Македонски рецепти

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Еве да ја почнам темава. Многу ме интересира што ќе напишете на неа бидејќи прерано си отидов од Македонија за да можам да ги научам сите тајни на нашата кујна... Едвај чекам да ми предложите за да експериментирам :wink:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Македонска тава

Состојки
- 600 гр. јунешка кртина
- 200 гр. свинска кртина
- 100 гр. црн дроб
- 1 домат
- магдонос
- 1 модар патлиџан
- 2 моркови
- 2 лажици доматно пире
- 5 чешниња лук
- 2 главици кромид
- корен од пашканат
- 100 гр. смрзната боранија
- 100 гр. смрзнат грашок
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка

На даската за сечење кромидот го сечкаме. Исечканиот кромид го оставаме во сад настрана. Морковите ги сечкаме на полукругови. И парчињата морков ги оставаме во сад настрана. Коренот од пашканат го сечкаме на парчиња. Парчињата пашканат ги оставаме во сад настрана. На оган ставаме тенџере и во него масло да се загрее. Модриот патлиџан го лупиме. Потоа го сечкаме на парчиња. На загреаното масло во тенџерето го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Ги додаваме морковите и пашканатот. Промешуваме и оставаме да се пржи зеленчукот.
На даската за сечење месото и црниот дроб ги сечкаме на парчиња. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Во тенџерето на оган го додаваме исечканиот модар патлиџан. На оган ставаме тава за пржење и во неа масло да се загрее. Парчињата месо и дроб ги валкаме во брашно и ги оставаме на чинија. Доматот го лупиме во круг и го сечкаме на коцки. Набрашнетите парчиња месо ги ставаме да се пржат во тавата на оган. Во тенџерето каде се пржи зеленчукот го додаваме сечканиот домат. Промешуваме и ја додаваме боранијата, грашокот и доматното пире.
Во тенџере со зовриена вода на оган ставаме коцка за супа. Содржината во тенџерето ја мешаме додека не омекне зеленчукот. Испрженото месо го вадиме од тавата и го ставаме во тенџерето. Во тавата ги ставаме да се пржат парчињата дроб. Лукот ситно го сечкаме. Исеччканиот лук го оставаме во сад настрана. И магдоносот ситно го сечкаме. Испржениот дроб го вадиме од тавата и го ставаме во тенџерето. Исечканиот лук и магдонос го додаваме во тенџерето. Промешуваме. Со црпалка од супата додаваме во тенџерето на оган. Наросуваме мелен црн пипер и посолуваме. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Со црпалка содржината од тенџерето ја претураме во керамичко грне. Го покриваме грнето со капак и го ставаме во рерна. Печеме 1 час на температура од 250 степени. Го вадиме грнето од рерна и го ставаме на работната маса. Со црпалка од тавата а ла гравче ставаме на чинијата за сервирање. Украсуваме со цвет од лушпа од домат и гранчиња француски магдонос.

Потребно време за подготвување 2 часа.. мацедалиен ќе останиш в кујна
:lol:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Eh Katjo ne me znaes srcke :wink: batko ti Mace e od edna efikasnost, a be sho da ti kazam

BTW eve ushte eden sho go najdov na Idividi

ЈАГНЕШКА ЧОРБА

Потребни состојки:

· 750 г јагнешко месо
· половина јагнешка глава
· една главица кромид
· зеленчук за чорба
· црн пипер
· брашно
· масло
· црвен пипер
· една жолчка од јајце
· кисело млеко или павлака Знак за квалитет
· киселина и еден филџан ориз.

Начин на приготвување:

Главата и месото исечете ги на парчиња, измијте ги, оставете ги во сад и залејте ги со околу два литра студена вода. Кога ќе зовријат, ставете, по вкус, зеленчук, магдонос, кромид и неколку крупни зрна црн пипер. Чорбата воопшто не смее да врие силно. Откако ќе поврие околу два часа, во помал сад ставете 2-3 лажици масло. Кога ќе се загрее, ставете две лажици брашно, пропржете го да добие жолта боја, додајте на врвот од ножот црвен пипер и запржете ја чорбата. Запржена, чорбата треба да поврие половина час на тивок огин.
Пред да се претури чорбата во садот во кој ќе се служи, мора да се процеди, а потоа и да се Зачинали. Во посебен сад изматете ја жолчката, додајте една чаша кисело млеко или три лажици кисела павлака, добро изматете ги и, мешајќи постојано, истурајте ја смесата во врелата чорба.
Откако ќе се процеди, добро е во чорбата да се свари еден филџан ориз.
По вкус можете да додадете киселина или лимон.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
СОЛЕНА ПОГАЧА ОД ПЧЕНКАРНО БРАШНО

Потребни состојки:

· 1 кг пченкарно брашно
· 250 г масло
· 500 г спанаќ
· 250 г сирење со Знак за квалитет
· јогурт со Знак за квалитет
· сол

Начин на приготвување:

Тепсијата во која ќе ја приготвувате солената погача попрскајте ја добро со масло, потоа посипете еден слој од брашното со дебелина од еден прст, а одозгора попрскајте ја со солена вода, да биде натопено сето брашно, но да не биде многу водено. Потоа попрскајте ја сето со масло и ставете го приготвенит фил

Измијте го спанаќот, исечете го ситно, посолете го и изгмечете го малку со раце, па додајте го претходно издробеното сирење.
Врз филот пак посипете брашно и попрскајте ја со вода и со масло како претходната кора, и ставете ја солената погача да се пече. Кога ќе се испече, извадете ја од рерната, попрскајте го со топол јогурт и покријте го за да го впие јогуртот. Се служи топла, со јогурт или кисело млеко.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Мене КатјО на Марио срц!? :evil: :lol: :lol: :lol: :lol:
бтњ.. ево ти уше нешо :wink:

ГРАВ СО СУВО МЕСО И ДОМАТИ

Состојки:

300 до 400 гр. бело гравче,
1 лажчца маст,
2 главици ситно сецкан кромид, магдонос,
2 до 3 чешниња лук, сол,
црн пипер, 250 гр. суво месо,
1 колбас, маст, грошки од леб.

Подготвка

Гравот ставете го да се провари и додајте му пропржен кромид, магдонос, лук и црн пипер. На тивок оган варете го гравот додека не смекне. Во огноотпорна чинија ставете малку маст и ставете половина од исцедениот грав. Врз гравот наредете тркалца домати, а врз доматите ситно сечкано суво месо и на тркалца исечениот колбас. Одозгора ставете ја втората половина од гравот, по потреба додајте малку течност од варениот грав, прелијте со загреано масло и посипете со трошки од леб. Печете го во загреана рерна додека течноста не испари и не фати кора. Со гравот можете да служите различни видови салати од свеж зарзават.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Признавам само гравче-тавче со суво месо или колбаси. :wink:
Обавезно и салата од зелка или марула.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
КАТЈА СРЦЕ НЕМОЈ ДА СЕ ЛУТИШ УШТЕ ОД МАЛА БАТКО ТИ МАЦЕ ТЕ САКА И ТЕБЕ

:ilu:

П.С. Кој се лути нема да порасне а за да порасне треба да јаде здраво. Затоа и решивме да ја отвориме темава : за да бодеш во форма кога ќе дојт време за кинање :lol: :lol: :lol: :lol:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Македонски шашлиќ

- 500 свинска кртина
- 500 гр. Јагнешко месо
- 2 ленти сланина
- 1 морков
- мешан зеленчук
- 1 главица кромид
- 1 главица прокељ
- свежа зелена пиперка
- 1 главица карфиол
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Го земаме јагнешкото месо и со остар нож ги отстрануваме коските. Потоа месото го сечеме на плочкасти парчиња, притоа отстранувајќи ги масните делови. Парчињата јагнешко месо ги оставаме настрана. Потоа го земаме свинското месо, па и него го сечеме на плочкасти парчиња, по големина еднакви како и парчињата од јагнешкото месо. И едната лента од сланината ја сечеме на плочкасти парчиња. Потоа го земаме морковот го сечеме по должина на половина, па половинките ги сечеме на 3 дела по должина. Ја земаме главицата кромид, па од четирите страни сечеме покрупни парчиња, оставајќи ја средината на кромидот. Потоа ја земаме иглата на која ќе го редиме ражниќот. Ставаме најпрвин едно парче свинско месо, па едно парче од морковот, потоа парче од сланината. Ја земаме свежата зелена пиперка па и неа ја сечеме на плочкасти парчиња. Потоа на иглата за ражниќот ставаме парче од свинското месо, па парче од свежата пиперка. Потоа редиме парче од јагнешкото месо па парче кромид. Потоа ставаме парче сланина, па парче свинско месо. Истата процедура ја повторува при редењето на секоја од четирите игли за ражниќот. Најодозгора ставаме парче морков. При редењето на шашлиќот нема некое особено правило за редоследот на производите, битно е помеѓу парчињата месо да има парчиња зеленчук, или сланина. Вака подготвените 4 шашлиќи ги посолуваме од двете страни и ги наросуваме со црн пипер. Потоа шашлиќите ги ставаме на скара да се печат. Скарата на која се печат шашлиќите ја поклопуваме со тава. За време на печењето ја тргаме тавата и шашлиќите ги превртуваме за да бидат подеднакво испечени од сите страни. Шашлиќите во текот на печењето ги попрскуваме со масло за јадење. Повторно ја поклопуваме скарата со тава и ги оставаме шашлиќите да се печат. Кога шашлиќите ќе добијат убава румена боја, ги тргаме од скарата и ги ставаме на чинија за послужување. Го земаме преостанатото парче сланина, кое е засечено од едната страна и го ставаме на скарата за печење. За време на печењето го превртуваме, за да биде добро испечено од двете страни. Додека се пече парчето сланина, ги земаме двата претходно сварени компири и ги ставаме на чинијата за сервирање. Секој од компирите го обвиткуваме со листови зелена салата. Потоа во компирите ги забодуваме шашлиќите со врвовите. Кога парчето сланина е печено го тргаме од скарата и го ставаме помеѓу шашлиќите, делумно обвиткувајќи ги. Мешаниот зеленчук го ставаме на краевите на чинијата. И граанчињата од прокељот ги ставаме кон краевите на чинијата, позади шашлиќите, а декорацијата ја завршуваме со ставањето на гранчињата карфиол помеѓу прокељот и мешаниот зеленчук. Со ова македонските шашлиќи се подготвени за дегустација.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Мусака со месо и ориз


- 400 гр. мелено месо
- 100 гр. ориз
- 2 главици кромид
- 3 јајца
- црвен пипер
- 750 мл. млеко
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Кромидот ситно го сечкаме. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Промешуваме. Откако кромидот ќе се испржи во тавата го додаваме меленото месо. Промешуваме. Посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Оризот го ставаме во цедалка и го миеме со студена вода. Измиениот ориз го додаваме во тавата со испржено месо. Промешуваме. Додаваме половина лажица црвен пипер. Промешуваме. Тавата ја тргаме од оган и содржината од тавата ја претураме во огноотпорен сад. Ја рамниме смесата во огноотпорниот сад.
Во поголем длабок сад ги кршиме трите јајца. Ги матиме јајцата со жица за матење и во садот го додаваме млекото. Промешуваме со жицата. Со смесата од јајца и млеко ја преливаме содржината во огноотпорниот сад. Промешуваме со жицата за матење. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 200 степени.
Го вадиме садот од рерна и мусаката со месо и ориз ја сечеме на парчиња. Чинијата за сервирање ја украсуваме со лист зелена салата. Две парчиња од мусаката со месо и ориз ставаме на чинијата за сервирање. Врз секое парче ставаме по една лажица кисело млеко.
 
Член од
10 мај 2005
Мислења
86
Поени од реакции
4
Polneti Piperki

8 medium green peppers
2 T butter
4 small onions, finely chopped
2 small green peppers, finely chopped
1 clove garlic, minced
1/2 c chopped ham
1 can tomato puree
salt and pepper
4 c fine bread crumbs
2 eggs

Cut a thin slice from steam end of each pepper. Remove seeds and wash. Dro peppers into boiling, salted water and parboil 5 min. Drain thorouhgly. Melt butter in skillet. Add onions, garlic and chopped pepper and saute until limp. Add tomato puree, ham, salt, and pepper to taste. Simmer for 15 minutes. Remove from heat, stir in bread crumbs and eggs. Stuff mixture into pepper shells. Sprinkle tops with cracker crumbs. Bake in oven of 350 for about 25 min. or until stuffing is firm and delicately browned on top.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
џомлезе :lol:

Состојки:

-брашно 1kg до 2kg (зависно од тоа за колку лица ќе правиме ѓомлезе)
-2l вода
-сол
-неколку јајца (ама само ако сакаме ѓомлезето да е покалорично)
-масло

Подготовка:

Ги мешаме брашното и водата..

..по можност тоа да биде со миксер.

Од прилика треба да добиеме каша слична како кашата за палачинки. Кога ќе ја добиеме потребната каша посолуваме (и ги додаваме јајцата ако веќе ѓомзелето го правиме со јајца:)).

Земаме тепсија и ја мачкаме со масло. Над маслото ставаме каша (потенок слој).

Вака приготвената тепсија ја ставаме во рерна (доколку немаме вршник). Цело време треба да бидеме во близина на рерната за да гледаме кога ќе биде готов слојот од кашата (кога ќе поцрвени знајте дека е готов;))

Од како ќе поцрвени кашата ја вадиме тепсијата, над веќе печениот слој ставаме масло и повторно слој од каша. Ова го повторуваме се додека не ја потрошиме цела каша:)

рецептов е напишан за правење ѓомлезе во рерна.. ама ѓомлезе се прави под вршник (сач) кој ме свати ме свати кој не.. :arrow: :lol:
 
Член од
3 март 2005
Мислења
101
Поени од реакции
0
Mmmmmmmmmmmmmmmm dzomleze. Dzomleze, sirenje i jogurt. Mh mh mh... Se ispoligaviv. Dzomleze rocks bre!!! :msc3:
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.546
Поени од реакции
7.251
Coldheart напиша:
Mmmmmmmmmmmmmmmm dzomleze. Dzomleze, sirenje i jogurt. Mh mh mh... Se ispoligaviv. Dzomleze rocks bre!!! :msc3:
Еве шо јаде права охриѓанка! :mrgreen: Макар и натурализирана знае шо е најдобро од нашата кујна! :lol:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Јас пред некој ден јадев џомлезе :lol: хахаха...
SpAcE_c0wb0y кајн проблем :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom