и еден филм со Ричард Бартон каде игра некаков манијак кој сопругите ги убиваше и ставаше во посебна изолирана соба-фрижидер, си правеше колекција на жените кои ги сакал иако со малку чудна перцепција за “сакање“...можеби филмот е инспириран од наведениов случај...
Љубав и се е можно :vozbud:

Мислам не е толку чуден делот кај што со хемии ја одржува, туку долгите часови муабетење а и телефонот.. Се прашувам кога ѕвонел кој кревал од другата страна ? :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Љубав и се е можно :vozbud:

Мислам не е толку чуден делот кај што со хемии ја одржува, туку долгите часови муабетење а и телефонот.. Се прашувам кога ѕвонел кој кревал од другата страна ? :)
Па има неколку опции, која од која...:)

1.Елена била на другата страна на линијата,јавувајќи се од Heaven & Hell Telecom, импуслите по ценовикот на католичкиот катехизис.
2.Слушал она што сакал да го чуе, т.е. обожаваната личност, глас створен во неговата глава.
3.Имал визија за некаква идеална жена (иако бил женет) па кога мислел дека ја пронашол не се откажувал по никоја цена па ни по цена на смрт на идеалната жена,ниту по нејзиното очекувано трулење и распаѓање кое сакал да го спречи,некаква забегана ситуација на трансцедентализам (може го читал Е.А.По, тој има еден расказ многу сличен, а и описот на женава е многу сличен со тој во расказот, со разлика што успеал да ја оживее) или некаков луд научник со ха-це варијанта на холограмската парадигма :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom