Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.727
Аутсајдери сме, нема шанси под 10 разлика да поминеме, ако не се деси некое светско чудо.
ме зезна а сакав да уплатам на нашите девојки, коефициентот беше одличен, 10
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.445
Поени од реакции
68.658
ме зезна а сакав да уплатам на нашите девојки, коефициентот беше одличен, 10
Не тропав од памет, Македонија на светското првенство кое се играше во Македонија во август не успеа ни групите да ги помине, притоа губејќи од Аргентина која беше тотален аутсајдер во групата. Од 6 екипи, завршивме 5-ти...

Од друга страна ги следев сите натпревари на Холандија во Скопје и можам да кажам дека имаа доста солидна репрезентација која понатаму заврши како 6-та ако не се лажам.

Е денес капа до под за нашите :icon_mrgr:
Ја гледав утакмицата во живо и Македонија со една постава успеа да ги демолира гостите од Холандија, но притоа со огромна помош од судиите.
Каков масакр им се случи на Холанѓанките, со вакво судење Вардар би се прошетал во ЛШ на пример :icon_mrgr:
Секој фаул беше две минутно исклучување, судиите не судеа пенали за нив туку ги враќаа на девет метри, подарок пенали за нас итн.
Мечот почна израмнето се до моментот кога Холандија доби неколку сврзаи исклучувања, па со притисок од публика Македонија фати залет и им направи разлика од 5-6 гола.
На голот беше Петковска која беше одлична во првиот дел, на бековска линија Тодоровска, Стојановска и Керамичиева, на пикер Дабевска, на крила Митова и Ристовска.

Бековите ни беа посебно расположени. Бековската линија на Вардар веројатно го изигра најдобриот меч во историјата :aplauz:
Јас секогш сум им најголем критичар, ама денес заслужија аплаузи. Тодоровска особено ме изненади, каква експлозивност покажа, просто дар-мар ги направи во првиот дел. Нешто што ретко се гледа кај нашиве женски ракометарки. Се надевам ќе добиеме пробивен играч за во иднина во нејзе...
Стојановска одлична во одбрана, она и Дабевска беа непремостлива пречка во одбраната.
Тотално ја неутрализираа најголемата опасност кон нашиот гол, Амега. Типката растури на светското, денеска беше невидлива. Неколку пати ја наместија и на пробивање... И Ристовска на крило беше сосема солидна.
Оваа Дабевска е џин за во одбрана, а и во напад погоди 2-3 шута.
Единствено Митова беше слаба, но играше на нетипична позиција, ама сепак погоди два пати при крајот кога беше најпотребно, а еднаш со одличен лоб.

Керамичиева покажа дека во иднина ќе биде предводник на нашата репрезентација. Се изнадава голови, десетина ако убаво избројав. Одлични удари вади, ако се крене на шут, нема одбрана :icon_mrgr:
Проблемот е што делува тромаво, и мислиш дека ќе приумре во секој момент :D
Има муда да превземе одговорност, силна е и доста може да се носи во дуели, а шутот и е маестрален. И дадов лимит да ја достигне Десподовска, ама ако работи напорно би била и подобра, налик на Бајрамовска.
Барем сега имаат добри услови за работа, мора да ги искористат.

Холанѓанките беа без компас. Им бедостасуваа некои играчи во одбрана и тоа мислам дека им беше најголем проблем. Крилата им се катастрофа, ги остававме да комбинираат, а тие пустите се изнауткаа. И Ладева во вториот дел им скина неколку шута.

Македонија водеше и 9 разлика во еден период, а Холандија со висок пресинг намали и на 4-5 разлика на неколку минути до крај. Делувавме очајно во тие моменти, ама дадовме гол, па им одбрани Ладева една топка и толку беше...

Интересно беше и на трибините каде што Исланѓанките навиваа за Холандија, а Холанѓанките имаа поддршка од 20-тина навивачи кои ги бодреа и за време на светското.
Во еден момент дојде до конфликт меѓу нашата публика и една бабетина од Холаѓнаките која покажа кур кон нашите, а при една судиска одлука фрли со шише во терен по судијата :pos::pos::pos:
Се налекетризира бајаги атмосферата, така да се крена тензија и на нивните напади се свиреше како на натпреварите од ЛШ, па гостинките се изгубија во атмосферата :D

На крајот огромна радост кај нашите, аплаузи од сите присутни, отпоздравување со публиката меѓу кои беа и Питлик, Индира, Самс :D, и солзи на спортивната страна.
Голем плус е што се пласиравме на Европско, браво!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Падна и Црна Гора :гик: Овие ако не биле на кушање јас еве...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.445
Поени од реакции
68.658
Требаше да натпореварите од СП да ги играат во Скопје, не знам кој ѓавол ги тераше да одат во Струмица да играат. Во Скопје се живо победија :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Требаше да натпореварите од СП да ги играат во Скопје, не знам кој ѓавол ги тераше да одат во Струмица да играат. Во Скопје се живо победија :D
Е тек сега ќе треба уште повеќе да игра камшикот да не влезат во филм дека направиле којзнае што иако ова е голем чекор напред, еве да ја тагнеме и @leandra :D

Се надевам дека увиделе нивните колешки од Балканов како котираат по квалитет и дека доста е резилење.
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Шу напраија наште Вардарки,не ја гледав дајте извештај :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.445
Поени од реакции
68.658
Шу напраија наште Вардарки,не ја гледав дајте извештај :D
Настинав вчера и едвај собрав сили да одам на Вардар-Ренова, па не останав после на ракометот...
Ама вечер ќе има снимка од 23 и планирам да гледам.
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
И уште едно прашање,зашто Сара Ристовска уште не е дел од Вардар? :) Очигледно цурава има потенцијал :)
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Мачење со Црна Гора ама и они паднаа ;)
Првите два натпревари не бев во можност ама за овој се ослободив па се решив да ги гледам.
Добра игра ме изненадија пријатно младиве, мала искра надеж за во иднина но со правилна работа.
Добро трио на голмани, иако Серафимова не влезе таа е подеднакво квалитетна како Петковска и Ладева барем од тоа што сум ја гледал кога сме играле против Металург.
Пикерите сега ни се слаба точка.Ако Дабевска е добра во одбрана во напад е дупе :)
Доби три исклучувања и црвен човече :pos: ама ако нека гризе во одбрана.
Во напад солидни но второ полувреме малце паднавме и ни ја свртија Црногорките и тука мислев дека е крај.Нооо на сцена стапи Керамитчиева.Прав лидер е упм, нека ја чуваат уште сезона две у втор и после обавезно у прв тим.
Тодоровска е веќе друг тип на играч.Не гледа да ја бапне одма туку игра со мозок девојчево.
Штета што немаме друг плеј покрај Стојановска.
Ристевска е Дибиров за сите млади крила во Европа.Се изнададе голови од крило а и од пенал.
Митова некако и одговара да биде крило :D

Кај Црногоркиве само Итана ја знаеме нели :) но во второ се повреди и некако не се изнаигра.Имаа една многу висока со број 26 не утепа во второ со шутеви од 9 метри.Некако многу високи беа Црногоркиве 100% прават дубари со годиниве не ми се верува да беа тие 19 годишни :pos:

Кај ги нашле само судииве жити се.Помизерно судење у живот неам видено.Уште не сме извеле од пикер до бек да шутира овие свират за Црногоркиве а обратно на нив им дозволуваа и по 4-5 додавања.

Како и да е 3/3 е премија :)
Симе на крај испадна солиден тренер, знае да работи со помлади.
Ајде само да не се посерат у Шпанија, ако вака играат и таму медалче не ни бега ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom