Македонска берза

Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Sto mislis ako se sluci promena na vlasta kako kje ide indeksot crveno ili zeleno?Inaku za ishodot na 11ti mislam kje bide nereseno pa kje gi nabutaat u siroka koalicija(kaolicija so bi rekol Amdi)
Веројатно во црвено ќе оди барем првите неколку денови поради шок и неизвесност. Јас не верувам дека двете најголеми партии кај македонците би коалицирале оти тоа нема поента, а исто како тебе очекувам резултатот да биде околку нерешено. Веќе неколку пати кажав на темата дека очекувам истрагите на СЈО да имаат сериозно влијание на акциите на МСЕ.
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
461
Поени од реакции
369
Веројатно во црвено ќе оди барем првите неколку денови поради шок и неизвесност. Јас не верувам дека двете најголеми партии кај македонците би коалицирале оти тоа нема поента, а исто како тебе очекувам резултатот да биде околку нерешено. Веќе неколку пати кажав на темата дека очекувам истрагите на СЈО да имаат сериозно влијание на акциите на МСЕ.
Ne deka kje sakaat da koaliciraat kje moraat site komplet sose albancite nesto kako Ohridskiot dogovor , a SJO moze da uspee samo ne so ovoj sud . Kje vidime mene mi mirisa deka strancite vekje si imaat smisleno scenario da ne izvadat poleka od kalta , i kje se obidat so siroka koalicija da gi probutkaat golemite prasanja kako imeto , i da ne nabutaat u NATO nabrzinka , a posle kje pocneme da gradime pravna drzava poleka i kje si legnat na brasno site. Vtoro scenario e da ne postoime da se podelime po verska osnova pomegju komsiite.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Секој инвеститор си прави своја математика за “реалната“ вредност на цената на акцијата која сака да ја купи, ја поседува или има намера да ја продаде.
Цели веќе науки се изучуваат Neurofinance и Neuroeconomics за донесувањето на ирационални одлуки на инвеститорите. Најчесто тоа се случува при донесување на одлука по принцип на стадо, а ќе се види зелен бран кај тикерите па брзо се купува, после ќе настане корекција неколку дена на црвено и се продава без разлика на добри фундаментални показатели, приходи, профити...

Да се пофалам дека во периодов јас веќе докупував од STB и од STBP она што ми беше како планирана позиција во оптимално портфолио. Сепак се работи за релативно помали количини. Мора да го пофалам типот или фондот, кој секој ден ја турка цената надолу со по 40-50 акции, па после купува 2000-3000 акции на посакувана цена.

Според сите показатели, освен TNB, нема друга акција на MSE која ги има показателите на STB, а носи толку добар принос.
Особено што имаме целосно веројатен настан исплата на дивиденда, настан со многу висока веојатност дивиденда во мај, исто настан со многу висока веројатност после исплатава на дивидендите, на продажба на банката.
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
Да се пофалам дека во периодов јас веќе докупував од STB и од STBP она што ми беше како планирана позиција во оптимално портфолио.
Зошто STBP? Очекуваш конверзација 2:1 во однос на обичните при продажба или нешто друго?
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Зошто STBP? Очекуваш конверзација 2:1 во однос на обичните при продажба или нешто друго?
Напишав и неколку пати тука, нема ништо официјално за тоа, но го превемам ризикот, иако сметам дека во најлоша варијанта би се конвертирале во 1:1.
Сметам дека има вредност, имајќи ја предвид и сегашната пазарна цена на двете акции.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Како возење на ролер костер се ова приоритетните на Стопанска
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Како возење на ролер костер се ова приоритетните на Стопанска
Кога нема официјално соопштение, се дозволува пазарот да го движат гласини и претпоставки. И во двете насоки. А и реално не ја знам која е причината што овде останале приоритетни акции, кога другите банки од поодамна ги конвертираа.

И дај на форумов, освен јас на неколку пати и Zedd еднаш, и unistuvac за MPT немам прочитано анализа за некоја акција. Дајте некој предлог, па да искоментираме дали се согласуваме со аналзиата, дали има нешто што не ни штима... Форум ли е, или што ли е...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Што е толку чудно, цената е одлична верувам дека има доста луѓе што сакаат да продаваат.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Еве ако може така да се каже. Охридска, ТТК и Уни влегоа во зоната на корекција со пад од над 10 проценти за краток период. Ако видов убаво и Бетон е на нешто ситно под прагот.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
..ве читам и можам да заклучам дека пробате да ја имитирате, еве Њујоршката берза и да реагирате муњевито на промени, а со цел да направите разлика за вас. Не заборавајте дека таму одамна не се мафта со ливчиња стоејќи на патосот, туку сложени софтвери бутнати у џиновски машини во милисекунди анализираат , проценуваат и одлучуваат на основа на некоја зададена стратегија или во моментот популарна финта...
Македонската т.е. Скопската Берза е за рибари на тапа, црвче и лепче.., поише пати кажувам.
Портфолиото е баааавно променливо, најчесто на основа на рекла казала и инсајдерски информации, се купува плус кога се има вишок слободна пара , а се продава само кога ептен ти треба пара. Најчесто се чека да се дигне нивото на водата па и некој сом да налета. Генерално македонските акции се од типот на оние кои се фрлаат на дното на фиоката-сефот, како кој :) и се забораваат до даљнег. Генерално се што е и малку асално , освен некои банки за кои човек незнае што да мисли... ЌЕ РАСТЕ.
Вусшност секој ИМОТ во Македонија ќе расте во вредноста уште многу. Потценетоста е епска и кога тогаш , се надевам бргу ќе отиде у орбита, по стрпливите и похрабрите можеби и на Месечината , оние нај-нај и на Марс... :) :) :)
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
И дај на форумов, освен јас на неколку пати и Zedd еднаш, и unistuvac за MPT немам прочитано анализа за некоја акција. Дајте некој предлог, па да искоментираме дали се согласуваме со аналзиата, дали има нешто што не ни штима... Форум ли е, или што ли е...
Пред некое време дадов предлог за ОХБ, само што имаше некои воздржани без да образложат зошто :cautious:

Банката за 3 квартали има добивка од околу 7 милиони евра, до крај на годината може да стигне 8.5, па и 9 милиони добивка. Тоа ти е скоро 20 евра од акција.
Маана е што имаат голем субординиран долг, а и дивидендата е мала (изразено во проценти од добивка), мада ова може да се смени во следните години, па да дочекаме 50% од добивката за дивиденда. Тоа ти е 500-600 денари од акција!
Веќе ја има и корекцијата од 10%, така да може да се активирам со мал шопинг (50 комада на пример) после избори.

Сега е твој ред да ме разубедиш со факти :D
 
Y

yob

Гостин
Мое мислење е дека на подолг рок ова е одлична инвестиција. За на пократок рок има подобри поврати во трите најголеми банки.
Исто мислам дека имаше многу остар,неоргански раст од 3200-3900.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Пред некое време дадов предлог за ОХБ, само што имаше некои воздржани без да образложат зошто :cautious:

Банката за 3 квартали има добивка од околу 7 милиони евра, до крај на годината може да стигне 8.5, па и 9 милиони добивка. Тоа ти е скоро 20 евра од акција.
Маана е што имаат голем субординиран долг, а и дивидендата е мала (изразено во проценти од добивка), мада ова може да се смени во следните години, па да дочекаме 50% од добивката за дивиденда. Тоа ти е 500-600 денари од акција!
Веќе ја има и корекцијата од 10%, така да може да се активирам со мал шопинг (50 комада на пример) после избори.

Сега е твој ред да ме разубедиш со факти :D
Искрено, ја гледав долго време, и решив да инвестирам во неа. Тоа беше кон јуни, на цена од 2250 и p/e околу 2,5. Во тоа време добив информација дека еден од словенечките фондови има намера да продаде над 6000 акции, кои ги имаат подолго време па решиле да се ослободат. Имаше негде 315 акции кои поминаа на 2250, а поради информација за продажба на поголема количина сметав дека цената можеби ќе оди и до 2000. Сепак имав налог за 100 акции на 2200, кој никогаш не помина. Информацијата била точно, но тие акции ги зеле Илирика, и одиграа мајсторски. Во неколку дена со количина од по 10тина акции ја кренаа до 2800, па тука продадоа 2000 акции, и успееја да ја истуркаат до 3100 каде се појави поголем ѕид во тоа време. Се размислив уште еднаш кога беше на 2700, но тешко е да се инвестира кога до пред 2 дена била 40% пониска цената. Ова го пишувам за да се знае дека можеби мојот коментар може да има доза на субјективизам, и доза на голема пропуштена шанса.

Сепак во периодов малку потрезвено размилсував и пробав да ја гледам таа акција од повеќе перспективи: Имаат огромна кредитна експанзија. И нормално на почеток сите кредити се плаќаат и одлични резултати се прикажуваат. Нека помине малку време после експанзијата, па ќе видиме дали сите тие дадени кредити биле добри. Ова е факт, но исто така факт е што од поприлично корпоративна банка, кредитното портфолио пробуваат да го насочат кон население.

Така да јас нема да инвестирам во OHB чисто од мои субјективни причини. Би те предупредил дека цената на акцијата кај оваа акција ќе оди цело време во нагорна линија се до првиот извештај кога ќе се покаже пониски профити од очекуваните, или пак зголемена стапка кај Исправка на вредност...

Во овие услови кога цената на 2 OHB акции = 1 акција од TNB, јас секогаш би ја одбрал акцијата на TNB. Нема субординиран долг, да не речам Blue Chip акција, која на оваа цена ќе подели дивиденда со 10% принос. Имам уште да пишувам, но доста е од мене, нека споделат нешто и другите...

П.С. Кај TNB секогаш и малцинските акционери ги имаат идентичните привилегии како и мнозинскиот, и ги нема тие лоши финти што ги имаше кај OHB со огромна каматна стапка кај долгот, која среќа се намали и огромни бонуси кај менаџерите, ...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom